Барањата се едно, но Уставот и меѓународните стандарди се друго. И мораме така и да се однесуваме. Ако навистина мораме европски да се однесуваме тогаш мораме да ги почитуваме и Уставот и меѓународните стандарди, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со барањата на студенти Албанци за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Премиерот посочи исто така дека на вчерашниот протест биле забележани лидери на опозициските ...

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денес потпиша Анекс на Колективниот договор со претставниците на репрезентативните синдикати УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според Анексот, вработените во Фондот ќе добијат покачување на платите од пет проценти започнувајќи со априлската плата за оваа година, а истото покачување ќе биде имплементирано и во 2027 и 2028 година. – Очекувам дека ова покачување на платите ќе биде стимул ...

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од порастот на извозот во првите два месеца од годинава, што според него е охрабрувачки, бидејќи не се случило намалување иако имало одредени стравувања. – Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика, извади еден податок кој што е, би рекол охрабрувачки, но тоа е за првите два месеци за јануари и февруари пред да почне кризата. Практично во февруари се нивелираше тоа што се пропушти во ...

Климатските промени веќе не се далечна закана, туку реалност што секојдневно ја живееме, истакна денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова. Таа нагласи дека државата мора да премине од реактивен кон превентивен пристап, со јасно дефинирани политики и координирани институционални одговори. Воедно, ја истакна уставната обврска за заштита на природата, но и предупреди дека без доследна примена на законите и стратегиите, документите ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, одговарајќи на советничко прашање, нагласи дека е подобрена состојбата со јавниот превоз. Потенцира дека во моментот 180 автобуси сообраќаат на линиите. – Што се однесува на голготата што ние ја поседуваме, а е во сопственост на ЈСП Скопје, од состојба на речиси 130 наши автобуси, кои беа во функција, сега во моментот од гаражите излегуваат по 90 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 ...

Сите колективни договори што се потишани во јавниот и државниот сектор започнаа да се применуваат, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека тоа е случај и со линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во Министерството за внатрешни работи. – Оваа година за нас е навистина тешка, особено со случувањата во Заливот. Нешто за коешто веќе зборував, но тоа е што е, ќе се бориме. Сите колективни договори коишто ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 1.258,6 милиони евра: +2,4 % и бележи пораст од 2,4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 1.879,6 милиони евра, што е за 2,4 % повеќе во споредба со истиот период од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со ...

Со корекциите кои ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5 проценти, вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека внимателно ја анализираат состојбата и очекува на следната владина седница, по велигденските празници да предложат нови мерки повеќе ...

Исплата од близу 94 милиони денари денеска е реализирана кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, информираа попладнево од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – 89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Потоа, 3.313.888 денари по мерка 7 – финансиска ...

Редакциска опсервација Обидот за диверзија во близината на Кањижа, на делницата од гасоводот „Турски тек“ што ги поврзува Србија и Унгарија, отвори повеќе прашања отколку што даде одговори. Српските безбедносни служби тврдат дека спречиле сериозен напад врз критична енергетска инфраструктура, при што биле пронајдени експлозив, детонатори и опрема за диверзија односно саботажа. Шефот на Военобезбедносната агенција, Ѓуро Јованиќ, изјави дека ...

Без членот 5 и колективната заштита, Балканот лесно ќе се претвори во зона на натпревар меѓу големите сили и арена за локалните хегемони Прашањето за преструктурирањето, па и за опстанокот на НАТО во контекст на актуелните случувања во Украина и на Блискиот Исток, како и изјавите што сѐ почесто доаѓаат од американска страна за распадот на Алијансата, предизвикуваат своевидна загриженост и на овие простори. Евентуалната дисолуција (распад) на ...

Екипажот на „Артемис II“ го сруши рекордот за најдалечното човечко патување од Земјата, надминувајќи го претходниот рекорд поставен од мисијата Аполо 13. НАСА вели дека „Аполо 13“ достигнал растојание од 400.171 километри од Земјата во 1970 година. Тие додаваат дека „Артемис II“ ќе достигне максимално растојание од околу 406.700 километри, надминувајќи го рекордот за околу 6.600 километри. Зборувајќи за рекордниот подвиг на мисијата Аполо ...

Кризата не е само во Македонија туку и насекаде во светот. Но ние како држава имаме јасен правец и насока каде се движиме и притоа нема да избрзуваме со потези и нема да носиме решенија под притисок, оти долговите што денеска оваа Влада ги враќа, се токму резултат на такви избрзани политики без стратегија и богами многу криминални политики од минатото, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. Во однос на ...

Ин мемориам Збогување со доајенот на македонското сликарство Родољуб Анастасов Доајенот на македонското сликарство и еден од најважните автори во современата македонска уметност, Родољуб Анастасов, почина во неделата во Скопје. Фондацијата „Родољуб и Јустина Анастасов“ соопшти дека тој починал во 91. година од својот живот. – Почина големиот професор, сликар и бескраен трагач по одговорите за човекот, времето и просторот – Родољуб Анастасов ...

Светски ден на книжевноста за деца По повод Светскиот ден на книжевноста за деца, „Панили“ ја објави „Јатки од зборови“ – нова книга од бардот на македонската книжевност за деца, Стојан Тарапуза. Песните што ја сочинуваат „Јатки од зборови“ се создавани спонтано и во подолг временски период. Содржински се разликуваат едни од други, но во однос на пораките што ги сугерира книгата се многу слични. Тоа ѝ дава на книгата посебен белег. Нејзините ...

„Саатот“ од Лидија Митоска-Ѓорѓиовска, во режија на Кристина Димитрова, е новата премиера што се одигра во театарот „Војдан Чернодрински“. Драматург е авторката на текстот, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, додека за музиката беа задолжени Филип Јездиќ и Томе Темелкоски. Во претставата играа Дилип Јездиќ како Саатот, Димитар Ѓорѓиовски (Јован) и Наташа Ачански (Вера) со вокалната придружба на Ана Митоска. Текстот е праизведба ...

ГЕОПОЛИТИЧКИ РЕСТАРТ НА ОСКАТА СКОПЈЕ–ВАШИНГТОН Најавениот стратешки дијалог меѓу Македонија и САД, кој официјално треба да започне денеска, доаѓа во исклучително чувствителен геополитички момент. Додека светот се соочува со тектонски поместувања, малите држави се притиснати да го редефинираат своето позиционирање. Во тој контекст, фактот што нашата држава е меѓу првите европски центри што воспоставуваат специфичен формат на дијалог со новата ...

Од петок, 10 април, почнува целосна имплементација на системот за влез и излез (ЕЕС) во ЕУ Од 10 април започнува целосна имплементација на ЕЕС (системот за влез и излез) во Европската Унија (EES – Entry/Exit System), со што значително се менува начинот на кој се контролираат надворешните граници на Унијата. Станува збор за дигитализиран систем што ќе важи за сите државјани на земји што не се членки на ЕУ, вклучително и за македонските граѓани ...

Геополитички рулет во Персискиот Залив Блискиот Исток се наоѓа на самиот раб на тотална војна, додека часовникот неумоливо отчукува до 20:00 часот вечерва по источноамериканско време. Ова е новиот, продолжен рок што американскиот претседател Доналд Трамп им го даде на иранските власти за повторно отворање на стратешкиот Ормуски Теснец. Во својот препознатлив недипломатски стил преку социјалните мрежи, Трамп најави дека доколку Техеран не се ...

По пауза од четири години, во Вашингтон денеска ќе се одржи втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД. Високата владина делегација ја предводи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и министерката за енергетика Сања Божиновска. -Стратешкиот ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари, поради сомнежи за злоупотреба на службената положба поврзана со проект за улично осветлување. Пријава е поднесена и против уште едно лице од општинската администрација. – Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична ...

Архивот не е само минато. Архивот е темел. Темел врз кој ја градиме сегашноста и врз кој ја проектираме иднината. Во неговите депоа, во неговите ракописи, во неговите документи, живее сведоштвото за нашите борби, за нашите победи, за нашите падови и повторни исправувања. Таму се наоѓаат и најсветлите страници од нашата историја, но и поуките кои нè направиле посилни, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија по повод ...

Повеќе од 5.200 луѓе се убиени на Блискиот Исток откако САД и Израел започнаа напади врз Иран кон крајот на февруари, вклучувајќи повеќе од 2.200 цивили, соопштија Обединетите нации. Новинската агенција „Активисти за човекови права“, невладина организација, проценува дека само во Иран се убиени повеќе од 3.500 луѓе, вклучувајќи повеќе од 1.600 цивили и најмалку 244 деца. Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека рокот до утре, до 20:00 часот по источно време, што го постави за Иран да постигне мировен договор, е конечен. Во говорот пред Белата куќа, Трамп рече дека иранскиот предлог за постигнување мир е значаен, но не доволно добар. Претходно денеска, во одговор доставен до Пакистан, на предлогот на Соединетите Американски Држави за прекин на војната, Техеран ја отфрли можноста за прекин на ...

Александар се вратил од Скопје да работи во Кочани зашто бил пријател со Михајло, синот на Дејан Јованов-Деко – сведочеше Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски, на денешното продолжение на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се одржува во судницата во „Идризово“, пренесе МИА. Сведокот пред судот изнесе наводи за работниот ангажман на син му во кафулето „Класик“ и во „МММ кафе“ ДООЕЛ Кочани ...

Албански студенти денеска протестираа пред Министерството за правда во Скопје, барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Дел од учесниците пристигнаа преку Камени мост, носејќи албански и американски знамиња, како и транспаренти со пораки против, како што велат, институционална дискриминација. На протестот се извикуваа пароли „Албанскиот јазик, службен јазик“, „Филков, не стој на прозорец, поднеси оставка“. ...

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да ескалираат и дека целиот регион е „во пламен“, коментирајќи ги заканите на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран. – Констатираме дека нивото на тензии во регионот продолжува да расте. Фактички, целиот регион е во пламен. Негативните последици од агресијата против Иран се опасни. Географијата на конфликтот се проширува и сега сите ги ...

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа на почетокот на неделава откако американскиот претседател Доналд Трамп упати нови закани за можна воена акција против Иран што ги зголеми стравувањата од нарушување на глобалното снабдување. Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни надмина 111 долари за барел, што е за речиси 40 долари повеќе во споредба со периодот пред ескалацијата на конфликтот. Пораст на цената бележи и американската ...

Агенциите за кредитен рејтин „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилнот кредитен профил на земјата во поолугодишните прегледи, информираат од Министерството за финансии (МФ). „Стандард и Пурс“, како што велат, изврши редовен полугодишен преглед на кредитниот рејтинг на РС Македонија, во рамки на календарот за суверени рејтинзи за ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) регионот. -Станува збор за стандардна процедура согласно европската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот што му го даде на Техеран за отворање на Ормускиот Теснец. – Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
85%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
87%
1014
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.69
70%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
97%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
2.68
71%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
78%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
59%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
45%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Цинк

3.44

Калај

49.88

Рутениум

55395.74

Бакар

12.14

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53

Сребро

2840.84

Родиум

324722.54

Иридиум

253540.09

Платина

66712.80

Паладиум

49215.93

Злато

166450.52