Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани спаси 21 лице, е еден од 16-те добитници на годинашната меѓународна награда „Младинска храброст 2026“. Признанието го доделуваат Академијата „Раул Валенберг“, Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, а е наменето за млади на возраст од 13 до 20 години кои со своите постапки придонесуваат за позитивни промени во општеството. Наградата го ...
Сите градежни интервенции во објектот во кој функционирала дискотеката „Пулс“ во Кочани биле изведени незаконски, без проектна документација, стручен надзор и без одобрение од надлежните институции. Ова на денешното рочиште го истакна вештото лице Маријана Лазаревска, презентирајќи ги наодите од градежното вештачење. Според Лазаревска, промените што биле направени во објектот не можат да се квалификуваат како надградба, доградба или ...
Многумина го оставаат полначот за телефон постојано вклучен во штекер, дури и кога на него нема приклучен уред. Технички, полначот и тогаш троши мала количина електрична енергија, но кај современите модели таа потрошувачка обично е многу мала. Американското Министерство за енергетика ваквата потрошувачка ја нарекува „standby power“ – струја што уредот ја користи додека е приклучен, но не ја извршува својата главна функција. Современите ...
Исклучително уметничко доживување на кавадаречката културна јавност понуди заедничката изложба на уметниците Игор Јосифов и Марина Убавкова која во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“ беше отворена деновиве во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. Насловот на изложбата е „Париз градот на светлината – вечна инспирација“ а е резултат на нивниот заеднички престој во Интернационалната куќа на ...
Култното списание „Мари Клер“ прогласи легендарен парфем за најдобар женски мирис на сите времиња. Комбинацијата од црно кафе, цвет од портокал, пачули, кедрово дрво и ванила носи долготраен и препознатлив мирис. Еден парфем со години им одолеваше на минливите трендови, а сега доби престижна награда – експертите од списанието го прогласија за најдобар женски парфем на сите времиња, благодарение на неговата единствена комбинација од мирисни ...
Повеќе од 3.000 врвни танчари од 26 европски земји ќе настапат во спортскиот центар „Борис Трајковски“, претворајќи го градот во голема сцена на талент, движење и врвна танцова уметност како дел од настанот „ИДО Европско првенство 2026“ во класичен балет, џез, модерен и современ танц. Од 21 до 29 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови случувања во Европа. Под слоганот „Место каде што елеганцијата се ...
Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци, особено во подрачјата каде што има застојана вода во дворовите и нивната непосредна околина. Во општините во кои е прогласена епидемија ќе бидат испратени СМС-пораки со препораки изработени од Институтот за јавно здравје. Министерот за здравство, Сашо Клековски, истакна дека август и септември традиционално се месеци во кои се ...
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго стана најсмртоносната во историјата на земјата, откако бројот на починати достигна 2.325 лица, надминувајќи го претходниот црн рекорд од 2.299 жртви, регистрирани во епидемијата од 2018 до 2020 година. Според податоците на Конгоанскиот институт за јавно здравје, досега се потврдени 4.945 случаи на ебола, од кои 101 се регистрирани во последните 24 часа. Станува збор за 17-та епидемија на ...
Најмалку 12 луѓе загинаа, а уште 47 се повредени откако автобус со полска регистрација се преврте во Унгарија, на околу 140 километри од главниот град Будимпешта. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ. Службите за итна помош во Унгарија соопштија дека десетмина од патниците во автобусот добиле тешки повреди, а 37 лица се полесно повредени, посочува ДПА. Во изјава за јавноста, унгарската полиција соопшти дека веројатно возачот заспал и ...
Министерството за здравство на 20 август ќе го објави епидемиолошкиот извештај за случувањата во Гостивар, најави министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со епидемијата. Клековски појасни дека во јавноста се шират неточни информации во врска со објавувањето на резултатите од анализите на водата и нагласи дека извештајот ќе ги содржи сите релевантни податоци за епидемијата, како и активностите што ги ...
Влијанието на воените конфликти врз финансиските пазари како повод Светот и глобалната економија се исправени пред нов воен предизвик што силно ги погодува современите пазари, најмногу поради растот на цените на нафтата. Масовната примена на нафтените деривати во транспортот, но и во хемиската индустрија, земјоделството и градежништвото, предизвикува верижен и силен удар врз целата светска економија. Со почетокот на воениот конфликт меѓу Иран ...
Турција обезбеди донација од 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците, кои се очекува да пристигнат во земјава во наредните денови, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), по денешниот апел на Сојузот на одгледувачи на овци за итно преземање мерки за спречување на ширењето на болеста. Од Министерството информираат дека до Европската комисија е доставено и барање за обезбедување дополнителни количества ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека внимателно ја следи состојбата со појавата на сипаници кај овците и дека континуирано ги спроведува потребните заштитни и контролни мерки за спречување на ширењето на болеста. Од АХВ информираат дека до Европската комисија и до Република Турција е доставено барање за донација на вакцини, додека експертската група редовно одржува состаноци и предлага соодветни мерки за справување со ...
Во земјава во моментов се потврдени 35 случаи на западно-нилска треска, додека три случаи се суспектни и се во процес на дијагностицирање. Шест пациенти се во критична состојба и се лекуваат на одделите за интензивна нега на Инфективната клиника, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, пренесе МИА. Најголем дел од пациентите со потврдена инфекција се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, додека еден пациент ...
Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, додека цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8 проценти, што ја става земјата на второто место со најниска инфлација во регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по увид во градежни активности за изградба на фекална канализација во населеното место Идризово во општина Гази Баба, Мицкоски оцени дека ова се податоци ...
Во пресрет на 18 Август – Денот на формирањето на Армијата на Република Северна Македонија, владина делегација составена од министрите за одбрана, внатрешни работи и социјална политика, Владо Мисајловски, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, заедно со делегација на Армијата, со воени почести положи венци на партизанските гробишта во Скопје, пренесе МИА. Венци со свежо цвеќе биле положени и на вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис ...
Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода 67-годишниот Б.С. од Битола, кој се сомничи дека предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“, пренесе МИА. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал околу 12.35 часот, при што биле зафатени сува трева и дрвени палети во поранешното стовариште на осомничениот. Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од ...
Според најновиот индекс за жени, мир и безбедност Новиот глобален индекс покажа во кои земји жените имаат најмалку права, слобода и безбедност. Војните, насилството, дискриминацијата и забраната за образование ги направија овие земји меѓу најлошите места за живеење на жените. На последното место е земја каде што жените речиси целосно се исклучени од сите сфери на јавниот живот. Иако положбата на жените во многу делови од светот постепено се ...
Средствата обезбедени под поволни услови од унгарската Експорт-импорт банка не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Според неа, Владата пред повеќе од две години ја препознала потребата да им обезбеди подостапно и поповолно финансирање на компаниите што имаат потенцијал и идеи за развојни инвестиции. – Заедно со ...
Фотографијата „Старата селска плевна и Млечниот пат“ на авторот Орце Стојчевски е изборот на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата за оваа недела. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана од најголемата македонска Фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories. „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата Фотографијата секој ...
Критики за лидерите на ЕУ поради користење одмор среде криза Политичките лидери на Европската Унија се на одмор додека геополитичките тензии и природните катастрофи ја потресуваат Европа среде лето. Европската јавност апелира на нивно присуство при справување со тековните кризни состојби, објавува „Политико“. Меѓу оние што се најдоа на удар на јавноста се шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер ...
Велес во знакот на деветтата уметност Стрип-центарот на Македонија – Велес официјално ја најавува претстојната осма меѓународна стрип-колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во периодот од 20 до 23 август 2026 година. Годинава, оваа престижна манифестација носи еден сосема уникатен концепт на поврзување – учесниците се исклучиво автори од женскиот пол, кои доаѓаат од пет држави, со што се создава моќна балканска женска уметничка соработка. По ...
Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“. Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да се зачува искрена и длабока врска, оваа интроспективна и ...
Четирите џез вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта. Честа да ја затвори џез програмата синоќа на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми. Музиката без граници ја одбележа уште ...
ОД ЃУРЃОВДЕН ДО МИТРОВДЕН По повеќе од еден век и две децении откако се случило Илинденското востание, сѐ уште траат дебатите за тоа дали и до колку Организацијата била подготвена за него, а се споменуваат и огромниот број жртви и иселени, како и запалени македонски села за време и по востанието. По 1903-та, ретки биле реоните со населени места каде што комитите и војводите можеле безбедно да престојуваат. Во неколку извори со кои ...
„Прес анд плеј“ на Ненад Во рамките на годинашното издание на престижниот фестивал „Нишвил“, своја промоција имаше книгата „Прес анд плеј“ („Press and Play“) од истакнатиот македонски музички новинар и публицист Ненад Георгиевски. Претставувањето на ова капитално издание пред фестивалската публика на „Нишвил“ е исклучителна можност македонската музичка сцена, нејзините автори и нејзините достигнувања да добијат дополнителна меѓународна ...
Четири лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари на подрачјето на Задарската жупанија во Хрватска, соопшти денеска задарската полиција. Како што е наведено во полициското соопштение, лицата биле уапсени откако граѓани пријавиле сомнително возило и однесување. Четворицата се приведени синоќа на поширокото подрачје на Бенковац, а полицијата спроведува криминалистичка истрага за нивната можна поврзаност со предизвикувањето пожари во ...
Европа го повторува чинот на германското енергетско харикири Европа влегува во една од најголемите енергетски пресметки во својата модерна историја. Одлуката на Европската Унија постепено и целосно да го прекине увозот на руски природен гас – и преку гасоводи и како течен природен гас (ЛНГ) – формално е претставена како чекор кон енергетска независност и поголема безбедност. Но во земјите што сè уште имаат значајна улога на природниот гас во ...
Во најжешките летни денови лесно е клима-уредот да заврши наместен на 20 или 21 степен, со надеж дека просторијата побрзо ќе се разлади. Но, пониската температура не значи дека климата ќе лади побрзо – најчесто само ќе работи подолго и ќе троши повеќе електрична енергија. Консјумер рипортс (Consumer Reports) во водич објавен во јули годинава советува температурата прво да се постави повисоко, а потоа постепено да се намалува додека не се ...
Осум часа сон не секогаш значат дека наутро ќе се разбудите одморени. Постојаниот умор може да има многу причини, а некои од нив се кријат во секојдневни навики на кои ретко обрнуваме внимание, пишува Гардијан (The Guardian). Една од нив е недостигот од дневна светлина. Изложувањето на природна светлина, особено во првиот дел од денот, му помага на организмот да го регулира внатрешниот часовник. Ако поголемиот дел од денот го поминуваме во ...