Град Скопје информира дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се спроведе авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на градот. Покрај авионското прскање, од 23 до 26 август е предвидена и терестична дезинсекција. Терестичната дезинсекција ќе се спроведува во периодот од 22.00 до 03.00 часот наредниот ден, соопшти Град Скопје. Од градската администрација посочуваат дека реализацијата на активностите ќе зависи од ...

Француската влада се соочува со ултиматум Зоолошката градина „Бовал“ во Франција би можела да се откаже од изградбата на нов објект за 23 делфини од Маринленд и Планет Соваж, освен ако не добие поголема финансиска и политичка поддршка од француската влада. Директорот на зоолошката градина „Бовал“ предупреди дека плановите за изградба на нов објект за делфини би можеле да пропаднат доколку француската влада не обезбеди поголема поддршка. ...

„Рацете на политиката подалеку од образованието“ – порача министерката за образование и наука Весна Јаневска, оценувајќи дека усвојувањето на трите закони од областа на високото образование, кои се во собраниска процедура, е клучно за подобрување на квалитетот на универзитетското образование во земјава. Јаневска, одговарајќи на прашање за најновата Шангајска листа на која годинава не се најде ниту еден македонски универзитет, рече дека не ...

Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болети во Скопје. Кај три починати лица биле ...

Формирана е комисија за стручен надзор на случајот со родилката од Штип која останала парализирана по втор царски рез, а во работата ќе бидат вклучени и двајца странски експерти, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Одговарајќи на новинарски прашања, Клековски рече дека целта на вклучувањето на странски стручњаци е да се обезбеди дополнителна стручност и да се зголеми довербата во институциите при утврдувањето на ...

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 5.000, соопшти Институтот за јавно здравје на земјата. Според најновите податоци, досега се регистрирани вкупно 5.021 случаи на ебола, од кои 2.378 завршиле со смртен исход. Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Тиерно Балде, изјави дека епидемијата би можела да биде ставена под контрола во рок од три месеци, доколку се обезбедат потребните ...

Чешка е подготвена да помогне во процесот за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и постигнување решение прифатливо за двете страни, порача денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка при официјалната посета на земјава. По средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Охрид, Мацинка оцени дека прашањето повеќе не може да се третира како исклучиво билатерален спор. – ...

За Македонија, Вишеградската група не треба да биде само група на четири пријателски држави. Таа може да биде економска врата кон Централна Европа. Полска може да биде пазар. Чешка може да биде индустриски партнер. Унгарија може да биде транспортна и логистичка врска. Словачка може да биде партнер во автомобилскиот и индустрискиот синџир. А сите заедно можат да бидат политички и економски мост кон поширокиот европски простор. Затоа Македонија ...

Чешка ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и е подготвена да помогне земјава што побрзо да стане членка на Европската Унија, порача чешкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Петр Мацинка по средбата со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, пренесе МИА. На пленарната средба во Вила „Охрид“, Мацинка истакна дека членството на Северна Македонија во ЕУ е еден од приоритетите за Чешка. Тој порача дека ...

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишен вработен во банка, осомничен дека во периодот од ноември 2025 до март 2026 година, во 13 наврати, присвоил околу 4,9 милиони денари и 63.350 евра, пренесе МИА. Според МВР, К.К. од Гевгелија бил стручен соработник во експозитура на банка. Тој, без налог од корисниците, пристапувал до денарските платежни сметки на двајца клиенти и неовластено присвојувал средства што му биле доверени во ...

Американските федерални обвинители поднесоа обвинение во 14 точки против 17 членови на иранскиот институт Мабна, кои се сомничат дека биле дел од десетгодишна кампања за кибер-шпионажа насочена кон институции и компании ширум светот. Според американското Министерство за правда, групата главно дејствувала по налог на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), а нејзината цел била кражба на научни истражувања и интелектуална сопственост. ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), пренесе МИА. Еден од активните пожари избувнал во Општина Студеничани, каде што гори мешана шума во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Активен е и пожарот во Општина Македонски Брод, во месноста „Видуш“, како и кај ...

Знаменитостите на Македонија На планината Караџица, во срцето на моќниот масив Јакупица, се крие една од најголемите природни тајни на Македонија – Словачка Јама. Оваа пештера не е само геолошка формација туку вистински подземен свет, мистериозен и величествен, кој со својата длабочина и должина го предизвикува човековиот дух за истражување. Со своите 650 метри длабочина и 3.163 метри должина, таа е најдлабоката пештера во државата и се ...

Општина Центар – Скопје воведува официјална мобилна апликација преку која граѓаните ќе можат на едно место да пристапат до најважните општински информации, услуги и дигитални алатки, Апликацијата веќе е достапна за преземање преку App Store за корисниците на iOS, додека во следните неколку дена се очекува да биде достапна и за Android уредите преку Google Play. Преку апликацијата корисниците ќе можат да ги следат актуелните вести, ...

Една економска статистика понекогаш кажува повеќе од стотици страници економски анализи. Во првата половина од годинава германските компании извезле во Полска стоки во вредност од 53,8 милијарди евра (а во Кина – 36,3 милијарди). Самата споредба е доволно впечатлива. Полска, земја што пред само неколку децении беше дел од поинаков економски систем и која по големина не може да се споредува со Кина, денес за германската индустрија прераснува ...

Прекрасен концерт за кларинет и пијано се одржа вчеравечер во рамки на Унгарската вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка од Амбасадата на Унгарија во Скопје. Во црквата „Света Софија“ настапија младите унгарски уметници со плодни меѓународни кариери, кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. Александра Балог се вбројува помеѓу највозбудливите пијанисти на нејзината генерација. Таа е добитничка на ...

ЗА ОВЧЕПОЛСКИТЕ РАБОТИ (8) Овчеполието претставува еден од најспецифичните, но истовремено и најнеискористени региони во Македонија од аспект на културно-историскиот и алтернативниот туризам. Со својата богата археолошка ризница, античкиот локалитет Билазора, мистичните и светски препознаени феномени како Говедаровиот Камен, овчеполскиот геоглиф и редените камења, како и длабокото христијанско и духовно наследство, Општина Свети Николе ...

По светската премиера на Шангајскиот интернационален филмски фестивал, долгометражниот документарен филм „Руини“ во режија и по сценарио на Елена Чемерска премиерно ќе биде прикажан пред домашната публика во рамките на 17. издание на фестивалот „МакеДокс“, на 24 август во 21 часот, во Куршумли ан. Станува збор за интимен документарен филм за личната и колективната меморија, за загубата и наследството, во кој процесот на реставрација на еден ...

Соединетите Американски Држави воведоа санкции против јапонската судијка Томоко Акане, претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), и против сенегалскиот правник Абдулаје Сеје, висок претставник на Судот. Одлуката ја соопшти американскиот државен секретар Марко Рубио, а имињата на двајцата функционери се објавени на листата на санкционирани лица на Министерството за финансии на САД. Според Рубио, Акане и Сеје биле директно вклучени во ...

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони се очекува зголемена облачност, со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека максималните ќе достигнат од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе ...

Почитувани гости и достоинственици, Со големо задоволство сум денес овде со вас, во Охрид, во Република Македонија. Охрид е едно од оние ретки места каде што творечките и учените умови процветувале низ многу генерации и епохи – и продолжуваат да го прават тоа и денес. Овој град поседува посебна аура што им овозможува на умот и културата да опстојуваат и постојано да се обновуваат. Тоа е аура што повторно и повторно ги инспирира луѓето да го ...

До 18 часот денеска регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Зелениково: с. Добрино и Тисовица (шума со даб и габер). Општина Сарај: с. Бојане (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов ...

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, и тоа од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен се прилепските пожарникари, тимови на Дирекцијата за заштита и спасување составени од ...

Шеснаесетгодишната Карен Морад од Каиро го изгубила видот пред пет години. Но, за време на сафари во Кенија во јуни, повторно почувствувала дека може да „види“ – благодарение на апликација што ѝ опишувала што има околу неа, колку се далеку животните и што прават. Апликацијата ја создал нејзиниот 20-годишен брат Марк, кој и самиот е слеп, пишува Ројтерс (Reuters). Братот и сестрата постепено го изгубиле видот поради ретка и неизлечива состојба ...

Податоците поврзани со 1,2 милиони луѓе и 200.000 компании се украдени во голем хакерски напад, објавија денеска властите во Летонија. Податоците како што се имиња, детали за плаќање, регистарски таблички на возила и адреси наводно биле украдени во напад извршен минатата недела. Се уште не е јасно кој стои зад инцидентот. Премиерот Андрис Кулбергс изјави дека не може да се исклучи дека нападот е извршен од друга земја. Кулбергс нареди ...

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 8:30 до 13 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште. Во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците на улицата „Александар ...

Компанијата „Мета“, сопственик на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, денеска се соочува со еден од најзначајните судски процеси против голема технолошка компанија во САД. Процесот започнува во Калифорнија, каде коалиција од американски сојузни држави ја обвинува компанијата дека намерно ги дизајнирала своите платформи така што да создаваат зависност кај децата и младите. Тужбата е поднесена во 2023 година, а Калифорнија, Колорадо, Кентаки и Њу Џерси се ...

Тажна е денеска глетката во селото Чаниште, Мариовско, по големиот пожар кој вчера зафати дел од селото и уништи повеќе од 15 куќи и други објекти. Пожарот избувнал околу 13.30 часот надвор од селото, но за кратко време се проширил кон куќите. Во селото живеат околу десет жители, кои заедно со пожарникарите и останатите екипи се бореле да го спречат огнот да зафати и други објекти. Ситуацијата била дополнително опасна поради ...

Со пораки за поголема подготвеност, модернизација и зајакнување на одбранбените капацитети, денеска во Охрид беше одбележан 18 Август – Денот на Армијата. Централната свеченост се одржа во Кампот за обука на вода, по повод 34-годишнината од формирањето на Армијата. На свеченоста се обратија претседателката и врховна командантка на Вооружените сили Гордана Силјановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на ...

ПК „Љуботен“ ја гради следната генерација На 22 и 23 август во хостелот „Китка“ во Вратница ќе се одржи второто издание на младинскиот камп „Бејс камп Љуботен“, иницијатива преку која еден од најстарите планинарски клубови во земјава продолжува да им ги пренесува љубовта кон планината, знаењето и вредностите на новите генерации. Планинарскиот клуб „Љуботен“ не ја мери својата, повеќе од еден век, долга традиција само во освоени врвови и ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53