Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Ормускиот теснец ќе остане затворен за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат условите од привремениот договор постигнат со Иран во јуни, порача главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф пред иранскиот парламент. Како што пренесоа „Џерусалим пост“ и „Турција денес“, според Калибаф, Техеран бара целосно укинување на американската блокада на иранските пристаништа, укинување на санкциите поврзани со извозот на ...
Ученик во живо го пренесувал вооружениот напад во училница во средно училиште во јужните Филипини, при што убил соученик, а потоа си го одзел животот. Во нападот се ранети уште две лица. Инцидентот се случил во училиште поврзано со приватниот универзитет „Атенео де Замбоанга“ во градот Замбоанга. Според прелиминарниот полициски извештај, ученикот од деветто одделение влегол во кампусот вооружен со пиштол и пушка и отворил оган во училниците. ...
Уште еден пациент со тешка невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести, со што бројот на починати од оваа инфекција во земјава се зголеми на четири. Станува збор за 76-годишен пациент кој 27 дена се лекувал на Клиниката. Кај него претходно лабораториски била потврдена невроинвазивна форма на инфекцијата, која ги зафатила мозокот и мозочната обвивка. Според директорот на Клиниката, ...
Хрватската писателка, колумнистка и новинарка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст, по долга и тешка борба со карцином. Веста беше објавена на нејзината официјална страница на Фејсбук, каде што семејството со емотивна порака соопшти дека Рудан „заминала на подрачје без сигнал“. Нејзината смрт ја потврдија и извори блиски до семејството за хрватскиот портал „Шоубаз“. Родена на 29 октомври 1949 година во Опатија, Рудан беше една од ...
Современата одбрана не смее да се сведува само на одговор на веќе настанати закани, туку мора да се темели на нивно навремено предвидување, развој на соодветни капацитети и градење отпорност на државата, порача претседателката и врховна командантка на Армијата, Гордана Силјановска-Давкова, на свеченоста во Охрид по повод 18 Август – Денот на Армијата. Таа оцени дека современиот безбедносен амбиент е сè понепредвидлив, а границите меѓу ...
Македонската армија денес претставува високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност и висок степен на интероперабилност со сојузничките сили, порача претседателката и врховна командантка Гордана Силјановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на Армијата, што се одржа во Охрид. Во своето обраќање, таа се осврна на развојот на Армијата, од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ во 1943 година до ...
Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден мртов во раните утрински часови на плажа во Ксамил, едно од најпознатите туристички места во јужна Албанија. Според информациите од албанската полиција, телото на Мигел Мендес било откриено околу 5.15 часот на лежалка пред угостителски објект. Првичните сознанија укажуваат дека смртта најверојатно била предизвикана од убод со нож, пренесе „Газета Експрес“. За случајот е осомничен 29-годишниот ...
Бигорот од чешмата не може да се отстрани со едноставно бришење, но некои евтини производи можат да ги разградат минералните наслаги. Доволно е да ги оставите неколку минути, а потоа да го отстраните бигорот со четка и да ја исплакнете чешмата со топла вода. За тврдокорни наслаги, закачете половина лимон на крајот од чешмата со гумена лента и оставете го подолго. Бигорот на чешмите може да направи бањата да изгледа валкано, а неговото ...
Фотографиите од одмор што ги објавуваме на Инстаграм или Фејсбук можат да откријат многу повеќе отколку што мислиме. Нов вид измама користи вештачка интелигенција (ВИ) за да ја препознае локацијата на која е направена фотографијата, а потоа таа информација се користи за лажните пораки да изгледаат многу поверодостојно, пишува Гардијан (The Guardian). Сценариото може да изгледа сосема реално: сте објавиле неколку фотографии од Порто, а по ...
Во тек се подготовките за заминувањето на дипломатот Крум Ефремов за нов амбасадор на Македонија во Софија, потврди денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, пренесе МИА. Муцунски на прес-конференција информираше дека постапката за именување на амбасадорот во Бугарија веќе е во фаза во која информацијата не е класифицирана и може јавно да се соопшти името на кандидатот. Тој го опиша Ефремов како искусен и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, најави дека заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Чешка, Петр Мацинка, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. На денешната прес-конференција, Муцунски информираше дека со својот чешки колега ќе разговара за унапредување на билатералните односи, европската перспектива на земјата, економската соработка, како и за актуелните регионални и ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека дијалогот со Бугарија за надминување на спорот и деблокирање на европските интеграции на земјава е постојан, иако неговиот интензитет варира во зависност од периодот, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање, Муцунски рече дека Владата од почетокот на својот мандат континуирано разговара за изнаоѓање праведно решение, во согласност со позициите на ...
Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Годинава на семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По ...
Во големиот пожар што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска, целосно изгореа 106 возила, 28 куќи, седум стопански објекти, три угостителски објекти и шест помошни објекти, соопшти сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан. Во пожарот целосно биле уништени и 45 пловила кои претходно биле извлечени на брегот, изјави Бобан за Хина. Според досегашните проценки, делумно се оштетени уште 43 куќи, ...
Американската морнарица ѝ додели на компанијата Рејтеон (Raytheon), дел од Ар-ти-екс (RTX), седумгодишен договор вреден 22,9 милијарди долари за значително зголемување на производството на крстосувачките ракети „Томахавк“ (Tomahawk). Според Пентагон, договорот треба да го забрза производството и да го скрати времето потребно за испорака на ракетите, како и да овозможи проширување на производствените капацитети и зајакнување на синџирите за ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска и утре трае првиот рок за пријавување кандидати за запишување во прва година на студии за академската 2026/2027 година. На 23 факултети се достапни вкупно 8.851 место за нови студенти, а академската година треба да започне на 1 октомври. Од вкупниот број места, 4.395 се наменети за редовни студенти во државна квота, односно студенти кои се финансираат од државниот буџет. Дополнително, ...
Македонија денес го одбележува Денот на армијата (18 Август) – празник што не е само протоколарен датум туку живо потсетување на историскиот континуитет на борбата за слобода и државност. Тоа е ден кога се спојуваат вековните жртви и идеали на македонскиот народ со современата државност, ден кога се потврдува дека армијата не е само институција, туку симбол на националната истрајност и достоинство. Овој празник е сведоштво дека македонската ...
Повеќето луѓе посегнуваат по своите омилени добро изладени пијалаци за да се освежат. Одредени популарни летни пијалаци, како што се пивото, газираните засладени сокови, лимонадата, енергетските пијалаци и кафето со додатоци, наместо да ја гаснат жедта и да го хидрираат телото, всушност дејствуваат како диуретици и поттикнуваат дехидрација. Обичната вода сè уште е најдобриот начин да го одржите вашето тело хидрирано. Кога е жешко надвор, се ...
Во извонедниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“. Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои шест и натаму се активни, еден е ставен под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пренесе МИА. Активни пожари има на територијата на Општина Студеничани, во близина на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, како и во Општина Македонски Брод, во месноста Видуш и кај селата Драгов Дол, Локвица и Девич. Пожари ...
Новата генерација лекови за дебелина можеби нема да се потпира само на намалување на апетитот. Експерименталниот лек „ретатрутид“ на компанијата „Ели Лили“ делува истовремено на три хормонски системи – ГЛП-1, ГИП и глукагон – и во доцна фаза на клинички испитувања покажува големо намалување на телесната тежина, пишува Ројтерс (Reuters). Во едно 80-неделно испитување кај луѓе со тешка дебелина и веќе постоечко кардиоваскуларно заболување, ...
Министерството за финансии донесе нов Правилник со кој детално се уредуваат условите и потребната документација за проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на лицата и компаниите кои сакаат да добијат лиценца за приредување игри на среќа, пренесе МИА. Правилникот произлегува од новиот Закон за игрите на среќа, донесен во јуни годинава, и се однесува на апликантите за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или ...
Луѓето денес зборуваат значително помалку отколку пред петнаесетина години, покажува анализа објавена годинава во научното списание „Перспективс он сајколоџикал сајанс“ (Perspectives on Psychological Science). Темата денеска ја отвора и авторката Ема Бедингтон во Гардијан (The Guardian), прашувајќи дали во потрагата по тишина и дигитална удобност полека губиме нешто важно – обичниот разговор со други луѓе. Психолозите Валерија Фајфер од ...
Не секоја расправија, несогласување или лошо кажана реченица е знак дека некој се обидува да манипулира со вас. Психолошките термини како „гаслајтинг“, „нарцис“ и „манипулатор“ денес често се користат многу пошироко од нивното вистинско значење, предупредува клиничкиот психолог Рејчел Нидл во неодамнешен текст за Сајколоџи тудеј (Psychology Today). Таа посочува дека е покорисно да се опише конкретното штетно однесување отколку на некого ...
Армијата на Република Македонија денеска одбележува 34 години од формирањето, период во кој, како што посочуваат од Армијата, прерасна во современа и целосно интероперабилна сила во рамките на евроатлантскиот безбедносен систем. Со учеството во меѓународни мисии, модернизацијата на опремата и исполнувањето на НАТО-стандардите, Армијата ја потврдува својата улога како доверлив сојузник и значаен фактор за регионалната безбедност. Нејзината ...
Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат бидејќи линијата на огнот е доста долга. Освен ...
Во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва единицата на артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија во пресрет на утрешното одбележување 34 години од формирањето на македонската Армија. – Нека одекне гордоста – кусо напиша министерот за одбрана Владо Мисајловски на својот профил на Фејсбук каде се објавени снимките од почесната стрелба. Со повеќе активности во ...
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално се очекува развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) попладнево соопшти дека во рамки на истрагата за организиран транспорт на марихуана од земјава во Србија е донесена наредба за спроведување постапка против уште седум лица, осомничени дека го сториле истото кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 ...