Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го ...
Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите, информираше АХВ. Засега, како што информираат оттаму, комплетирани се резултатите од тестираните примероци ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, информираше ОЈО. – Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот „Никола Карев” и кога дошол до ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Србија оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут, на која биле разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, зајакнување на регионалната стабилност и продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете држави, пренесе МИА. По средбата, Мицкоски преку објава на Фејсбук истакна дека разговорите се одвивале во пријателска и конструктивна атмосфера, при што биле ...
Четворица мажи денеска беа успешно извлечени од поплавена пештера во централниот дел на Лаос, со што заврши евакуацијата на петмината преживеани кои десет дена беа заробени под земја, соопштија тајландските спасувачки служби. Првиот од заробените мажи беше спасен вчера, а денешната операција овозможи безбедно извлекување и на останатите четворица. Спасените се дел од група од седум жители на Лаос кои минатата недела влегле во пештера во ...
Во Нови Сад денеска беше одбележан јубилејот – 80 години од населувањето на Македонците во Војводина, на свечена академија на која се обратија македонскиот премиер Христијан Мицкоски, српскиот премиер Ѓуро Мацут и други високи претставници, пренесе МИА. Во своето обраќање, Мицкоски порача дека народот кој ги чува своите корени, јазик и култура никогаш не се губи и секогаш има иднина. -Да испратиме порака дека човечката блискост е посилна од ...
Новиот оперативен план за вработување, вреден околу 40 милиони евра, ќе започне да се спроведува во текот на јуни. Планот веќе е усвоен од Владата, а наскоро ќе бидат објавени сите детали за мерките и можностите што ќе им бидат достапни на невработените лица, социјално ранливите категории и младите до 29 години, пренесе МИА. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, изјави дека оперативниот план е усвоен на последната владина ...
Посетата на Кина по речиси една деценија претставува можност за отворање ново поглавје во односите меѓу Македонија и Кина, изјави вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ за кинеската медиумска мрежа ЦГТН. Стоилковиќ престојуваше во Џинан, во покраината Шандонг, каде учествуваше на Седмиот состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и на Форумот за меѓународна соработка на ...
Бројот на лица кај кои постои сомневање за зараза со ебола во Демократска Република Конго се искачи на 1.028, што претставува значителен пораст во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 906 случаи, соопшти министерот за здравство Самуел Роџер Камба. Според него, досега се потврдени 225 случаи на инфекција со вирусот. Од Светската здравствена организација (СЗО) соопштија дека од прогласувањето на епидемијата на 15 мај во Демократска ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека добрососедските односи се двонасочен процес и дека земјата ќе остане на своите позиции во однос на спорните прашања со Бугарија, додека не се исполнат, како што рече, обврските од другата страна, пренесе МИА. -Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер – рече Мицкоски, додавајќи дека е загрижен за почетокот на новата бугарска ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи во вторник треба да се најде на владина седница, по што се очекува во најбрз можен рок да биде проследен во Собранието, пренесе МИА. Премиерот Христијан Мицкоски денеска на завршниот состанок со претставници од тутунската индустрија и угостителскиот сектор изјави дека законот ќе стапи во сила веднаш по неговото усвојување, со исклучок на одредбите што се ...
Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје, пренесе МИА. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х. (31) од село Визбегово, како и два мотоцикла – „БМВ“, управуван од М.Ф. (19), и „Хонда ХДВ“, управуван од Н.Б. ...
Долги колони возила, десетици туристички автобуси и повеќечасовни задржувања на граничниот премин Евзони/Богородица ја одбележаа денешната состојба на грчко-македонската граница, јавуваат медиумите од Солун. Причина за метежот се новите биометриски проверки во рамки на системот за влез и излез на Европската Унија (ЕЕС), пренесе МИА. Според локалните медиуми, патниците во патничките возила чекале околу два часа за влез во Грција, додека ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека е заокружена консултативната и институционалната постапка за подготовка на Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи, нагласувајќи дека станува збор за законско решение изработено низ широк и инклузивен процес. На завршниот состанок со претставници на тутунската индустрија и угостителскиот сектор, кој се одржа во Владата во присуство на премиерот ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се очекува стабилизирање на цените на горивата и значително поевтинување на дизелот за околу 6 до 6,5 денари по литар, пренесе МИА. Тој информираше дека утре ќе се одржи онлајн седница на Владата, на која ќе се разгледаат актуелните движења на цените на светските берзи и нивното влијание врз домашниот пазар. Според него, анализите покажуваат дека по период на динамични промени на цените, се очекува ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи е резултат на широк консултативен процес со сите засегнати страни и не е подготвен ниту набрзина, ниту со наметнување решенија, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека основната цел на законското решение е намалување на бројот на лица кои користат тутунски производи и подобрување на јавното здравје, пренесе МИА. Говорејќи на состанок со еснафските ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата е заинтересирана да дознае повеќе детали за предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интеграција во Европската унија. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски потврди дека ќе присуствува на претстојниот Самит на Европската унија и Западен Балкан во Тиват, каде што очекува да бидат претставени подетални информации за новите европски иницијативи. – Овие идеи и размислувања ...
Сончево и топло време денеска, од четврток повторно дожд и грмежи Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во источните делови од земјата ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 40 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 31 степен. Во Скопје се очекува сончево време со мала ...
Министерството за здравство продолжува со реализација на капитални проекти што треба значително да ја унапредат здравствената инфраструктура во земјата. Плановите и тековните активности беа презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство, пренесе МИА. Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека целта е создавање достапен, модерен и ефикасен здравствен систем за сите граѓани. -Нашата визија е јасна – квалитетно ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека верува оти падот на дрон во Романија најверојатно е поврзан со украински дрон кој излетал од курсот и дека Русија е подготвена да спроведе објективна истрага за падот доколку романските власти ѝ достават информации. Путин рече дека првата реакција на Европската Унија е да го означи секој дрон што лета над соседните земји како руски, но потоа се покажува дека не е, и дека украинските дронови што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише евентуален договор со Иран за прекин на војната само доколку бидат исполнети неговите клучни услови, изјави синоќа претставник на Белата куќа по состанокот во таканаречената „соба за ситуации“, кој заврши без конкретна одлука. Со тоа продолжува неизвесноста околу разговорите меѓу Вашингтон и Техеран, откако претходно извори од американската администрација споменаа можност за привремен договор ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека сите обвинувања против Русија во врска со беспилотните летала во земјите од Европската Унија се неосновани, пренесе „Танјуг“. Според неа, ниту на руската страна, ниту на граѓаните на земјите од ЕУ не им се презентирани никакви факти или материјали во врска со ова, пренесува РИА Новости. – Сите обвинувања што ги слушаме, особено за беспилотни летала ...
Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двајцата од села во тетовското подрачје, по пријава за кривично дело поврзано со сексуално насилство врз малолетничка. Како што информираат од полицијата, пријавата била поднесена вчера околу 16.45 часот од страна на 62-годишно лице, баба на оштетената девојка. Според неа, 58-годишниот осомничен извршил кривично дело „полово вознемирување“ со елементи ...
Романскиот претседател Никушор Дан соопшти дека Романија ќе го затвори Генералниот конзулат на Руската Федерација во Констанца и ќе го протера рускиот конзул, по инцидентот во кој дрон удри во станбена зграда во градот Галаци. Одлуката била донесена по состанокот на Советот за национална безбедност, свикан по нападот што предизвика експлозија и пожар во стан на 10-тиот кат од зградата, при што беа повредени две лица, пренесе телевизијата ...
ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и Македонската радио-телевизија потпишаа меморандум за соработка во наредните три години, со можност партнерството да биде продолжено и во следниот период, информираа од училиштето. Од школото оценуваат дека станува збор за значајно признание за долгогодишната работа, квалитетот и придонесот што оваа образовна институција го има во македонската култура и уметност. Со потпишаниот меморандум, Македонската ...
Европа не може да дејствува како посредник во конфликтот во Украина бидејќи е директна страна во кризата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека европските земји отворено застанале на страната на Киев и дека европското оружје се користи во напади врз Русија. – Европа во моментов е страна во конфликтот бидејќи ја поддржува Украина. Европското оружје се користи против нас и тоа не може да се игнорира – изјави Песков, ...
Романскиот претседател Никушор Дан за денеска го свика Врховниот совет за национална одбрана по падот на беспилотно летало врз станбен блок во градот Галати, што романските медиуми го оценуваат како најсериозен инцидент на романска територија од почетокот на руско – украинскиот конфликт. Во инцидентот избувнал пожар, а две лица биле полесно повредени. Вршителот на должност премиер Илие Боложан соопшти дека веднаш бил во контакт со министерот ...
Дрон утрово се урна во станбена зграда во градот Галац, Романија, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на 10-тиот кат од зградата. Две лица се полесно повредени и однесени во болница, објавува романскиот портал „Диги 24“. Пред инцидентот, до жителите на градовите Браила, Тулча и Галац била испратена предупредувачка порака, по што два романски борбени авиони Ф-16 полетале за надзор на воздушниот простор, пренесе „Танјуг“. – Пилотите на ...
Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Черкези. Според информациите од СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Ф.С. од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од селото Черкези. По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата ...
Во текот на 2025 година е регистриран пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено е намален бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според статистиката, годинава се евидентирани 14.237 пријавени полнолетни сторители, 6.996 обвинети и 6.371 осудени лица. Во споредба со претходната година, бројот на пријавени е зголемен за 6,5 проценти, додека ...