Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Повод: Посетата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на нашата земја и воспоставувањето ново стратегиско сојузништво Потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу премиерите Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ во Охрид, во името на Македонија и Хрватска, претставува еден од најзначајните дипломатски и политички чекори во односите меѓу Македонија и Хрватска во последните години. Односите меѓу Скопје и Загреб влегуваат во нова фаза ...
Македонија меѓу империите Во време кога светот забрзано се прегрупира околу новите транспортни, енергетски и безбедносни коридори, Македонија повторно се наоѓа во центарот на големата геополитичка шаховска табла. Она што со децении изгледаше како балканска периферија, денес станува една од клучните точки на судирот меѓу американските, европските и кинеските интереси во Југоисточна Европа. Коридорите 8 и 10 повеќе не се само инфраструктурни ...
Вашингтон со нов прагматичен курс кон Балканот Предмет на голем број анализи и барање на потконтексти деновиве е документот што се најде во американскиот Конгрес, подготвен од страна на Стејт департментот, во кој се утврдува новата американска доктрина кон земјите до Западен Балкан. Имено, во документот составен на седум страници јасно се посочува дека идниот фокус на американската политика кон Балканот ќе биде градење прагматични „реципрочни ...
ДАЛИ ВЕТОТО ЌЕ Ѝ СЕ УДРИ ОД ГЛАВА НА БУГАРИЈА Една од клучните точки на американската стратегија за Западен Балкан (држави што не се членки во ЕУ, а некои се во НАТО) е развојот на коридорите 8 и 10, каде што Македонија зазема централно место. Обидот да се примени „банана-стратегијата“ кон Македонија, односно главните сообраќајни трансверзали да ја заобиколат, како што е тоа случај со брзата железница што се гради со европски пари од Солун ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладене ...
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои ...
Во „Ноќно студио“ на 4ТВ, синоќа гостуваше директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој се осврна на реновирањето на старата Комерцијална банка. Томовски истакна дека два дела од објектот, Новиот дел и Бисер, се комплетно готови, а во моментот се одвиваат активности во т.н. Стар дел, за кој, според информациите од изведувачот и надзорот, се очекува да биде завршен во втората половина на месец јуни. – Минимум по ...
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана ќе биде домаќин на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН, кој од 4 до 7 јуни ќе се одржи во главниот град на Албанија. Ова е првпат Албанија да биде домаќин на овој значаен европски собир, што се оценува како историски момент за Македонците во земјата. Семинарот, организиран од ФУЕН во соработка со Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, ќе собере претставници на ...
Нашата статегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нам. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме е Акцискиот план за малцинства, што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК. Се додека билатералните спорови и т.н. булинг кон нас од една земја – членка на ЕУ се наша препрека, ова што одамна го залуживме ќе се одалечува, но ние не губиме надеж и енергија, туку напротив ќе продолжиме ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени дека Македонија добро напредува во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, посочувајќи дека во моментов единственото отворено прашање остануваат односите со Бугарија. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Охрид, Пленковиќ рече дека Хрватска внимателно го следи дијалогот меѓу Скопје и Софија и ќе продолжи да помага во надминување на постојните пречки ...
Во полициска акција што се спроведува од рано утрово во областите Солун, Килкис, Сер и Атина, грчката полиција уапси 17 лица осомничени за измами поврзани со европски земјоделски субвенции. Според првичните информации, осомничените нелегално се стекнале со над 4,5 милиони евра, пренесе МИА. Од грчката полиција информираат дека истрагата се однесува на организирана шема за злоупотреба на средства од Европската Унија, преку лажни изјави и ...
Во заедничка меѓународна акција на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) и италијанската Дирекција за борба против мафијата од Бари, разбиена е организирана криминална група поврзана со перење пари, убиства и меѓународна трговија со дрога. Како што соопшти првиот човек на СПАК, Клодијан Брахо, операцијата е спроведена со поддршка на Евроџаст, врз основа на истраги поврзани со убиството на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека збогатениот ураниум на Иран или ќе биде испратен во САД за да биде уништен или ќе биде уништен на друго место додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за ставање крај на војната со Иран. Збогатениот ураниум или веднаш ќе им биде предаден на САД и таму ќе биде уништен, или ќе биде уништен на самото место, или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе нова одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 проценти во однос на одлуката од 18 мај 2026 година. Според пресметките на РКЕ, иако референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување, кај бензините за 0,723 проценти, кај дизелот за ...
Во време на глобални кризи, војни, отуѓување и растечки консумеризам, академскиот уметник Милан Андов преку својата нова изложба „Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото“ отвора длабоко вознемирувачки, но исклучително актуелен дијалог за состојбата на современиот човек и неговата духовна и емоционална ранливост. Изложбата ќе биде отворена на 28 мај во 20 часот во Мала станица, а поставката ќе биде достапна за посетителите до 28 ...
Силен земјотрес со магнитуда од 6,8 степени го погоди северниот чилеански регион Антофагаста во понеделник попладне. Националниот сеизмолошки центар на Универзитетот во Чиле соопшти дека потресот се случил во 17:52 часот по локално време (21:52 GMT), со епицентар на 12 километри јужно од градот Калама, но властите не пријавија првични жртви, пишува агенцијата „Анадолија“. Хидрографската и океанографската служба на Чиле брзо потврди дека ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48.433 денари и во однос на март 2025 година, е повисока за 8.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2 проценти и Информации и ...
Концерт на „Пеперминт“ И ете ме мене на концертот. Пред МКЦ има публика, чека да влезе, се качувам горе во салата и повторно публика. На средината на салата има една огромна камера насочена кон бината, одзади на скалите има уште две големи камери и уште една од десната страна на бината, значи убаво е медиумски покриено. А на бината се редат неколку групи, „Лоши деца“, „Преку ред“, Дина Јашари, Игор Џамбазов. Врвулешница од музичари и сите тие ...
САД извршија нови напади во јужен Иран, таргетирајќи ирански ракетни позиции и бродови кои се обидувале да постават мини, објави „Би-би-си“. Како што соопшти Централната команда на САД, нападите биле преземени „во самоодбрана“ и имале за цел „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“. Портпаролот на командата, капетан Тим Хокинс, истакна дека американската војска „продолжува да ги брани нашите сили додека ...
Посетата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ не е само дипломатска средба меѓу две влади, туку потврда на долгогодишното пријателство и партнерство меѓу Македонија и Хрватска, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција во Охрид. Според Мицкоски, Хрватска е близок партнер, пријателска земја и НАТО-сојузник, со која Македонија споделува заеднички интереси, слични регионални предизвици и визија за стабилен, безбеден ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на аеродромот во Охрид го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на земјата. – Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната ...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска во Охрид потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји, со што, како што беше истакнато, се отвора нова етапа во билатералните односи меѓу Македонија и Хрватска. Покрај договорот за стратешка соработка меѓу владите, беше потпишан и договор за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското ...
Три одделни случаи на семејно насилство се регистрирани во текот на вчерашниот ден во Битола, Куманово и Кичево, при што се приведени три лица осомничени за физички напади врз членови на нивните семејства, информираат од Министерство за внатрешни работи. Во Битола, во раните утрински часови, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 51-годишниот Т.С., кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга, при што, ...
„Вивалдијада 2026“ Петтото издание на фестивалот за млади таленти „Вивалдијада 2026“ ќе се одржи на 7 јуни 2026 година, во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20 часот, во организација на уметничкиот центар „Полифонија“. „Вивалдијада“ е уникатен проект-фестивал, чија главна цел е промоција на македонската култура и уметност, во синергија со европското музичко наследство. Фокусот е насочен кон младите инструменталисти, кои ...
ТРИЛЕР – Но добро. Сега е редот на мене, претпоставувам. Ако ништо друго, барем ќе можам да се тешам со тоа што на некој начин го збогатив досието наречено дон Пасквале Бруто. Во гласот на дон Вилароса присутните како да почувствуваа доза несигурност. – Само напред – го осмели домаќинот. – Слушајќи ја сторијата на дон Кавалканти за рицинусот и творот, некако и јас се почувствував инфериорно. Но тоа беше првичен впечаток. Се надевам и очекувам ...
Под мотото „MAKE IT EPIC“, Шпаркасе Банка во рамките на својата VIBE ON платформа за млади ја проширува понудата на финансиски производи за млади до 28 години, и тоа со нови потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит за млади, можност за дозволено пречекорување, како и нов VIBE ON+ пакет за млади. Како банка со едно од најголемите семејства на млади клиенти во земјата, Шпаркасе Банка континуирано ги следи нивните потреби, го слуша нивниот ...
Наспроти балканскиот ревизионизам, светската наука и моќните глобални центри се децидни: Словенските просветители Кирил и Методиј, кои се Грци од Солун, се основачи и симбол на словенската писменост и словенското просветителство, но и творци на првото словенско писмо – глаголицата, објави завчера српскиот јавен сервис РТС, впуштајќи се во опасна и тенденциозна конструкција, која директно удира врз историската вистина и македонското и ...
РТС во мисија на ИСТОРИСКИ РЕВИЗИОНИЗАМ за сесловенските просветители?! Во време кога Балканот сè уште се бори со духовите на историографските манипулации, српскиот јавен сервис РТС повторно отвори еден стар фронт, којзнае со кој мотив…, а тоа е „фронтот на присвојување и ретуширање на словенското културно наследство“. Во текстот посветен на Денот на словенската писменост и култура, РТС без двоумење ги нарекува Светите браќа Кирил и Методиј ...
ЈП Комуналец е успешен преку сите групи кои работат на терен секојдневно. Продолжуваат реконструкциите на фекални и атмосферски канализации со што трајно им се решаваат проблемите на граѓаните во поглед на поплавите на станбените објекти. Во делот на водоводот реконструирани се главните станици како и хлорната станица, се работи и на физибилити студија за филтрирањето, проблем кој се провлекува, но во брзо време и тоа ќе биде решено. Во овие ...
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забранил на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската задравствена организација (СЗО), објави „Си-ен-ен“. Со забраната им е оневозможено учество во дел од глобалните дискусии за епидемии. Според директивата на која се повикува медиумот, на вработени во Националниот институт за алергии и заразни болести им е ...