Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
БИТКА МЕЃУ ТРАНСАТЛАНТСКИТЕ ТИТАНИ Можеби ќе звучи контроверзно, но во реално време се случува интерамерикански идеолошки конфликт меѓу неолибералите и суверенистите (конзервативците предводени од Доналд Трамп). Овој цивилизациски судир се одвива на европска почва, а секако дека и во самата Америка. За нас е поинтересно да анализираме што и зошто се случува тој идеолошки судир и во Европа. Секако, тој е поттикнат од американската ...
„Глумците пеат“ на 24 и 25 март повторно ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар, со почеток во 20 часот. Годинава шоуто е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло-изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети и групни точки, кои носат поинаква динамика и сценска енергија. На сцената ќе настапат актери од повеќе ...
ФЕЉТОН „ОД МИТРОВДЕН ДО ЃУРЃОВДЕН“ (13) Македонскијот род славјански го познаваме за старовременски Славјани полострофски местни жители оти се, тики историјата от македонскиве Славјани се зафакат уште од зачалото со славјанскијот род. Затова кја кажуваме за од началото славјанско за да ја исправиме историјава, за да ја суредиме инаку, ка што било да кажеме… – Пулевски Во својот грандиозен труд „Славјанско-македонска општа историја“, Ѓорѓија ...
Легендарната британска соул, фанк и дискогрупа „Делегејшн“, која остави неизбришлив белег на музичката сцена во 1970-тите и 1980-тите години и ги освои Европа и САД со својот препознатлив звук, ќе настапи на 29. издание на „Златна бубамара на популарноста“ на 26 февруари во арената „Борис Трајковски“. За својата извонредна кариера, групата ќе ја добие наградата за животно дело. Срцето и гласот на групата е незаменливиот Рики Бејли, основач и ...
Меѓу членките на ЕУ, најголем процент на возрасно население со прекумерна телесна маса или дебелина имаат Хрватска и Малта. Експертите постојано предупредуваат дека дебелината достигна пандемиски размери. Дури две милијарди возрасни лица во светот имаат прекумерна тежина, од кои 650 милиони се дебели (индекс на телесна маса поголем од 30 кг/м2). Дебелината е прекумерно акумулирање масно ткиво во телото поради зголемување на бројот или ...
Зоран Богески, историчар Зоран Богески е македонски историчар и виш кустос од НУ Историски музеј во Крушево, посветен на зачувување и интерпретација на културното наследство поврзано со Илинденското востание и Крушевската Република, еден од најзначајните симболични настани во македонската историја. Неговата работа е насочена кон пренесување на историската нарација на пошироката јавност преку изложби, предавања и културни настани, со цел да се ...
Зоранчо Малинов, етнолог и директор на институтот „Марко Цепенков“ Зоранчо Малинов е директор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје – најстарата научна установа во Македонија посветена на проучувањето и зачувувањето на народното творештво. Објавил повеќе статии што се однесуваат на улогата на Институтот за фолклор низ историска перспектива во заштитата и презентацијата на нематеријалното културно наследство, како и на значењето ...
Сто години традиција Машката обредна поворка „Прилепски мечкари“ е заштитено нематеријално културно добро, наследство што е од особено значење не само за Прилеп туку и за државата. Затоа од 2019 година е донесена одлуката за прогласување за нематеријално културно добро. Годинава, кога по 25. пат ќе се одржи карневалот „Прочка“, од 20 до 23 февруари (од петок до недела), ќе се одбележи 100-годишнината од појавата на мечкарите, бидејќи ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (8) Во јавниот дискурс кај нас повеќе години, а особено последниве денови, доминира „теоријата на комбе“ – идејата дека глутниците кучиња во Скопје и во другите градови се резултат на организирано транспортно префрлање од една општина во друга. Тоа е говор на страв и немоќ, не на наука. Да бидеме јасни: не може апсолутно да се исклучи дека, во изолирани случаи, поединци ...
Дваесетта самостојна изложба на Цветанка Јованова Хермес Дваесеттата самостојна изложба на Цветанка Јованова Хермес, „Емоција во боја“, може да се посети во МКЦ. Изложбата претставува околу 30 дела, во кои бојата е главниот носител на емоцијата, движењето и внатрешната состојба. Делата се движат меѓу фигурацијата и апстракцијата, со силен експресивен потег и интензивна колоритна палета. Женските ликови, симболичните форми и растителните ...
Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин Блаце, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). – Денеска (23.2.2026) во 6:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ – соопшти ...
Политичката свест кај пратениците созрева во национална, преку односот кон воените злосторства и државниот суверенитет Во македонскиот парламент се случи нешто што дел од политичките аналитичари веќе го оценуваат како пресврт со историски размери во поновата политичка историја на државата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со своето отсуство на наједноставен можен начин ја блокираа можноста за донесување резолуција за поддршка на поранешните ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за „Топ Тема” на ТВ Телма, истакна дека проблемот со македонските превозници поврзан со воведувањето на новиот ЕЕС систем е високо на агендата во Брисел и дека се очекува решение во најскоро време. Тој потенцира дека Владата води интензивна дипломатска активност и директно лобирање во европските институции, со цел да се заштитат домашните транспортни ...
За православните верници од денеска започнува велигденскиот пост, кој трае шест недели, до празникот Воскресение Христово – Велигден, што годинава се прославува на 12 април. Овој пост се смета за најдолг и најстрог во православната традиција и претставува период на духовна подготовка, покајание, молитва и воздржување. Во текот на постот верниците се повикуваат на смирение, простување и засилена духовна посветеност. Постот завршува со ...
Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин Блаце, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). – Денеска (23.2.2026) во 6:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ – соопшти ...
Фотографијата Скриен рај на авторот Здравко Чаушевски е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. -Оваа фотографија е направена на планината Огражден и прикажува мирна шумска сцена со мал водопад што се спушта по темни, влажни карпи во срцето на густата зелена шума – вели авторот. Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories. „Нова Македонија“ секоја недела ...
Вооружен маж се обидел нелегално да влезе во безбедниот периметар на имотот на американскиот претседател Доналд Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида, по што агентите на Тајната служба на САД го застрелале и го убиле. Инцидентот се случил во Вест Палм Бич, каде што се наоѓа имотот на Трамп, а напаѓачот бил на возраст од околу 20 години, соопшти Тајната служба. Иако Трамп често ги поминува викендите во своето одморалиште во Флорида, тој денеска е во ...
Населението на Гренланд нема потреба од медицинска помош од страна, а доколу им притреба посебен здравствен третман, го добиваат во Данска, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен, по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека испратил медицински брод на автономната данска територија кон која отворено искажува аспирации. И данската премиерка Мете Фредериксен, без директно да ја спомне објавата на Трамп, на Фејсбук ...
Истрага за загадувањето на изворите во село Шум, струшко Основното јавно обвинителство во Струга отвори истрага за причините за енормното загадување на водата од извориштето во селото Шум, од кое се снабдува со вода за пиење градот Струга и околината. По наредба на обвинителството, истражните органи на терен затекнале работни машини на две правни лица од селото Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем, во ...
Од досега процесуирани десет компании што имаат лиценци за одгледување на медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање, изјави министерот за здравство Азир Алиу за ТВ Телма. – Од досега процесираните компании, од десет најмалку шест, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот – изјави Алиу. Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја довеле до ...
Сомалиленд е подготвен да им даде на САД привилегиран пристап до своите минерали, како и можност за распоредување американски воени бази, изјави министерот во владата на Сомалиленд, Хадар Хусеин Абди. Во декември минатата година, Израел стана првата земја што ја призна Сомалиленд по нејзиното отцепување од Сомалија во 1991 година. Одлуката предизвика силно негодување во Могадишу, кој продолжува да тврди дека има контрола врз територијата. – ...
Околу 20 групни маски од земјава и од странство беа дел од 25. карневал Прочка, што се одржа денес во центарот на Прилеп. Мажоретки, лебеди, печалбари, верверици, обединета Европа, Пепелашка…беа дел од убавата атмосфера, на која присуствуваше цел Прилеп. На почетокот традиционално се претставија Прилепските мечкари, кои годинава како организирана група слават 100 години. Во присуство на претставници од Европската карневалска асоцијација, ...
Седумдесетгодишна жена починала синоќа во струшката болница како последица на сообраќајна несреќа, кога во неа удрило товарно возило управувано од Н.О. (57) од Струга. – На 21.02.2026 околу 16:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.О.(57) од Струга удрило во 70-годишната И.И. од село Мислодежда, струшко. По несреќата И.И. била пренесена во ...
Постапките на терен за БРТ проектот ќе започнат во 2027, а претходно ќе има набавка на над 100 нови автобуси за обнова на јавниот превоз, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. – За БРТ-то, прво ми е многу драго што конечно со ЕБОР го откочивме процесот. Тоа беше макотрпна работа изминативе повеќе од три месеци, колку што сум градоначалник во градот Скопје. Верувам дека некаде втората половина на оваа календарска година ќе започнеме ...
Стив Виткоф, американски пратеник, најави дека преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели, што, според него, ќе го отвори патот за трилатерален состанок меѓу претседателите на САД, Русија и Украина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Володимир Зеленски. Виткоф за „Фокс њуз“ рече дека тој и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, кој е постојан член на делегацијата за мировни разговори за ...
Најмалку 15 лица се повредени во текот на ноќта во експлозии во градот Лавов во северозападна Украина, а една полицајка го загуби животот, изјави градоначалникот на градот, опишувајќи го инцидентот како терористички чин. Според канцеларијата на регионалниот обвинител на Лавов, полицијата била повикана по полноќ во врска со кражба во продавница во центарот на градот, објавува Укринформ. Кога пристигнала патролата, се случила експлозија, по ...
Две угинати ретки птици мршојадци биле пронајдени во Кавадаречко, дадени се на обдукција за да се утврдат причините за угинувањето, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 11:25 часот во ОВР – Кавадарци, претставник од Македонско еколошко друштво пријавил дека во атар на село Гарниково, кавадаречко, биле пронајдени угинати две птици, мршојадци, што се заштитен и редок вид. Увид на местото извршила увидна екипа ...
Доналд Трамп синоќа изјави дека заедно со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, договорил да се испрати болнички брод во Гренланд, данска територија за која постојано повторува дека сака да ја анектира кон САД. Трамп го објави потегот на социјалните мрежи, непосредно пред вечерата со републиканскиот гувернер во Белата куќа. – Во соработка со фантастичниот гувернер на Луизијана, Џеф Ландри, ќе испратиме одличен болнички брод во Гренланд за да ...
Националната метеоролошка служба соопшти дека на источниот брег на САД му се заканува нова снежна бура, соопшти Националната метеоролошка служба. Големите градови во североисточниот дел на САД, како што се Њујорк, Филаделфија, Бостон и главниот град Вашингтон, се подготвуваат за нови снежни врнежи и бурни ветрови. – Во Бостон може да паднат од 30 до 60 сантиметри снег. Поради снегот во некои делови од источниот брег, ситуацијата со патиштата ...
На панел-дискусијата „Односите на Западен Балкан и ЕУ во променлив политички, безбедносен и економски пејзаж“, што се одржа во рамки на Меѓународната конференција на Паневропската унија во Скопје, говорниците истакнаа дека Европската Унија продолжува со недоследна политика и стратегија на „подвижни цели“. Поради тоа, очекувањата на земјите од регионот постојано се зголемуваат, а многу од нив остануваат неисполнети. Сепак, доколку се понуди ...