Иран го прекина посредниот дијалог со Соединетите Американски Држави поради израелските напади врз Либан, објави иранската новинска агенција Тасним. Според агенцијата, иранскиот преговарачки тим ја суспендирал размената на пораки преку посредници и нема да продолжи со разговорите сè додека не бидат земени предвид ставовите на Иран и Хезболах. Техеран бара прекин на израелската воена офанзива и целосно повлекување на израелските сили од ...

Променливо облачно време со сончеви периоди и локална нестабилност во попладневните часови се очекува денеска низ земјава, информираат синоптичарите. Во текот на денот на повеќе места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до силен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе надминува брзина од 60 километри на час. Дневната температура ќе се движи од 9 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје се ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, каде што ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски. Според информациите од Владата, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата функционери, по што ќе следи и заеднички состанок на владината делегација и делегацијата предводена од Кошта. По разговорите, Мицкоски и Кошта ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. Посетата ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави отворање на пет нови авионски линии во наредните недели, истакнувајќи дека Македонија е една од ретките земји која во услови на глобални предизвици во авиоиндустријата го проширува бројот на дестинации, пренесе МИА. Според Николоски, австриската авиокомпанија „Австрија ерлајнс“ наскоро ќе воспостави редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид, што ќе овозможи подобра поврзаност со ...

Научна и интелектуална фела во Франција – противтежа на Макроновиот (француски) предлог и бугарските ултиматуми На 21 мај бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, одговарајќи на пратеничко прашање во бугарскиот парламент, категорично изјави дека Бугарија нема да дозволи повторно преговарање или заобиколување на преговарачката рамка и условите содржани во францускиот предлог од јули 2022 година. Петрова-Чамова ...

НОВАТА ДОКТРИНА НА САД ЗА БАЛКАНОТ ПРЕКУ КОНКРЕТНИ И ОПИПЛИВИ ПРОЕКТИ Додека вниманието на европската јавност е насочено кон војната во Украина, Блискиот Исток и внатрешните кризи во Европската Унија, во Босна и Херцеговина тивко се одвива еден од најважните геополитички процеси на Балканот. Проектот „Јужна интерконекција“, формално претставен како енергетски коридор што треба да ја поврзе Босна и Херцеговина со терминалите за течен природен ...

На 4 јуни, со почеток во 20 часот, во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи концерт на Националниот џез-оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на „Џез стрим фестивал“. Публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на Биг бенд оркестарот во живо, под диригентство на маестро Џијан Емин. Ова ќе биде прво гостување на Националниот џез-оркестар во Струмица и почеток на „Џез стрим фестивал“ – нов ...

Вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата и дека одлуката официјално ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Во објава на социјалните мрежи, Фетаи наведе дека од функцијата се повлекува со крената глава и чиста совест, оценувајќи дека тоа е најправедниот и најдостоинствениот чекор во актуелните околности. – Ова е добро промислена одлука, донесена со уверување дека во ...

Руската влада денеска соопшти дека забранува извоз на керозин до 30 ноември, со цел да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива, објави „Киев Пост“. Одлуката е донесена во време на интензивирани украински напади со дронови врз руските рафинерии, што доведе до намалување или стопирање на производството. Русија извезува керозин по железнички пат во Централна Азија, меѓу кои и Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Русија ...

Европската Унија ја поздравува посветеноста на Македонија во спроведувањето на енергетските реформи и напредокот во процесот на правична енергетска транзиција, истакна евроамбасадорот Михалис Рокас на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој – МЕФ 2026, што се одржува во Скопје. Во своето обраќање, Рокас нагласи дека Унијата е силно фокусирана на реализацијата на енергетските планови и исполнувањето на поставените ...

Во текот на мај 2026 година, преку системот „Безбеден град“ биле евидентирани вкупно 28.494 сообраќајни прекршоци на подрачјата каде што се поставени камери за автоматска контрола на сообраќајот. Според официјалните податоци, најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на надминување на дозволената брзина, при што биле регистрирани 27.360 случаи на брзо возење. Покрај тоа, системот открил 833 прекршоци за управување возило со истечена ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изразува загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. – Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на некои од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и компаниите за услугите во платниот промет. Особено загрижува фактот ...

Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од кривичниот законик. Илијевска пред речиси две години на 13. јуни, 2024 со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан, пренесува МИА. Јавниот ...

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп денеска и утре е домаќин на манифестацијата „Кога зборува Рацин, зборува Македонија“, со кој се оживува Рациновото дело, а на кој учествуваат четири основни училишта од Македонија, кои го носат името на великанот. Манифестацијата, поддржана од Општина Прилеп, носи бројни активности и свечености. Настанот започна со полагање цвеќе на Могилата на непобедените, програма и посета на Меморијалниот музеј ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84 проценти во однос на претходната пресметка од 26 мај 2026 година. Според пресметката, референтните цени на светскиот пазар покажуваат намалување кај бензините за 10,867 проценти, кај дизелот за 10,622 проценти, кај екстра лесното масло за 10,136 проценти, ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести каде е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30 проценти од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14 проценти од ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека израелската армија добила наредба да изврши напади врз позиции на Хезболах во областа Дахија, во предградијата на либанскиот главен град Бејрут. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Нетанјаху наведе дека одлуката е донесена заедно со министерот за одбрана Израел Кац, како одговор на, како што посочи, повторените прекршувања на прекинот на огнот од страна на Хезболах и нападите врз израелски ...

Најмалку пет лица загинаа, а две се здобија со тешки повреди во експлозија што утрово се случила во воен производствен погон во јужнокорејскиот град Деџеон, јавуваат локалните медиуми. Несреќата се случила во фабрика на компанијата „Ханва Аероспејс“, лоцирана на околу 150 километри јужно од Сеул. Според снимките објавени од медиумите, по експлозијата над објектот се издигнал густ црн чад. Јужнокорејскиот премиер Ким Мин-сок наредил итна ...

Како резултат на тековните движења на меѓународните цени на горивата и континуираната конструктивна комуникација со Владата, ОКТА АД – Скопје донесе одлука да воведе привремен попуст од 2 денари по литар бензин (95 и 98 октани) во периодот од 2 до 16 јуни 2026 година. Оваа иницијатива, како што информираат од компанијата, е продолжение на серијата мерки за поддршка што ги спроведува ОКТА од март оваа година, а имаат за цел ублажување на ...

Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка, пренесе МИА. Според официјалната статистика, најголемиот дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност, со учество од 70,8 проценти. Монетарното злато учествува со 16,8 проценти, додека валутите и депозитите сочинуваат 12,3 проценти од вкупните резерви. За споредба, на крајот од декември 2025 година, ...

Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството Милан Ристески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, пренесе МИА. Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган ...

Предлогот за продолжување на примирјето меѓу САД и Иран и повторно отворање на Ормускиот Теснец засега не успева да ја намали неизвесноста на светските пазари, поради што цените на нафтата денеска забележаа раст. Суровата нафта Брент за испорака во август на берзата во Лондон поскапе за 1,89 долари и достигна цена од 93,01 долари за барел. Во исто време, американската сурова нафта WTI за испорака во јули се зголеми за 2,21 долари и се ...

Потребата од згрижувачки семејства е постојана. Потребно е да се зголеми свеста за оваа хумана работа, но и да се направат системски промени за да се овозможи развој на ваквиот тип на семејства, односно да се понудат повеќе мотивирачки решенија од страна на Министерството за социјална политика. Вакви пораки денеска испратија претставниците на надлежните институции на одбележувањето на Денот на згрижувачките семејства. Директорката на Домот ...

Во текот на изминатиот месец како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16.885 издадени платни налози, 4.473 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, 3.851 за непрописно паркирање, 920 за користење мобилен телефон, информираше Министерството за внатрешни работи. – По однос на ...

Мирот бара храброст, толеранцијата бара лидерство, и демократијата бара од секој од нас да избереме одговорност пред поделба, достоинство пред омраза и соработка пред конфронтација, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, пренесе МИА. На пленарната сесија која се одржва во Македонското Собрание на тема „Унапредување на ...

Општина Дојран ги објави резултатите од најновите анализи на површинската вода од Дојранското Езеро, извршени во пресрет на летната туристичка сезона. Примероците се земени од три мерни локации – „Градска плажа“, „Плажа Гранико“ и „Плажа Полин“ – во средината на минатиот месец, а анализите ги спроведе ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ од Велес, согласно Националната програма за јавно здравје за 2026 година, пренесе МИА. Според извештајот за ...

Мајчиното ментално здравје мора да стане дел од јавните политики и да се обезбеди достапна психосоцијална поддршка за секоја жена. Ова беше пораката од конференцијата „Ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“, организирана од Здружението ЕСЕ и Реактор со поддршка од Француската амбасада. Кристоф Ле Риголер, aмбасадор на Франција, нагласи дека темата е релативно нова и во Франција, но податоците ...

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од утре, понеделник, први јуни. -Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали ...

Милитаризацијата на Германија и проблемите што може да ги создаде Преструктурирањето на германската индустрија не може да се направи толку брзо колку што би сакале сегашните власти во Берлин во контекст на зголемените потреби за раст и развој на индустријата или, поконкретно, за излез на германската економија од тековната и сѐ подлабоката спирала на рецесија. Официјален Берлин инсистира дека „Германија треба да ја поддржи и предводи ...

Голема антикорупциска истрага поврзана со украинскиот државен нуклеарен гигант „Енергоатом“ Како што во јавноста излегуваат нови детали од огромната антикорупциска истрага поврзана со украинскиот државен нуклеарен гигант „Енергоатом“, политичкиот притисок врз претседателот на Украина, Володимир Зеленски, станува сè посилен. Во центарот на скандалот се протечени аудиоснимки и транскрипти од истрага на Националното антикорупциско биро на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39