Осум лица се тешко повредени во пожар што избувнал на товарен брод закотвен во пристаништето во Хамбург, соопшти противпожарната служба, пренесе ДПА. Седуммина од повредените, меѓу кои и еден пожарникар, биле пренесени во болница, додека на осмото лице медицинска помош му била укажана на местото на несреќата. Пожарот избувнал во товарниот дел на брод долг околу 90 метри, кој бил закотвен на докот „Гревенхофкаи“. Кога првите противпожарни ...

САД ќе ја задржат поморската блокада на иранските бродови во Ормуски Теснец сè додека не биде потпишан конечен договор со Иран, порача американскиот претседател Доналд Трамп. -Блокадата ќе остане целосно во сила сè додека договорот не биде постигнат, заверен и потпишан – напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social, додавајќи дека „двете страни мора да одвојат време и тоа да го направат како што треба“. Иако од иранската Влада засега нема ...

Во организација на Клубот на литературни творци – Прилеп, денеска се одржа традиционалната поетска манифестација „Мајски поетски средби”, која со години претставува белег во литературниот живот во државата. – Се собераа поетите, писателите, литературните творци и љубителите на пишан збор од повеќе градови. Мајските поетски средби се препознатлив настан со кој се афирмира македонското литературно творештво, се поттикнува културната соработка ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган учествуваше на телеконференција со американскиот претседател Доналд Трамп и лидери од Блискиот Исток, на која се разговарало за состојбата во Иран и регионалната безбедност, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција. Разговорот се одржал непосредно пред Трамп да објави дека договорот со Иран е „во голема мера преговаран“ и останува да биде финализиран, пренесе „Турција Денес“. На ...

Соединети Американски Држави и Иран се блиску до постигнување договор за 60-дневно продолжување на прекинот на огнот, во чии рамки би се отворил Ормускиот теснец, а Техеран би добил можност повторно слободно да продава нафта, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски функционер. Според извештајот, во текот на 60-дневниот период Ормускиот теснец би бил отворен за слободен поморски сообраќај, без патарини, а Иран би се обврзал да ги ...

Бројот на жртви во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да расте, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 867 сомнителни случаи, од кои 204 завршиле со смртен исход. Тоа е значително зголемување во однос на претходниот ден, кога биле пријавени повеќе од 100 случаи помалку и над 30 помалку смртни случаи. Досега, лабораториски се потврдени 91 инфекција, од кои ...

Во автобус што сообраќал на релација Германија – Македонија, полицијата денеска пронашла 34.965 евра кои не биле пријавени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Автобусот „мерцедес“, сопственост на туристичка агенција, бил сопрен на подрачјето на СВР Тетово од полициски службеници на Мобилната единица за компензаторни мерки. Со него управувал 37-годишен возач од тетовското село Доброште, а сообраќал на линијата Германија – Македонија. ...

РТС во мисија на ИСТОРИСКИ РЕВИЗИОНИЗАМ за сесловенските просветители?! Во време кога Балканот сè уште се бори со духовите на историографските манипулации, српскиот јавен сервис РТС повторно отвори еден стар фронт, кој знае со кој мотив…, а тоа е „фронтот на присвојување и ретуширање на словенското културно наследство”. Во текстот посветен на Денот на словенската писменост и култура, РТС без двоумење ги нарекува светите браќа Кирил и Методиј ...

По повод 24 Мај – Денот на словенските просветители, светите Кирил и Методиј, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан, како и до сите Македонци каде и да се. Во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, се упатуваат празнични честитки во лично име, во име на друштвото на Македонците во Република Албанија, до архиепископот, свештенството, православните ...

Во последните 24 часа, полицијата на територијата на целата држава привела 14 возачи за безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од приведените, осуммина управувале без возачка дозвола, тројца биле под дејство на алкохол, еден возел со активна забрана за управување, еден ја надминал дозволената брзина, додека едно лице во Берово било затекнато и без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје биле ...

„Паркети“ денеска во „Паблик рум“ Кој што сака нека каже, но постои разлика од концерт во сала и концерт во кафуле каде што си на ниво на контакт во очи со публиката. Обично поголемите и попознати изведувачи го одбегнуваат тој помал простор од разни причини. Но има и изведувачи што се големи и можат да се дадат целосно себеси и на голема и на мала сцена. Членовите на „Паркети“ се битолчани што свират мешавина на панк, постпанк, поп, инди и ...

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против 49-годишен маж осомничен за кривично дело „насилство врз дете“, откако во дворот на основно училиште во Илинден физички и психички нападнал 11-годишно дете. Според Обвинителството, инцидентот се случил на 22 мај, откако синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал во училишниот двор, осомничениот најпрво му упатувал навреди, пцовки ...

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи евидентирало осум пријави за семејно насилство низ државата, при што пет лица се лишени од слобода. Случаите се регистрирани во Пробиштип, Кичево, Скопје, Тетово, Битола, Крива Паланка и Неготино, а пријавите се однесуваат на физички напади, закани и семејно насилство врз партнери, родители, деца и други членови на семејството. Во Пробиштип, 46-годишен маж бил приведен откако, според ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија се соочува со „сериозна и неправедна блокада“ во евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека државата мора да влезе во Европската унија, но притоа да остане достоинствена и сочувана. Обраќајќи се на свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители, одржана во црквата Света Софија во Охрид, Мицкоски истакна дека одлуките што се носат денес ја определуваат иднината на ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека делото на светите браќа Кирил и Методиј и денес носи силна и современа порака, дека секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик. Обраќајќи се на свечената академија „Од слово до вечност“, што се одржа во црквата Света Софија во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители, Мицкоски истакна дека одбележувањето на делото на Кирил и Методиј не е само сеќавање на двајца ...

Косовски државјанин, кој бил ангажиран како водич во автобус, е приведен во кривопаланечкиот регион под сомнение за кривично дело „давање поткуп“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки бил запрен денеска околу 6.30 часот од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, на подрачјето на СВР Куманово – ОВР Крива ...

Лице од беровското село Двориште е приведено во Струмица, откако кај него и во возилото во кое се наоѓал биле пронајдени дрога, оружје и муниција, соопшти Министерството за внатрешни работи. Приведувањето било извршено ноќеска околу 02 часот, во близина на угостителски објект во Струмица, каде полициски службеници извршиле преглед на лицето и патничко возило „Фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки. При прегледот, кај лицето била ...

По повод Денот на сесловенските просветители, Министерството за образование и наука упати честитка во која го истакнува значењето на делото на Кирил и Методиј за духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Од Министерството посочуваат дека како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставиле траен белег врз словенската писменост, култура и просвета, а нивното дело и денес претставува поттик за зачувување на јазичниот и ...

По децении запуштеност, започна акција за чистење и уредување на Железничката станица во Скопје, објави на својот Фејсбук профил директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски. На својата Фејсбук-објава, Ивановски сподели фотографии и видео од активностите, истакнувајќи дека Железничката станица треба да биде гордост на главниот град, а не запуштен и нерепрезентативен објект. – Декади запуштеност и немање институционална и ...

Заврши Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ Со доделување на наградите синоќа заврши 52. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”, кој ја негува македонската традиција. Гран при наградата му беше доделена на Фолклорниот ансамбл „Седенка“ од Скопје, а за најдобар гајдаџија беше прогласен Дејан Лазаров од ФА „Осоговски извор“ од село Оризари, Кочанско. Жирито во состав: професор д-р Родна Величковска, ...

Осомничениот кој отвори оган на контролен пункт во близина на Белата куќа беше убиен во престрелка со агенти на Тајната служба во саботата навечер, потврдија американските власти. Истрагата за инцидентот е во тек, а дел од улиците околу комплексот останаа затворени и во текот на ноќта, пренесе „Гардијан“. Американските медиуми го идентификуваа осомничениот како Насире Бест (21), за кого, според официјални извори, постоеле претходни контакти ...

Во Белград попладнево и вечерва се одржа голем мирен протест на кој повикаа студентите во блокада под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“, во обид да обноват повиците за предвремени избори. Илјадници граѓани на Белград и од други градови во Србија беа на плоштадот Славија. Студентите во блокада имаа собири на четири локации во Белград, од каде што се упатија кон Славија каде неколкупати одржаа протести од кои ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека Будимпешта се откажува од претходната одлука за повлекување од Меѓународен кривичен суд (МКС), јави германската новинска агенција ДПА. „Владата се откажува од намерата за напуштање на МКС“, напиша Маѓар во објава на социјалната мрежа Икс, без дополнителни детали. Меѓународен кривичен суд, со седиште во Хаг, од 2002 година ги процесира најтешките меѓународни злосторства, меѓу кои геноцид, воени ...

Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил ...

Променливо и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува денеска низ земјава, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. На повеќе места ќе има врнежи проследени со грмежи и засилен северен ветер, кој локално може да достигне брзина и над 50 километри на час. Според прогнозите, на одделни места се очекуваат и поинтензивни временски процеси, во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер над 60 километри ...

Последен поздрав Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура, објави Македонската опера и балет. ...

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. – Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело – соопшти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од ...

Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека јачината на земјотресот е 3,5 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот е четири степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е регистриран во 17:41 часот. Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од ...

Вашиот труд не исчезна со вековите, вашето слово и денес живее меѓу нас, вашата молитва сè уште нè крепи, а вашата жртва продолжува да раѓа нови плодови. Свети Кирил и Методиј не се само великани од минатото, туку се жив темел на нашата историја и на сиот наш бит, истакна архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на молебенот во чест на свети Кирил. Во словото на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим поглаварот на ...

Историски паралели помеѓу конфликтите поврзани со најзначајните поморски патишта Империите ретко умираат одеднаш. Тие најчесто умираат во моментот кога ќе одбијат да признаат дека времето им поминало. Историјата не ги руши империите со еден удар. Таа прво ги празни од сила, од самодоверба и од реална моќ. Потоа доаѓа кризата, и тоа онаа што само го открива она што веќе било вистина. Во 1956 година тоа беше Суец. Денес тоа би можел да биде ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Злато

135639.33