Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво „Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво „Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана, а со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на Македонско национално малцинство во Република Албанија. „Илинден“-Тирана во овие 17 години им посвети ...
Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси (ДКСК) денеска на седница донесе одлука до надлежен орган да иницира постапка за случај спротивен на Законот за спречување корупција и судир на интереси во којшто за време на локалните избори автобуси на јавно претпријатие биле дадени за рекламирање на кандидат за градоначалник од истата општина. По проверката од ДКСК утврдено е дека нема склучен договор за издавање на ...
Владиниот авион е користен согласно со прописите, а секој надлежен орган има право и обврска да изврши увид и контрола, и ние немаме што да криеме, порача денеска Владата оценувајќи дека и опозицијата шири хипокризија и сензационализам. – Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот на користење на истиот. Секое ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран за „последиците од непостигнувањето договор“ во разговорите меѓу САД и Иран оваа недела во Женева. -Ќе учествувам во овие преговори, директно – рече американскиот претседател пред претставници на медиумите, во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, додека патуваше за Вашингтон. -Тие сакаат да склучат договор (…) Не мислам дека сакаат да ги сносат последиците од непостигнувањето ...
Скијач од Данска кој бил повреден од лавина бил извлечен и спасен вчера на Попова Шапка, соопшти МВР. – На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено ...
Дијалогот е клучен за решение на проблемот со минималната плата, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ќе биде отворен Инвестициски центар. Прашан за барањата за зголемување на минималната плата и протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Азески рече дека со протести нема да се најде решение за зголемување на платите на ...
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на 27-та седница го усвои посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во РС Македонија 2025 година, со препорака дека за идните изборни процеси е потребно унифицирање на стандардите за евиденција и јавните правила во однос на учесниците, како и врската за банкарски податоци, а се отвора и прашање за ...
Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за онкологија, изјави претставник од Државниот завод за ревизија, кој детално објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“, пренесува МИА. -Ревизија се изврши согласно редовна годишна програма од ДЗР за 2021 година, донесена по редовна ...
Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во синоќешното пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, Род Ајленд. Еден од загинатите е напаѓачот, кој по инцидентот се самоуби. Напаѓачот истрелал најмалку десет куршуми, а еден од гледачите се обидел да го разоружа. Полицијата го идентификуваше напаѓачот како Роберт К. Дорган, кој, според шефот на полицијата, се идентификувал и како Роберт Еспозито. Тројцата повредени се во ...
Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките. Според најновите податоци на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на речиси сите поголеми водотеци е далеку над просекот за февруари, а на одредени мерни места се бележи зголемување и за повеќе од четири пати во однос на вообичаените вредности. Најдраматична е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде ...
Повод: Објавата на ДУИ за формирање СПАК – партиска структура за борба против корупцијата, инспирирана од моделот во Република Албанија ДУИ во Чаир неодамна го најави формирањето на својот СПАК – партиска структура за борба против корупцијата, инспирирана од моделот во Р Албанија (SPAK-Struktura e Posaçme Kundër Korrupsionit dhe Krimit të Organizuar, која е специјализирана државна структура во Албанија основана во 2016 година како дел од ...
„Гоцевата вечер“ пригодно одбележана во Торонто Организацијата „Обединети Македонци во Канада“ (ООМК), на 7 февруари, по 53-ти пат ја организираше традиционалната „Гоцева комитска вечер“, еден од најзначајните културно-национални настани во македонската дијаспора. Настанот, кој секоја година се одржува во чест на роденденот на револуционерот и визионер Гоце Делчев (4 февруари), годинава повторно ја исполни големата сала на македонската ...
Македонската банкарска асоцијација информира дека во согласност со Законот за платежните услуги и платните системи, со кој во националното законодавство е транспонирана директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година почнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции. Засилената автентикација ќе се ...
„Трето колено“ е нов проект создаден од Пеце Брада Трајковски, попознат на музичката јавност како член на „Фолтин“ и „Моира“, и од современиот трубадур и поет Дејан Деки Марковски. Издавањето на албумот „Простор без движење“ претставува симболично заокружување на една година сонлив надреализам на ова уникатно битолско акустично дуо. Музичкиот материјал во осум чина (песни), со текстови на македонски и англиски јазик, членовите го опишуваат ...
Во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“ и по повод 35 години од своето основање, „Матица македонска“ објави второ издание на антологијата „Македонска љубовна лирика“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски – книгата во која најубавите македонски љубовни стихови се собрани на едно место. На близу 500 страници, со 342 песни од македонски поети од сите генерации, во петте циклуси на книгата, од копнеж до ерос е и ...
Шест дабари се пуштени во дивината на две локации во англискиот округ Сомерсет како дел од проект за обновување на речните и мочуришните живеалишта. Ова е најновиот обид за враќање на овој вид во природата по повеќе од четири века истребување во Велика Британија. Дабарите беа пуштени на имотот Холникот, кој го управува Националниот фонд во Националниот парк Ексмур. На една локација, мајка со три младенчиња беше вратена во природата. Ова е ...
Министерството за дигитална трансформација во денешното соопштение реагира по јавните реакции на дел од инфлуенсерите и дигиталните креатори во врска со правилникот на Агенција за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ), познат во јавноста како водич за инфлуенсери, како и со одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од Министерството за дигитална трансформација информираат дека како надлежни за политиките во ...
Повеќе контрола, помалку грижи – нов кредитен модел на Шпаркасе Банка. Со „Рати по твој избор!“, Шпаркасе Банка на своите клиенти им нуди вистинска финансиска флексибилност и чувство на сигурност кога им се најпотребни. Оваа флексибилност на клиентите им овозможува да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба и/или можност да плаќаат повисока или пониска месечна рата. Наместо фиксна висина на рата што не се ...
Триесет и една година од смртта на Благоја Корубин: Потсетување на делото на еден од најистакнатите македонисти Благоја Корубин е еден од најистакнатите повоени македонисти, јазичар практичар и еден од столбовите на македонската лексикологија и стандардниот македонски јазик. Немерлив е неговиот придонес кон градењето и одржувањето на јазичната култура и јазичната свест за македонскиот јазик, особено преку рубриката „Јазично катче“ во весникот ...
Нема да има кратења на субвенциите, туку ќе се воведат дополнителни условувања во делот на производството. Целта е да се зголеми продукцијата на храна и финансиската поддршка да ја добијат вистинските земјоделци, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Трипуновски најави засилени, но не, како што напомена, тенденциозни контроли на терен, зашто се забележани корисници на субвенции што воопшто ...
Релација што Москва ја гради со Донро-политиката на Трамп: Деловната соработка избива на врвот како најуспешен дипломатски јазик И во време на војна, санкции и геополитички судири, економијата останува најсилниот заеднички именител меѓу државите. Последните информации што ги објави реномираниот „Блумберг“ отвораат токму таква перспектива дека „зад политичките конфликти може да се крие подготвеност за нова, прагматична економска соработка“! ...
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови од државава ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје ќе ...
Анализа Во време на зголемени потреби, а со тоа и притисоци за експлоатација на природните ресурси, изворите во селото Шум повторно се најдоа, по многу непријатен повод, во фокусот на јавноста. Во тој контекст, во вчерашниот број се осврнавме на последните настани поврзани со случајот „загадена пивка вода во Струга” вклучително и на некои индикатори за можни причинители на хаваријата во и непосредно околу изворите во с. Шум. Во денешната ...
Сојузот на синдикати денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција која ќе биде блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора. Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што ...
Суверенизам со империјален одек Во почетокот на 2025 година, наслов во весникот „Њујорк пост“ го лансираше терминот „доктрина Донро“ – кованица што ја спојува историската Монрова доктрина со политичкиот бренд „Америка прво“ на Доналд Трамп. Иако првично името/кованицата беше медиумска конструкција, концептот брзо беше прифатен од самиот Трамп како опис на неговата надворешна политика во западната хемисфера за периодот 2025-2026 година. Според ...
Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска, со почеток од 11 часот, ќе одржи протест пред Владата, на булеварите Илинден и Свети Климент Охридски. Поради одржувањето на протестот, доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници – соопштија од Министерството за внатрешни работи. – Единицата за безбедност на патниот сообраќај од тие причини ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното ...
Таканаречените „досиеја на Епстин“, кои неодамна ги објави американското Министерство за правда, содржат вознемирувачки и веродостојни докази за систематско и обемно сексуално злоставување, трговија со луѓе и експлоатација на жени и девојчиња, кои можат да бидат карактеризирани како злосторства против човештвото – соопштија денеска експерти на ОН. Како што наведуваат, овие дела би можеле да се сметаат за сексуално ропство, репродуктивно ...
Во Франција во 2023 година се регистрирани приближно 68.000 смртни случаи поради тутун, главно од рак, но и од кардиоваскуларни и респираторни болести, што и понатаму претставува преголемо оптоварување за јавното здравје, покажуваат најновите податоци на Јавното здравство на Франција (СпФ). -Три четвртини од овие 68.021 предвремени смртни случаи се однесуваа на машката популација. Пушењето предизвика смрт кај 49.361 маж и 18.660 жени, што ...
Еврокомесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, ќе отпатува во Вашингтон за да присуствува како набљудувач на состанокот на Одборот за мир, формиран од американскиот претседател Доналд Трамп. Европската комисија нема да стане членка на тоа тело, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие. – Европската комисија нема да стане членка на Одборот за мир, но ние учествуваме на овој состанок како дел од нашата долгорочна ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување, согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал ...