Премиерот Христијан Мицкоски со низа билатерални средби на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција ја продолжи интензивната дипломатска агенда во Минхен. Мицкоски, во изјава од Минхен информира дека оствари средби со холандскиот премиер, Дик Схоф и Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет, дека присуствуваше на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио, а најави и средби со претседателот на Украина, Володомир ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека јавната дебата за Законот за високо образование сè уште не е завршена и дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите. Одговарајќи на новинарско прашање на традиционалната прослава по повод празникот Свети Трифун на Опитното поле на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Јаневска рече дека сѐ уште не ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европската Унија треба да „вдахне живот“ на клаузулата за заемна одбрана, загарантирана во нејзиниот основачки договор. – Заемната одбрана не е задача по избор за ЕУ. Тоа е обврска од нејзиниот договор … Нашата колективна обврска е да застанеме заедно во случај на агресија, или едноставно кажано: еден за сите, сите за еден. И тоа е ...

Македонските работници создаваат повеќе од двојно поголема економска вредност од она што го добиваат како плата, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), кои денеска ги посочи Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според индикаторот за бруто домашен производ по одработен час, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 американски долари по час, што е над светскиот просек од 23,27 долари. Пресметано на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“. – Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп. Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио на вториот ден од Минхенската безбедносна конференција истакна дека САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство. – Сакаме Европа да биде силна. Веруваме дека Европа мора да преживее бидејќи двете големи војни од минатиот век служат како постојан потсетник дека на крајот нашата судбина е и засекогаш ќе остане испреплетена со вашата – наведе Рубио. ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска од Неготино го честита големиот празник Св. Трифун и посака многу добар род и добри откупни цени. На одбележувањето на, како што нагласи, најзначајниот празник за целиот Тиквешки Регион, Николоски посочи дека „убавите вести веќе стигнаа“ и дека „Владата ја заврши својата обврска и дека целосно се исплатени субвенциите за сите оние кои што макотрпно работат, ...

Со традиционално закројување на виновата лоза, во винарницата „Стоби“ денеска беше одбележан големиот христијански празник Св. Трифун – заштитникот на лозарите и винарите. Празникот, кој симболично го означува почетокот на новата лозарска година, се слави со молитва за здрав род, бериќет и успешна берба. Пригодна богослужба одржа свештено лице од Повардарската епархија. Првото закројување како и секоја година го сторија сопственичката и ...

Идните договори за пристапување на земјите-кандидатки во Европската Унија (ЕУ) треба да содржат посилни заштитни механизми против назадување од обврските преземени за време на преговорите за пристапување, за да се обезбеди дека новите членки ќе продолжат да ги одржуваат резултатите во основните области, изјави денеска во Естонија европската комесарка за проширување Марта Кос. На конференцијата за проширување на ЕУ во Талин, Марта Кос изјави ...

Бугарија го ратификуваше Договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил. – Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој Договор во декември беше ратификуван и во македонското Собрание. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува на договорот за трговија што двете држави ќе го потпишат, а со кој ќе се овозможи подобра економија и повеќе можности за македонската економија. Со стратешкото партнерство со Велика Британија и Обединетото Кралство, завршувањето на постмониторингот на Советот на Европа и потпишувањето на ...

МПЦ-ОА и православните христијани во земјава денеска го слават празникот посветен на Светиот маченик Трифун, во народот познат како заштитник на градинарите и на лозарите. Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како ...

Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“. Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја. – Ги отвораме вратите за ...

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената. -Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од ...

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави оти Унгарија продолжува грубо да се меша во претстојните избори во Унгарија. Тој го обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски дека за блокирање на на испораките на нафта преку нафтоводот Дружба со цел да изврши притисок врз унгарската влада пред гласањето. – Педесет и осум дена пред парламентарните избори, Украина многу очигледно се меша во нашиот изборен процес. Овој пат ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на посетата на Минхен, оствари средба со Тед Дојч, извршен директор на Американскиот еврејски комитет, една од највлијателните организации која децении наназад работи на јакнење на демократските вредности и унапредување на трансатлантските односи, на која, како што објави Мицкоски, разговарале за продлабочување на соработката, заеднички иницијативи во насока на заштита на човековите права, ...

УТРЕ Е СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО – ЕДЕН ОД ДВАНАЕСЕТТЕ ГОЛЕМИ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИЦИ Македонската православна црква–Охридска архиепископија (МПА–ОА) и нејзините верници утре (недела) одбележуваат еден од дванаесетте големи христијански празници и еден од најстарите празници на христијанската црква, Сретение Господово, што претставува спомен на овој значаен настан во земниот живот на Господ Исус Христос. До Христовото рождество, сите праведни мажи и ...

Повод: Како паметните телефони ја претворија родителската грижа во дигитално следење и контрола над децата? Во едно просечно урбано семејство денес родителот повеќе не мора да се јавува по неколкупати за да провери каде е детето. Доволно е да го отвори телефонот. Мала точка на мапата покажува движење – од дома до училиште, од училиште до тренинг. Во меѓувреме апликација известува колку време било поминато на социјалните мрежи, кои страници ...

Реакција на здружението „ПП Џез-фестивал Прилеп“ Здружението за супкултура „ПП Џез-фестивал Прилеп“, организатор на фестивалот „Прилеп џез-викенд“, реагира во јавноста и до Министерството за култура, кое по 14 години континуирана институционална поддршка, одлучи да не го поддржи фестивалот во годината кога требаше да се одржи неговото 15-то, јубилејно издание. Според нив, оваа одлука не може и не смее да се третира како изолиран случај. – ...

„Кино Балкан“ почна да дистрибуира македонски филмови Во изминатиот период „Кино Балкан“ активно го дистрибуира филмот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. Филмот имаше проекции во повеќе од 15 града во Македонија и урива рекорди, како по бројот на гледачи така и по бројот на локациите каде што е прикажан. Она што се издвојува од оваа дистрибуција се активниот пристап и откривањето нови региони и културни центри, ...

Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц на отворањето на Минхенската безбедносна конференција истакна дека во моментот се урива светскиот поредок заснован на правила. – Заедно, влеговме во ера, која повторно е многу отворено обележана од моќта и политиката на големите сили. Пред сè, го гледаме насилниот ревизионизам на Русија, нејзината брутална војна против Украина, против нашиот политички поредок со секојдневни сурови воени злосторства. ...

Неврон-специфичната енолаза (НСЕ) е клучен биомаркер во следењето на малиот клеточен рак на белите дробови – таа го открива успехот на терапијата, може да сигнализира рано повторување на болеста и има важна прогностичка вредност. НСЕ е клучен туморски маркер за следење на малиот клеточен рак на белите дробови, бидејќи неговото ниво во крвта ги одразува масата на туморот и успехот на терапијата. Привремен скок на НСЕ по хемотерапијата може да ...

Петта година по ред, „Скопскиот поетски фестивал“ го организира настанот „Отскочна даска“, наменет за младите поети на возраст од 16 до 30 години, кои со својата поезија ќе се претстават на 12 март, со почеток во 20 часот, во Скопје. Повикот е наменет за сите што можеби веќе ги објавиле своите први песни во некое книжевно списание или веќе ја објавиле и својата прва стихозбирка, можеби веќе настапиле на некое поетско читање или чекале токму ...

Друга страна продукција, како организатори на настапот на популарното австралиско комичарско трио Суши Манго (SOOSHI MANGO) ја информира јавноста дека поради унапредување на продукциските услови и желбата на публиката да ѝ се овозможи врвно сценско и аудио-визуелно искуство, настанот се преместува од СРЦ Кале во престижната сала на Националната Филхармонија. Со оваа промена, публиката ќе има можност да го проследи шоуто во еден од ...

Зелената енергија во ЕУ на тапет на најновиот самит на Унијата: На преден план на најновиот самит на Европската Унија се постави дебатата околу цената на енергијата и нејзиниот ефект врз индустријата и економскиот раст. Австрискиот канцелар Кристијан Штокер изјави дека интензивното насочување кон зелената енергетска агенда ја „задушува“ индустријата и не ја носи економската корист што многумина ја очекуваа. Според него, зелената енергија е ...

Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот е воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица „Бутелска”, лево по улица „Александар Урдаревски”, лево по ...

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка. Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На задушница се оди во ...

Намерaта на авторите на овој текст не е да пишуваат за технологиите за добивање различни ракии. Нашата амбиција е поскромна. Сакамe да им укажеме на заинтересираните читатели како правилно да ја измерaт јачината и како концентрираната ракија да ја разредат со вода (дестилат). Ова ќе ни помогне да разбереме зошто истата ракија е „послаба“ ноќе, а „поjaка“ дење и како да избегнеме непотребна работа при повтoрување на циклусите на додавање вода ...

Денес се одбележува празникот на виното и лозарите Од памтивек до ден-денес низ цела Македонија и пошироко се празнува празникот посветен на христијанскиот светец Трифун. Свети Трифун е еден од најпочитуваните светци во македонската традиција, чиј празник на 14 февруари е длабоко вткаен во културното и духовното наследство на македонскиот народ. Оваа празнична традиција носи богато значење, кое ги обединува религиозните верувања, ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1026
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
47%
1027
weather icon

Загреб

17ᴼ / 13ᴼ
1.03
46%
1026
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
50%
1027
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.2
43%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
4.47
50%
1027
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
32%
1025
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
39%
1026
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
2.24
46%
1031
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
40%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Злато

163613.54

Калај

50.04

Родиум

368126.05

Бакар

11.75

Иридиум

229769.28

Паладиум

51794.85

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.29

Сребро

2648.90

Кобалт

66.14

Цинк

3.27

Платина

67998.83