Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Со јасни правила, највисоки стандарди на сигурност и целосна законска заштита, Megawin.mk ја гради својата препознатливост како доверлив партнер за сите што сакаат да ја испробаат својата среќа онлајн. Megawin.mk за кратко време стана препознатлива онлајн-платформа за сите што сакаат да ја испробаат својата среќа онлајн. Како единствена легална интернет платформа за игри на среќа во Северна Македонија, таа стекна доверба кај корисниците и ја ...
Вештачката интелигенција не ги заменува луѓето, туку луѓето што ја користат ќе ги заменат оние кои не ја користат. И во јавниот и во приватниот сектор. Таа помага работите да се извршуваат побрзо, поефикасно, поточно, анализите систематично да се прават побрзо, текстовите да се подготвуваат побрзо. Ова денеска во Собранието го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски каде учествуваше на јавната расправа посветена на ...
Министерството за транспорт информира дека во координација со Европската Комисија се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, како и дека ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот. -Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата ...
Македонија и САД постигнаа рамка за договор за реципрочна трговија САД и Македонија постигнаа рамковен договор за реципрочна трговија, со кој се отвораат нови можности за македонските извозници и се продлабочува билатералната економска соработка меѓу двете држави. Во соопштението на американскиот Стејт департмент се наведува дека договорот ќе ја зајакне трговската соработка, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе поттикне економски ...
Обилните врнежи од дожд во текот на викендот предизвикаа проблеми низ целата држава. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека најкритична е состојбата во Кичево и во Гостивар, каде екипите на противпожарната единица, полицијата и комунални служби биле на терен во текот на целата ноќ. Според ЦУК, најкритична состојба е регистрирана во селото Форино, кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, ...
Минатата година Македонија има суфицит во трговската размена со соседна Албанија, забележувајќи извоз за 24 отсто поголем споредено со претходната година. Албанија, го губи теренот во трговијата со Македонија, која е важен регионален партнер. Во 2025 година, извозот од Албанија во Македонија нагло се намалил на 8,99 милијарди леки, од 11,8 милијарди леки во 2024 година, што претставува годишен пад од речиси 24 отсто. Ова е најостриот пад на ...
Министерството за здравство ги демантира тврдењата дека ќе има одложување на донесувањето и спроведувањето на законот за заштита од пушење и најавува дека следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Фазноста, велат од МЗ, се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени, бидејќи, како што нагласуваат целта е институциите, угостителите, и граѓаните ...
Постојат луѓе што не се однесуваат дрско, не се гласни, едноставно се тивки, ненаметливи, полека си тераат по свое, чекор по чекор и како такви ги достигнуваат најголемите височини, небаре мислиш они го живееле животот во стаклена кутија, а тие всушност поминале сѐ и сешто и кога го достигнале врвот, останале такви, прекрасни. А и имаат за што да се фалат, не само да се фалат туку да врескаат од самите себе за самите себе, удирајќи на сите ...
Како резултат на соработката меѓу Македонскиот културно-информативен центар во Софија и Новиот бугарски универзитет е отворена изложбата „Кинетички арт-театар“ од Петко Јакимов. На изложбата, тој ги претставува своите графички студии како идејни решенија за кинетички скулптури, дел од истоимениот проект „Кинетички арт-театар“. Делата се создадени со спој на класичен цртеж и дигитални ликовни средства. Преку овие студии авторот ги разработува ...
Потоплите зими ги загрозуваат зимските спортови Потоплото време од вообичаеното за февруари во италијанската Кортина д’Ампецо е уште еден показател за влијанието на климатските промени врз зимските спортови. Метеоролозите предупредуваат дека ваквите температури се најмалку трипати поверојатни денес отколку во минатото, а промените веќе создаваат сериозни предизвици за организаторите на Зимските олимписки игри. Навивачите, кои пристигнаа во ...
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од скопското село Бојане, поради сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“. Истовремено, пријава е поднесена и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово, осомничен за „помагање“ при извршување на делото. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен ...
Зголемување на критериумите за добивање субвенции и засилени теренски контроли на корисниците на финансиска поддршка, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Трипуновски, кој на брифинг со новинарите ги сублимира досегашните и следните активности на Министерството за земјоделство, објасни дека контролите нема никако да бидат тенденциозни, а ќе се спроведуваат зашто се вооочени корисници на ...
Агенцијата за филм и оваа година ќе биде присутна со свој промотивен штанд на Европскиот филмски маркет до 18 февруари, во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале. Македонскиот штанд ќе биде поставен на централна локација во музејот „Гропиус бау“, каде што традиционално се одвива индустрискиот дел на фестивалот. Преку присуството на маркетот, македонската делегација ќе ги претстави најновите остварувања и актуелни ...
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и во домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски го создал автентичниот поетски бестијариум „Со една четка два зајака“. Книгата, во издание на „Арс либрис“, дел од „Арс ламина – публикации“, беше промовирана со поетско читање на Мартиновски и Биљана Стојановска. Стихозбирката „Со една четка два зајака“ претставува поетски и ...
Како круна на бројните културни настани што се реализираа во рамките на празнувањето на заштитникот на лозарите Св.Трифун во петокот на 13. февруари во музеј-галеријата во Кавадарци беше отворена ликовната изложба под наслов „Боите на Св.Трифун низ делата на ликовните уметници од Мкедонија 2026“. Ова трето издание на изложбата „Боите на Св.Трифун“ што се одржува во годината кога музејот го одбележува големиот јубилеј 50-години од своето ...
Британскиот премиер Кир Стармер ќе бара поголеми овластувања за креирање регулативи за пристап до онлајн содржини, велејќи дека е неопходно да се заштитат децата од брзо менувачките ризици во дигиталниот свет. Британските власти минатиот месец објавија дека ќе одржат консултации за забрана на социјалните медиуми за деца под 16 години, по моделот на Австралија. Шпанија, Грција и Словенија исто така планираат слични забрани. – Технологијата се ...
Одбележување на 48-годишнината од смртта на Паскал Митревски – еден од најистакнатите борци за националните права на Македонците во Егејска Македонија „Не дозволивме да падне духот кај нашиот народ и покрај дивиот терор и прогоните што настанаа и кои ги врши грчкиот монархофашизам. Покренавме масовни борби на нашиот народ, постигнавме и да организираме низа штрајкови во Воден и други движења и акции во Лерин и Костур“, напишал Паскал ...
Навики во домот што можат да остават големи траги Кога ќе се спомне флоскулата „траума од детството“, често најпрво помислуваме на безопасни спомени од најраната младост: омразено јадење од градинка или задевања од училиште. Но зад тоа понекогаш се кријат многу подлабоки и потивки искуства, моменти што не сакаме да ги раскажеме, па дури ни да си ги признаеме. Многу од тие искуства, според психолозите, се случуваат во домот, не затоа што ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (7) Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, кој магистрира екологија и животна средина на „Сорбона“ во Париз, излегуваат на викенд-страниците на рубриката Магазин во „Нова Македонија“. Низ текстовите авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со бездомните кучиња и за ...
По повод 76 години од формирањето на театарот „Војдан Чернодрински“ од вечерва до 21 февруари ќе се одржи манифестацијата „Роденденска недела“, на која ќе бидат прикажани четири претстави во Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ и на 21 февруари театарот со „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски, ќе гостува во МНТ во Скопје. Богатата театарска програма започнува вечерва од 20 часот кога на Сцена 105 ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ ...
Експлозија во магацин за огномет во источна Кина одзеде осум животи, а двајца беа повредени, соопштија властите. Надвор од големите градови каде што употребата на пиротехнички средства е строго регулирана, жителите на земјата редовно користат огномет за време на важни настани и празници како што е Лунарната Нова Година, која ќе се прослави утре. „Несоодветна употреба“ на огномет од едно или повеќе лица предизвика експлозија во магацин во ...
Минхенската безбедносна конференција и крајот на либералната ера Првиот ден од Минхенската безбедносна конференција донесе пораки што звучат како официјално збогување со еден светоглед. Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека поредокот создаден по Втората светска војна „веќе не постои“, додека американскиот државен секретар Марко Рубио констатираше дека „стариот свет исчезна“. Ова не се само дипломатски формулации. Ова е признание – и ...
ЗА СТРУШКАТА КОНТИНУИРАНА КРИЗА СО ПИВКАТА ВОДА Кус осврт на последните настани врзани за долгогодишниот „воден проблем“ На почетокот на месецов, жителите на Струга почнаа масовно да забележуваат дека водата од чешмите е сериозно заматена и неупотреблива – не само за пиење туку и за хигиена и готвење. Водата беше темнокафеава, со многу висок степен на заматеност, далеку над здравствено дозволените параметри. Според податоците на Центарот за ...
По успешните предавања изминатата година, кои се одржаа во Свети Николе, Скопје, Штип и во Битола, авторот и уредник на емисијата „На рубу знаности“, Крешимир Мишак, повторно доаѓа во Скопје. Од 20 до 22 февруари во „Салон 19.19“ и „Паблик рум“ ќе бидат одржани предавањата насловени „Патување низ времето, трансхуманизам и синхроницитет“. Медиумски покровител на настаните е „Нова Македонија“, а тие се поддржани и од Меѓународниот славјански ...
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа во странство, дека се приближува крајниот рок за поднесување на електронската пресметка и доставување на соодветни докази за остварениот доход. Како што соопшти УЈП, сите физички лица кои во 2025 година примиле плата или друг вид доход од странство се должни до 31 март 2026 година да поднесат пресметка преку ...
По врнежите што ја зафатија земјава, најкритична е состојбата во село Форино кое е најпогодено од поплавите, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште. Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица „Прилепска“ е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Заезерувања има и ...
Специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе ја посетат Женева оваа недела за да разговараат за нуклеарната програма на Техеран со иранските преговарачи, потврди денеска Белата куќа. Американски функционер потврди дека двајцата пратеници, кои се главни преговарачи на Доналд Трамп со Иран, ќе го претставуваат Вашингтон за време на разговорите. Иранскиот министер за надворешни работи, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 1 до 5, а ...
Нема кратење на субвенции, но приоритет ќе добијат вистинските земјоделци што егзистираат од земјоделство. Вака одговори денеска министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, на новинарско прашање, по закројувањето винова лоза во Кавадарци, во чест на празникот Свети Трифун, што се смета за заштитник на лозарите и винарите. На новинарско прашање околу реакцијата дека годинава субвенции ќе добиваат лозари со над пет декари лозје, министерот ...
Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, вечерва присуствуваше на состанокот на Кризниот штаб во Општина Сарај, заедно со градоначалникот Мухамед Елмази и членовите на Штабот, на кој, како што информираат била направена детална анализа на состојбата по обилните врнежи од дожд и поплавите што зафатија повеќе населени места во општината. Според информациите од терен, над 30 домаќинства беа погодени, при што службите ...