Министерството за дигитална трансформација во денешното соопштение реагира по јавните реакции на дел од инфлуенсерите и дигиталните креатори во врска со правилникот на Агенција за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ), познат во јавноста како водич за инфлуенсери, како и со одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од Министерството за дигитална трансформација информираат дека како надлежни за политиките во ...

Повеќе контрола, помалку грижи – нов кредитен модел на Шпаркасе Банка. Со „Рати по твој избор!“, Шпаркасе Банка на своите клиенти им нуди вистинска финансиска флексибилност и чувство на сигурност кога им се најпотребни. Оваа флексибилност на клиентите им овозможува да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба и/или можност да плаќаат повисока или пониска месечна рата. Наместо фиксна висина на рата што не се ...

Триесет и една година од смртта на Благоја Корубин: Потсетување на делото на еден од најистакнатите македонисти Благоја Корубин е еден од најистакнатите повоени македонисти, јазичар практичар и еден од столбовите на македонската лексикологија и стандардниот македонски јазик. Немерлив е неговиот придонес кон градењето и одржувањето на јазичната култура и јазичната свест за македонскиот јазик, особено преку рубриката „Јазично катче“ во весникот ...

Нема да има кратења на субвенциите, туку ќе се воведат дополнителни условувања во делот на производството. Целта е да се зголеми продукцијата на храна и финансиската поддршка да ја добијат вистинските земјоделци, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Трипуновски најави засилени, но не, како што напомена, тенденциозни контроли на терен, зашто се забележани корисници на субвенции што воопшто ...

Релација што Москва ја гради со Донро-политиката на Трамп: Деловната соработка избива на врвот како најуспешен дипломатски јазик И во време на војна, санкции и геополитички судири, економијата останува најсилниот заеднички именител меѓу државите. Последните информации што ги објави реномираниот „Блумберг“ отвораат токму таква перспектива дека „зад политичките конфликти може да се крие подготвеност за нова, прагматична економска соработка“! ...

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови од државава ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје ќе ...

Анализа Во време на зголемени потреби, а со тоа и притисоци за експлоатација на природните ресурси, изворите во селото Шум повторно се најдоа, по многу непријатен повод, во фокусот на јавноста. Во тој контекст, во вчерашниот број се осврнавме на последните настани поврзани со случајот „загадена пивка вода во Струга” вклучително и на некои индикатори за можни причинители на хаваријата во и непосредно околу изворите во с. Шум. Во денешната ...

Сојузот на синдикати денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција која ќе биде блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора. Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што ...

Суверенизам со империјален одек Во почетокот на 2025 година, наслов во весникот „Њујорк пост“ го лансираше терминот „доктрина Донро“ – кованица што ја спојува историската Монрова доктрина со политичкиот бренд „Америка прво“ на Доналд Трамп. Иако првично името/кованицата беше медиумска конструкција, концептот брзо беше прифатен од самиот Трамп како опис на неговата надворешна политика во западната хемисфера за периодот 2025-2026 година. Според ...

Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска, со почеток од 11 часот, ќе одржи протест пред Владата, на булеварите Илинден и Свети Климент Охридски. Поради одржувањето на протестот, доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници – соопштија од Министерството за внатрешни работи. – Единицата за безбедност на патниот сообраќај од тие причини ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното ...

Таканаречените „досиеја на Епстин“, кои неодамна ги објави американското Министерство за правда, содржат вознемирувачки и веродостојни докази за систематско и обемно сексуално злоставување, трговија со луѓе и експлоатација на жени и девојчиња, кои можат да бидат карактеризирани како злосторства против човештвото – соопштија денеска експерти на ОН. Како што наведуваат, овие дела би можеле да се сметаат за сексуално ропство, репродуктивно ...

Во Франција во 2023 година се регистрирани приближно 68.000 смртни случаи поради тутун, главно од рак, но и од кардиоваскуларни и респираторни болести, што и понатаму претставува преголемо оптоварување за јавното здравје, покажуваат најновите податоци на Јавното здравство на Франција (СпФ). -Три четвртини од овие 68.021 предвремени смртни случаи се однесуваа на машката популација. Пушењето предизвика смрт кај 49.361 маж и 18.660 жени, што ...

Еврокомесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, ќе отпатува во Вашингтон за да присуствува како набљудувач на состанокот на Одборот за мир, формиран од американскиот претседател Доналд Трамп. Европската комисија нема да стане членка на тоа тело, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие. – Европската комисија нема да стане членка на Одборот за мир, но ние учествуваме на овој состанок како дел од нашата долгорочна ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување, согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал ...

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски вели дека во моментов се спроведуваат внатрешни постапки во рамките на факултетите за детална анализа на сите аспекти на новиот Предлог – Закон за високо образование. Утре е предвиден колегиум на кој, како што посочува Мираковски, ќе се презентираат забелешките, по што ќе се формира Комисија која ќе ги сублимира ставовите на Универзитетот. -Во моментов имаме внатрешни постапки во ...

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок. – Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски „директно се вмеша“ во унгарската изборна кампања напаѓајќи ја унгарската влада, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој објави на Фејсбук дека во текот на изминатата недела, политичките напади од Украина достигнаа ново ниво. – Кога Зеленски ме напаѓа лично затоа што не го поддржуваме забрзаниот пристап на Украина во ЕУ, тој всушност ја доведува во прашање суверената одлука на унгарскиот ...

Центарот за управување со кризи информира дека до 13:30 часот денеска обилните врнежи од дожд предизвикале проблеми во повеќе региони во државата. Полошкиот, Кумановскиот, Кичевскиот и Скопскиот Регион се најпогодени, со регистрирани поплави, свлечишта и оштетувања на инфраструктурата. Според ЦУК, во северозападниот дел од земјата евидентиран е поголем број интервенции, а на одредени населени места е извршена и евакуација на жителите. Како ...

Иран влегува во преговорите за својата нуклеарна програма со Соединетите Американски Држави со „реални идеи“ и нема да подлегне на притисоци за време на тие разговори, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Тој напиша на платформата „Икс“ дека е во Женева поради нова рунда индиректни преговори со САД со конкретни предлози и дека Иран сака праведен договор. Арагчи најави дека денеска ќе се сретне со генералниот ...

Од 9 до 16 февруари 2026 системот „Безбеден град“ во градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрира вкупно 4.490 прекршоци, што е помалку за 10 проценти во споредба со првата седмица во февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи. Најголем број од прекршоците, односно 4.297, се за управување возило со брзина поголема од дозволената, 33 за минување на затворен сигнал (црвено ...

Директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски, на својот фејсбук-профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те во делот на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка, информираат од Министерството за транспорт. – Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за ...

Воз излета од шини утрово поради лавина во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале, а полицијата се сомнева дека во несреќата се повредени повеќе лица, пренесуваат швајцарските медиуми. Во тек е спасувачка акција. Во моментот кога возот излетал од шините, според веб-страницата на Помона, имало околу 80 патници, пренесува швајцарскиот јавен сервис „Ер-те-ес“. Воз излета од шини утрово поради лавина во близина на ...

Сѐ уште е рано да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети по поројните врнежи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Сега, како што изјави по брифигот за новинарите, се работи на санација и нормално функционирање на речните корита, за да нема поплавувања на површините. – Не можеме да кажеме за колкава земјоделска површина станува збор. Сега се работи на санирање на состојбите ...

Нивото на заматеност на водата на изворот Шум, од каде што се снабдуваат со вода Струга и околните населени места се намалува, но сѐ уште е над дозволеното и забраната за секаква употреба продолжува. Денешните мерења на Центарот за јавно здравје – Охрид покажуваат 3,62 отсто матност на мострите од изворот Шум. Во градот матноста се движи од 3,69 до 2,75 проценти, додека најниска матност има во селата Заграчани 1,98 и Ложани 1,93 отсто. За ...

Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Последната институција која ќе биде блокирана е Владата. Ќе бидат блокирани влезовите на Владата од 11 часот. Блокадата, велат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите до 31 декември не се договориле околу барањето на синдикатот за зголемување на платите на работниците и затоа ...

Од полноќ цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар, а на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Според денешната одлука на Регулаторната комисија, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 денaраи за килограм и сега ќе изнесува 33,883 дененари за килограм. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 73 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска на средба со новинарите информираше дека ги повикал координаторите на пратеничките групи да им пренесат на пратениците дека треба да го сочуваат дигнитетот на Собранието и да го очитуваат етичкиот кодекс во меѓусебната комуникација како внатре во законодавниот дом така и надвор од него. Гаши потврди дека овој свој став го изнел на денешната редовна координативна средба во Собранието, по ...

Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи 195,5 килограми дрога, во 14 случаи 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови. Царинската управа соопшти дека е постигнат значителен напредок и во заштитата на правата од интелектуална сопственост, при што во 39 случаи запленети се над ...

Општина Прилеп, како и сите инволвирани институции, ги прават последните активности за успешна организација на претстојниот карневал „Прочка 2026“ со што ќе се одбележат 100 години од Прилепските мечкари и 25 години од постоењето на карневалот. По тој повод денеска во општина Прилеп се одржа прес-конференција на која беше најавен карневалот и активностите што ќе се случуваат од 20 до 23 февруари. – Наша заедничка заложба е оваа значајна ...

Пилот-фазата на националниот систем за е-фактура успешно се спроведува во реални услови и веќе покажува мерливи резултати кои ја потврдуваат активната подготoвка на деловната заедница за новиот модел на дигитално фактурирање, соопшти денеска Управата за јавни приходи. До овој момент, за тестирањето се најавени 148 компании, од кои 57 успешно се регистрирани во системот. Од нив, 15 компании активно го користат системот и имаат креирано и ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1026
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
47%
1027
weather icon

Загреб

17ᴼ / 13ᴼ
1.03
46%
1026
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
50%
1027
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.2
43%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
4.47
50%
1027
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
32%
1025
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
39%
1026
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
2.24
46%
1031
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
40%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Алуминиум

3.29

Злато

163613.54

Рутениум

45750.51

Бакар

11.75

Платина

67998.83

Калај

50.04

Цинк

3.27

Паладиум

51794.85

Сребро

2648.90

Родиум

368126.05

Кобалт

66.14

Иридиум

229769.28