Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија. По гласањето, Наумовски во Собранието даде и потпиша свечена изјава, со која се обврза дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно, во согласност со Уставот и законите, пренесува МИА. На денешната 85-та седница, без расправа, пратениците со 68 гласа „за“ и без ниту еден „против“ или „воздржан“ ја усвоија и Одлуката ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес потпиша указ со кој се воведуваат санкции против белорускиот претседател Александар Лукашенко, поради, како што наведува, неговата поддршка на Русија во војната против Украина. Мерките опфаќаат економски санкции, како и забрана за влез на Лукашенко на територијата на Украина, пренесува МИА. Зеленски изјави дека во втората половина на 2025 година Русија поставила систем на релејни станици за ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска порача дека пациентите со ретки болести ќе ги добијат неопходните лекови, најавувајќи дека годинава за првпат ќе се спроведе тригодишна набавка, наместо досегашната практика лековите да се обезбедуваат за период од една година. -Владата од оваа година ќе има тригодишна набавка и можеби изгледа дека овој буџет е намален бидејќи методологијата беше поинаква, но ви гарантирам дека ниеден граѓанин и ...

Вицепремиерот Беким Сали уверува дека со новата систематизација на Министерството за внатрешни работи нема да се доведе во прашање безбедноста во Дебар ниту, пак, ќе има негативни последици за граѓаните. Одговарајќи на пратеничко прашање поставено од Арбана Пашоли од ДУИ, тој посочи дека промените во организацијата на полицијата ќе придонесат за поголема ефикасност во работењето во Дебар и околните места, пренесува МИА. -Систематизацијата се ...

Предлог-законот за високото образование предвидува дека за дел од регулираните професии нема да биде дозволено вонредно студирање, што е во функција на јавниот интерес на државата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во гостување во утринската програма на ТВ Алфа, соопшти Министерството за образование и наука, а МИА ја пренесе изјавата интегрално. Таа појасни дека и досега не било дозволено вонредно студирање на ...

Основен кривичен суд Скопје соопшти дека утрешното рочиште за предметот „Пулс“ се одлага поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, кој во моментов се наоѓа на болничко лекување во Општа болница Кочани. Како што информираат од Судот, претседателот на судечкиот совет во текот на денешниот ден остварил телефонска комуникација со лекарите задолжени за лекувањето на обвинетиот. Од нив било ...

Усогласената заедничка изјава и рамката за Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија со САД претставуваат силен сигнал за тоа кој е нивниот најзначаен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања за значењето на потенцијалниот договор со САД за намалување на царинските давачки врз македонската трговија, пренесува МИА. Договорот што потенцијално ќе го потпишеме ...

По убедливата победа на Либерално-демократската партија на вонредните парламентарни избори одржани на 8 февруари, јапонскиот парламент денеска повторно ја избра Санае Такаичи за премиерка. Во согласност со уставната процедура, нејзиниот кабинет пред почетокот на седницата поднесе колективна оставка, по што Такаичи беше потврдена на гласање во Претставничкиот дом – долниот дом на парламентот. Со ова таа го продолжува својот мандат како прва ...

Претседателката Илијана Јотова денеска најави дека ќе потпише укази со кои ќе се назначи привремена влада и ќе се закажат парламентарните избори за 19 април. Ова следи откако кандидатот за премиер во техничката влада, Андреј Ѓуров, го претстави составот на кабинетот. – Ќе издадам указ за назначување на вашиот привремен кабинет и ќе ја чекам вашата заклетва пред Народното собрание. Исто така, ќе издадам Указ за одржување парламентарни избори ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е домаќин на тридневна работилница што се одржува во рамки на проектот „Европска универзитетска алијанса ACE 2 EU“, на која учествуваат истражувачи од сите девет универзитети членки на Алијансата. На свеченото отворање денеска присуствуваа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, ректорот на УГД – Штип Дејан Мираковски и градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов. Министерот Андоновски ...

Владата може да помогне во приближување на ставовите меѓу работодавачите и работниците, но нема намера да наметнува решенија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата на 600 евра, пренесе МИА Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски нагласи дека Владата го поддржува и охрабрува бипартитниот дијалог меѓу социјалните партнери, повторувајќи дека минималната плата ...

Од Асоцијацијата „Макам-транс“ велат дека активно учествуваат во процесот на изнаоѓање решение за проблемите со кои се соочуваат превозниците при престојот во шенген-зоната во преодниот период до целосно спроведување на новата стратегија за визна либерализација на Европската Унија. Посочуваат дека веќе има позитивни одговори од некои од институциите и коморите по чекорите што ги презедоа за поголемо лобирање за наоѓање решение и апелираат на ...

Со децении, припадниците на Одделот за заштита на личности и објекти покажуваат висок степен на професионалност, дисциплина и оперативна подготвеност во извршувањето на своите задачи, често во комплексни и чувствителни безбедносни ситуации. Иако нивната работа најчесто се одвива надвор од фокусот на јавноста, таа има суштинско значење за стабилното функционирање на институциите и зачувувањето на безбедноста во државата. Ова го истакна ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во наредниот период да се движи под три проценти, како на месечно, така и на годишно ниво, во рамките на проектираните вредности. Ова тој го изјави денеска, одговарајќи на новинарски прашања. Тој појасни дека кај цените на храната и минатата година биле воведени сезонски мерки, како божиќната и јануарската кошничка, а сличен пристап ќе има и во април. Според неговата оценка, годишната инфлација ...

Развојот на гасната инфраструктура во земјата, тековните активности и идните чекори беа во фокусот на денешната работна средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама. Како што соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, посебен акцент на разговорите бил ставен на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, кој се ...

Силниот ветер денеска откорна дел од лимениот покрив на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Настанот, како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), бил пријавен на бројот за итни повици 112, пренесе МИА. Според информациите, нема повредени лица. За справување со ситуацијата побарана е интервенција од службени лица на МВР и од надлежните институции. – За настанот се информирани ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе ...

По повод јубилејот, 80 години од своето основање, Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ, ги додели годишните новинарски награди, одбележувајќи осум децении континуирана и посветена работа во заштита на новинарската професија, слободата на изразување и јавниот интерес. Комисијата за награди оваа година работеше во состав од новинарките Милка Смилевска, Семра Мусаи и новинарот Марјан Николовски, кои ги вреднуваа пристигнатите трудови ...

Министерството за транспорт започна иницијатива за склучување спогодба за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија. Со оваа спогодба ќе се воспостави правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу двете земји. Досега меѓу Македонија и Саудиска Арабија не постоел директен авионски сообраќај. Очекувањата се дека воспоставувањето на редовни линии ќе придонесе за развој на економската соработка, поттикнување на туризмот, ...

Собранието денеска, во рамките на 85. седница, ги потврди оставките на Марко Бислимоски – претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад, како и на Цвета Ристовска – членка на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, пренесе МИА. По усвојувањето на дневниот ред, започнаа двочасовните опозициски прашања упатени кон премиерот и министрите. На седницата се ...

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во тешки снежни услови откако лавина вчера погоди оддалечена патека во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите. – Часови по несреќата, додека автопатот во близина е затворен поради нулта видливост поради зимската бура, спасувачите сè уште не стигнале до местото на лавината – изјавил капетанот Расел Грин од канцеларијата на шерифот на ...

Докажано е дека редовното вежбање го продолжува животот, но нова анализа открива дека неговите заштитни придобивки постепено се губат со зголемувањето на нивото на загадување на воздухот. Истражување покажа дека високите концентрации на ситни честички во воздухот можат да „изедат“ некои од придобивките од вежбањето, особено оние што се поврзани со намалување на ризикот од срцеви заболувања и рак. И покрај тоа, научниците нагласуваат дека ...

Полицијата во Велика Британија секој месец приведува околу 1.000 осомничени педофили, а заканата од сексуална злоупотреба на деца е сè поголема, предупреди Националната агенција за криминал (НЦА). Според податоците на НЦА, пред неколку години биле приведувани од 500 до 800 осомничени педофили месечно. Директорот на НЦА, Роб Џонс наведе дека онлајн групите доведоа до тоа сторителите да го оправдуваат своето однесување, бидејќи алгоритмите ги ...

Дали Русија и Украина во Швајцарија ќе најдат излез од ќор-сокакот… Нова рунда мировни разговори меѓу делегациите на Русија и Украина се одржаа вчера во Женева, во обид да се најде пат кон деескалација на повеќегодишниот конфликт. Средбата се одвиваше зад затворени врати, во дипломатска атмосфера, што официјално се оценува како „конструктивна, но сложена“. Разговорите се одржаа со посредство на дипломати од Обединетите нации и со логистичка ...

Тим научници од Универзитетот во Бристол, развил нова, неинвазивна метода за анализа на мирисот на древни египетски мумии. Со тоа, тие успеале да откријат хемиски траги од процесот на балзамирање без да ги оштетат вредните примероци. – За разлика од старите методи, кои вклучувале сечење делови од завоите за хемиска анализа, истражувачите сега ги испитувале испарувањата на органските соединенија (VOC) во воздухот, околу мумиите“ – пренесе ...

Разговор со Бојан Петковски, етнокореолог Во денешницата често се говори за употребата на културното наследство во целите на дваесет и првиот век. Но, за нешто да употребите, пред се треба да го осознаете Бојан Петковски е етнокорелог и активист за заштита на културното наследство кој последниве години на свој препознатлив начин ги афирмира македонскиот фолклор и култура излегувајќи од рамките на досегашното научно третирање на овие области. ...

Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (6) Во историската наука, примарните извори – документите напишани од непосредни сведоци на настаните – имаат најголема тежина, a овој патопис содржи прецизни податоци што ги потврдуваат посебноста на македонската територија и население во раниот османлиски период. Дневникот на Џио Марио Дељи Анџиолело претставува документ од прв ред за проучување на историјата на ...

Сојузот на синдикати денеска ја реализираше последната од најавените три блокади на таргетирани институции. Пред Владата денеска побараа да предложи измени на Законот за минимална плата со кои ќе се зголеми минималната плата на 600 евра и сите останати плати за 100 евра. Од ССМ оставаат простор за договор до крајот на февруари, а доколку не дојде до договор, во првата половина од март, најавуваат генерален штрајк и работнички протест. Дотогаш ...

Македонија стана членка на Европската груминг-асоцијација Поединечни професионални иницијативи, како што е Центарот за груминг и благосостојба на миленици ТУТУ, под водство на Илија Петковски – еден од основачите и главен иницијатор за создавањето на Македонската асоцијација на стилисти за миленици – уште пред формалното формирање на асоцијацијата покажаа дека транспарентноста, етиката и европскиот пристап може да функционираат и во ...

Додека матноста на водата од изворот Шум постепено се намалува, довербата на граѓаните во локалната власт во Струга оди во спротивна насока – надолу. По една недела рестрикции, стружани сè уште немаат квалитетна пивка вода, а официјалните соопштенија звучат повеќе како обид за смирување на јавноста отколку како план за решавање на кризата. Последните мерења на Центарот за јавно здравје од Охрид покажуваат дека матноста на изворот Шум изнесува ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека желбата на кинескиот и американскиот народ за размена и соработка нема да се промени без оглед на тоа како ќе се развиваат билатералните односи. Си го напиша тоа во одговор до пријателите од американската држава Ајова пред очекуваната средба со американскиот претседател Доналд Трамп во април, пренесе кинеска новинска агенција. – Надежта во поглед на односите меѓу САД и Кина лежи во народот ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1028
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
52%
1027
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
59%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
51%
1030
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.37
52%
1027
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
61%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
47%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
54%
1026
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
57%
1031
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
54%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 7ᴼ
2.57
48%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Сребро

2648.90

Цинк

3.27

Иридиум

229769.28

Платина

67998.83

Злато

163613.54

Бакар

11.75

Родиум

368126.05

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.29

Кобалт

66.14

Рутениум

45750.51

Калај

50.04