Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево. Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. – Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од ...

Комисијата за заразни болести одржа седница на која беше разгледана состојбата со појавата на кластер на хантавирус – андес варијанта на глобално ниво. По анализата, беше оценето дека ризикот од појава и ширење на вирусот во земјата е низок, пренесе МИА. Од Министерството за здравство соопштија дека здравствениот систем е подготвен за евентуално справување со случаи на инфекцијата, доколку се појават. Институтот за јавно здравје располага со ...

Во Штип в сабота ќе се одржи бизнис-конференцијата „BIZIGNITE 2026“ („Бизигнајт 2026“), посветена на претприемништвото, продажбата, инвестициите, вештачката интелигенција и современите бизнис предизвици. Конференцијата произлегува од подкастот „БИЗКАСТ“, чиј автор и водител е Петар Тодев, а кој преку разговори со претприемачи, менаџери и професионалци отвора теми поврзани со бизнисот, личниот развој и современото работење. „BIZIGNITE 2026“ ...

Дваесетгодишен скопјанец е приведен откако со автомобил удрил во 13-годишен велосипедист во Скопје – информира Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила вчера околу 16.10 часот на улицата „Коце Металец“, кога патничко возило „сеат“ со скопски регистарски таблички, управувано од А.П. (20), удрило во велосипед што го управувал 13-годишник од Скопје. Во сообраќајната несреќа малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, ...

Еден глобален поглед во врска со прашањето на капацитетите за домашно производство на храна на државите од светот Безбедноста на храната не е само производство на доволно калории туку покривање на целиот спектар на хранливи материи потребни за балансирана исхрана. Неодамнешно истражување открива дека Гвајана е единствената држава што може да ги обезбеди сите потребни хранливи продукти за исхрана на своето население. Зачудува податокот дека ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад воведе нови правила за кибербезбедност во енергетскиот сектор, кои ќе важат за системите за производство, складирање, пренос и дистрибуција на електрична енергија, пренесе МИА. Со новата регулатива, РКЕ ја зајакнува својата улога во заштитата на енергетската инфраструктура од кибернапади и технолошки ризици, со цел обезбедување поголема сигурност, ...

Полугодишно заседание на Советот за безбедност на ОН за состојбата во БиХ На полугодишното заседание на Обединети нации посветено на состојбата во Босна и Херцеговина, повторно во фокусот се најде политичката нестабилност во земјата, иако безбедносната состојба беше оценета како релативно стабилна. Главна тема на седницата беше извештајот на високиот претставник Кристијан Шмит, кој неодамна потврди дека се повлекува од функцијата. Седницата ...

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) предупредува: растот на цените на храната продолжува Најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) покажуваат дека светските цени на храната во април пораснале трет месец по ред. Причините се добро познати. Тоа се војната и тензиите на Блискиот Исток, нарушените транспортни маршрути, скапата енергија, високите цени на ѓубривата и ...

Македонско друштво „Илинден“-Тирана одбележува 11 години рамноправно членство во Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најголемата организација за заштита на малцинските права во Европа. Друштвото беше примено во ФУЕН на 15 мај 2015 година, на конгресот одржан во Комотини, Грција, со што стана прва организација од Албанија со статус на рамноправен член во оваа европска асоцијација. Од „Илинден“-Тирана посочуваат дека во ...

Денеска, точно на пладне во КИЦ „Романса“ во Македонска Каменица, почнуваат активностите во рамки на четвртото издание на фестивалот „Јаков од Камена Река“. Во фоајето ќе биде отворен Саем на книги на добитниците на награди од сите досегашни фестивали и на членовите на Советот. На Саемот ќе бидат присутни Милијана Павловска, најчитан автор за 2023 според извештаите од библиотеките во Македонија, Далибор Трајков, најчитан автор за 2024 и 2025 ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 20 и 26 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината попладне се можни краткотрајни врнежи од дожд и ...

Повод: Сто шеесет и две години од раѓањето на лингвистот и истражувач на македонските дијалекти Ватрослав Облак Денеска, на 15 мај, се навршуваат 162 години од раѓањето на Ватрослав Облак (1864–1896), словенечки и австриски лингвист, славист и истражувач на македонските дијалекти. Неговата кратка, но плодна животна патека го води од училишните клупи во Целје и Загреб, преку студиите во Виена, до теренските истражувања во Македонија и ...

Дистописки визии 6: „Идиократија“ (2006) „Идиократија“ („Idiocracy“), во режија на Мајк Џаџ, на прв поглед функционира како апсурдна, речиси инфантилна комедија. Но под површината на гротескниот хумор и карикатуралната естетика се крие остра социјална сатира, која денес изгледа помалку како фантазија, а повеќе како предупредување. Секако, далеку е од дистописко предвидување, но сепак толку реално и нешто што секако нѐ очекува доколку ...

Теоретичарот Томас Вантерберг на едно место ќе рече дека филмовите можат да презентираат, илустрираат и расправаат за филозофските гледишта и да поттикнуваат филозофски преиспитувања, додека пак Дамиен Кокс и Мајкл Левин тврдат дека филмовите многу често далеку поуспешно ни ги претставуваат филозофските мисли, отколку што тоа го прави филозофијата во пишана или вербална форма. Ако ја претпоставиме можноста филмот да стане филозофски медиум, ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска ги предупреди САД и Израел да не започнуваат нови воени операции против Иран, порачувајќи дека секој таков обид ќе заврши со „неуспех“. Говорејќи на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС во Њу Делхи, Аракчи изјави дека заканите кон Иран траат со години, но според него, не донеле резултати. -Навикнати сме на тие закани. Тие долго време ги повторуваат ...

Во Штип в сабота ќе се одржи бизнис-конференцијата „BIZIGNITE 2026“ („Бизигнајт 2026“), посветена на претприемништвото, продажбата, инвестициите, вештачката интелигенција и современите бизнис предизвици. Конференцијата произлегува од подкастот „БИЗКАСТ“, чиј автор и водител е Петар Тодев, а кој преку разговори со претприемачи, менаџери и професионалци отвора теми поврзани со бизнисот, личниот развој и современото работење. „BIZIGNITE 2026“ ...

Конфликтот на Блискиот Исток и нарушениот сообраќај низ Ормускиот Теснец сериозно ги погодуваат африканските економии, предупредува „Дојче Веле“. Недостигот на нафта и вештачки ѓубрива веќе предизвикува поскапувања, недостиг на гориво и ризик од намалено производство на храна во повеќе африкански земји. Поради кризата, делови од Африка се соочуваат со долги редици на бензински пумпи, ограничувања на електричната енергија и зголемени трошоци ...

Крајбрежна стража на САД соопшти дека пресретнала три бродови на осомничени шверцери на дрога кои превезувале наркотици во вредност од повеќе од 61 милион долари. Според соопштението, пловните објекти биле запрени на 8 мај, на околу 145 километри од Картагена, во близина на брегот на Колумбија. На бродовите биле пронајдени речиси 2,8 тони кокаин, а вредноста на запленетата дрога се проценува на повеќе од 45 милиони долари. Еден од бродовите ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се ...

Последната серија цртежи од творечкиот опус на еден од најпознатите македонски ликовни уметници Родољуб Анастасов, која е работена ви техника молив и молив во боја на хартија,во мали формати каде извонредниот уметник од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрти е изложена во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. Делата се создавани во периодот од 2016 до 2022 година а изложбата е реализирана во ...

Вчера во Куќата на мирис и вкус при Музеј-галеријата во Кавадарци беше отворена изложба „Накит 19 и 20 век од Штип и штипско“ на авторот Бети Иванова виш кустос во НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј -Штип. Настанот започна со изведбата на народната песна „Гердан ми падна“ во изведба на младиот музичар Ангел Димитров како прекрасна увертира на презентација на овој оригинален накит од Македонија кој претставува многу повеќе од украс. ...

Летово ќе биде завршена физибилити студијата, по што ќе следува ревизија. Процесот на планирање мора да заврши перфектно добро. Првичниот рок што го кажав, дека проектот ќе се заврши до 2031 година, останува, ништо не е поместено, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за брзата пруга на Коридорот 10. Како што истакна Николоски одговорајќи на новинарски прашања, во тек се активностите кои се исклучително ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека лажните пораки за наводни сообраќајни прекршоци и казни што ги добиваат граѓаните не се испраќаат од Министерство за внатрешни работи, туку од странски броеви со цел измама. Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, Тошковски посочи дека граѓаните лесно можат да препознаат дека станува збор за фишинг напади, бидејќи пораките не доаѓаат од македонски броеви. Тој нагласи дека ...

Книжевно-музичкиот перформанс „Портрети“, по повод објавувањето на новата книга „Портрети“ од Александар Прокопиев, во издание на издавачката куќа „Прозарт медиа“, се одржа во КИЦ. Настапија Александар Прокопиев (пијано и глас) и Бобан Здравковски Андреевски (гитара и бас). За книгата, Дарин Ангеловски ќе напише: „Во најновата книга ’Портрети‘, Александар Прокопиев воплотува две свои пасии – пасијата за пишување и пасијата за пријателство. ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека малите и средните претпријатија во Македонија се неконкурентни во услови на отворен и либерален систем на јавни набавки, оценувајќи дека е потребен механизам за нивна заштита. На конференцијата „Бизнис со интегритет“, тој нагласи дека домашните компании сè почесто не учествуваат или не добиваат тендери, особено кај набавки од поголема вредност. Според него, тоа може да ...

Цените на нафтата денеска пораснаа за повеќе од еден процент, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина планира да купува сурова нафта од Соединетите Американски Држави. Цената на суровата нафта од типот Брент порасна за 1,17 долари или 1,11 проценти и достигна 106,89 долари за барел. Американската лесна сурова нафта поскапе за 1,10 долари, односно 1,09 проценти, на 102,27 долари за барел. Растот на цените дополнително ...

Поранешниот директор на ЦИА и ексминистер за одбрана на САД, Леон Панета, оцени дека Иран преку контролата врз Ормуската Теснина врши силен притисок врз САД и предупреди дека конфликтот може да трае уште неколку месеци. Панета, кој беше директор на ЦИА од 2009 до 2011 година и министер за одбрана во администрацијата на Барак Обама, изрази песимизам околу можноста актуелниот претседател Доналд Трамп да постигне брзо и одржливо решение за ...

Осумнаесет рудари кои беа блокирани во подземна галерија во рудникот „Трепча“, во северниот дел на Косово, излегоа над земја по околу 16 часа поминати под земја. Според информациите што ги пренесуваат косовските медиуми, рударите биле заглавени поради сериозни технички проблеми во снабдувањето со електрична енергија, односно дефект на главна трафостаница. Претходно, претседателот на Синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, изјави дека во ...

Индискиот премиер Нарендра Моди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Њу Делхи разговараа за состојбата во Украина, кризата на Блискиот Исток и за унапредување на билатералната соработка меѓу Индија и Русија. Средбата се одржа по состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС, при што индиската страна повторно ја истакна потребата од дијалог и дипломатија како клучни механизми за решавање на меѓународните ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва истакна дека лично верува оти премиерот Христијан Мицкоски никогаш не би влегувал во какви било незаконски комуникации или пак би влијаел врз некој обвинител за да постапува на одреден начин, пренесе МИА. Тошковски ова го истакна во „Само интервју“ на Канал 5 на прашањето за телефонскиот разговор на Мицкоски со јавниот обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут“, за што опозициската СДСМ ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Кобалт

45.39