Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека не смее да има тивок обид на затворање на постапката за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино. Вели дека акцијата за овој случај спроведена лани била во координација и по насоки на Обвинителството, пренесе МИА. Во интервју за телевизија Канал 5, Тошковски вечерва рече дека не верува дека тогаш имало докази, а сега постапката се затвора поради недостиг на докази. – Јас сум шокиран и ...

Има забрзување на процесот на реформите споредено со Извештајот од минатата година и искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има резултати, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е извештајот за Македонија за напредокот во реформите. Според Рокас, во тек е подготовката на Извештајот кој треба да се финализира ...

Денеска предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, информираше обвинителството. Како што информираат оттаму, осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како Претседател и ...

Насилството во училиштата не може да се решава само по појавата на инциденти, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно учество на учениците, беше истакнато на панел-дискусијата „Ученички активизам за безбедни училишта“, организирана во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Како што соопшти Меѓаши, на настанот учествувале претставници на институции, училишта, граѓански организации и ...

Врховен суд за борба против корупцијата во Украина му одреди притвор на поранешниот шеф на претседателската администрација на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, со можност за ослободување со кауција од 140 милиони гривни. Како што објави „Укринформ“, повикувајќи се на судијата Виктор Ногачевски, Јермак ќе остане во притвор најмалку 60 дена, освен доколку не биде платена кауцијата. Според ДПА, Јермак и уште петмина ...

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјави дека Иран не создава пречки за пловидба низ Ормускиот Теснец и ги обвини Соединетите Американски Држави дека тие ја предизвикуваат блокадата во регионот. Во интервју за иранската државна телевизија „Прес ТВ“, Арагчи рече дека Ормускиот Теснец е отворена за сите комерцијални бродови, но дека тие мора да соработуваат со иранските поморски сили, пренесе иранската агенција Мехр. – Ормуската ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница донесе одлука дека Предлог законот за парнична постапка е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање и за организирање јавна расправа. Заменик на министерот за правда, Ален Деребан образложувајќи го законското решение пред пратениците рече станува збор за еден од клучните реформски закони во областа на правосудството, кој има за цел унапредување на ...

Според најновите податоци на Евростат, во 2025 година само 23,4 проценти од домаќинствата во Европска Унија имале деца. Од вкупно 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, 47,4 милиони биле семејства со деца. Најголем дел од нив биле парови со деца, кои сочинувале 14,7 проценти од сите домаќинства. Другите типови домаќинства со деца учествувале со 5,6 проценти, додека самохрани родители сочинувале 3 проценти. Поголемиот дел од домаќинствата во ...

Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства како резултат на заложбите на Министерството за образование и наука за дигитализација на образованието. – Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните свидетелства. Тие ќе имаат идентична важност како и хартиените кои постепено ќе се заменуваат, што ќе значи олеснување ...

Висок е процентот на корупција во државата и тоа ни е сега приоритет. Не се остварија драматичните најави дека брзо ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, а нејзиниото евентуално зголемување може да предизвика катастрофални последици поради структурата на стопанството, изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески пред почетокот на конфедерацијата „Бизнис со интегритет”, пренесе МИА. Компаниите, додаде Азески, ...

Јавното обвинителство Куманово, во соработка со Истражниот центар при Обвинителството, СВР Куманово и другите надлежни државни органи, ја прошири истрагата против осомничениот дваесет и петгодишен овчар од Старо Нагоричане за уште четири тешки кривични дела, убиство и обид за убиство од квалификуван облик, информираше обвинителот Љубомир Лапе, пренесе МИА. Како што соопшти Лапе, по обезбедување нови докази, истрагата е проширена за две ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција во Владата порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на државата и еден од клучните столбови на македонската надворешна политика, нагласувајќи дека европската интеграција бара сериозност, одговорност и национален консензус околу најважните државни прашања. – Но исто така, мора да бидеме искрени и кон себе и кон ...

Кинескиот претседател Си Џјинпинг изјави дека очекува 2026 година да биде „историска и значајна“ за односите меѓу Кина и САД, на почетокот од средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг. Како што пренесе Кинеската централна телевизија (ЦЦТВ), Си нагласил дека економските и трговските односи меѓу двете земји се „заемно корисни“ и позитивно го оценил напредокот во соработката со Вашингтон. Од своја страна, Трамп оценил дека ...

Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, и тоа, на пример, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да се ендоваскуларните или хируршките – ...

– ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, во врска со одлуката на Јавното обвинителство за запирање на истрагата околу набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Чучуљ укажа на потребата од поголема соработка меѓу двете институции, ДКСК и Обвинителството. – Не би ја коментирал одлуката на Јавното обвинителство за случајот со ...

Во семејниот дом во битолската населба Баир изутрината во 06:40 часот, убиена е А.В. (31 г.) од Битола. Од СВР Битола за МИА потврдија дека полициски службеници го привеле нејзиниот сопруг А.Р. (33 г.) кој се сомничи за извршено убиство. – Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна ...

ПО ПОВОД 100-ОТ РОДЕНДЕН Познатиот британски натуралист и телевизиски водител сер Дејвид Атенборо го прослави својот 100-ти роденден, а меѓу многуте честитки се издвои онаа што му ја испрати компанијата „Лего“. Популарната компанија одлучи симболично да го промени правилото што со генерации стои на кутиите од нивните коцки – дека тие се наменети за деца и возрасни од четири до 99 години. Имено, обожавателите забележаа на социјалните мрежи ...

Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците на ...

Анализите на карпите донесени од астронаутите за време на програмата „Аполо“ на НАСА открија нешто неочекувано: Месечината е хемиски извонредно слична на Земјата, што е проблем за класичните модели на нејзиното формирање. Ако голем дел од лунарната маса е формиран од материјалот на астероидот Теја, тогаш Месечината треба да има различен хемиски состав. Повеќе од 50 години откако мисијата „Аполо 17“ ја напушти површината на Месечината, ...

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...

Американските филмови отсутни на „Канскиот филмски фестивал“ (1) Иако историјата на Кан е неразделно поврзана со историјата на американскиот филм, американските играни филмови што со нетрпение ги очекуваат љубителите на филмот се ретки оваа година. Причината за ова, како што објаснува париски „Ле монд“, е цела серија настани што го забавија бројот на проекти. Но, исто така, недостигот од интерес за авторски филмови и од холивудските студија и ...

Астрономите изненадени Најновото откритие на ледено тело со дијаметар од 500 километри ги оспорува претходните претпоставки за атмосферата околу астероидот. Астрономите открија нов леден објект зад Нептун, кој, и покрај својата големина, има атмосфера, а откритието би можело да го промени нашето сегашно разбирање за малите ледени тела во надворешните делови на нашиот систем. Објектот со официјално име (612533) 2002 XV93 веќе е наречен „мини ...

Американскиот стартап „Лунар аутпост“ ја заврши својата втора рунда продажби на акции оваа недела, собирајќи 30 милиони долари, кои ќе го забрзаат развојот на ново лунарно возило, објави извршниот директор на компанијата, истакнувајќи го скокот на интересот на инвеститорите за инвестирање во проекти поврзани со лунарната мисија. „Лунар аутпост“, со седиште во Денвер, Колорадо, развива лунарно возило наречено Игл, натпреварувајќи се со два ...

На Универзитетот Пантеон Асас Сорбона, познатиот македонски писател Јордан Плевнеш, Претседател на Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА Скопје, одржа серија на предавања насловени „Слобода за историјата во глобалната драма на дигиталната епоха“. Тргнувајќи од меѓународното пледоаје на Француската Академија, формирано од познатите француски историчари Пијер Видал Наке и Пијер Нора во 2008 година, кон кое се приклучија над седум илјади ...

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол, пренесе МИА. Според досега објавените информации од обвинителството и ...

Во услови на глобални кризи, енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул. Божиновска се обрати на панелот „Energy and Economy in the Post-War World alongside War, Terror, Conflict and Forced Migration“, каде нагласи дека регионалната и ...

По најавеното американско повлекување од Германија, навалица на барања од Полска, Литванија, Летонија, Естонија и од Романија за воено присуство на САД Повеќе европски членки на НАТО сѐ погласно апелираат до САД за испраќање американски трупи на нивна територија, со цел да ја засилат безбедноста, при што главно станува збор за земји од источното крило на Северноатлантската алијанса, односно за оние што се најблиску до воените дејствија меѓу ...

Заминувањето на Кристијан Шмит од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина како повод Заминувањето на Кристијан Шмит од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина не е само дипломатска ротација. Тоа е политички сигнал дека меѓународната заедница повторно ја остава Босна и Херцеговина во состојба на полууправуван хаос, токму во момент кога државата се наоѓа во најдлабоката институционална и безбедносна криза по Дејтон. Шмит ...

Утрово во Битола, во семејна расправија и семејно насилство, убиена е жена на возраст од 31 година. Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува. Според првичните информации, осомничениот сопруг е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени понатамошни мерки. Од СВР Битола се очекува во текот на денот да биде објавено официјално соопштение со повеќе детали за случајот. Утрово во Битола, во семејна ...

Обединувањето на Вреди (Влен) продолжува, но на ново ниво… регионално, трансгранично, сеалбанско… Политичката коалиција Вреди деновиве во Скопје одржа конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, беше потврден на нивниот конгрес што се одржа изминатиов викенд во Македонската филхармонија. Симболично, Вреди во домот на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15