Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Нежниот глас е посилен од командата Многу сопственици користат нежен глас кога комуницираат со своите домашни миленици. Според експертите, животните не го препознаваат значењето на зборовите, туку ја разбираат емоционалната состојба означена од тонот на комуникацијата, што е многу важно за нив, бидејќи потоа откриваат какво е расположението. Истражувањата покажуваат дека кучињата анализираат зборови и интонација во различни делови од мозокот, ...
Многу луѓе тешко ја поднесуваат жештината. Температурата на воздухот не е клучна – комбинацијата на топлина и висока влажност може да биде многу поопасна. Научниците предупредуваат дека човечкото тело има граница на издржливост, а многумина се загрозени и пред да се достигне критичниот праг. Топлотните бранови го зголемуваат ризикот од проблеми со срцето, бубрезите и други здравствени проблеми, особено кај постарите и хронично болните. Со ...
Поранешниот министер за одбрана на Украина, Михајло Федоров, повикува на претседателски избори Неодамна разрешениот поранешен министер за одбрана на Украина, Михајло Федоров, повика на претседателски избори во најдиректниот политички предизвик кон Володимир Зеленски од почетокот на војната против Русија во 2022 година. Федоров (35), чие ненадејно разрешување минатиот месец предизвика бран протести во земјата, во видеообраќање објавено во ...
Европска слика за пазарот на трудот Додека вештачката интелигенција ја преобликува дебатата за иднината на работата и ги разгорува стравувањата од автоматизација, европскиот пазар на трудот испраќа една поинаква, речиси парадоксална порака. На континентот не му недостигаат само програмери, инженери за вештачка интелигенција и дигитални експерти. Недостигаат луѓе што поправаат, произведуваат, управуваат, возат, одржуваат и се грижат за ...
Повод: Превирањата во албанскиот политички кампус во Македонија Она што денес изгледа како уште една епизода од бескрајните пресметки во ДУИ можеби воопшто не е само партиска пресметка. Ахмети, Груби и Османи се имињата на актуелниот конфликт, но вистинската приказна всушност е многу поширока. Што се случува? Дали во албанскиот политички блок на Балканот започнува промена на генерацијата, на политичкиот модел и, пред сè, на геостратегиската ...
Tрилогија: Уредничка опсервација 1. Трендот на ретуширање на националната историја продолжува и внатреинституционално?! Работната група во Општина Тетово веќе утврди 74 предлог-имиња за улиците, меѓу кои личности од албанската и македонската историја, култура и спорт. Процесот следува откако Уставниот суд ја укина одлуката од 2007 година за претходното преименување на повеќе тетовски улици за кои утврди спротивност со Уставот. За ...
Во изминатото деноноќие, до 7.30 часот, во земјава се регистрирани вкупно 35 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Активни се пожарите во: Општина Прилеп: кај селото Чаниште, со краци кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и крак кон Црна Река. Гори ниска вегетација. Општина Студеничани: на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Општина Македонски Брод: во ...
Министерството за внатрешни работи информира дека е ставена во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс – „Безбеден град“, што во оваа фаза е наменета за странските државјани – сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички. Странските државјани преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 39 ...
Од вчера почна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму појаснуваат дека поголемиот број возила кои денес се појавуваат на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој ...
Додека Франција и Шпанија се борат со разорни шумски пожари, научниците предупредуваат дека еден неочекуван сојузник – дабарот – би можел да игра важна улога во заштитата. Екстремните топлотни бранови и недостигот од врнежи од дожд во последните недели предизвикаа големи пожари во делови од овие земји. Стотици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови, а десетици илјади хектари земја беа изгорени. Затоа, Европската комисија активираше ...
Чест ми е што денеска сум меѓу Македонците од Мала Преспа, која е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но, не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност, објави попладнево на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, што се одржува денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ...
Според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, ...
Во Грција во текот на една седмица се регистрирани 47 нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, а починале четири лица, покажуваат најновите податоци на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), пренесе МИА. Од почетокот на сезоната, во земјата се потврдени вкупно 157 домашни случаи, додека бројот на починати достигна 13 лица. Сите починати биле постари од 65 години, со просечна возраст од 82 години. Најголем дел од ...
Размената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешка во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, биле во фокусот на денешниот семинар „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства и добри практики со Чешката Република“. Семинарот, организиран од Министерството за дигитална трансформација, со поздравни обраќања го отвориле ресорниот министер Стефан Андоновски и чешкиот ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави драстично засилување на економскиот притисок врз Иран, заканувајќи се со „економска војна“ и изолација на Техеран во досега невидени размери. Најавата доаѓа во услови на застој во преговорите меѓу САД и Иран. Трамп преку својата платформа „Трут соушл“ порача дека Иран не ја искористил можноста за постигнување договор, иако, како што наведе, од американска страна му била дадена голема можност за ...
Доктор Даница Стевковска е нов државен секретар во Министерството за здравство, информираше попладнево министерот Сашо Клековски. – Имам чест и задоволство да ја именувам д-р Даница Стевковска за државен секретар во Министерството за здравство. Стевковска е доктор на стоматологија, од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По повеќе години работа како стоматолог од 2015 година е дел од Министерството за здравство, каде што досега ...
Безбедна и со добар квалитет е водата на скопската територија, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Информацијата попладнево ја сподели јавното претпријатие на Фејсбук. – Во текот на денов од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 42 примерока од водоводната мрежа на град Скопје од кои четири примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец – ...
Околу напуштените куќи во селата или викендички што ретко се користат сопствениците да направат противпожарни пресеки, широки по десетина метри во зависност од околната вегетација, апелираше раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според него, во борбата со пожарите, кои, рече, во иднина ќе ги има сè почесто поради глобалното затоплување и сушите, фокусот ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Куршумлија изјави дека српските вооружени сили наскоро ќе располагаат со 40 борбени авиони, оценувајќи дека состојбата на српската воена авијација денес е неспоредливо подобра во споредба со периодот пред 12 или 13 години. За време на посетата на фабриката „Јумко“ во Куршумлија, Вучиќ се присети на периодот кога бил министер за одбрана и кога српските вооружени сили располагале само со ...
Наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот беа во фокусот на испитувањето на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесува МИА. Професорот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски, во својство на вешто лице одговараше на прашања на одбраната на првообвинетиот Дејан ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата. На отворањето се обрати и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници, соопшти ОЈО. – Предметот беше ...
Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска се одржува во Конгресниот центар во ...
СДСМ нема да биде алиби на власта за предвремени парламентарни избори – изјави денеска лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. – Ние нема да бидеме алиби. Избори нека закаже премиерот кој има двотретинско мнозинство. Апсолутна власт на секое ниво претседателката, извршната власт, Собранието, мнозинството во општините, централна и локална власт… Може да направи избори кога сака. Избори ќе има кога ќе снема пари за коруптивните ...
Летото е период кога сакаме да си го олесниме секојдневието, а токму тогаш и финансиските одлуки можат да бидат едноставни и достапни од каде било. Со Онлајн депозитот на Шпаркасе Банка, клиентите можат да ги орочат своите средства директно преку мобилната апликација S-Banka, без посета на експозитура и без непотребна документација. Во моментов, за нови Онлајн депозити, Шпаркасе Банка нуди фиксни каматни стапки до 3,80 % за денарско и до 3,00 ...
Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. – По ...
Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно ...
Пожарот кај селото Чаниште во Мариово сè уште е активен и е проширен во неколку краци. Во справувањето со огнената стихија се мобилизирани противпожарни екипи, но и припадници на Армијата. Огнот зафаќа поголема површина од подрачјето кај село Чаниште кон Крушевица и Лопатица, како и кон реката Црна. Станува збор за еден од најголемите пожари досега, во чие гаснење се вклучени повеќе пожарникари, месното население, Дирекцијата за заштита и ...