Денеска завршува учебната 2025/2026 година. Година која беше подобра од претходната и во која воведовме многубројни новини во воспитно-образовниот процес во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на ...

Засилена дипломатска активност на Париз кон Пекинг во пресрет на самитот во Евијан Францускиот претседател Емануел Макрон се очекува да организира видеоповик меѓу земјите од Г7 и Кина, со цел да се дискутира за важни економски прашања, што сигнализира заземање помирувачки пристап на групата земји Г7 кон Кина во однос на претходните конфронтирачки ставови. Четворица претставници од три земји од Г7 во изјава за „Политико“ кажаа дека повикот ќе ...

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 13 лица во рамки на акција насочена кон сузбивање на нелегалното поседување оружје, при што беа извршени претреси на 16 локации во Калесија, Живинице, Братунац, Шековиќи и Осмаци. Акцијата ја реализираа припадници на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Српска, под надзор на Кантоналното обвинителство. При претресите ...

Нова геополитичка динамика за Западен Балкан со децентрализација на евроинтеграциите По самитот меѓу Европската Унија и Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, станува повеќе од јасно дека процесот на проширување на Европската Унија доживува радикална трансформација. Констатацијата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека и ЕУ потфрлила во делот на проширувањето е доволен доказ дека, во новите геополитички моменти, Унијата сака проширувањето да ...

Фестивалот на Југоисточна Европа, SEE FF 2026, годинава го имаше своето 16-то издание во Париз, 11-то во Берлин, а по шести пат и во главниот град на САД, Вашингтон. Овој фестивал, за кого пишувале голем број светски медиуми, е вистински прозорец за кинематографиите на Југоисточна Европа и афирмација на плејада филмски творци од регионот. Овогодишната богата програма од играни, документарни, кратки и анимирани филмови предизвика голем интерес ...

Овие два текста претставуваат тематска целина посветена на актуелните македонско-бугарски спорови поврзани со уставните измени и идентитетските прашања. Во првиот дел тежиштето е ставено врз историските и национално-идентитетските аргументи, додека вториот дел се занимава со политичките, демографските и геополитичките аспекти на темата. Заедно, тие нудат поширок авторски осврт на едно од најчувствителните прашања во современите односи меѓу ...

Концерт што ветува незаборавна синергија На денешната прес-конференција во Мака Бар во Скопје, легендарната македонска рок група Архангел официјално го најави големиот концерт „Срцевина“, кој ќе се одржи на 13 јуни на Стадионот на АРМ, како и новото студиско поглавје на бендот, по повеќе од две децении од последното дискографско издание. Концертот „Срцевина“ е замислен како средба на музиката и публиката во простор исполнет со енергија, ...

Три лица се повредени во инцидент што се случи во училиштето „Ко-оп Академи Блекли“ во Манчестер, при што полицијата приведе една ученичка, јавуваат британските медиуми. Според весникот „Манчестер Ивнинг Њуз“, повредените се здобиле со повреди кои одговараат на убоди од нож. Засега не е познат степенот на нивните повреди, но полицијата соопшти дека во моментов не се смета дека тие се сериозни. На местото на настанот интервенирале голем број ...

Пет лица се уапсени во рамките на полициската операција со кодно име „Бела ѕвезда“, која денеска беше спроведена на повеќе локации низ Косово со поддршка на Европол и на агенциите за спроведување на законот од Белгија, Франција и Холандија. Од Косовската полиција информираа дека операцијата била реализирана под надзор на Специјалното обвинителство на Косово и врз основа на наредби издадени од Основниот суд, а нејзиниот тек на терен го следеле ...

Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска седница на која како прва точка на предложениот дневен ред е Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Tреба да се изјаси и за потребата за носење на повеќе закони во прво читање и по скратена постапка, како и за Предлогот на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието. Интерпелацијата за министерот за земјоделство, ...

Македонскиот конзорциум за Украина – нов геоекономски момент што не смее да се пропушти (4) Додека европските држави веќе ги позиционираат своите компании за учество во реконструкцијата на Украина, за Македонија сè поактуелно станува прашањето каде реално може да го најде своето место во потенцијално најголемиот економски проект на Стариот Континент во 21 век, односно во обновата на разурнатата од војна држава што ќе следува по доаѓањето на ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја уважи жалбата на осомничениот С.Б. и ја прифати понудената гаранција, со што е укината мерката притвор што претходно му беше определена, пренесе МИА. Од Основниот кривичен суд информираат дека Советот постапувал по жалба со понудена гаранција против решение на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, на осомничениот му бил ...

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14.500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. ...

Како што парчињата град стануваат поголеми и потешки така расте и нивната разорна моќ при ударот. Климатологот Андреас Преин од швајцарскиот универзитет ЕТХ во Цирих предупредува дека помалиот град може сериозно да ги оштети земјоделските култури, но кога зрната ќе достигнат големина од околу пет сантиметри, тие може да предизвикаат голема штета на возилата, покривите, соларните панели и другата инфраструктура. Сончевите централи се особено ...

Патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички се запали попладнево додека било во движење на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека случајот бил пријавен во СВР Скопје во 17.56 часот. Според пријавата, возилото, кое е во сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека се движело по булеварот. На местото на настанот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита ...

Град Скопје ќе добие нова противпожарна станица во општина Аеродром, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на неговиот Фејсбук профил. Средствата за изградбата,како што напиша тој, во износ од 50 милиони денари, беа обезбедени преку ребаланс на буџетот на денешната седница на Советот на Град Скопје. – Новиот објект ќе се наоѓа во близина на Центарот за јавно здравје и ќе претставува сериозен исчекор кон подобра организација, побрза реакција ...

Фотографијата „Достижен бескрај” на авторот Ненад Рафајловски е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. – Перспектива кон главната купола и Пантократорската фреска на црквата Св. Димитриј, Марков манастир – вели Рафајловски. „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“. ...

Секоја недела во Европската Унија се открива нова, претходно непозната дрога, а бројот на супстанции што ги следат европските институции веќе надминува 1.050. Ова е наведено во најновиот извештај на Агенција на Европската Унија за дроги, презентиран денеска во Брисел. Во извештајот се предупредува на зголемен ризик од ширење на пазарот на дрога преку електронските цигари, како и на појавата на моќни синтетички опијати, пренесе МИА. Според ...

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура. Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското законодавство. ...

Бројот на загинати во силниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени, кој синоќа ги погоди јужните делови на Филипини, се искачи на 37 лица, додека речиси 500 луѓе се повредени, а најмалку четворица сè уште се водат како исчезнати. Според податоците на националните служби за справување со катастрофи, најголем број жртви има во провинцијата Сарангани, каде загинале 18 лица. Во Џенерал Сантос, градот што беше најсилно погоден од потресот, ...

ШИРОКА АВСТРИСКА АНКЕТА ЗА НОВАТА ЕВРОПСКА ПЕРЦЕПЦИЈА НА СВЕТОТ КУС ВОВЕДЕН ПРЕСЕК НА ОБЕМНА АНКЕТА ШТО ГО РАЗНИША ЗАПАДНИОТ КОНСЕНЗУС: Вкупно 37 отсто од Австријците ги сметаат САД за најголема закана за светскиот мир. Само 22 отсто ја посочуваат Русија како главна глобална опасност. Дури 75 отсто имаат негативен став кон Америка. Бројот на „многу негативни“ ставови е двојно поголем отколку пред две години. Само 4 отсто ја гледаат Кина како ...

СВР Битола информира дека во битолската полиција било пријавено дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело. Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека се работи за 66 годишник од Битола, за кој на 2 јуни во СВР Битола негов роднина пријавил дека се оддалечил од домот. Лекар од Итната медицинска помош Битола констатирал ...

Денес е четврт ден од 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Вечерва публиката ќе има можност од 19.00 часот на сцената од ЦК „Марко Цепенков“ во официјална конкуренција да ја проследи претставата „Амадеус“ на Турскиот театар. Претходно во 17 часот ќе се одржи научната трибина „Помеѓу отворениот дијалог и удобниот молк: театарот и општеството“. Од 21 ч. на Сцена 105 ќе биде изведена придружната претстава од независната продукција ...

Женското тело испраќа сигнали со години Женското тело се менува во текот на целиот живот, а првите знаци на промена често се испраќаат долго пред жените да ги поврзат со хормони или стареење. Замор што не исчезнува, промени во расположението, чувствителност на интимната зона или знаци на исцрпеност на кожата може да бидат сигнал дека на телото му е потребно поголемо внимание. Важно е навреме да препознаеме што се обидува да ни каже телото и ...

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас. Претседателот Гаши истакна дека Европската Унија за граѓаните на нашата држава не е само политички и економски блок, туку таа претставува посветеност на вредностите како демократија, владеење на правото, човекови права и солидарноста. Тој потенцираше дека покрај тоа што нашиот европски пат е тежок и ...

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година – соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ АД Скопје, адвокатот Горан Николоски, пренесе МИА. Според него, со правосилната пресуда судовите ги прифатиле трите клучни аргументи на М-НАВ дека ...

Министерството за внатрешни работи доби нови возила и специјализирана опрема наменети за зајакнување на капацитетите во борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, во рамки на регионалниот ИПА проект „EU4FAST“. На церемонијата за примопредавање, министерот Панче Тошковски истакна дека поддршката од Европска Унија претставува значаен придонес за модернизација на полициските служби и унапредување на нивната оперативна ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата работи посветено на реализација на стратешките цели поврзани со развојот на државата и нејзината евроинтеграција, нагласувајќи дека приоритет остануваат заштитата на државните интереси и градењето добрососедски односи. Одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од најавените средби на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со ...

Владата во моментов е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на Факултетот за медицински науки и Студентскиот дом во Штип, како и за болниците во Кичево и Тетово. Додека течат постапките за овие проекти, Владата веќе размислува и за изградба на нов модерен Клинички центар во Скопје, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за корекција на цените на нафтените деривати, со која од полноќ бензините ќе поевтинат, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат, пренесе МИА. Според одлуката, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 денари по литар и од утре ќе изнесува 86,00 денари. За ист износ поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98, чија нова цена ќе биде 88,00 денари за ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Калај

53.60

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54