Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешкоповредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа. – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу ...
Голем пожар повторно избувна и беснее на територијата на општина Штип, каде во моментов се одвива сериозна спасувачка операција. На терен веќе е активиран и дејствува еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за да го локализира огнот од воздух, соопшти Стојанче Ангелов. Според првичните информации кои ги соопшти Ангелов, во пожарот има и едно повредено лице, кое е сопственик на викендица во зафатениот регион. Голем ...
Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере во Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК, посочуваат дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и ...
Две лица загинале, а едно било тешко повредено во тешка сообраќајка на новиот експресен пат Прилеп – Градско пред клучката за Кавадарци, потврдија за МИА од Брза помош Кавадарци и Територијалната противпожарна единица, кои интервенирале на лице место. Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци, појасни за МИА дека директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко ...
Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk, потсетува Министерството за образование и наука. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...
Обвинителството на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска во судницата во „Идризово“ презентираше докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, кои се однесуваа на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и обезбедувње, дозвола за работа, листа на вработени, како и доказен материјал обезбеден ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема нови барања од Бугарија за деблокада на интеграцијата на државата во ЕУ истакнувајќи дека тие барања се уште од 2022 година и оти, како што наведе, чекале три години да ги слушнат цела Европа и светот, како и граѓаните што биле жртви на манипулативната политика на поединци. Останува оптимист и посочува дека разговараното на неговата средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускиoт ...
Најдобро и најевтино ќе биде новиот клинички центар да се направи близу ГОБ 8 Септември, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу, кој имаше брифинг, а потоа даде и изјава за медиумите, по повод една година откако е на министерската функција. Но, тој смета дека не е грешка да се инвестира и во местото каде што сега се наоѓа Клиничкиот центар Мајка Тереза, со оглед на тоа што дури и веднаш да почне да се прави, ќе бидат потребни ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава. Сите три воздухоплови, вели тој, се сервисирани навреме, како и воените возила што минатата година беа пренаменети за справување со пожари. Со заклучок на Владата од 1 јули ќе се воведе забрана за движење низ шумите, а општините ги проверуваат капацитетите и евентуаните ризични локации. Мицкоски, денеска во одговор на новинарско ...
Европската комисија предупредува дека проектот поврзан со Џаред Кушнер би можел да ја стави Албанија во судир со еколошките правила на ЕУ, загрозувајќи ја нејзината способност да го затвори зеленото Поглавје 27 во преговорите за пристапување Европската комисија ја предупреди официјална Тирана против дејства што можат да влијаат на нејзиниот пат кон пристапување кон Европската Унија, во услови на тековни национални протести во Албанија поради ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе ги почне разговорите за најавената реконструкција на Владата, која, потенцира денеска во изјава за медиуми, влегува во втората половина на мандатот и политички умно е да биде подготвена на секакви сценарија, како што се и предвремени парламентарни избори. – За брзо време веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали ...
Европската тројка (Е3) претстави мировен план за Украина Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија од неформалниот европски безбедносен сојуз Е3 поставија пет услови за постигнување, според нив, „праведен и траен“ договор за прекин на војната во Украина, по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон. Но меѓу аналитичарите и медиумите преовладува мислење дека предвидените услови се нереални и оти и самите нивни ...
Во април годинава во земјава се евидентирани 97.358 туристи кои оствариле 174.649 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 20,5 % се домашни, а 79,5 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број ноќевања, 26,8 % се од домашните туристи, а 73,2 % од странски. Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3,5 %. Кај домашните ...
Во април годинава издадени се 291 одобрение за градење, што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одбренија за градење, 83, издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4. 577. 429. ...
Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион. Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на ...
Инвестицијата на германската компанија „Хајделбергер Друкмашинен“ во технолошко-индустриските развојни зони влегува во напредна фаза, а активностите за нејзина реализација се интензивираат, соопшти Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), пренесе МИА. Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, остварил средба со претставници на компанијата, на која бил разгледан текот на инвестицискиот проект, кој веќе се наоѓа во напредна фаза на ...
Условите во спортската сала во Општина Кисела Вода се навистина светски, европски, можеби најсовремени од ваков тип во државата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на спортската сала „Расадник“ во општина Кисела Вода, објект кој, според него, поставува нови стандарди во спортската инфраструктура во земјата. Мицкоски истакна дека салата, со капацитет од околу 1.000 гледачи, нуди услови кои се споредливи со европските и ...
Изминатата година поставена е нова насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара, се наведува министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на министерската функција. – Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и ...
Со изведување материјални докази од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и на преземени и непреземени ...
Ракометарите на Охрид се победници во Европскиот куп сезона 2025/26. До историскио тпрв трофеј на европската сцена, ГРК Охрид дојде по две победи во финалните пресметки со унгарска Татабања. По минималната победа (29:28) на гостински терен минатата недела, охриѓани вечерва во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 (полувреме 12:11). И минатата сезона трофејот во третото по квалитет клупско европско ракометно ...
Презентирана платформата АРБУ за рангирање на балканските универзитети Презентацијата на АРБУ ја отвори дебатата за рангирањето на македонските универзитети, нивната научна продуктивност и потребата од системски реформи за поголема конкурентност во регионот Во македонската Стопанска комора вчера се одржа значаен настан посветен на состојбата и иднината на високото образование во земјата и регионот. Презентацијата на платформата АРБУ (Academic ...
Лауреатите на „Војдан Чернодрински“: Атила Клинче, Веби Ќерими, Љубомир Чадиковски и Сашо Миленковски МТФ „Војдан Чернодрински“ на достоен начин, со доделување на наградите за животно дело, им се оддолжи на четворица творци што неуморно низ годините даваа придонес за развојот не само на театарот во Македонија туку и на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Годинашни лауреати се актерите Атила Клинче и Веби Ќерими, театарскиот деец Љубомир ...
Трилер Сонцето падна на запад и запурнината попушти. Босовите се ослободија од шамичињата со кои постојано си ја бришеа потта од лицето. Расположението беше на завидно ниво. – Предлагам да се напиеме уште по едно кафе, а потоа да продолжиме – рече Кавалканте. – Ама мене ми е доста едно – се јави Вилароса. – Секому според желбите – ги утеши домаќинот. Откако здивнаа, дон Фето погледна во дон Кабузо. Дебелиот нервозно се промрда во столот оти ...
„Титов Врв скајрејс 2026“ Попова Шапка и годинава ќе биде центар на екстремниот планински спорт, каде што на осмото издание на „Титов Врв скајрејс“ ќе се соберат домашни и меѓународни натпреварувачи подготвени да ги поместат границите на издржливоста низ врвовите, падините, величествените беспаќа на Шар Планина. На 21 јуни на Попова Шапка во националниот парк Шар Планина ќе се одржи осмото издание на „Титов Врв скајрејс“, во организација на ...
Петтото издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија. На денешната прес конференција за деталите, програмата, гостите и новитетите информираа директорот на фестивалот, Јани Бојаџи, селекторот, Златко Гелески и извршниот директор, Дејан Милошевски. -Оваа година по петти пат фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ останува доследен на тоа да е ...
Истовремена изградба на шест автопатски делници во државава во текот на втората половина од годинава, најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево-Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево-Охрид, а се работи и на ...
Водата како стратешко прашање меѓу европските стандарди и домашните предизвици Водата сè повеќе излегува од рамките на класично еколошко прашање и се наметнува како стратешки ресурс од суштинско значење за економскиот развој, јавното здравје и националната безбедност. Во услови на климатски промени, зголемена урбанизација и растечки притисок врз природните ресурси, прашањето за управувањето со водите станува дел од пошироката дебата за ...
Од наш агол Македонија и Македонците не се само теоретски пример во учебник по меѓународно право и меѓународни односи и дипломатија за идентитетско деноминирање, денационализација и асимилација од страна на посилни држави и народи.Тие се повеќе од тоа! Имено, Македонците се живи сведоци на една долготрајна политика на негирање, оспорување и редефинирање на нивниот национален идентитет, јазик и историско наследство. Особено по влезот на ...
Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев, јави БТА. – Како што веќе знаете, владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина – изјави Радев на почетокот на редовната владина седница. – Веќе дадовме доволно, нашата земја продолжува да трпи социјално-економски штети од оваа крвава војна. Убедени сме дека постигнувањето мирно решение ...
Првата бугарска комеморативна монета од две евра, која требаше да го одбележи влезот на земјата во еврозоната, се претвори во предмет на дипломатска и историска полемика. Монетата посветена на кирилицата не доби зелено светло откако една земја-членка на ЕУ поднела приговор на нејзиниот дизајн, додека европските институции засега не откриваат ниту која држава се спротивставила, ниту што точно е спорно во предложеното решение. Според достапните ...