Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и спроведувањето на предвидените реформи. – Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи – напиша Мицкоски на Фејсбук. Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес ...
Борбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот, порача министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, каде што учествуваше на панелот посветен на борбата против корупцијата. Како што соопшти Министерството за правда, Шасивари нагласи дека владеењето на правото и ...
Во ОО на Сојузот на борци на НОАФБМ Прилеп се одбележаа 85 години од создавањето на партизанската химна „А бре Македонче“. Историчарот Рубинчо Белчески, претседател на Сојузот на борци и граѓани поддржувачи, низ текст и видео презентација посочи дека песната ,,пее” за слобода, борба, еднаквост, правда, за човечките подвизи, за затворските мачења, за тешкиот живот и дека е создадена во период од 23 октомври до 8 ноември 1941 година, во ...
Елена Ончевска Агер и Метју Агер, автори на „Телото ми кажа“ „Телото ми кажа“ од Елена Ончевска Агер, со илустрации на Метју Агер, е издание на „Артконект“, наменето за деца над четири години. Промоцијата на книгата е закажана за 14 ноември, од 18 часот, во „Аудиокултура“. За книгата ќе зборуваат писателите и универзитетски професори Владимир Мартиновски и Калина Малеска. Елена Ончевска Агер е универзитетска професорка по методика на настава, ...
САМО ТРИ СТОЛА НА МАСАТА НА КОЈА СЕ КРОИ НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК, ЕВРОПА ВО ЧЕКАЛНИЦАТА Седум децении по Јалта, светот повторно се соочува со геополитички момент во кој тројца лидери би можеле да ги исцртаат контурите на идниот меѓународен поредок. СВЕТОТ ПОВТОРНО СЕ ДЕЛИ, НО ОВОЈ ПАТ ЕВРОПА НЕ Е НА МАСАТА Потенцијалната средба на Владимир Путин, Доналд Трамп и Си Џинпинг во кинескиот град Шенжен, на маргините на самитот на АПЕК, отвора ...
Остра распродажба на акции го одбележа вчерашното тргување на светските берзи, при што најголеми загуби претрпеа компаниите поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Со падот беше избришана добивката што американскиот пазар на акции ја оствари претходниот ден, кога забележа најголем раст во последните три месеци. Индексот СиП 500 на Волстрит падна за 4,4 проценти, што претставува негов најлош дневен резултат од ...
Разговори за безбедноста на Блискиот Исток и за изградба на гасовод Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Кремљ се сретна со Мохсен Резаи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Според иранската државна телевизија, Резаи му пренел на Путин порака од врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. Содржината на пораката не беше објавена. По средбата, Резаи изјави дека разговарале за безбедноста на Блискиот Исток по ...
Лажните бомби како ново оружје за дестабилизација на општествата Од авиосообраќајот до медиумите, лансирана тактика на предизвикување паника и страв Според информациите објавени денеска, биле регистрирани најмалку 18 пријави за експлозивни направи во авиони, додека во Република Ирска биле евакуирани редакциите на „Ајриш индипендент“, „РТЕ“ и „Њузток“. Во Прага, Данска и Франција, исто така, биле регистрирани нови безбедносни аларми. ...
Европското јавно обвинителство (ЕППО) покрена втора истрага за сомневање за измама со средства од Европската Унија, девет дена по железничката несреќа во Шпанија во која загинаа 69 лица. Делувајќи во име на телото на ЕУ, шпанската полиција ги испита документите во железничкиот оператор „АДИФ“, Државната агенција за железничка безбедност (AESF) и Шпанскиот суд за ревизија во Мадрид, соопшти обвинителството на ЕУ денеска во Луксембург. Новата ...
Извозот на стоки од Македонија во периодот од јануари до септември 2026 година достигнал 6,62 милијарди евра, што претставува раст од 10,8 проценти во однос на истиот период минатата година. Во меѓувреме, увозот се зголемил за 7,9 проценти и достигнал 9,18 милијарди евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во првите девет месеци од годината е забележан трговски дефицит од околу 2,56 милијарди евра. Во структурата на ...
Енергетскиот сектор во Македонија бележи напредок во повеќе области, вклучително и зголемување на капацитетите од обновливи извори, реформи на пазарот на електрична енергија, изградба на нови интерконектори и усогласување со европската регулатива. Ова е наведено во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2026 година, во кој се издвоени реализираните активности, законските промени и инфраструктурните проекти во ...
Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош, информираше гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското ...
Денеска во Скопје се одржа 13. Ерсте инвеститорски појадок, традиционален настан во организација на Шпаркасе Банка АД Скопје и Ерсте групацијата, кој повторно ги обедини претставниците на институциите, финансиските експерти, економските аналитичари и инвеститорската заедница. Настанот претставува платформа за размена на знаења, анализи и перспективи за актуелните економски движења, финансиските пазари и инвестициските можности. И годинава, ...
Исплатата на пензиите и социјалната помош останува приоритет во активностите на Народната банка, а пензионерите кои примаат средства преку Алта банка немаат причина за загриженост. Ова беше порачано на денешната средба меѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, и претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова. На ...
На 556 пензионери кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички, денеска им се исплатени средства од „АЛТА банка“ АД Битола, во филијалата во Битола, иако според првичниот план се очекуваа околу 400 исплати, соопшти Народната банка. – Исплатата на средствата се одвиваше во најдобар ред. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите беа услужени сите граѓаните кои немаат оставено ...
За Владата и Министерството за финансии остануваат клучни приоритети водењето одговорна фискална политика, со постепена фискална консолидација, одржување на макроекономската стабилност, поттикнување на инвестициите и обезбедување долгорочна одржливост на јавните финансии. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќање на 13. издание на „Ерсте Инвесторс Брекфаст“ (Erste Investors Breakfast), што во организација ...
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека сите штедачи и доверители на „Алта банка“ Македонија ќе бидат обесштетени до последниот цент, дури и доколку банката влезе во стечај. Тој денеска, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас, рече дека постојат две можни сценарија за банката: да се најде купувач што ќе ја консолидира или, доколку тоа не успее, да се отвори стечајна постапка. ...
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат понеделник, 9 ноември. За време на спроведувањето на активностите, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на министерскиот состанок на Иницијативата за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), во Загреб, на кој министрите од регионот и претставниците на европските институции разговарале за енергетската безбедност, регионалното поврзување и иднината на европскиот енергетски пазар. – Енергетската безбедност и диверзификацијата ...
Реформата на јавната администрација добива конкретна институционална и законска основа, а напредокот е препознаен и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев на третиот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година, што се одржа во Куманово за службениците од Североисточниот регион. Минчев нагласи дека граѓаните ги оценуваат институциите според ...
Основниот кривичен суд Скопје определи притвор до 30 дена за две лица, куќен притвор за едно лице и мерки за претпазливост за уште едно лице, опфатени со истрагата за злосторничко здружување, перење пари и изнуда во Куманово, пренесе МИА. Како што информираат од Судот, судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по сослушувањето на осомничените во ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изрази загриженост поради појавите на врсничко насилство во земјава, нагласувајќи дека, и покрај преземените институционални мерки и кампањи, сè уште се забележуваат загрижувачки состојби, пренесе МИА. Јаневска посочи дека Министерството за образование и наука има изработено прирачници за училиштата, воспоставен систем за постапување при врсничко насилство и организирано бројни обуки за ...
Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјата нотира позитивни движења во макроекономските показатели, како и напредок во управувањето со јавните финансии, спроведувањето на Законот за буџети и зајакнувањето на системите за финансиска контрола, информираат од Министерството за финансии, пренесе МИА. Според Министерството, Извештајот посочува дека економскиот раст се забрзал во 2025 година, поттикнат од силните инвестиции и ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека образованието бележи значителен напредок, кој е препознаен и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Таа истакна дека пред две и пол години приоритет било запирањето на, како што рече, слободниот пад на образованието, пренесе МИА. -Пред две и пол години реков дека треба да го запреме слободниот пад на образованието, затоа што тоа беше реална ситуација. Тоа го ...
Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува нов модел на распределба на државната финансиска поддршка. Новиот пристап ги опфаќа социјалните потреби на студентите, академскиот успех, но и образованието на кадар во области од стратешко значење за државата. Од вкупниот број стипендии, 1.200 се наменети за социјална поддршка. Во оваа ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан. Амбасадорот ...
Камениот мост во центарот на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое вечерва свечено беше пуштено во употреба. На настанот присуствуваа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Како што информираше Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук, на свеченоста присуствувале и турскиот амбасадор во земјава, Алпер Акташ, извршниот директор на Халк банка, Фатих ...
Европската полемика, размената на мислења и… балканските недоразбирања Отворените прашања меѓу две држави секогаш треба да се решаваат со искрен и директен пристап, без задни намери, политички калкулации и обиди едната страна да ја наметне својата волја врз другата. Особено кога станува збор за соседни земји, кои по природата на нештата се упатени едни на други, недоразбирањата треба да се надминуваат преку разговори, меѓусебно уважување и ...
Новинарска опсервација За Македонија најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) има и една дополнителна димензија. Имено, Македонија како земја што со години ја врзува својата стратешка иднина за европската интеграција има интерес Европската Унија да биде стабилен, предвидлив и политички релевантен актер. Но европската перспектива не треба да се гради врз идеализирана претстава за Брисел како „институционален центар што секогаш точно знае ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти новиот врховен лидер на Иран, ајатолах Мојтаба Хамнеи, е мртов, туку дека е „многу сериозно ранет“, објави „Ју-ес тудеј“. Изјавата ја даде во интервју со радио водителот Глен Бек на 26 август, реагирајќи на напис на „Д Атлантик“ (The Atlantic) во кој се наведува дека во Техеран кружат шпекулации за смртта на Хамнеи. Според тој медиум, неименувани извори блиски до иранската власт ...