Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Русија и Кина претставуваат стабилизирачки фактор во меѓународните односи и заеднички работат на спречување на глобална криза, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува „Риа Новости“, повикувајќи се на нејзина изјава дадена за радио „Спутник“. – Нашите две земји се стабилизирачки фактор во меѓународните односи – рекла Захарова. Според неа, Русија и Кина, како држави со значајни територии, ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за дополнително намалување на цените на горивата во текот на следната недела, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со мерките за задржување на пониски даноци. Тој истакна дека цените на дериватите се утврдуваат согласно законска формула и движењата на светските берзи. – Очекувам дека најмалку ќе останат сегашните цени, а можно е и дополнително намалување веќе од понеделник – изјави Мицкоски. Како ...
Драго ми е што после подолго време доаѓаат добри вести за Македонска пошта. Да потсетам, ова беше институција од која што предходната влада беше откажана. Ова беше институција за која што се спремаа физибилити студии за продажба и за приватизација. Како резултат на тоа, претходниот генерален секретар на владата беше правосилно осуден, а за други се водат судски постапки, изјави на денешниот настан, вицепремиерот и министер за транспорт ...
Русија е подготвена да го надомести недостигот на енергенси кај Кина предизвикан од војната со Иран и нарушувањата во Ормуската Теснина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „Ал Џазира“. Изјавата доаѓа во време кога глобалните енергетски текови се под силен притисок поради блокадата на една од најважните поморски рути за транспорт на нафта и гас. – Русија може да ги компензира енергетските недостатоци што се ...
Водата станува сѐ позначаен ресурс: Војната во Иран и војната во Украина го менуваат вообичаениот тек на движење на стоката и на услугите, но, дополнително, војувањето на Блискиот Исток удира силно и врз цените на нафтените деривати, што сигурно ќе се одрази врз светската економија и врз животниот стандард на луѓето низ светот. И додека најголем дел од фокусот на јавноста е свртен кон цените на нафтата и поскапувањата што доаѓаат, некои од ...
Набавката на 100 нови возила за потребите на „Македонска пошта“ претставува почеток на модернизација на системот кој, како што рече, со години функционирал со застарена опрема и намалена ефикасност, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција по повод набавката на новите возила. Тој посочи дека инвестицијата, реализирана преку Министерството за транспорт, е одговор на реалните потреби на институцијата, имајќи предвид ...
Поради скината цевка во сегмент од котел, термоелектраната Битола 3 е исклучена од електроенергетската мрежа. Од АД ЕСМ информираа дека термоблокот Битола 3 бил исклучен вчера во 18 часот, и преземени се активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на денов. Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот ...
Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030, стратешки документ кој ја поставува државата на пат кон енергетска трансформација, одржлив развој и усогласување со европските политики, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Планот е изработен по предлог на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и претставува клучен инструмент за модернизација на ...
Министерство за економија и труд на Македонија, во соработка со Државен пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на движењето на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажува минимални ценовни промени во периодот од 1 февруари до 1 април годинава. Според анализата, направена согласно заклучок од 162-та седница на Владата, во наведениот период е регистриран пораст на продажните цени од 0,43%, додека ...
ПОВОД: ЛАВРОВ ВО ПЕКИНГ СО АГЕНДА ШТО ГИ ПОКРИВА СВЕТСКИТЕ КРИЗИ – проектот „партнерство без граници“ на дело Посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Кина, со широка палета на теми за разговор – од војната во Украина до кризите на Блискиот Исток и глобалните економски и безбедносни формати – претставува практично олицетворение на партнерството без ограничувања меѓу Москва и Пекинг, прогласено во 2022 година ...
Никогаш докрај раскажани приказни Рубриката „Амаркорд“ излегуваше во списанието „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија од 2018 до 2022 година, во периодот кога на чело на ДПМ беше Соња Стојменска-Елзесер, а за ревијата се грижеше новата редакција, чии членови беа: Трајче Кацаров, како главен и одговорен уредник, и Виолета Танчева-Златева, Александра Јуруковска, Делвина Крлуку и јас, како членови. Концептот на оваа рубрика, ...
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари. Во рамки на набавката се обезбеденi креми кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со изгореници. Од иницијативата информираат дека набавката е ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сè уште не е утврден датум за посета на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Киев, јавува Киев пост. Тој нагласи дека е важно американските претставници да ја посетат Украина, особено по нивните повеќекратни посети на Москва. – Мислам дека е фер да дојдат кај нас, во Киев, бидејќи многупати биле во Москва. Важно е да се испрати сигнал до нашиот народ кој ја издржува ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран е „блиску до крај“ и дека Техеран силно сака да постигне договор за ставање крај на конфликтот, пренесува „Индипендент“. Во интервју за „Фокс бизнис“, Трамп истакнал дека Иран се наоѓа во тешка ситуација и дека неговата економија е сериозно погодена. – Ако сега се повлечам, ќе им требаат 20 години да ја обноват својата земја. Но, ние сè уште не сме завршиле. Ќе видиме што ќе ...
Велигден низ очите на големите мајстори Што имаат заедничко Џото, Фра Анџелико, Леонардо да Винчи, па дури и Салвадор Дали? Сите тие се враќале на една приказна одново и одново, приказна за љубов, предавство, храброст, загуба и надеж. Нарацијата за Велигден, без разлика дали ја знаете напамет или само во фрагменти, е една од најмоќните што се раскажани некогаш. А во рацете на уметниците таа станува нешто уште повеќе: визуелен јазик преку кој ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (15) Популацијата на кучиња во Македонија е хетерогена и се состои од функционално различни групи. Слободно движечките кучиња, кои се концентрирани околу депонии, периферии и напуштени индустриски зони, претставуваат популација формирана преку процеси на природна селекција во урбани услови. Овие кучиња се адаптирани на средини со нестабилни ресурси и нивното однесување, ...
Од 16 до 22 април во Битола и битолско, ќе се случи најновото, петто издание на Фестивалот на малата школа за краток филм. Станува збор за меѓународна соработка меѓу Франција и Македонија. Имено, здружението Аје Аје ВО/Фиф ( AYE AYE VO/FIF) секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули го организира Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, а во текот на целата година спроведува афирмација на кинематографијата кај младите, но и ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека примирјето меѓу САД и Иран засега се почитува, но нагласи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не се стреми кон краткорочно решение, туку кон сеопфатен договор со Техеран. – Во моментов примирјето се почитува – изјави Венс, додавајќи дека разговорите меѓу двете земји одржани викендов во Пакистан донеле „значителен напредок“, иако не е постигнат конечен договор. Како клучна ...
Нацрт-планот за парите од Европскиот фонд за конкурентност води кон нееднаквост во распределбата на финансиите за државите членки на ЕУ Според нацрт-измените на преговарачкиот текст за повеќегодишен финансиски рамковен договор до кој дојде истражувачкиот тим на реномираниот медиум „Еурактив“, се констатира дека „побогатите земји членки на Европската Унија би можеле да добијат предност во однос на посиромашните конкуренти во пристапот до ...
Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, порача дека улогата на институцијата не е само контрола, туку и заштита на системот, спречување на криминалот и обезбедување еднаква примена на законите за сите. Говорејќи на настанот во Филхармонија по повод 34 години од постоењето на Царинската управа, тој истакна дека институцијата претставува клучна линија на одбрана на државата и столб на економската сигурност. Николовски нагласи дека од ...
Водата во Струга во изворот Шум почна да се разбиструва, а се разбиструваат и (не)одговорностите на поединци и институции Проблемот со заматената вода за пиење во Струга, кој во изминатиот период ја вознемири јавноста, отвори многу подлабоки прашања, покрај оној основниот – квалитетот на водата. Наместо изолиран инцидент, случајот сè повеќе наликува на симптом на долгогодишен институционален пропуст, нефункционален систем на контрола и ...
Еврејска заедница во Република Македонија и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија денеска го одбележаа Јом Хашоа, комеморативниот ден посветен на жртвите од Холокаустот и сеќавањето на востанието во варшавското гето во 1943 година. Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, истакна дека денот претставува симбол на сеќавање на шесте милиони Евреи убиени во Холокаустот, како и на 7.144 македонски Евреи депортирани и убиени во ...
Министерство за правда на Македонија соопшти дека утре ќе достави барање до надлежните судови и обвинителства за прибирање на сите списи поврзани со предметите против поранешниот премиер Никола Груевски. По добивањето на целосната документација, институцијата ќе постапи согласно важечките законски прописи. Од Министерството потсетуваат дека барањето за екстрадиција на Груевски било поднесено во 2018 година и дополнето во 2019 година, но било ...
Македонија се најде на листата на дестинации што заслужуваат многу поголемо внимание од туристите, според „Си-ен-ен“, кој ја опиша земјата како „скриен бисер“ во Јужна Европа. Во рубриката за патувања, медиумот посочува дека, иако најголемиот дел од туристите традиционално се насочуваат кон Франција, Шпанија и Италија, Европа крие и помалку откриени, но исклучително вредни дестинации – меѓу кои се издвојува и Македонија. Македонија е ...
Повод: Анализата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за потрошувачката на вода во главниот град Официјалната информација и анализа на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за потрошувачката на вода во главниот град и околината не се само статистика. Тие се еден вид аларм. Но колку е тој навистина сериозен или, пак, таа тревога е превентивна и навремено предупредувачка? Имено, зголемувањето на потрошувачката на вода од 535 литри по жител ...
Семјуел Бекет е еден од најзначајните автори на 20 век, чија литература ги преобликува драмата и прозата преку минимализам, апсурд и егзистенцијална длабочина. Роден во Даблин во 1906 година, тој уште од младоста ја почувствувал тензијата меѓу ирската традиција и европската модерност. Најголем дел од животот минувајќи во Франција, Бекет пишувал и на англиски и на француски јазик, што му овозможило да создаде дела со двојна културна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека оштетениот нафтовод „Дружба“ ќе биде делумно повторно ставен во функција до крајот на април, при што нагласи дека е постигнат компромис, но не и целосна санација. На заедничката прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски истакна дека Украина се обврзала на итна поправка за да се овозможи проток на нафта, но дека системот нема да биде целосно обновен, ...
Повеќе од 10.000 американски војници, морнари, копнени сили и пилоти, учествуваат во операција за блокада на поморскиот сообраќај кон иранските пристаништа во Персиски Залив и Омански Залив, соопшти Централна команда на САД ЦЕНТКОМ (CENTCOM). Во операцијата се вклучени десетина воени бродови и десетици авиони, а според американската војска, во првите 24 часа ниту еден брод не ја прекршил блокадата. Шест трговски бродови, како што наведуваат, ...
Петер Маѓар, лидерот на партијата „Тиса“ што победи на парламентарните избори во неделата, соопшти дека разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на замрзнатите европски средства за Унгарија. Маѓар во статус на својот фејсбук-профил посочува дека во телефонскиот разговор била постигната согласност дека ослободувањето на средствата е еден од приоритетите, со цел граѓаните на Унгарија што поскоро ...
Собрание на Србија утре ќе одржи вонредна седница, на која главна точка на дневен ред ќе биде Предлогот за гласање недоверба на Владата, поднесен од 62 пратеници од опозициските партии, пренесе РТС. Иницијативата беше поднесена во средината на февруари од пратеници на повеќе опозициски субјекти, меѓу кои Народно движење на Србија, Партија за слобода и правда, СРЦЕ, движењето „Ние силата на народот“ предводено од Бранимир Несторовиќ, како и ...