На Македонија ѝ се потребни сериозни реформи. И Македонија е исправена пред нив. Реформската неопходност ја знаат, одобруваат и прифаќаат апсолутно сите општествени чинители во Македонија. И ако тоа е факт, тогаш барањето за предвремени избори во овој момент – не е решение. Тоа е бегство од решенијата. И уште полошо, тоа е легална политичка саботажа на реформскиот процес. „Коалиција на подготвените“ Деновиве повторно ја слушаме истата ...
Има момент кога трпението престанува да биде доблест и почнува да личи на навика. Македонија со години слуша дека европската иднина е блиску, дека вратата е отворена и дека треба уште една реформа, уште еден услов или уште една политичка отстапка. Затоа денес мора да се постави јасна теза: Македонија треба да продолжи кон Европската Унија, но не смее да ја условува сопствената иднина со туѓото одобрување. Европската интеграција може да биде ...

