Федерален судија нареди рации во Аргентинската фудбалска асоцијација (AFA) и група фудбалски клубови како дел од истрагата за можно перење пари, објавија локалните медиуми. Федералната полиција влезе во седиштето на AFA во Буенос Аирес во вторник наутро. Рациите се резултат на обвинувања за перење пари поврзани со финансиската компанија Sur Finanzas, објави дневниот весник La Nacion. Судијата нареди рации во повеќе од десетина фудбалски ...

Во текот на последната година, 67 новинари го загубиле животот при извршување на својата работа, при што повеќето од нив станале жртви на војни или криминални мрежи, соопшти денеска меѓународната организација за човекови права „Репортери без граници“ (Reporters Without Borders). Податоците, кои го покриваат периодот од декември минатата година до почетокот на декември оваа година, се слични на оние од претходниот период (2023-2024). Најопасни ...

Кина и Русија денес спроведоа заедничка воздушна патрола над Источнокинеското Море и западниот Тихи Океан, додека Јужна Кореја соопшти дека кинеските и руските авиони накратко влегле во зоната на нејзината воздушна одбрана. Во соопштението на кинеското министерство се додава дека патролата е извршена во согласност со годишниот план за соработка на кинеската и руската армија. Според официјалните информации, ова е десеттата стратешка воздушна ...

Руски воен транспортен авион „Ан-22“ се урна во областа Фурмановски во регионот Иваново, според првичните извештаи од руските медиуми. Несреќата се случила на 9 декември, а во неа учествувал тежок транспортен авион од типот „Ан-22 Антеј“, пишува Defense Blog. Во времето на несреќата, наводно, во авионот имало седум члена на екипажот. Ројтерс известува дека точниот број на лица во авионот не е познат, но додава дека сите загинале. РЕН ТВ ...

Австралија од утре ќе им забрани на лицата под 16 години пристап до социјалните медиуми, а тие мрежи ќе се соочат со казни доколку не се придржуваат до мерките. Десет од најголемите платформи добија наредба да ги блокираат децата од полноќ вечерва или да се соочат со казни до 49,5 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари) според новиот закон кој предизвика критики од големите технолошки компании и застапниците за слобода на ...

Микро, малите и средните компании се столбот на македонската економија и со соодветна поддршка можат да генерираат раст од пет до седум проценти, оцени претседателот на Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Горан Ѓорѓиевски на денешниот настан по повод одбележувањето на Денот на коморите под мотото „Економија и проекти – сегашност и иднина“. Ѓорѓиевски нагласи дека инфлацијата останува на ниво од околу ...

Средните скопски училишта добиваат нови и модерни спортски терени, се пофали денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, а од фотографиите во прилог, се гледа дека на веќе постоечки терени се поставува пластична подлога, наменета за игра на надворешни услови. – Горд сум кога нашата визија што ја градиме, полека добива своја форма, што ми дава уште поголема инспирација и мотив да продолжиме уште посилно. Со силна и јасна цел да ги мотивираме ...

Сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) повторно е блокиран од 17 часот, поради продолжениот штрајк на грчките земјоделци. Ова е втор прекин денеска, откако Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) претходно информираше дека преминот бил затворен од 11 часот, а нормализиран околу 15 часот. Според АМСМ, блокадите се случуваат во различни периоди од денот и веќе неколку дена ја попречуваат комуникацијата меѓу двете држави. Од ...

Прекинато водоснабдување утре од 7:30 часот ќе имаат корисниците од населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај во Општина Сарај, како и повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров. ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради дефект на затворач со пречник од Ф-350 мм на улицата „20“ во насела Сарај и ќе трае до негово ...

Изгледа доаѓа крајот за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Владата на денешната седница усвоила предлог за негово разрешување и ќе го достави до Собранието. Портпаролката на Владата, Марија Митева, попладнево во изјава за медиумите рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено стопирана за време на изборниот период. „Причините за ...

„Денес не видовме ништо од нашата правда. Ако не си го кажеме и нашето – толку ќе биде“. Со овие зборови мајка на едно од загинатите деца во Кочани ја опиша денешната расправа на Постојаната анкетната комисија на Собранието за трагедијата во „Пулс“, на која дојде целиот државен врв, се фотографираа и си заминаа бидејќи биле тука – за да слушаат. Не слушаше само пратеничката Иванка Василевска (ВМРО-ДПМНЕ), која само што почнаа побара еден час ...

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со кој го ослободи Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор во Македонија. Во документот објавен на порталот за правни акти пишува: „Да се ослободи Сергеј Александрович Баздникин од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“. Нема детали зошто е ослободен од должноста Баздникин. Баздникин (58) ја предводи амбасадата во Скопјe од 2018 ...

Башким Селими е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители (СЈОРМ), одлучи Советот на денешната седница. Селими досега ја извршуваше функцијата заменик претседател на Советот. За нов заменик претседател беше избрана Маријана Илиевска. Предлогот за избор на Селими беше поднесен од членот на Советот, Зорица Павловиќ и беше поддржан со осум гласови „за“ од вкупно 11 членови. При гласањето имаше три неважечки ливчиња. -Фала на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека со Велика Британија не било разговарано за прифаќање илегални мигранти, односно баратели на азил кои таму ќе бидат одбиени, истовремено обвинувајќи ја опозицијата во земјава дека присвојува тема која „природно“ ѝ припаѓала на ВМРО-ДПМНЕ. Тој исто така најави дека по урнекот на проектот „Сејф сити“ во Скопје, на ниво на државата ќе се спроведе сличен проект „„Сејф кантри“ кој ќе биде брана ...

По втор пат од летото, американскиот претседател Доналд Трамп го опиша Крим како територија „опкружена со океан од сите четири страни“ и повторно го нарече полуостровот „масивен“. Овој пат, тој зборуваше за Крим во интервју за „Политико“. „Знаете, јас сум агент за недвижности во душа, нели? Многу сум упатен во недвижностите. Секој пат кога ќе ја погледнам оваа мапа, велам: ‘О, Крим е толку прекрасен. Оуу. Опкружен е со океан од сите четири ...

Русија и Унгарија мора заедно да се спротивстават на надворешниот притисок, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по пристигнувањето денес во Москва за да учествува на состанокот на руско-унгарската меѓувладина комисија за економска соработка, објави ТАСС. Состаноците на меѓувладината комисија за економска соработка меѓу Русија и Унгарија се одржуваат секоја година, а домаќини се менуваат Москва и Будимпешта. Од руска ...

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, Министерството за образование и наука годинава исто така за прв пат ќе додели и 7 стипендии за втор и 5 стипендии за трет циклус на студиски програми за изучување на македонскиот јазик. Конкурсите се веќе објавени. За стипендија за втор циклус на студии чиј износ е 9.000 денари и се доделува 9 месеци ...

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање. Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“, базирано на наводи дека ...

Родителите на настраданите деца од пожарот во „Пулс“ во Кочани, како и сите волонтери од „Сапорт Кочани“, нема да дозволат одолговлекување на расправата на Анкетната комисија во Собранието, каде се расправа по нивна претставка. „Прво да ве прашам дали одморивте, како се викавте, Иванка, Ивона… не ве гледам, тука седеше, излезе ли? Како не ви е срам? Тука пред нас од Кочани вие се препукувате! Расправата уште не ни почнала, вие барате пауза од ...

Претседателот Доналд Трамп ја осуди Европа како „распаѓачка“ група држави предводени од „слаби“ луѓе во интервју за „Политико“, омаловажувајќи ги традиционалните сојузници на САД за неуспехот да ја контролираат миграцијата и да ја прекинат војната меѓу Русија и Украина, и сигнализирајќи дека ќе ги поддржи европските политички кандидати усогласени со неговата сопствена визија за континентот. Нападот врз европското политичко раководство ...

Извршните директори на големите европски компании се помалку песимистички настроени во прогнозите за економијата на Стариот континент, но покажуваат поизразен оптимизам во планираните инвестиции во САД, според анкета на здружението ERT објавена во недела. Бизнис лидерите веруваат дека има се помалку причини за инвестирање во Европа и дека Европската Унија е премногу бавна во спроведувањето на потребните реформи, според анкета во која ...

Аница Добра , како некогашен симбол на убавина и актерка по која воздивнуваше цела поранешна Југославија, синоќа, привлече најмногу внимание на македонската премиера на словенечкиот филм со регионална копродукција “Бело се пере на деведесет” на Синедејс, а всушност, денес, на официјалната прес-конференција во МКЦ откривме дека во филмот, снимен по автобиографски роман, глуми и словенечкиот актерски крем де ла крем. Сите беа едногласни дека ...

Националната нафтена компанија на Абу Даби (ADNOC) се појави како главен кандидат за купување на 56,15% од акциите на руските компании во санкционираната од САД српска нафтена и гасна компанија НИС, објави во вторник „Фајненшл тајмс“. Иако ADNOC е водечки кандидат за купување на единствената рафинерија во Србија, НИС сè уште е во преговори со други потенцијални понудувачи, вклучувајќи ја и унгарската нафтена компанија МОЛ, објави „Фајненшл ...

Суд во Пекинг ѝ наложи на Malaysia Airlines да им исплати отштета на семејствата на 8 патници на исчезнатиот лет MH370. Секое семејство има право на 2,9 милиони јуани, што е околу 352.600 евра, пренесува Sky News. Летот MH370 мистериозно исчезна во 2014 година на пат од Куала Лумпур до Пекинг, предизвикувајќи една од најголемите пребарувања во историјата на воздухопловството. Бидејќи авионот и патниците никогаш не се пронајдени, тие се ...

Европската комисија започна формална антимонополска истрага за да процени дали американскиот технолошки гигант „Гугл“ ги прекршил правилата за конкуренција на ЕУ, поврзани со објавувањето содржини на онлајн платформата за споделување видеа Јутјуб, соопшти заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста. – Истрагата особено ќе испита дали „Гугл“ ја нарушува конкуренцијата со поставување нефер услови за издавачите и креаторите на содржини ...

Зголемувањето на цените на домувањето и храната во последните години особено ги оптовари домаќинствата со пониски приходи, соопшти германската статистичка служба. Според најновите податоци за 2023 година, домаќинствата со приходи под 1.300 евра потрошиле 64 проценти од своите приходи за домување и храна. За оние со приходи над 5.000 евра, уделот бил 47 проценти. Во просек, сите домаќинства во Германија потрошиле 52 проценти од своите приходи ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е погрешен потег на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кога најави протест за 13 декември во Скопјe за поддршка на поранешните лидери на ОВК, на кои им се суди во Хаг. „Јас не ја поддржувам таа идеја и не се согласувам со тој протест. Убеден сум дека ниту коалицијата ‘Вреди’ нема да го поддржи“, рече Мицкоски. Неформалниот лидер нас „Вреди“, Изет Меџити (сега градоначалник на Чаир) не мисли како Мицкоски во ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, изјави дека се пренаменети 780 милиони денари од Буџетот од ставката за модернизација на одбраната. Тоа, според него, е директно нарушување на НАТО-стандартите и јасно отстапување од препораките на САД. „Со ова намалување на парите за модернизација на одбраната ние не го задоволуваме НАТО стандардот за соодветен процент на пари кои што треба да се инвестира во тој дел на ...

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Промени има само кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар, и од полноќ ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар. Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 75 денари по литар, и ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 77 денари по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство исто останува непромената, ...

Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш информираат дека заврши административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс Боров Дол кон Бучим, со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат како еден правен субјект. Со ова се зацврстува единствениот оперативен и управувачки модел, што ќе придонесе за уште поголема ефикасност и транспарентност во работењето на компанијата во целост. Присоединувањето претставува ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
59%
1025
weather icon

Белград

3ᴼ / 0ᴼ
2.57
65%
1020
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
70%
1020
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
58%
1024
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
2.22
73%
1023
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 1ᴼ
3.09
80%
1021
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
26%
1023
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
49%
1027
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
48%
1027
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
3.13
64%
1022
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -5ᴼ
2.57
87%
1019
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
3.6
48%
1024
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Сребро

2756.60

Родиум

318292.39

Кобалт

59.52

Платина

74245.83

Паладиум

57839.19

Алуминиум

3.17

Рутениум

44946.74

Цинк

3.15

Иридиум

174307.10

Калај

48.40

Злато

147673.55

Бакар

12.02