Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
На 43. Балканска математичка олимпијада (БМО 2026) – која годинава се одржува во Солун, Република Грција – македонската репрезентација постигна одличен успех! На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 148 натпреварувачи, од 25 држави на три континенти, нашата репрезентација се закити со еден златен медал и два бронзени медали. 🥇 ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 31 поен) 🥉 АНДРЕЈ ТАСИЌ ...
Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните. Согласно законските процедури, надлежности привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо ...
Жичницата на Водно нема да биде пуштена во употреба во текот на целото лето, откако при вонреден увид биле утврдени сериозни технички недостатоци и ризици по безбедноста на патниците, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за САКАМДАКАЖАМ.МК. Според него, 15 години по пуштањето во употреба, жичницата никогаш не била целосно сервисирана од австрискиот производител „Допелмаер“, што довело до оштетувања кои можеле да предизвикаат ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против телохранителот на премиерот Христијан Мицкоски, кој е осомничен за семејно насилство врз сопругата. Според Обвинителството, насилството се случило по претходна расправија во семејниот дом, кога обвинетиот физички ја нападнал сопругата пред очите на нивната малолетна ќерка. – Обвинетиот ја удирал оштетената по лицето и главата, а потоа ја фатил ...
Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска најави дека, ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за дизел горивото од три денари за литар и за бензините од два денари и по 18 мај кога истекува сегашниот договор. Тогаш завршуваат и владините поволности за намалени давачки за горивата. Следните чекори, како што вели мионистерката, ќе зависат од случувањата со цените на нафтените деривати на берзите ...
Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, вчера назначил свој заменик, и тоа поранешниот портпарол на Коце Трајановски, Неделчо Крстевски, а според неколку медиуми, тој веќе два пати сакал да поднесе оставка, но неговата натична партија ВМРО-ДПМНЕ не дава. Само половина година по локалните избори, Лукровски не се чувствува вичен да одговори на градоначалничките предизвици, во една од најурбаните општини во Скопје, Карпош, која во ...
Французинот пристигна во Мадрид како големо засилување и трансфер од соништата, но сè повеќе е критикуван за неговото однесување, став кон тимот и неговото влијание врз играта. Незадоволството на навивачите отиде толку далеку што е покрената онлајн петиција Mbappé Fuera!/Mbappé Out./Мбапе, оди си! со која се бара негово заминување од клубот. Бројот на потписи расте од минута во минута. Слоганот на петицијата е: „Мадридисти, нека се чуе ...
Голем шумски пожар денеска гори во зоната на исклучување во Чернобил откако еден ден претходно се урна дрон во близина на поранешната нуклеарна централа, соопштија украинските власти. Нивоата на зрачење на локацијата се во „нормални граници“ и пожарникарите работат на контролирање на пожарот, објавува Euronews. Фотографија објавена од Државната служба за вонредни состојби на Украина покажува голем столб од бел чад што се издига кон небото. ...
Високите цени на горивото за авиони не можат да бидат изговор за авиокомпаниите да ги занемаруваат правата на патниците и само во случај на недостиг на гориво нема да мора да ги обесштетуваат патниците во случај на откажување на лет, објави денес Европската комисија (ЕК). „Правата на европските патници во авиосообраќајот продолжуваат да важат во целост. Во случај на откажување, патниците имаат право на враќање на парите, пренасочување или ...
СДСМ објави дека по пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска во Советот на општина Прилеп. -ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа. Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во тендер коалицијата со ...
Под Хелсинки, главниот град на Финска, се наоѓа огромна мрежа од тунели и бункери што се протега на повеќе од 200 километри. Овој подземен град, првично познат како Асематунели, може да обезбеди засолниште за до пет милиони луѓе во вонредни ситуации и вклучува повеќе од 5.000 засолништа и над 50.000 бункери низ целиот град. Град под град Комплексот е граден со децении, првенствено во текот на 1960-тите и 1970-тите, со цел заштита на цивилното ...
Кремљ ги именуваше странските гости на парадата што ќе ја организира утре по повод Денот на победата 9 мај. Листата никогаш досега не била пократка. Меѓу деветте гости се двајца лидери на непризнаените квази-држави Абхазија и Јужна Осетија, тројца претставници на Република Српска,ентитет во рамките на Босна и Херцеговина – како и нелегитимниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко. Од друигите актуелни шефови на држави, на ...
Американското Министерство за правда истражува серија сомнително темпирани трансакции на пазарот на нафта што се случиле непосредно пред важните најави на претседателот Доналд Трамп и високите ирански функционери за војната во Иран, објавија синоќа американските медиуми. Истрагата се однесува на најмалку четири случаи во кои трговците оствариле вкупен профит од повеќе од 2,6 милијарди долари обложувајќи се на пад на цените на нафтата пред тој ...
Постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици. Производството од фотоволтаици е променливо и непредвидливо, пред сѐ затоа што зависи од временските услови и од нивното управување од човечки фактор. Наместо да се направи адаптација на системот, институциите дозволија да се приклучуваат сѐ повеќе и повеќе нови капацитети без соодветно планирање со што ја ...
Со недостиг на шприцеви, ракавици и материјали за снимање – може да се соочат и македонските болници поради конфликот на Блискиот Исток. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека проблем има со набавките, а најкритично е со контрастните средства за компјутерска томографија и магнетна резонанца. Посочува дека залихите се на долна граница, односно имаат материјали за еден до два месеци. Се очекува кризата да се надмине во ...
Скопје не е само политика, интерес, муабети со навредлив тон, со смрад на ѓубре на секој чекор или моќни луѓе во фолк транс, има понекои светли точки, кои не се само спомени на едно убаво време или драги луѓе кои веќе ги нема или исчезнале од вашата околина. Синоќа, во Синеплекс, тоа беше концертниот филм „Удри ме силно и нежно“ на американската поп-ѕвезда и мулти-добитничка на Греми, Били Ајлиш, во ЗД, кој трае околу 114 минути, и е снимен ...
Последиците и зголемената неизвесност во светското окружување поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток условија умерена надолна ревизија на проекциите за растот на домашната економија, побавно враќање на инфлацијата кон историскиот просек и понеповолна надворешна позиција, пред сè под влијание на енергетската компонента. Ова го истакна гувернерот Трајко Славески при презентацијата на најновите пролетни макроекономски проекции на ...
Компанијата „МЕПСО“ ја обжалила одлуката на предарбитражното тело за спорови кое одлучи во корист на компанијата „Енергоинвест“ од Сараево која требаше да го гради интерконекторот кон Албанија. Од МЕПСО се убедени дека ќе ја добијат правната битка со „Енергоинвест“ посочувајќи дека аргументите се на нивна страна. Консултирале и две реномирани адвокатски компании од САД чие мислење е дека МЕПСО има многу јака основа за арбитража. Актуелното ...
„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации. На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во разни спортски дисциплини на ...
Неколку дена овој прозорец стои потпрен на дрвото покрај контејнерите пред ООУ „Лазо Ангеловски“, а ни денешната акција „Генералка викенд“ не успеа да го помести. Иако, градоначалчникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, денеска беше токму во ова училиште, од каде го означи учеството во „Генералка викенд“, не помина покрај контејнерите да го види и овој прозорец, на кој местото не му е таму. Сепак, мора да се признае дека со хируршки ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава. Мицкоски по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјава на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа. – Не ...
Родител на ученикот што објавувал заканувачки пораки на социјалните мрежи за соученици и нивните родители, бил повикан во полиција, потврдија од СВР Битола. -СВР Битола презема мерки по насоки на ОЈО Битола во врска со пријава од родители од ОУ„Стив Наумов“ од Битола. Во врска со случајот во СВР Битола е повикан родител на детето и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот – велат од СВР Битола. Вчера се рашири веста дека ...
Во недела Скопје повторно ќе живее во знакот на спортот, енергијата и натпреварувачкиот дух. На 10 мај, со почеток во 9 часот, ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К – меѓународна атлетска трка која и оваа година ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот. Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на бул. „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по бул. ...
Тројца алпинисти кои се искачуваа на планината Дуконо во Индонезија загинаа откако утровоеруптираше вулканот. Снимките и фотографиите од ерупцијата на островот Северни Молучки покажуваат дека вулканот исфрла столб пепел во воздух, висок и до 10 километри. Трите жртви беа дел од група од 20 Сингапурци и Индонезијци кои планинареа и покрај ограничувањата. Остатокот од групата на крајот беше пронајден и евакуиран од планината од страна на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека укинувањето на балансерот не било политичка желба, туку неопходен чекор поради коруптивните ризици што, според неа, ги создавала досегашната пракса. По отворањето на „Генералка викенд“, Сиљановска-Давкова изјави дека не станува збор за „уривање“, туку за систем кој, како што рече, во суштина водел кон корупција и криминализација. „Не мислам дека воопшто станува збор за уривање, бидејќи ...
На 25 јули, стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе стане место каде звукот ќе добие поинаква форма.Токму таму, еден од најпрепознатливите артисти на глобалната електронска сцена – Махмут Орхан ќе го донесе својот уникатен музички потпис и звук што ја движи публиката ширум светот. Во изминатата деценија, неговото име е дел од најголемите и највлијателни сцени во светот. Од Tomorrowland и Coachella, до Untold и Exit Festival, како и ...
Во март годинава се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26.6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија за градење, 148, се за високоградба. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 62, по што следуваат Скопскиот со 51, Југозападниот, 37, Југоисточниот, 34, Источниот, 24, Пелагонискиот, 15, и Североисточниот 3. За изградба ...
Оваа недела Скопје повторно ќе живее во знакот на спортот, енергијата и натпреварувачкиот дух. На 10 мај, со почеток во 9.00 часот, ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К – меѓународна атлетска трка која и оваа година ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот. Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на бул. Илинден, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по ...
Лондон – Според индексот на „Мач бетер адвенчурс“, првото место на листата на најдобри европски дестинации за „соло“ патувања во 2026 година ѝ припадна на Италија. Рангирањето е направено според критериумите за безбедност, пристапноста на оброците и леснотијата за добивање визи. Според авторите на истражувањето Италија претставува комбинација од врвна гастрономија, развиена железничка мрежа и разновидни природни пејзажи, што ја прави особено ...
Управители на две правни лица и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот се осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка, откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Кривичната пријава е поднесена против Н.И. и Б.Г., во својство на управители на правни лица, против две правни лица, како и против пет лица вработени во Агенцијата за управување со одземен имот – ...