Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Министерството за енергетика на САД објави дека, од истражувачи реактор во Каракас се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум. Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка на САД со Велика Британија и Венецуела и е опишана како „победа за светот“, додека материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина, објави Гардијан. Националната администрација за нуклеарна безбедност на ...
Папата Лав XIV ја одбележува првата годишнина од неговиот историски избор, патување кое го трансформираше од кардинал во една од најпрепознатливите личности во светот. Неговиот избор го постигна она што некогаш се сметаше за невозможно: Американец на чело на Католичката црква. Но, неговиот понтификат е обележан и со историски период на тензии меѓу Белата куќа и Ватикан, бидејќи августинскиот фратар ја презеде функцијата само неколку месеци по ...
Асоцијацијата на германски аеродроми (ADV) предупреди дека летови може да бидат откажани и цените веројатно ќе растат во иднина, поради недостиг на гориво за авиони, јави ДПА. „Стравуваме дека ќе бидат откажани голем број летови, особено од нискобуџетните авиокомпании и до дестинации со помало значење за туризмот“, изјави Ралф Бајзел, извршен директор на ADV, за весникот „Велт“. „Во најдобар случај за 2026 година, бројот на патници ќе остане ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по ...
На 9 Мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија. Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за нова војна меѓу европските народи, што подоцна стана позната како „Шуманова декларација“. ...
Под слоганот „Победа, принципи и вредност“, денеска во дворот на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Според најавата, на церемонијата премиерот Христијан Мицкоски, ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“. По чинот на полагање цвеќе е предвидено пригодно обраќање на премиерот Мицкоски. Под слоганот „Победа, принципи и вредност“, денеска во дворот на ...
Во Паркот на Франкофонијата во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Нож и вилушка на европската чинија“, кој преку гастрономија, музика и култура ќе ги прослави европските вредности и заедништвото. Како што е наведено во соопштението на организаторите, настанот има за цел да ги доближи различните европски кујни и култури до граѓаните, создавајќи простор за дружење, размена на идеи и дегустација на уникатни вкусови. Посетителите ќе имаат ...
Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во ...
Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, треба да биде потврден од над 805 делегати на конгресот што ќе се одржи попладне со почеток во 17 часот во Филхармонија. По регистрацијата на делегатите предвиден е свечен дел со обраќања на домаќините и гостите, по што ...
Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, тоа значи и обврзување кон Европската конвенција за човекови права, како и прифаќање на обврската да се спроведат сите пресуди на Европскиот суд за човекови права. Тоа е обврска што важи и за Северна Македонија и за Бугарија, и за сите 46 земји-членки. Во контекст на пресудите за македонското малцинство во Бугарија тоа значи дека мора да биде возможно одредена ...
До вчера, шест случаи на хантавирус се потврдени од осум сомнителни случаи пријавени по епидемијата на крузерот MV Hondius во Атлантскиот Океан, објави Светската здравствена организација (СЗО). „До 8 мај, пријавени се вкупно осум случаи, вклучувајќи три смртни случаи (стапка на смртност од 38 проценти). Шест случаи се лабораториски потврдени како инфекција со хантавирус, од кои сите се идентификувани како предизвикани од вирусот на Андите, за ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ...
Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ (20) ја постигна победата на својата кариера победувајќи го Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Рим со резултат 2:6, 6:2, 6:4. Во натпреварот што започна со неколку часа доцнење поради дождот и долгите претходни натпревари, Прижмиќ покажа исклучителна ментална сила и квалитет откако го загуби првиот сет и го надигра најуспешниот тенисер на сите времиња. По натпреварот, на прес-конференција, ...
Четвртиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се пласира во третото коло на Мастерсот во Рим, откако вечерва загуби од Хрватот Дино Прижмиќ во три сета со 6:2, 2:6, 4:6. Најуспешниот тенисер на сите времиња и шесткратен освојувачот на турнирот во Рим беше поразен од 79-от тенисер на АТП листата по два часа и 17 минути. „Тешко ми е да кажам нешто. Новак е мојот идол, имам голем респект кон него. Играв неверојатно. Но, сакам да ...
Чистотата на водата варира низ Европа, при што Белгија, Германија, Луксембург и Чешка имаат едни од најзагадените подземни води на континентот. Подземните води се еден од најкритично загрозените ресурси низ ЕУ. Повеќе од 20% од блокот е во лоша хемиска состојба, што значи дека штетните супстанции, како што се жива, кадмиум и други, се над нивоата утврдени со Рамковната директива за води на ЕУ, вели Европската агенција за животна средина. ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги казни своите фудбалери, Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени, со по 500.000 евра поради тепачка за време на тренинг. Реал ги изрече казните денеска, ден по физичката пресметка меѓу двајцата фудбалери, во која Валверде со повреди на главата бил пренесен во болница. Клубот објави дека двајцата играчи се извиниле еден на друг, како и на своите соиграчи, по инцидентот. Валверде и Чуамени се стандардни во средниот ...
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во петокот изрази скептицизам во врска со потребата од дигитални валути деноминирани во евра, предупредувајќи дека „стабилната валута“ (stablecoin) поврзана со еврото би можела да ја наруши работата на ЕЦБ и да ги влоши можните финансиски превирања. Голем број големи банки од еврозоната, вклучувајќи ја и „Сосиете Женерал“, веќе некое време работат на воспоставување крипто ...
Во седиштето на партијата Демократи 66 (Д66) во Хаг, на премиерот на Холандија, Роб Јетен вчера експлодирала бомба поставена во поштенско сандаче, соопшти денеска полицијата. Во инцидентот никој не е повреден, а еден 37-годишен маж, осомничен за нападот, е приведен. Јетен изјави дека нема да биде заплашен од чинот. Во моментот на експлозијата во штабот на Д66 се одржувало состанок со подмладокот на партијата, при што имало околу 30 луѓе. ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, веќе се одлучи за најважното прашање за новата сезона – изборот на тренерот што ќе го преземе Реал Мадрид. По разочарувачката сезона без трофеј, јасно е дека Алваро Арбелоа нема да остане на клупата на Кралскиот клуб, а Мадрид бараше тренер кој може да преземе соблекувална полна со горди ѕвезди и да воспостави ред со својот авторитет. И сега, барем според шпанските медиуми блиски до Реал ...
Децата од двете основни училишта и детските градинки во Гевгелија учеа за правилно селектирање и рециклирање текстилен отпад преку едукативни кампањи организирани од Општината во соработка со компанијата „Тексомак“ која е колективен постапувач за управување со отпаден текстил. Со интерактивни презентации, разговори и едукативни содржини прилагодени за најмладите, тие се запознаа со важноста за грижата за животната средина и за тоа како секој ...
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен денеска не успеа да состави нова коалициска влада, откако лидерот на центристичката партија Умерените, Ларс Локе Расмусен се повлече од преговорите. Расмусен го прекине своето учество во консултациите и предложи водечката улога во формирањето нова влада да ја преземе Троелс Лунд Поулсен од Либерална партија, која може да се обиде да состави десноцентристичка влада. На изборите во март, Данската ...
Нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани, што е најважно во овој момент. Секторот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на дневна основа е во комуникација со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за контрола на болестите, така што на дневна основа ги добива сите податоци што ни се потребни за какво било преземање ...
Во текот на повеќе од две децении на власт, претседателот Владимир Путин работеше на тоа да го претвори историскиот комеморативен настан на Русија за Втората светска војна во прослава на идната воена слава и глобално влијание. Но, овогодинешниот џамбор на Денот на победата само го нагласува неговиот неуспех во реализацијата. Умерените свечености на 9 мај – во чест на поразот на нацистичка Германија по цена на околу 27 милиони советски животи ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денес го објави првиот пакет претходно класифицирани државни документи за неидентификувани аномални феномени (UAP), попознати како НЛО. Објавата ја даде Министерството за одбрана на САД како дел од програмата PURSUE, меѓуагенциски проект во кој учествуваат Белата куќа, Канцеларијата на директорот за национално разузнавање, НАСА, ФБИ, Министерството за енергетика и Канцеларијата за ...
Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш Кавадарци доби забрана од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и национално ниво поради неисполнување на финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ. Според официјалното известување од ФИФА, забраната ќе остане во сила сè до целосно намирување на обврските, а најдолго до три последователни регистрациски периоди. Воедно, ФИФА побара од Фудбалската ...
Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија по повод Неделата на сестринство на градскиот плоштад во Тетово одржа симулациска вежба. Во рамки на вежбата беше симулирана сообраќајна несреќа во која мотоциклист е удрен од возило. Волонтери од Црвениот крст први му укажаа помош на повредениот, по што интервенираше екипа на Итната ...
Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја откри официјалната песна на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, до чиј почеток останува нешто повеќе од еден месец. Песната насловена „Dai Dai“ се најавува како химна на претстојниот Мундијал, на кој за првпат ќе играат 48 репрезентации. Ова е втора соработка на Шакира со ФИФА откако таа ја испеа и официјалната песна на СП 2010 во Јужна Африка, „Waka Waka (This Time for Africa)“, која беше ...
Левица – Аеродром преку соопштение обвини дека новиот правилник на Државна изборна комисија неправедно го оптоварува буџетот на Општина Аеродром, додека граѓаните се соочуваат со лоша јавна хигиена и комунален хаос. Од партијата тврдат дека со новиот правилник, донесен со поддршка од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, скопските општини ќе треба самостојно да ги покријат трошоците за дневници на изборните комисии за локалните избори, наместо тие да ...
БИТОЛА – Партизираноста на општеството и политичкиот протекционизам отворија жестока дебата во Битола меѓу студенти и петте актуелни пратеници од Битола во македонското Собрание. Денес во Студентскиот информативен центар на Универзитетoт „Св. Климент Охридски“ – Битола, беше најавен едукативeн настан „Парламентарен караван“, во организација на Собранието на Република Северна Македонија, но работите излегоа од „контрола“ кога студенти јавно ги ...