Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи. Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ таа посочи дека наместо да се потпираме на институционален ...

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ преку „Гугл“ ги мапираше коцкарниците, казината и слот-клубовите во централната скопска општина. По пребројувањето, иницијативата посочува дека останаа уште малку јавни терени во Центар на кои децата не плаќаат за да играат, но затоа има речиси 60 казина и обложувалници. „Центар е казино-општина. Ги мапиравме казината, автомат-клубовите и кладилниците покрај кои поминувавме и има повеќе отколку сите ...

Забележливо е дека надлежните претставници на власта молчат за големиот шверц на марихуана од Македонија во Србија (пет тони), но затоа партиите ја презедоа агендата наместо државните органи. „Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на пет тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија. Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери…? ...

Студениот бран што ја погоди Флорида предизвика илјадници игуани да замрзнат и да паднат од дрвјата низ целата американска држава. Температурите паднаа на рекордно ниски нивоа. Орландо забележа температура од -4°C, најниската температура во февруари забележана од 1923 година. Ладнокрвните влекачи стануваат неподвижни и паѓаат на земја во толпи. Локалната телевизиска станица WPLG 10 со седиште во Мајами објави дека „игуаните паѓаат од небото“. ...

Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар”, под слоганот „Една љубов, безброј подароци”. Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува уникатна приказна и порака за љубов. ...

Почнува чествувањето на јубилејот 35 години од формирањето на првата издавачка куќа во самостојна Македонија – „Матица македонска“. Во книжарницата на „Матица“ и онлајн преку е-книжарницата, почнува годинешното издание на традиционалниот зимски саем на книгата „Книга во секој дом“. Во текот на Саемот, со јубилеен попуст за читателите ќе бидат достапни изданијата на „Матица македонска“ – од 35% па сѐ до 80%, вклучително и за најновите ...

„Еко свест“ упати писмо до министерот за животна средина Муамет Хоџа во кое алармира за состојбата со приридата во Македонија и бара донесување на нов закон. Еве го писмото: „Ви се обраќаме како заедничка иницијатива на граѓански организации од Македонија, со барање за иницирање постапка за измени и дополнувања на Законот за заштита на природата, односно донесување нов Закон за природата. Проблемот со неефикасните механизми за заштита на ...

ИнтерАрт Културниот Центар го објави составот на жирито на Националниот натпревар за млади балетски уметници „Роксан Стојанов“ – нова и значајна платформа посветена на поддршка, афирмација и професионален развој на младите балетски таленти од земјава. Жирито на натпреварот, како што велат од ИнтерАрт Културниот Центар, обединува врвни уметници, педагози и културни претставници со исклучително национално и меѓународно реноме, чие знаење и ...

Извршниот директор на „Тесла“ и „Х“, Илон Маск, ја критикуваше одлуката на Шпанија да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години и да ограничи содржини што промовираат омраза. Маск напиша на „Х“ дека Санчез е „тиранин и предавник на шпанскиот народ“, а подоцна додаде дека е „вистински фашистички тоталитарец“. Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно изјави дека целта е да се заштитат децата од „дигиталниот див запад“ и ја нагласи ...

Најстудено утрово е во Берово, Попова Шапка, Пожаране и во Маврови Анови со нула степени, а во Демир Капија, Штип и во Гевгелија се измерени седум степени, информира УХМР. На Попова Шапка има и најмногу снег – 45 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 19, а во Маврови Анови 9 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, ...

Воспитувачка е осудена за злоставување на 21 дете во градинка, а сега ќе биде депортирана во Полска. Роксана Лечка беше осудена на осум години затвор минатиот септември, но родителите на нејзините жртви стравуваат дека таа би можела да биде ослободена во Полска и да продолжи да злоставува деца, пишува „Мирор“. Лечка (23) призна седум точки од обвинението за суровост кон деца и беше прогласена за виновна за уште 14 точки од обвинението по ...

Родители во Австралија се осомничени дека ги убиле своите два аутистични синови, а потоа и себеси, соопшти полицијата. Телата на Џарод Клун (50), неговата партнерка Маивена Мај Гоасдуа (49) и нивните синови, Леон (16) и Отис (14), беа пронајдени минатиот петок во нивниот дом во Мосман Парк, богато предградие на Перт. Пријателите и социјалните работници велат дека двојката била скршена и се чувствувала разочарано од системот за поддршка на ...

Пазарната вредност на „Волмарт“ надмина 1 билион долари (илјада милијарди), со што најголемиот малопродажен синџир во САД се приклучи на ексклузивен клуб на компании кои го достигнаа тој праг, кој е составен претежно од технолошки гиганти. Растот беше поттикнат од силниот развој на дигиталниот бизнис и привлекувањето нови клиенти, објавува Си-Ен-Би-Си. Акциите на „Волмарт“ ја затворија трговијата во вторник со раст од речиси 3 проценти, по ...

Групите за човекови права и активистите предупредуваат за притворањето на двајца кинески истражувачки новинари откако наводно откриле корупција од страна на висок функционер во покраината Сечуан. Новинарите Лиу Ху и Ву Јингјао беа приведени во недела откако објавија истражувачки статии. Критичарите долго време изразуваа загриженост за медиумската репресија во Кина, каде што властите апсеа и гонеа новинари, обвинувајќи ги за поттикнување ...

Ауди призна дека промената во логиката на именување, која го претвори А4 во А5, на крајот ги збуни сите. Компанијата сега планира да се врати на поедноставен и поразбирлив систем. Пред неколку години, Ауди одлучи да ја оддели линијата на модели според типот на погонска единица. За бензинските и дизел автомобилите се користеа необични индекси, па дури и индекси за електричните возила. Ова доведе до тоа А4 да ја добие ознаката А5, претходно ...

Шеста година по ред јавниот превоз во Скопје е тема на големи ветувања, силни изјави и прес-конференции и меѓупартиски обвинувања. И шеста година по ред – нови автобуси во бројките што се најавуваат нема. На улиците се тркалаат старите дизелаши под секое достоинство. Од 2020 година наваму, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините највисоки функционери, пред сè Христијан Мицкоски и Александар Николоски, вклучително и нивната „протеже“, а потоа „отпадник“, ...

Лос Анџелес клиперсе се согласија да го разменат крилниот центар Џејмс Харден со Кливленд Кавалирс за плејмејкерот Дариус Гарланд и избор од втората рунда на драфтот, објави „ESPN“. Триесет и шестгодишниот Американец очекува продолжување на договорот. Тој ќе заработи 39,3 милиони долари оваа сезона и има 49,2 милиони долари загарантирана за следната сезона. Дваесет и шестгодишниот Гарланд е во третата година од петгодишниот договор од 197 ...

Објавени се првите фотографии од долгоочекуваните биографски филмови за Битлси, режирани од Сем Мендес. Амбициозниот филмски проект ќе се состои од четири одделни филмови, секој посветен на член на познатиот бенд. Актерската екипа, објавена на 1 април минатата година, ги вклучува Харис Дикинсон како Џон Ленон, Пол Мескал како Пол Мекартни, Бери Кеоган како Ринго Стар и Џозеф Квин како Џорџ Харисон. Филмовите треба да се појават во кината во ...

Вашингтон – Соединетите Американски Држави соопштија дека ѝ ги вратиле на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта, што беше дел од договорот постигнат меѓу Вашингтон и Каракас минатиот месец, изјави вчера американски функционер под услов да остане анонимен. Последните 200 милиони долари се префрлени на Венецуела, со што е завршен трансферот на средства. Функционерот рече дека Венецуела официјално го примила ...

Вашингтон – Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе учествуваат на трилатералните преговори со Русија и Украина во Абу Даби, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит. Според неа, делегациите на САД, Украина и Русија „досега не беа во можност да седнат на преговарачка маса и да тргнат кон мир“. Таа оцени дека пратеникот Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, „го направил невозможното возможно“ ...

Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, предводена ...

Денеска е среда, 4 февруари 2026 година, 35-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 330 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 43 минути, а ќе зајде во 16 часот и 52 минути. Денов трае 10 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а ќе зајде во 8 часот. Денеска е среда, 4 февруари 2026 година, 35-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 330 дена. Сонцето во Скопје изгреа во ...

Времето денес ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон ...

Поради планирани два зафати во водоводната мрежа без вода денеска ќе бидат корисниците од повеќе улици во општините Центар и Чаир. Поради уличен дефект на улица „Адам Мицкиевиќ“ бб во Општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Адам Мицкиевиќ“, вклучително и ОУ „Киро Глигоров“, дел од улица „Козара“ и дел од улица „Васил Ѓорѓов“. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје ќе биде ...

Поранешниот сопруг на поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, е уапсен и обвинет за убиство на сопругата, соопштија официјални лица во вторник. Вилијам Стивенсон (77) беше приведен во понеделникот и се соочува со обвинение за убиство од прв степен за смртта на Линда Стивенсон, според обвинението поднесено од големата порота во Делавер. На 28 декември 2025 година, полицајци од полициската управа на округот Њу Касл реагираа на пријавена ...

Македонската женска фудбалска репрезентација во периодот од 4. до 8. февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој официјално ќе ги почне подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Избраничките на селекторот Александар Андов ќе ги стартуваат мундијалските квалификации на 3. март со дуелот против Азербејџан на гостински терен, а четири денови подоцна во Битола ќе гостува, Андора. Во вториот циклус, на 14. ...

Македонската фудбалска репрезентација на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското првенство 2026. Фудбалската федерација на Данска, за македонските навивачи обезбеди 1.750 влезници по цена од 3.650 денари, како и дополнителни шест билети за корисници на инвалидски колички. Навивачите на македонскиот национален тим можат да купуваат билети директно преку веб – ...

Портпаролот на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (СХАПЕ) денеска најави дека НАТО почна да ја планира воената мисија Арктичка стража. – Во тек е планирање на зголемени активности на НАТО наречена Арктичка стража, полковник Мартин Л. О’Донел. Тој не наведе повеќе детали за мисијата Арктичка стража. Германскиот весник „Шпигел“ објави дека НАТО планира да го зголеми военото присуство на Арктикот „за да го смири“ американскиот ...

Чистките меѓу военото раководство на Кина практично не оставија никого во раководството на кинеските вооружени сили. Ова ја доведува во прашање подготвеноста на Пекинг за воена акција против Тајван. До 2023 година, по една деценија на власт, Ши Џинпинг формираше висока воена команда од лојалисти кои имаа за цел да ја трансформираат Народно ослободителната армија (НОА) во сила од светска класа. Но, во следните години, Ши, кршејќи ја ...

Саиф ал-Ислам Гадафи, синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен на 53-годишна возраст. Неговиот пат го одведе од очигледниот наследник на неговиот татко, низ децении затвор во оддалечен планински град, до неуспешна претседателска кандидатура што на крајот го поткопа изборниот процес. Веста за неговата смрт во вторникот ја потврдија извори блиски до семејството, неговиот адвокат Калед ал Зајди и либиските медиуми, но ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
7.72
62%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1024
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1031
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.35
84%
1031
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
74%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
6.17
68%
1026
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
75%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
85%
1033
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
73%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
87%
1029
Currency

61.6317

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Родиум

374556.20

Сребро

2696.16

Паладиум

52052.06

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Бакар

11.57

Калај

50.61

Алуминиум

3.42

Цинк

3.24

Платина

68931.20

Злато

164352.04

Кобалт

66.14