Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Утрово е најстудено на Попова Шапка, нула степени, а најмногу врнежи, 27 литри на метар квадратен, се измерени во Крушево. Како што информира УХМР, изминатите 24 часа наврнале и 24 литри на метар квадратен на Попова Шапка, 23 во Охрид и Лазарополе, 22 во Тетово и Mаврови Анови, 18 во Пожаране, 14 во Тополчани, 13 во Прилеп, 12 во Битола и Претор, 10 во Скопје-Зајчев Рид, 8 во Крива Паланка, 6 во Скопје-Петровец и Виница, 4 во Куманово и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека понатамошните разговори меѓу претставниците на неговата администрација и Иран ќе се одржат на почетокот на следната недела. Разговорите со иранската делегација вчера беа „многу добри“, изјави Трамп за новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида. „Изгледа дека Иран многу сака да склучи договор“, рече тој. Трамп повторно предупреди за последиците ...
Десетици илјади демонстранти се очекуваат во баварската престолнина за време на Конференцијата за безбедност во Минхен следната недела, соопштија градските власти. Досега, околу 120.000 учесници се регистрирани за протести, соопшти Канцеларијата за окружна администрација на Минхен. Демонстрациите поврзани со годишниот собир на глобални лидери и врвни претставници на одбраната и разузнавањето привлекоа поскромни толпи во последните години. ...
Националната федерација на фармери (НФФ) денеска организира Саем на македонска традиционална храна под мотото „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“. Настанот ќе се одржи во Скопје City Mall, во периодот од 10:00 до 20:00 часот. Саемот има за цел унапредување на пласманот на традиционалните производи и зајакнување на малите локални производители. На настанот ќе се претстават 35 мали фармери и рурални производители од различни региони ...
Едно од најзначајните дела во историјата на оперската уметност, операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, по подолга пауза повторно ќе се изведе вечерва на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 19:30 часот. Ова возбудливо и комплексно оперско остварување, инспирирано од вечната легенда за Дон Жуан, плени со својот драмски контраст – спој на комично и трагично – и со незаборавната музичка генијалност на Моцарт. Изведбата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе казнени царини за трговските партнери на Иран поради тензиите со земјата. Во извршна наредба издадена од американскиот претседател вчера се вели дека дополнителни царини „може да се воведат за стоки увезени во Соединетите Држави, кои се производи на која било земја што директно или индиректно купува, увезува или на друг начин стекнува стоки или услуги од Иран“. Трамп не именуваше ...
На специфичен начин со дефиле на спортистите на четири локации во Милано, Кортина, Предацо и Ливињо вечерва беа свечено отворени 25. Зимски олимписки игри. На Игрите ќе настапат околу 2.900 спортисти од 92 држави. Македонскиот олимписки тим го сочинуваат: Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиски дисциплини, а Јана Атанасовска и Виктор Петков во алпски дисциплини. Ова е најбројна македонска делегација на спортисти на нашето осмо учество на ...
Македонските претставници учесници на Зимските олимписки игри продефилираа на церемонијата на свеченото отворање. Во Кортина знаменосец беше алпската скијачка Јана Атанасовска, а во Предацо знамето го носеше Ставре Јада. Покрај овие двајца во македонскиот тим сè уште алпскиот скијач Виктор Петков и Ана Цветановска, која ќе се натпреварува во нордиските дисциплини. Ова е најбројна македонска делегација досега на Зимски олимписки игри. ...
Промоција на книгата „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова во рамки на фестивалот „Денови на литературата“ на „Арс Ламина“, ќе се одржи денеска со почеток во 18:00 часот, во книжарницата на „Литература“ во „Дајмонд мол“. Илустрациите се дело на Рената Јосифовска. Книгата е инспирирана од животот и творештвото на големиот композитор Лудвиг ван Бетовен и е првата од петте книги за деца во серијалот „Музичка кутија“, инспирирани и од Моцарт, ...
Во Музејот на современата уметност во Скопје денеска ќе се одржи настанот „МСУ водич и матине“ со кустосот Бојана Јанева, која ќе ја прошета публиката низ интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“. Координатор на настанот е Анжелика Апсис, а музичкиот избор е на Нино Наумов. Изложбата е продолжение на соработката меѓу МСУ – Скопје и МГ+МСУМ, Љубљана, што започна со заедничката изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“, која се ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од ...
Компанијата Type One Energy, која развива технологија за нуклеарна фузија со поддршка на Бил Гејтс, заедно со Управата за долина на Тенеси, официјално поднесе единствено барање до регулаторите за таканаречената лиценца за материјал за нуспроизводи, со што формално започна процесот на лиценцирање на проектот Infinity во американската држава Тенеси. Апликацијата е поднесена до Одделот за заштита и зачувување на животната средина на Тенеси и се ...
Четирите најголеми технолошки компании – Microsoft, Alphabet, Amazon и Meta – заедно ќе инвестираат повеќе од 650 милијарди долари во вештачка интелигенција оваа година. Ова е драматично зголемување на трошоците насочени кон стекнување чипови за вештачка интелигенција, сервери и изградба на инфраструктура на центри за податоци. Amazon објави дека ќе инвестира околу 200 милијарди долари во 2026 година, додека Alphabet објави капитални расходи ...
Советот на Општина Карпош заседаваше по осми пат, каде советниците разгледуваа 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока поддршка доби Одлуката со која општина Карпош отстапува дел од спортската сала „Партизан“ која е во нејзино владеење, на времено користење од 3 години без надоместок, за намена Младински центар – Карпош. Оттука, општината во претстојниот период ќе распише јавен повик за избор на младинска организација, ...
Над 95.000 жени во Италија се жртви на генитално осакатување (FGM), изјавија денеска активистките кои се обидуваат да го ослободат светот од овој феномен по повод Меѓународниот ден против генитално осакатување на жените, објави италијанската новинска агенција Анса. Овој растечки феномен во Европа, тесно поврзан со присуството на млади мигранти од регионите со висок ризик, претставува предизвик за здравствените и социјалните услуги и услугите ...
Пратеникот Драган Ковачки вечерва е избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Централниот комитет на партијата. Избран е нов состав на Извршниот комитет. Информацијата за одлуките на ЦК на новинарите им ги соопшти претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Ковачки (49) е поранешен полковник во Армијата каде беше дел од разузнувањето. Тој ја напушти армиската служба за да стане дел од политиката. Во два мандати е ...
Наскоро ќе се одржи нова рунда преговори за Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неможејќи да го прецизира датумот на таа средба. „Засега датумот не е прецизиран. Но, наскоро ќе биде“, рече Песков, пренесен од руските медиуми. Тој, исто така, рече дека не е планирана нова рунда преговори за украинското решение во САД, ниту пак имало разговори за таков состанок. Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен ...
Вашингтон – Поранешната прва дама Џеки Кенеди еднаш му пишала на основачкиот претседател на Центарот Кенеди за нејзиното двоумење да го посвети Националниот културен центар во Вашингтон како споменик на нејзиниот покоен сопруг, претседателот Џон Ф. Кенеди. Кенедиеви биле вклучени во планирањето на дизајнот и изградбата на местото за сценски уметности пред ЏФК да биде убиен. По неговиот атентат, Конгресот гласал центарот да биде именуван по ...
Анџелика Митрашиновиќ, капитенот на женската сениорска репрезентација на Македонија се збогува со активното играње кошарка. Со посебно посветен текст, една од најдобрите македонски кошаркарки во последната деценија, и официјално објави крај на својата играчка кариера. – После сите овие години, дојде време да се збогуваме со професионалната кошарка. Од сонување како дете до живеење како професионалец – оваа игра го промени мојот живот на ...
Норвешката принцеза Мете-Марит, сопруга на престолонаследникот Хаакон, денеска повторно се извини за пријателството со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, во еден од неколкуте скандали што го погодија кралското семејство на оваа нордиска земја. „Исто така, се извинувам за ситуацијата во која го доведов кралското семејство, особено кралот и кралицата“, рече Мете-Марит во соопштение објавено од кралската палата. Новите досиеја за ...
Околу 1.000 студенти протестираа денеска во Милано поради присуството на агенти на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во Италија за време на Зимските олимписки игри во 2026 година. Собраните на чело на колоната носеа транспарент на кој пишуваше „Милано ве мрази“, а луѓето скандираа „ICE да си замине“ додека маршираа, јавува Анса. Учесниците на протестот, исто така, го изразија своето противење на затворањето на делови од градот ...
Милано/ Кортина – Некои од најголемите имиња во модната индустрија трошат многу пари на Зимските олимписки и параолимписки игри во Милано Кортина кои се отвараат вечерва. Со потпишувањето како официјални спонзори, сите, од Лулулемон и Армани до Скимс и Ралф Лорен, ќе ги облечат годинешните елитни спортисти во облека од глава до пети што повеќе личи на Неделата на модата во Милано отколку на соблекувална. Ралф Лорен потпиша договор за поддршка ...
Видеото на кое претседателот Барак Обама и неговата сопруга Мишел се прикажани како мајмуни е отстрането од профилот на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social. Да потсетиме, Трамп сподели видео од приближно една минута, фокусирано на обвинувањата за кражба на изборите во 2020 година. Кон крајот на видеото, Обама се прикажани околу една секунда со нивните лица надредени на телата на мајмуните, додека песната ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од Авто – мото сојузот на Македонија. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, со задржување на снег на коловозот на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци и тоа до 80 метри на патот Штип – Неготино кај Серта, до 50 метри во Крушево, до 100 метри на ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да биде од церемонијата на свеченото отворање на Зимските олимписки игри Милано Кортина. Информациите беа дека можно е Синер да биде еден од носителите и на олимпискиот факел, сепак тоа нема да се случи. Тој е решен да се придржува до својот тренинг план и да се подготвува за настапот на АТП 500 турнирот во Доха, што почнува следната недела. Синер беше назначен за амбасадор на волонтерите на Олимписките ...
Спортистите кои ќе бидат одликувани со одличја на Зимските Олимписки игри (ЗОИ) 2026 ќе ги добијат најскапите медали во олимписката историја, што се должи на континуираниот раст на цената на скапоцените метали. Од последните Олимписки игри, чиј домаќин беше Париз во јули 2024 година, цените на златото и среброто се зголемија за 107, односно 200 проценти, Како резултат на тоа, металната вредност на златниот медал сега изнесува околу 2.300 ...
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го уапси еден од „клучните учесници“ во координираниот напад врз американскиот конзулат во Либија пред 13 години, јави ДПА. Во нападот врз дипломатската мисија во Бенгази беа убиени четворица американски државјани, вклучувајќи го амбасадорот Кристофер Стивенс и уште тројца други. Осомничениот, Зубајр ал-Бакуш, слета во воена база во близина на Вашингтон рано утринава и беше приведен, изјави ...
Едно барање до ChatGPT преку моделот GPT-4o троши околу 0,43 Wh електрична енергија, што за 700 милиони барања дневно претставува годишна потрошувачка на енергија еквивалентна на потрошувачката на 35.000 американски домаќинства, количината на вода за пиење доволна за потребите на 1,2 милиони луѓе и емисии на јаглерод диоксид што би ги неутрализирала шума со големина на Чикаго. Каква било интеракција со ChatGPT се базира на огромна физичка ...
Трговската размена со Германија лани се намалила за шест отсто, а во истиот период со Велика Британија трговијата значително се зголемила – за 18,9 отсто, покажуваат податоците за надворешно трговската размена на Државниот завод за статистика објавени денес. Лани вкупниот обем на трговска размена со светот достигна 19,5 милијарди евра, што е за 3,77 отсто повеќе во однос на претходната 2024 година. Трговскиот дефицит изнесуваше 3,5 милијарди ...
Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени неколку случаи на физички напади, најголем дел врз малолетни лица, кои се случиле на различни локации во главниот град. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на сите случаи. Напад во автобус на ЈСП Татко пријавил дека вчера неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од селото Батинци, додека се возел во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие на ...