Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Веста дека Ерик Дејн, еден од најомилените актери од серијата „Вовед во анатомија“, страдал од амиотрофична латерална склероза (АЛС) ги потресе и обожавателите и неговите долгогодишни колеги. Сега, малку по малку, сведоштвата за поддршката, пријателството и храброста на Ерик Дејн во моменти далеку од гламур доаѓаат до јавноста. Актерката Елен Помпео, незаборавната Мередит Греј, отворено проговори за разговорот што го водела со поранешна ...
Високо рангираниот функционер на Хамас, Халед Мешал, денеска изјави дека палестинското исламистичко движење нема да го предаде своето оружје и ќе отфрли какво било странско владеење над Појасот Газа, и покрај повиците за разоружување од Израел и САД, објавија француските медиуми. „Криминализирањето на отпорот, неговото оружје и оние што го водат е нешто што не треба да го прифатиме“, рече Мешал на конференција во Доха, додавајќи дека ...
Можеме да најдеме портокали во маркетите и супермаркетите во различни големини и нијанси, но вистинскиот квалитет не е секогаш лесно да се препознае на прв поглед. Токму затоа вреди да се знаат неколку едноставни правила кои ни помагаат да го избереме најдобриот. Ова овошје е меѓу најпопуларните во светот. Познати по својот освежителен вкус, светла боја и висока содржина на витамин Ц, тие се достапни во текот на поголемиот дел од годината. ...
Девет хотели од Охридската ривиера почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад. Станува збор за активност во рамки на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување во Хорека-индустријата во Охрид, во која спаѓаат хотелите, рестораните и кафулињата во градот и на крајбрежјето. Преку проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво” реализиран од сртрана на Ј.П. „Охридски комуналец” и ...
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето во Белград на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски. -Со координирана акција на полициски службеници на МВР, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминал и Службата за борба против тероризмот, жандармеријата, САЈ, Управата за сообраќајна полиција, Управата за гранична полиција, Одделот за сузбивање на имотни прекршоци и Полициската бригада, по ...
Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска, пред средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Владата на која присуствуваат и претставници од други репрезентативни синдикати на администрацијата, изјави дека по скоро две години, вработените во управата и правосудството успеале да го добијат тоа што го барале и за кое преговарале скоро две години. -Ова барање УПОЗ го има истакнато пред повеќе од година и половина, скоро две години преговараме ...
Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец, објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Ова, како што вели Николоски, е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност. Тој поочи дека Министерството за транспорт, како надлежна ...
Ново истражување покажа дека родителското однесување на таткото во раните години од животот на детето може да го обликува неговото здравје подоцна. Изненадувачки, истражувачите не пронајдоа слична врска кога стануваше збор за мајките. „Недостатокот на јасни резултати поврзани со мајките не беше очекуван“, изјави Џенифер Греам-Енгеланд, професорка по биобихевиорално здравје на Колеџот за здравство и човечки развој на Пен Стејт и коавторка на ...
Американската алпска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на почетокот на своето возење во трката во спуст на Олимписките игри во Кортина. Вон по страшниот пад остана да лежи на патеката и да чека помош од медицинскиот тим. Снимката покажа дека левата нога на Вон се извиткала неприродно по падот. Натпреварувањето беше времено прекинато. Американката дојде на Олимпијадата со повреди. Таа падна за време на натпреварувањето од Светскиот куп во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го свика инаугуративниот состанок на новиот Одбор за мир во Вашингтон подоцна овој месец, со главен фокус на собирањето средства за реконструкцијата на Газа. Американските медиуми пренесуваат дека на состанокот, закажан за 19 февруари, ќе присуствуваат повеќе светски лидери кои ја прифатија поканата на Трамп да се приклучат на Одборот, како и членови на извршниот комитет кој ќе го надгледува ...
Претседателот Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски пред денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски на која присуствуваат и претставници од други репрезентативни синдикати на администрацијата, изјави дека се тука за да се потврди она што се преговарало скоро неполна година. -Денеска сме тука да го потврдиме она што го преговараме скоро неполна година. Ова покачување во некоја поразлична форма требаше да се случи ...
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се ...
Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо, се приклучи на групата косопственици на женскиот фудбалски клуб Челзи. Триесет и едногодишниот грчки кошаркар ја изрази својата гордост и чест за можноста. – Историјата на Челзи зборува сама за себе и возбуден сум што ќе придонесам за иднината преку поддршка на континуираниот раст и влијание на женските спортови. Станува збор за амбиција, наследство и подигнување на играта на следното ниво. ...
Осумнаесетмесечното девојче кое беше притворено од американските имиграциски власти со недели е вратено во притвор и ѝ е одбиено лекот откако беше хоспитализирано со опасна по живот респираторна болест, според тужбата поднесена во федералниот суд во Тексас. Детето, идентификувано во тужбата како „Амалија“, беше ослободено од имиграциските власти во администрацијата на претседателот Доналд Трамп откако нејзините родители поднесоа тужба ...
Авион на компанијата „Wizz Air“, кој утрово сообраќал на линијата Скопје – Париз, принудно е пренасочен кон аеродромот во Брисел, откако екипажот прогласил вонредна состојба во текот на летот. Според податоците од „Flight RouteXplorer“, вонредната состојба била прогласена околу два часа по полетувањето, додека леталото се наоѓало над воздушниот простор на Луксембург. Станува збор за летот W64719, управуван од авион од типот „Airbus A321neo“. ...
Поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, ќе бара институционално да се тргне дамката од неговото име, по постојаните „напади“ од актуеланата власт за наводно купување болници, градење во Дубаи и последната инсинуација дека нелегално се тргува со марихуана. Најпрво, тој бара извинување, а ако не му се извинат, ќе прибегне кон тужби. Преку Фејсбук статус“. Заев вели дека тоа се лаги, а ќе ги искористи сите правни средства за да ...
Вчера, „Матица македонска“, во рамките на одбележувањето на 35-годишнината од своето постоење ја почна иницијативата „Подари книга, подари свет“. До 14 февруари, во книжарницата на „Матица“ и онлајн ќе трае Седмицата на дарувањето, под мотото „Подари книга, подари свет“. Покрај тоа што е ден кога се слави и чествува св. Трифун (симболот на плодноста, трудот и надежта) Ден на вљубените – Св. Валентин, 14. февруари е и Меѓународен ден на ...
Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска во серија лавини на северот од Италија. Во алпскиот регион Валтелина, лавина погоди тројца скијачи, при што загинаа двајца од нив. Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини во кои загина по едно лице. Во овој регион во сила е предупредување од трето ниво Имаше инцидент и во долината Аоста на границата со Швајцарија и Франција, каде што лавина однесе две лица ...
Македонскиот пејач и победник на музичкото натпреварување „X Factor Adria“, Даниел Кајмакоски, беше жртва на киднапирање во близина на Бетон Хол во Белград, по што следеше полициска потера што заврши со сообраќајна несреќа во близина на Рума, јавуваат српските медиуми. Како што објави Telegraf.rs, инцидентот се случил доцна навечер кога двајца мажи, за кои се сомнева дека се државјани на Турција, го пресретнале Кајмакоски додека се ...
Живеење во изолирани бази, ограничена комуникација, строго дефинирани мисиски правила и постојано тестирање на човечките и технолошките граници – ова не е научно-фантастичен филм, туку секојдневието на аналогните астронаути, професионалци кои ги симулираат вселенските мисии на Земјата. Една од нив е и Мартина Димоска, Македонка од Кичево, првата жена аналогна астронаутка од Балканот. Аналогните астронаути го отвораат патот на човештвото до ...
Создавачите на мобилни апликации што им помагаат на клиентите да идентификуваат и бојкотираат американски производи велат дека забележале пораст на интересот во Данска и пошироко по неодамнешните зголемени тензии околу притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд. Создавачот на апликацијата „Made O’Meter“, Иан Розенфелд, вели дека на врвот на трансатлантската дипломатска криза кон крајот на јануари, тој забележал околу ...
Онколози во Битола повторно ќе вршат прегледи откако клиничката болница преку објава информираше дека е надминат прекинот поради кој пациентите од Пелагонија повеќе од еден месец повторно патуваа во Скопје за терапија и контроли. Во објавата се наведува дека визитинг-онколозите од Скопје продолжуваат со редовни прегледи и дека веќе се отворени и закажани термини за февруари. Темата се отвори откако пациентите и пациентските здруженија јавно ...
Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, постигна трипл-дабл ноќеска на натпреварот со Чикаго и му помогна на својот тим да дојде до победа со 136:120. Српскиот кошаркар мечот го заврши со 22 поена, 14 скока и 17 асистенции за 33 минути поминати на теренот. Овој трипл-дабл беше 182-ри во НБА кариерата на 30-годишниот Јокиќ. Тој се искачи на второто место во историјата на лигата по постигнати тројни ефекти, надминувајќи го Оскар Робертсон. Прв на ...
„Вашингтон пост“ вчера објави дека се повлекува неговиот извршен директор и издавач, Вил Луис, и тоа само неколку дена по големите отпуштања во компанијата која е камен-темелник на американското новинарство во сопственост на Џеф Безос. Најавата од средата за план за отпуштање на околу 300 од неговите 800 новинари дојде како шок, во услови на растечко зближување меѓу сопственикот на весникот и основач на „Амазон“, Џеф Безос, и Доналд Трамп, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно. Претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
За само еден месец собравме еден тон текстилен отпад во Кисела Вода, сподели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Таа вели дека ова е јасен доказ дека граѓаните ја препознаваат важноста на селектирањето и правилното одлагање. Посочи дека најмногу текстил е собран од контејнерот во населбата Расадник и дека во моментов се поставени 15 контејнери пред месните заедници. „Во тек е изработка на уште 15, кои наскоро ќе бидат поставени пред ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва изјави дека денешните руски напади врз објектите од кои зависи работењето на нуклеарните централи во Украина имаат, како што изјави, „ниво на напад што ниту еден терорист во светот не би го дозволил“. Во вечерното видео обраќање, Зеленски изјави дека Русите во текот на изминатата ноќ нападнале, меѓу другото, објекти од кои зависи работењето на нуклеарните централи, што, како што истакна, ...
На протестот против Зимските олимписки игри во Милано денеска дојде до конфликт меѓу демонстрантите и полицијата. Иако митингот започна како мирна прошетка, ситуацијата ескалираше кога некои учесници почнаа да фрлаат факели и шишиња кон полицијата, карабињерите и членовите на Финансиската гарда. Полицијата одговори со употреба на водени топови и солзавец, објавува Милано Тудеј. Протестот, на кој учествуваа околу 10.000 лица, беше организиран ...
Поранешниот француски министер за култура Жак Ланг вечерва поднесе оставка од функцијата претседател на Институтот за арапскиот свет (IMA) поради финансиската истрага што е покрената против него поради неговата поврзаност со Џефри Епстин, американскиот финансиер осуден за сексуални злосторства. Ланг вечерва ја понуди својата оставка во писмо до министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро, чие министерство го надгледува Институтот за ...
Шефот на данската дипломатија, Ларс Леке Расмусен, денеска изјави дека верува оти преговорите со САД за Гренланд можат да доведат до решение што го почитува територијалниот интегритет и правото на самоопределување на арктичкиот остров, јави ДПА. По повторените закани од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд, САД, Данска и Гренланд кон крајот на минатиот месец започнаа дипломатски разговори за ...