Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
Брисел – Речиси три четвртини од граѓаните на ЕУ сметаат дека нивната земја имала корист од членството во Европската Унија, а во исто време поддршката за еврото и за заедничката европска одбрана и безбедност е на највисоки нивоа забележани досега, покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар „Есен 2025“. Според овие резултати, 74 проценти од Европејците изјавиле дека нивната земја имала корист од членството во ЕУ, 21 отсто ...
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе ...
Град Скопје најави настан за осветлување на градот на 15 декември во 18 часот на плоштад „Македонија“, за почеток на новогодишните и божиќните празнувања. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на 15 декември во 18 часот на плоштад Македонија „заедно да го осветлат градот и да споделат празнична магија“. – Почитувани скопјани, драги родители, најдраги дечиња. Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична ...
Светската здравствена организација (СЗО) категорично ги отфрли тврдењата на американската влада кои сугерираат можна врска помеѓу вакцините и аутизмот. Глобалниот советодавен комитет на СЗО за безбедност на вакцините во извештај објавен денеска изјави дека ги разгледал сите релевантни студии од последните години и дошол до јасен заклучок. – Вакцините не предизвикуваат аутизам, резимираше генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ...
Администрацијата на Доналд Трамп предлага промени со кои влегувањето во САД како турист ќе се претвори во ноќна мора за странците. Според информациите што доаѓаат од официјалниот предлог документ, во иднина за влегување во САД како турист ќе треба да дадете податоци и за своите профили на социјалните мрежи во последните пет години. И тоа е само дел од барањата. Исто така, ќе треба да ја дадете вашата ДНК, покрај отисок од прст и снимкса од ...
Американска веб-страница за одбрана тврди дека видела протечен документ во кој се открива драматичен предлог на САД за одвојување на четири земји од Европската Унија како дел од смелата нова стратегија „Да ја направиме Европа повторно голема“. Тајното досие, објавено од Defense One, тврди дека Трамп наводно има намера да ги оддалечи Австрија, Италија, Унгарија и Полска од ЕУ и да ги приближи кон кругот на влијание на Вашингтон – потег што би ...
Македонскиот репрезентативец во дресот на шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски постигна гол за својот тим во поразот на својата екипа. Миовски мрежата на домашниот голман на Ференцварош ја затресе во 27.минута на атрактивен начин со „ножички“. Миовски на теренот беше до 67.минута кога беше заменет. Глазгов Ренџерс загуби со 2:1 на гостувањето кај Ференцварош во 6.коло од УЕФА Лига Европа. За македонскиот репрезентативец ова беше втор ...
Фудбалерите на тетовска Шкендија ја постигнаа втората победа во групата од УЕФА Конференциската лига откако вечерва го совладаа Слован Братислава со 2:0. Со овој триумф Шкендија со седум бодови се искачи на табелата, но за пласманот по 5.коло ќе се знае по одигрувањето на дуелите кои почнуваат во 21 часот. Шкендија до водство дојде откако Кенан Бајриќ во 33.минута постигна автогол, а конечните 2:0 беа поставени во 45+1 минута. Стрелец на ...
Руските власти подготвуваат мерки во случај на кражба на замрзнати руски средства во Европа, а одговорот на таков потег ќе биде суров, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – Одговорот во такво сценарио ќе биде суров. Рускиот претседател Владимир Путин детално зборуваше за тоа за време на прес-конференцијата на 27 ноември оваа година по неговата државна посета на Киргистан и учеството на самитот ...
Скратувањето на работното време е неизбежна иднина и неизбежна дебата што ќе следува и во Македонија токму поради дигитализацијата и вештачката интелигенцијата, укажува експертот за трудово право и професор на Правниот факултет во скопје, д-р Лазар Јовевски, откако во компанија во државава првпат е воведена четиридневна работна недела како пилот проект. Јовевски вели дека „дигитализацијата и вештачката интелигеција значат губење на работни ...
Наместо стандардни седани, клиентите и клиентите на возни паркови сè повеќе избираат кросовери и SUV модели. Популарноста на класичните лимузини во последните неколку години не е она што беше порано, а возачите во Европа сè повеќе се свртуваат кон други опции. Продажбата на премиум седани во средната класа се намали за 19% во првите десет месеци од оваа година на Стариот континент. Според податоците објавени од Automotive News Europe, кои се ...
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) го вклучи кошари на списокот на нематеријално културно наследство за 2025 година, што е прв пат египетско јадење да биде впишано. Египетскиот министер за култура Ахмед Фуад Хано рече дека означувањето на УНЕСКО „останува светилник на интерес за културата на секојдневниот египетски живот, што е автентичен дел од националниот идентитет“. Кошари е најпопуларното јадење ...
САД сакаат Украина да ги повлече своите трупи од регионот Донбас, а потоа Вашингтон би создал „слободна економска зона“ во деловите што Киев моментално ги контролира, изјави Володимир Зеленски. Претходно, САД предложија Киев да ги предаде деловите од Донбас што сè уште ги контролира на Русија, но украинскиот претседател во четврток изјави дека Вашингтон сега предложил компромисна верзија во која украинските трупи би се повлекле, но руските ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека во Македонија не постои проблем со мигранти и дека, според него, СДСМ ја отвора темата манипулативно за да ја прикрие партиската слабост и одливот на кадри. – Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка и за проекти, и нема ниту од една страна тема што опфаќа мигранти. Тоа е тема со која полесно може ...
Блупринт групата реагира на расправата за Кочани во Собранието оценувајќи дека место суштинска дебата виделе само политичка формалност со обвинувања за системот, поради што прашува -Кој е системот? „Расправата повторно го потврди она на кое со години укажуваат граѓанските организации: институционалниот систем на заштита, контрола и одговорност е суштински нефункционален. Трагедијата во која загинаа 63 лица не е резултат само на индивидуални ...
Швајцарскиот производител на чоколадо Lindt & Sprüngli одби партнерство со германските дисконтни супермаркети Алди и Лидл, со образложение дека тоа ќе ги поткопа нивните производи. – Во спротивно, ќе завршиме со сè повеќе специјални понуди и ќе ја девалвираме нашата марка, рече извршниот директор Адалберт Лехнер во интервју за германскиот весник Ди Цајт (Die Zeit). Во другите супермаркети, Линд добива „премиум пласман што му дава простор ...
Инстаграм тестира нова опција што ќе им овозможи на корисниците да имаат поголема контрола врз содржината што им се прикажува. Социјалната мрежа Инстаграм воведе нова функција наречена Вашиот алгоритам, која им овозможува на корисниците да видат и рачно да ги прилагодат темите што сакаат алгоритмот да ги препорача. Засега, опцијата е достапна само за делот со видео клипови, т.е. табот Reels, додека наскоро ќе стане достапна глобално. Кога ќе ...
Издавачката 2025 година, Или-Или ја заокружува со објавувањето на Градинарот и смртта, интимен и елегичен роман на бугарскиот автор Георги Господинов, во превод од бугарски на македонски јазик на Душко Крстевски, а дизајнот на корицата е на Марија Смилевска. Преводот на ова дело е поддржан од Националниот фонд за култура на Република Бугарија. По големиот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“ за кој ја добива ...
Дизни инвестира 1 милијарда долари во OpenAI, стекнувајќи удел во акциите и потпишувајќи договор што ќе овозможи користење на неговите најпознати ликови на неговата платформа за генерирање видеа Sora. Ова е првиот голем договор за лиценцирање за технологијата за AI на Sora, отворајќи ново поглавје во соработката помеѓу креативната индустрија и вештачката интелигенција, пишува CNN. Стотици ликови достапни за корисниците Според договорот, ...
Њујорк – Магазинот „Тајм“ оваа година тој одлучи неговата традиционална титула личност на годината да не припадне на една личност, туку на група луѓе што ги нарекува „архитекти“ на вештачката интелигенција (ВИ). На една од двете насловни страници се прикажани раководителите на клучните технолошки компании: шефот на Нвидиа, Јенсен Хуанг, шефот на Мета, Марк Закерберг, сопственикот на X, Илон Маск, „кумот на ВИ“ Феи-Феи Ли, директорката на ...
Брисел – Грчкиот министер за финансии Киријакос Пиеракакис попладнево е избран за нов претседател на Еврогрупата. На попладневното гласање за Пиеракакис се изјасниле мнозинство од вкупно 20-те министри членови на Еврогрупата, со што тој го совлада единствениот противкандидат за функцијата, вицепремиерот и министер за буџет и административно поедноставување на Белгија, Винсент Ван Петегем. Пиеракакис ќе го наследи Паскал Донахју, кој на 18 ...
Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје во својата деловна приказна со свеченото отворање на својот нов, најсовремен маркет во Гевгелија, сместен во рамките на новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“. Оваа значајна инвестиција ...
Општина Аеродром ќе го отстранува Божиќниот базар „Зимзоленд“, откако речиси две недели врти рингишпили без никаква дозвола и потребна документација, јавува „Телма“ откако вчера општната се прогласи за ненадлежна. Денеска пак, истите тие потврдуваат дека организаторите сепак немале никакви документи и тие ќе ги преземат потребните мерки, почнувајќи од постапка за демонтирање. „Вчера во попладневните часови е извршен заеднички вонреден ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска став 1, како и кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со 1 од Кривичниот законик. Во соопштението на обвинителството се вели дека осомничението им се заканувал на новиарите, гостинот и уште еден вработен дека „ќе ги убие поради искажани навреди за ...
Владата на Естонија планира да ја продолжи воената служба на 12 месеци за сите регрути од 2027 година. Ова го покажа нацрт-законот што естонскиот министер за одбрана Хано Певкур го испрати на разгледување. Певкур истакна дека обемот и техничката сложеност на обуката се зголемени, како и дека се воведени модерни системи на оружје, поради што е потребно воената служба да трае 12 месеци за да може да се исполнат воени задачи во секое време, во ...
Учеството во Европската лига 2026 најдобрите македонски одбојкари ќе го стартуваат на домашен терен. Тие на првиот турнир се организатори, а натпреварите ќе се играат од 5-7.јуни 2026 година. Македонските одбојкари имаат континуитет во ова елитно континентално натпреварување од 2014 година, кое од ова издание добива и на ново значење, односно со него стартуваат и квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Поради тоа во иднина ќе ...
Осомничениот за убиството на американскиот активист Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска треба првпат да се појави пред суд. Робинсон е обвинет за тешко убиство, кривично дело пукање од огнено оружје кое предизвикало тешка телесна повреда, попречување на правдата, како и за манипулирање со сведоци и извршување насилно кривично дело во присуство на дете, пренесе телевизијата Еј-Би-Си. Тој веќе двапати се изјасни пред судот, првпат виртуелно, а ...
Доколку не беше руската агресија врз Украина, сигурно би имале попросперитетна економска состојба во Европа и не би говореле за економска вонредна состојба со која треба да справуваат европските економии, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за економија, продуктивност и буџет Балаж Ујвари. Изјавата на Ујвари беше поврзана со одговор на новинарско прашање околу информациите за планови за „активирање“ на членот 122 од Договорот за ...
Дигитализацијата на финансискиот сектор е клучен процес за креирање на одржлива платформа за раст, а развојот и имплементацијата на нови дигитални алатки и иновации ќе продолжи целосно да го менува обликот на финансиските услуги. Мобилните апликации ќе станат главна алатка во финансискиот сектор и во нивен развој треба најмногу да се инвестира, беше констатирано на годинешното издание на „Finance Talks by EOS“. Преку дигитални алатки и ...
Иако со години се најавува дека же се заштити автентичниот лик на Старата чаршија, таа е препуштена на самоволчие и импровизации, до таа мерка што е претворена во некој вид пластичарска улица. Освен градежната узурпација, пренатрупаност и негрижа, таа се повеќе со декорациите и боите наликува на некои други „чаршии“ во светот и ги губи своите обележја што ја прават уникатна и привлечна за туристите. Овие неколку фотографии го доловуваат ...