Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството ја информира јавноста дека континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство. Постапувањето се одвива во ...
Македонски олимписки комитет го објави официјалниот распоред на настапи на македонските спортисти на Зимските олимписки игри, кои во наредните денови ќе ја претставуваат државата во дисциплините нордиско и алпско скијање. Во дисциплината нордиско скијање, односно крос-кантри, Македонија ќе ја претставува Ставре Јада, кој ќе настапи на 10 февруари во 9:55 часот во спринт-трката, како и на 13 февруари во 11:40 часот во трката на 10 километри. ...
Стивенсон Саварт (25) влезе во историјата на Зимските олимписки игри станувајќи првиот спортист што некогаш го претставувал Хаити во крос-кантри скијање. Младиот спортист го оствари својот олимписки сон во Милано и Кортина д’Ампецо, каде што привлече големо внимание од јавноста уште од самиот почеток. Саварт беше и носител на знамето на Хаити на церемонијата на отворањето на Игрите, а потоа го имаше своето олимписко деби во машкиот скиатлон. ...
Милано, Кортина – Организаторите на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри одбија да ги потврдат шпекулациите дека американската поп-дива Мараја Кери го синхронизирала својот дел во шоуто. Кери се качи на сцената за да ја отпее „Nel Blu, dipinto di Blu“ од Доменико Модуњо на италијански, проследена со една од нејзините песни, „Nothing Is Impossible“, но многу корисници на социјалните мрежи брзо тврдеа дека имало неколку пати кога ...
Џими Лаи е еден од најпознатите демократски активисти. Неговиот „грев“ е што се бореше за демократијата во Хонгконг и издаваше независни весници Џими Лаи, поранешен медиумски могул и истакнат продемократски активист од Хонгконг, денес беше осуден на вкупно 20 години затвор за злосторства против националната безбедност. Судот во Хонгконг го осуди по три точки за заговор за соработка со странски сили и едно за објавување бунтовнички ...
Во регион кој беше една земја четири и пол децении, денес шесте главни градови доживуваат различни демографски и економски трендови што го обликуваат нивниот развој. Економските гранки што доминираат во овие шест градови се силно поврзани со статусот на нивната земја во регионалната и глобалната економија. На пример, во Љубљана и Загреб, услугите, ИТ секторот, финансиите и туристичкиот сектор го формираат ‘рбетот на растот; голем број ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона. „Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на терен. Овој дел од Дебар Маало, добива нов лик, уреден, безбеден и функционален ...
Научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, ќе се одржу утре на Филозофскиот факултет во Скопје. – И по три децении, едно од најтешките прашања од поновата македонска историја останува без одговор. Овој настан има цел да отвори јавна, аргументирана и научна дебата. Конференцијата има цел да ја продолжи дебатата за атентатот што ја потресе ...
Милано, Кортина- Церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри 2026 во Милано заврши со големо изненадување, со појавувањето на оскаровката Шарлиз Терон на сцената. 50-годишната актерка родена во Јужна Африка дојде во улога на амбасадор за мир на Обединетите нации и им пренесе порака за надеж инспирирана од Нелсон Мандела на публиката на стадионот Сан Сиро во петок, 6 февруари. Порака инспирирана од Нелсон Мандела „Спортисти и ...
Користејќи ги изјавите на поранешната обвинителка од згаснатото СЈО, Лејла Кадриу, ВМРО-ДПМНЕ отвори нова рунда напади врз обвинителката Ленче Ристоска, која е кандидат за државен јавен обвинител. „Згаснатото СЈО работеше на раб на законот, најчести гости биле Зоран Заев, Радмила Шекеринска, советници на Оливер Спасовски, главна обвинителска двојка биле Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски, буџетот се трошел за кафиња, лешници, за договори на ...
Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница и кој сѐ е вмешан? СДСМ потсетува дека цела недела по објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија, нема одговор на клучното прашање: Како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? -Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата а нема приведени, нема осомничени, нема ...
Македонскиот олимписки комитет го објави официјалниот календар на натпревари за македонските олимпијци на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо. Во наредните денови, нашите репрезентативци ќе ги бранат боите на Македонија на најголемата светска спортска сцена. ❄️ Нордиско скијање (лрос-кантри): ⛷️Ставре Јада 10 февруари во 9:55 ч. (спринт) 13 февруари во 11:40 ч. (10 км) ⛷️Ана Цветановска 12 февруари во 13:00 ч. (10 км) ❄️ ...
Санта Клара – Бед Бани се подготвуваше со месеци за еден од најголемите настапи во неговата кариера – шоуто на полувремето на Супербоул 2026, финалето на сезоната на американски фудбал. Но, тој нема да биде платен за историскиот настап на стадионот „Левис“ во Санта Клара, Калифорнија. Порториканскиот пејач и рапер, чие вистинско име е Бенито Антонио Мартинез Окасио, беше најавен како главен изведувач на Супербоул LX уште во септември 2025 ...
„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена неизвесност и повеќекратни економски шокови во последните години“. Ова го истакна советничката на гувернерот на Народната банка, Милица Арнаудова-Стојановска во интервју за емисијата „Бизнис објектив“, на ТВ „Телма“, при што посочи дека во изминатиот период се бележи засилен раст на денарските и на долгорочните ...
Полицијата вршеше контрола на дел од ноќните локали во Скопје. Малолетници затекнати со алкохол, уапсена 20-годишна поради точење алкохол на малолетници – На 07/08.02.2026 во Скопје во периодот од 19:00 до 03:00 часот, во централно градско подрачје, од страна на полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар е спроведена акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот и за точење на ...
Сана Клара – Бед Бани вети во својата реклама за полувремето на Супер Боул за Apple Music дека „целиот свет ќе танцува“ – и го исполни тоа додека изведуваше мешавина од неговите песни со Лејди Гага и Рики Мартин пред повеќе од 100 милиони гледачи. Шоуто беше проткаено со традициите на Латинска Америка, особено неговиот роден Порторико, бидејќи раскошниот сет го претвори просторот во порторикански „весиндад“, со берберница, „бодега“ и иконска ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојуваат во дводневна работна посета на Париз. Во рамки на посетата, ...
ИФФК „Браќа Манаки“, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, го најавува своето 47. издание, кое ќе се одржи во Битолa, од 19 до 25 септември 2026 година. Подгответе се за многу незаборавни дружења со реномираните светски кинематографери и разговори за седмата уметност. Од своето основање во 1979 година, овој фестивал сведочи за уметноста на кинематографијата, славејќи ги пионерите на филмската ...
Бројот на жртви од уривањето на станбена зграда во Триполи, северен Либан, се искачи на 13, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат луѓе заробени под урнатините, објавија денеска либанските медиуми. Претходно беше објавено дека најмалку девет лица, меѓу кои жена и дете, загинале кога се урнала зграда во Триполи вчера. Спасувачите пронајдоа девет преживеани во населбата Баб ал-Табане, додека продолжуваат напорите за пребарување и ...
Македонската таеквондистка Милијана Релиќ викендот го освои третото место и се закити со бронзен медал на турнирот Австрија Г-1 Опен во Инсбрук. Во категорија – 62 кг Македонката ја покажа својата врвна форма пред десет дена исто така, се закити со бронза на натпреварот во Фуџарија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати. Во првата борба Релиќ два пати ја победи репрезентативката на Сенегал, Фатима Менди, со по 5:0 во рунди. Во второто коло ...
Шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер, ги повика властите на Хонг Конг да ги прекинат „ужасните искушенија“ на затворениот продемократски активист Џими Лаи, јави ДПА. Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни работи, Купер го опиша случајот како политички мотивиран ...
Според информациите на кинеската социјална мрежа Weibo, OpenAI се подготвува да го претстави својот прв хардверски производ, кој е слушалки напојувани од сопствениот модел на вештачка интелигенција на компанијата. OpenAI наводно одлучил засега да ги намали своите напори за хардвер, веројатно поради зголемените трошоци за хардвер. Претходно се шпекулираше дека OpenAI работи на мал нослив уред/приврзок или пенкало, што е во согласност со ...
Првата мисија со човечки екипаж на Месечината по повеќе од 50 години би требало да полета во наредните недели. Артемида Два (Artemis II), мисијата на американската вселенска агенција НАСА, би можела да полета во кој било момент од март до почетокот на април, во зависност од низа фактори, меѓу кои се завршните проверки на леталото, положбата на Месечината и временските услови. Иако екипажот нема да стапне на површината на Месечината, НАСА се ...
Американскиот уметнички лизгач Иља Малинин продолжи да ги поместува границите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, изведувајќи салто на една нога за време на слободната програма. Историскиот настап на Малинин му помогна на американскиот тим да го освои златниот медал, а неговиот настап беше оценет со 200,03 поени. Репрезентацијата на САД го заврши натпреварувањето со 69 поени, само еден поен пред Јапонија, и очигледно предноста на ...
Јапонија денес ја рестартираше најголемата нуклеарна централа во светот, соопшти операторот на централата, откако претходниот обид во јануари беше ненадејно прекинат поради мал дефект. Проблем со алармниот систем на централата во јануари го прекина првото рестартирање на централата од катастрофата во Фукушима во 2011 година, објавува France 24. Токиската електроенергетска компанија (TEPCO) објави дека електраната Кашивазаки-Карива во ...
Најниската минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка и во Демир Капија со -3 степени. Следат Берово со -2, во Маврови Анови и Лазарополе нула степени, во Крушево, Крива Паланка и Струмица се измерени 2 степени, а 3 степени во Штип, Пожаране, Ѓуриште, Прилеп, Тетово, Велес, Битола и Претор. Највисока минимална температура од 6 степени е регистрирана во Гевгелија. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во ...
Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул изјави дека ќе изгради ѕид на границата со соседна Камбоџа и ќе ја држи границата затворена по неочекувано големата победа на неговата партија Бхумџаитаи на општите избори. Во телевизиско обраќање, тој исто така наведе дека сака да формира влада со силно мнозинство и оти во моментов ги очекува конечните резултати од гласањето. Партијата Бхумџаитаи освои и задржа значително водство од самиот почеток на ...
На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина досега се поделени 13 комплети медали. Најмногу златни одличја има Норвешка, додека домашните натпреварувачи, Италијаните имаат освено најмногу медали. Вкупно 15 држави имаа свој претставник на победничкиот подиум. Листа на медалисти на ЗОИ 2026: 1. Норвешка 3+1+2 (златни+сребрени+бронзени) 2. САД 2+0+0 3. Италија 1+2+6 4. Јапонија 1+2+1 5. Австрија 1+2+0 6. Германија 1+1+1 7. Франција 1+1+0 8. ...
Конфликтот во Украина веќе ќе беше завршен доколку Европејците не се спротивставеа на мировните аспирации на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. „Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп, убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот почеток, Европејците ја сметаа оваа војна за своја. Тие ...
Екипата на Сиетл го совлада тимот на Њу Ингланд во Супербоулот во американскиот фудбал во 2026 година со 29:13 (3:0, 6:0, 3:0, 17:13). Натпреварот се одржа на стадионот „Левис“ во Санта Клара пред 70 илјади гледачи. Претходно, Њу Ингланд го победи Денвер со 10:7 во финалето на Американската фудбалска конференција. Во решавачкиот натпревар на Националната фудбалска конференција, Сиетл го победи Лос Анџелес со 31:27. Сиетл го освои својот втор ...