Атлетската федерација на Етиопија потврди дека прославената маратонка Јебргуал Мелесе почина на 36-годишна возраст, откако се онесвестила на тренинг во Адис Абеба. Заминувањето на оваа легендарна атлетичарка на 36-годишна возраст остава голема празнина, особено затоа што се случи среде подготовките за маратонот во Отава, планиран за крајот на мај. Мелесе тренираше во Адис Абеба кога се онесвести, суров потсетник за тоа колку се кревки ...

Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е посветен на значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места. Посебен акцент е ставен на довербата и потребата од заедничка акција во ...

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Прешов каде утревечер против домаќинот Словачка ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство 2027. Првиот натпревар на гостински терен избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го одиграат во „Татран Арена“ со почеток во 19 часот. Реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот во Германија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ...

Полска денес подигна борбени авиони и ја стави воздушната одбрана во висока готовност поради голем руски напад врз Украина. „Борбените авиони и хеликоптерите се во оперативна употреба, додека системите за воздушна одбрана и радарски надзор се подигнати на повисоко ниво на готовност“, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа X. ❗️ Uwaga. W związku ze zmasowanym atakiem Federacji Rosyjskiej na terytorium ...

Повеќе од 1.700 патници и членови на екипажот на крузер закотвен во Бордо се ставени во изолација откако еден патник почина од сомнителен норовирус, соопштија официјални лица. Повеќето од патниците на бродот se од Велика Британија или Ирска. Бродот „Амбасадор крузер лајн“ се закотви во западна Франција во вторникot, објави „Тајмс“. Починатиот e 90-годишен патник. Кај околу 50 лица се дијагностицирани симптоми на норовирус, соопштија ...

Сопругот на убиената мисица Кристина Јоксимовиќ (38) е осуден на доживотен затвор за убиство и осакатување на нејзиното тело, јавуваат швајцарските медиуми. Марк Рибен (41) дозна за пресудата две години откако ја задави сопругата во нивниот дом во Швајцарија, го распарчил нејзиното тело и ја сомлел во блендер. Според „Баслер цајтунг“, условната слобода нема да се разгледува додека не помине 15 години затвор. Семејството на Кристина, кое ја ...

Самостојните уметници во Македонија, упатија отворено писмо до Министерството за култура и министерот Љутков во врска со сериозниот и долгогодишен проблем со доцнењето на исплатите за придонеси. Писмото го објавуваме во целост: „Ние, самостојните уметници корисници на правото на уплата на придонеси преку Министерството за култура и туризам, Ви се обраќаме поради сериозното доцнење на исплатата на средствата за придонеси за 2026 година. Иако ...

Членовите на групата „Меморија“ денеска на прес-конференција го најавија концертот што ќе се одржи на 23 октомври во арената „Јане Сандански“. Концептуално најавуваат дека овој концерт ќе биде поразличен и ќе значи од историја до меморија, бидејќи на самиот концерт ќе се свири историјата на македонската рок музика, односно најзначајните моменти од неа. На концертот освен песните на „Меморија“ ќе биде изведено се она што ги одбележало ...

Германија го откри вирусот на хепатитис А во замрзната мешавина од бобинки од Србија, објави Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (РАСФФ). Овој вирус предизвикува вирусен хепатитис тип А, односно заразен хепатитис тип А. За време на официјалната контрола на пазарот, во примерок земен на 20 април, Германија пронајде патогени микроорганизми – вирусот на хепатитис А во замрзната мешавина од бобинки од Србија. ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), преку пишано соопштение до медиумите демантираше дека изјавиле оти вчера заловеното животно во скопската населба Козле е чипиран домашен миленик – куче, кое сопственикот бара да му биде вратено, а не волк како што се претпоставуваше. Најавија дека во текот на денот ќе спроведат вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина во Скопје со цел да се утврдат видот и здравствениот статус на животното. ...

За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од Швајцарската амбасада подготвија онлајн водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат. На денешната промоција на водичот, од ...

Производителот на чоколадо „милка“, „Монделез“, ги крши правилата за конкуренција со ново, потенко пакување, пресуди во средата Регионалниот суд во Бремен. Американскиот „Монделез“ ја разреди „милка“ така што новото пакување од 90 грама визуелно изгледа речиси исто како старото пакување од 100 грама на кое се навикнати потрошувачите. Тужбата ја поднесе агенција за заштита на потрошувачите со седиште во Хамбург, во која се тврди дека ...

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, вчера на расправата за буџетот жестоко се судри со демократски пратеник, отфрлајќи ги обвинувањата дека пие прекумерно на работа и повремено е недостапен за вработените како „недвосмислено и категорично лажни“. Жестоката дебата избувна откако сенаторот Крис Ван Холен го соочи Пател со неодамнешна статија во списанието „Атлантик“ во која го критикуваше неговото раководство на федералната агенција за спроведување ...

Централизацијата е погубна за македонското здравство. Мора да направиме регионализација и рамномерен регионален здравствен развој. Тогаш и листите на чекање ќе исчезнат. Тоа е моделот од Словенија, не треба многу да размислуваме, треба само да го прифатиме. Пациентот мора да добива ист квалитет на услуга и во местото од кое потекнува – изјави денеска директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Синиша Стојаноски. Пред една, една и пол ...

Економскиот раст во Европа забави на годишна основа во текот на првиот квартал од 2026 година, според податоците на Евростат. Во еврозоната, растот на БДП се намали од 1,3 проценти во четвртиот квартал од 2025 година на 0,8 проценти во првите три месеци од оваа година, додека во целата Европска Унија забави од 1,4 на еден процент. На квартално ниво, ЕУ го одржа растот од 0,2 проценти, додека еврозоната забележа мало забавување од 0,2 на 0,1 ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за недозволени полови дејствија врз три малолетни девојчиња помлади од 15 години. Според информациите од обвинителството, постои сомнение дека осомничениот во периодот од септември 2023 до 11 мај 2026 година, додека им држел дополнителни часови во образовен центар, ја злоупотребил довербата и положбата кон девојчиња на возраст од ...

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) денеска објави прогноза според која глобалното производство на нафта во 2026 година ќе падне за 3,9 милиони барели дневно, на околу 102,2 милиони барели дневно, а пресметката се заснова на очекувањето дека транспортот низ Ормуската Теснина постепено ќе се нормализира од јуни. Глобалното производство на нафта во април падна за дополнителни 1,8 милиони барели дневно на 95,1 милион барели дневно, со што ...

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на самитот на „Македонија 2026“, ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и ...

На Универзитетот Пантеон Асас Сорбона, познатиот македонски писател Јордан Плевнеш, Претседател на Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА Скопје, одржа серија на предавања насловени „Слобода за историјата во глобалната драма на дигиталната епоха“. Тргнувајќи од меѓународното пледоаје на Француската Академија, формирано од познатите француски историчари Пијер Видал Наке и Пијер Нора во 2008 година, кон кое се приклучија над седум илјади ...

Градската општа болница „8 Септември“ доби целосно реновиран оперативен блок со инвестиција од 12 милиони евра преку ТАВ-програмата. Со реконструкцијата се опфатени седум специјализирани операциони сали, одделите за интензивна нега и за патологија, административни кацеларии, покривната конструкција, клиничките лаборатории и придружните простории. Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека станува збор за значаен проект за македонското ...

Високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, веќе втор ден, излегува на говорници за да испрати жестоки обвинувања до шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, и да ја поткопа институцијата што ја предводи. Денеска тој отворено го обвини Абази дека „лаже“ во врска со одлуката за мазутот за ТЕЦ „Неготино“. „Овој скандалозен случај и одлуката на шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, е ...

Со читање сведоштва на две девојки продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Една од нив, која ја преживеала трагедијата, вели дека објектот редовно работел без контрола на лични документи и без обележани противпожарни излези. Според неа, критичната вечер влегле без проверка, а дискотеката немала јасни патеки за евакуација. Девојката навела дека за време на настапот на групата ДНК биле користени пиротехнички ефекти, какви што, ...

Врховната воена команда го убедила рускиот претседател Владимир Путин дека руските трупи ќе можат да го освојат целиот Донбас до есен, објави „Фајненшeл тајмс“, повикувајќи се на извори. Според весникот, по воспоставувањето контрола врз Донбас, Путин има намера да ги покрене своите барања за прекин на огнот и може да ги прошири своите територијални претензии. Вадим Скибицки, заменик-шеф на украинското воено разузнавање, изјави за „Фајненшeл ...

Владата целосно стои зад Предлог – законот за игри на среќа со кои се воведуваат бројни ограничувања, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски кој најави дека следен чекор ќе биде регулирањето на давањето брзи кредити. „Некако крај тие казина како по правило се отвораат канцеларии каде што се даваат брзи кредити, следно на што ќе работиме ќе биде и тоа, но не би сакал да давам повеќе детали“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања ...

Постапката за ребаланс на Буџетот е на самиот почеток, но и покрај тоа, денеска премиерот Христијан Мицкоски најави дека покрај ребалансот, до крајот на годината ќе има и дополнителна прераспределба на буџетски средства. „Вообичаено е во јуни да почне процедурата и во јули да се донесе ребалансот на Буџетот. Така беше во 2024 и во 2025 година, а до крајот на годината ќе има уште една конечна прераспределба на Буџетот, некаде во ноември и тоа ...

Премиерот Христијан Мицкоски му посака брзо оздравување на градоначалникот на општина Карпош и негов пријател, Сотир Лукровски, но порача дека не е овластен да каже од што е болен. Тој практично ги негираше тврдењата дека Лукровски си поднел оставка порачувајќи му на новинарот што му постави прашањето – од каде му е заклучокот дека градоначалникот го направил тоа? И за оваа драма тој прстот го впери во „политичките гладијатори“. „Имаше такви ...

Јаник Синер се изедначи со Новак Ѓоковиќ во најдолгата серија победи во историјата на АТП Мастерс 1000 во вторникот, кога ја оствари својата 31. последователна победа и стигна до четвртфиналето на Мастерсот во Рим. Светскиот број 1 продолжи да се движи низ полето во Рим, каде што го победи италијанскиот квалификант Андреа Пелегрино со 6-2, 6-3. „Многу сум задоволен од исходот. Многу сум среќен за него. Игравме пред седум години на помал ...

Европската комисија денес предложи нови правила што треба да го олеснат прекуграничното патување низ Европа, особено со воз. Комисијата објави три предлози што го поедноставуваат планирањето и резервацијата на регионални, меѓуградски и прекугранични патувања, особено за железнички патувања што вклучуваат повеќе превозници, и обезбедуваат подобра заштита за патниците во текот на нивното патување. „Европејците ќе можат да планираат, ...

Новиот закон за природа е веќе објавен на единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) и е отворен за јавни коментари – соопшти денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа. На брифингот со новинарите тој информира дека законот предвидува воведување интервентни тимови за диви животни и формирање прифатилиште како дел од пошироките мерки за унапредување на заштитата на природата. Министерот Хоџа истакна дека ...

Кан – Џејн Фонда се врати во јавноста на гала настан, помалку од една недела по смртта на нејзиниот поранешен сопруг Тед Тарнер. Тарнер, филантропот и медиумски бунтовник кој ја основа CNN, почина во недела, 6 мај, на 87 години по борбата со деменцијата, како што потврди CNN. Само шест дена по загубата, актерката добитничка на Оскар, 88, беше на црвениот тепих на 79-тото церемонијално отворање на Канскиот филмски фестивал во Кан, Франција. ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
0.45
91%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.21
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.74
72%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
86%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.61
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
58%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.87
97%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Бакар

13.01