Во март годинава во земјава се евидентирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика Од вкупниот број туристи, 19,7 % се домашни, а 80,3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26,5 % се од домашните, а 73,5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 %. Кај домашните туристи има ...

Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата во француската Лига 1, откако синоќа го совладаа директниот конкурент Ленс на гостински терен со 2-0 и стекнаа недостижна предност од девет бодови на едно коло до крајот на сезоната. Кварацхелија му донесе водство на ПСЖ во 25 минута, а откако Ленс во продолжението пропушти неколку идеални шанси за гол, победата на гостите од Париз ја запечати Мбапе во 94 минута. За ПСЖ ова е вкупно 14 француска ...

Верната публика доаѓа на своето – Мартин Косовец го објави новиот сингл и спот „Mjesec na dlanu“. Оваа моќна и емотивна балада уште на прво слушање освојува со атмосферата и интерпретацијата, а спотот за песната снимен во Истра дополнително ја нагласува интимната топлина и атмосферата. „Mjesec na dlanu“ носи препознатлива комбинација на длабока емоција и силна вокална интерпретација, а многумина што веќе ја слушнале ги потсетила на најдобрите ...

Во Изложбениот салон на Младинскиот културен центар (МКЦ), вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на новиот роман „Во Акрата нема мостови“ од македонскиот писател Миле Бошњаковски. Како што е најавено, романот отвора теми за патувањето, љубовта, семејството и односите што ги обликуваат човечките судбини, следејќи приказна што се развива низ различни простори, јазици и внатрешни премини. За книгата ќе говорат новинарот и публицист Зоран ...

Вечерва е второто полуфинале на Евросонг 2026. МТВ и Македонското радио ќе вршат директен пренос од сите три вечери , од арената „Винер Штадхале“ од 21 часот. Освен 15-те изведувачи кои се натпреваруваат за едно од 10-те места во Големото финале, ќе видиме и настапи од Франција, Австрија и Обединетото Кралство. Редослед на настапи 🇧🇬 Бугарија: DARA – Bangaranga 🇦🇿 Азербејџан: JIVA – Just Go 🇷🇴 Романија: Alexandra Căpitănescu – Choke ...

Пекинг – Кинескиот претседател Шји Џјинпинг на почетокот на средбата со својот американски колега Доналд Трамп во Пекинг изјави дека очекува тековната 2026 година да биде „историска, значајна година“ за односите меѓу Кина и САД, пренесе во живо Кинеската централна телевизија (ЦЦТВ). Според Шји, кинеско-американските економски и трговски односи се „заемно корисни“. Тој го поздрави напредокот на оваа линија на врските со Вашингтон на средбата ...

Без струја денеска од 8:30 до 12 часот ќе останат корисниците на улицата „Благоја Стефковски“ и дел од Бул. Александар Македонски во општина Гази Баба. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат и дел од корисниците на ул. 95 Волково во општина Ѓорче Петров. б Без струја денеска од 8:30 до 12 часот ќе останат корисниците на улицата „Благоја ...

Под мотото „Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“, од 14 до 16 мај во Скопје Сити Мол ќе се одржи третото издание на „Денови на поезијата“, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Како што информираат организаторите, годинашната програма ќе биде посветена на соништата на македонските поети, „оние што се со нас, и оние што веќе ги нема“, со цел да се продолжи мисијата за поврзување на ...

Во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија денеска ќе биде отворена самостојната ликовна изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев. Изложбата „Дамки“ е составена од серијата цртежи и објекти од проектите „Капиталистичка авантура“, реализиран 2020 година во Културно информативниот центар Кочо Рацин – Скопје во галеријата Кора и „Политичка лиричност“, реализиран во НУ Музеј – Гевгелија во галеријата АМАМ. -Делата се изработени ...

Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва од 19 часот ќе одржи концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со што ја продолжува својата мисија за промоција на класичната музика во градовите низ државата. Под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, оркестарот пред струшката публика ќе се претстави со програма составена од музика од познати балети. На репертоарот се Суита бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана” од ...

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ги посети општините Крушево и Битола. Посетата на Крушево е дел од иницијатива за информирање на јавноста со цел да се приближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата на Битола е во рамки на прославата на Денот на Европа низ целата земја. Како што информираат од Делегацијата на ЕУ, посетата на Крушево ќе почне со средби меѓу амбасадорот ...

Денеска е четврток, 14 мај 2026 година, 134-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 231 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 15 минути, а ќе зајде во 19 часот и 46 минути. Денов трае 14 часа и 31 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 3 часот и 25 минута, а ќе зајде во 17 часот и 9 минути. Денеска е четврток, 14 мај 2026 година, 134-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува ...

Со официјален настан одржан вечерва, SPAR го отвори својот прв INTERSPAR маркет во Македонија, лоциран во комплексот Retail Fresh Store на бул. Македонско-косовска бригада 11/1, со што официјално го означи влезот на македонскиот малопродажен пазар. На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR International и менаџментот на SPAR ...

Сенатот на САД денеска го потврди Кевин Ворш за нов претседател на Управниот одбор на Федералните резерви (ФЕД). Ворш ќе ја преземе функцијата со четиригодишен мандат веднаш по неговото свечено положување заклетва. Горниот дом на американскиот Конгрес претходно го избра за член на влијателната централна банка на земјата, со што му го отвори патот кон челната позиција на ФЕД. Сенатот на САД денеска го потврди Кевин Ворш за нов претседател ...

Русија го вклучи поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас на листата на барани лица во врска со неодредена кривична истрага, објавија денеска руските државни медиуми, повикувајќи се на базата на податоци на Министерството за внатрешни работи. Валас ја извршуваше функцијата министер за одбрана на Велика Британија до август 2023 година. Оттогаш, тој продолжи гласно да се залага за зајакнување на воената поддршка за Киев и ја осудува ...

Педијатар вработен во болница во близина на Берлин е обвинет за вкупно 130 случаи на сексуални престапи, од кои поголемиот дел биле извршени во рамки на самата болничка установа, соопшти денеска германското обвинителство. Размерите на злосторствата, кои вклучуваат тешка сексуална злоупотреба на деца и силување, претходно не беа познати во целост. Педијатарот се наоѓа во истражен затвор од ноември минатата година, а обвинителите го оправдуваат ...

Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, ...

Кан – Во ерата на намалување на вниманието и фидови водени со алгоритми, дали Канскиот филмски фестивал станува повреден за луксузните брендови – или помалку? За раководителите во модата, убавината и медиумската аналитика, поротата уште не одлучила. Иако останува еден од најмоќните мотори за видливост на луксузот, тој исто така стана и најзаситен. Според податоците на Launchmetrics, минатогодишниот фестивал генерираше повеќе од 1 милијарда ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес го опиша „НАТО 3.0“ како визија за „посилна Европа во посилно НАТО“, нагласувајќи дека трансатлантската алијанса останува закотвена во соработка со Соединетите Американски Држави, а во исто време ги охрабрува европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената конвенционална одбрана, објави Анадолу. Зборувајќи по состанокот на Букурешката деветка (Б9), Руте рече дека Русија ...

Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна ...

Стареењето на населението го менува европскиот пазар на труд, а вештачката интелигенција (ВИ) би можела да помогне во ублажување на негативните последици, се наведува во денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ). Во анализата на ЕЦБ се посочува дека во последните години растот на вработеноста и приливот на странски работници ѝ помогнале на европската економија да го ублажи недостигот од работна сила предизвикан од ...

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето настана поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи. -Остануваме посветени на ...

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, денеска по повод реконструцијата и модернизацијата на ГОБ „8 Септември“, изјави дека како финансиски инвеститор на овој проект, ТАВ Македонија остава траен белег за подобро утре за пациентите на Градската општа болница „8 Септември“. Зборувајќи пред присутните тој рече дека пред многу години, бил пациент токму во оваа болница и добил исклучителна грижа од персоналот и докторите. „Иако ...

Македонското општество има знаење, има талент, има луѓе кои успеваат и дома, но и во целиот свет. Сега е време тој потенцијал да го претвориме во резултати. Да создадеме држава што ќе биде доволно силна младите да сакаат да останат, доволно модерна за талентите да се враќаат и доволно самоуверена да се натпреварува и со најдобрите, порача попладнево министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на Самитот на Македонија ...

По премиерот и министерот за правда побара да се преиспита одлуката на обвинителството за прекинување на истрагата во случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“ поради недостиг на докази. Споре Игор Филков, „одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека ...

Како дијаспората може да и помогне на Македонија и кои предизвици се појавуваат во обидите да се направи тоа беа прашањата во фокусот на панелот „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“ (Diaspora as Strategic Capital: Giving Back Home) на дводневниот Самит Македонија2026, што завршува попладнево во Скопје. -На дијаспората не и треба мотивација, љубовта е присутна. Она што недостасува е структура, основа, платформи, долготрајни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп е придружуван на патувањето во Кина оваа недела од бројни извршни директори на американски компании, од технолошки гиганти до земјоделство и авијација. Трамп денес пристигна во Пекинг на состанок со претседателот Си Џинпинг, а се очекува двајцата лидери да разговараат за трговијата и вештачката интелигенција, покрај Иран. Списокот на некои од директорите го објави функционер на Белата куќа, кој не беше ...

Не завршува приказната со познатите „крави од Крива Паланка“ кои веќе со години се проблем со кој државата никако да се справи, пишува „Инфомакс“. Откако 81 животно беа заловени во Крива Паланка од страна на Агенцијата за храна и ветеринсрство, како надлежен државен орган задолжен за хуман третман на животните, во јавноста беа споделени информации дека истите ќе бидат продадени.м Извори на Инфомакс алармираат дека третманот на запленетите ...

Опозициската СДСМ денеска ги осуди директоното мешање на премиерот Христијан Мицкоски во работатата на обвинителството, откако самиот призна дека му се јавил на државниот обвинител по одлуката за откажување на прогонот во случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“. Претходно, Мицкоски од собраниската говорница му подели задачи на обвинителот Ненад Савески. „Имаме скандалозно признание на Мицкоски дека разговарал со јавниот обвинител Ненад ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
0.45
91%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.21
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.74
72%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
86%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.61
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
58%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.87
97%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97