Времето утре (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. ...

Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, и тоа, на пример, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да се ендоваскуларните или хируршките – ...

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од Обвинителството и полицијата, ...

ВМРО-ДПМНЕ никако да се реши дали е добар или не е Преспанскиот договор што го потпиша Македонија и благодарејќи на кој стана земја членка на НАТО. Откако премиерот, шефот на дипломатијата и претседателката на државата со месеци зборуваа дека ни требаат гранции за јазикот и за македонскиот идентитет, вчера претседателката Гордана Сиљановска Давкова направи салто мортале и порача дека Преспанскиот договор – иако а бил спротивен на ...

Рига – Летонската премиерка Евика Силина денеска соопшти дека поднесува оставка откако инцидентот со украинскиот дрон ја потресе нејзината влада. „Поднесувам оставка, но не се откажувам“, рече Силина во телевизиско обраќање до јавноста. Британските медиуми пренесуваат дека оваа политичарка од десниот центар се повлекува од функцијата само неколку месеци пред редовните парламентарни избори закажани за октомври. Летонскиот претседател Едгарс ...

Парламентарната делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се и потпретседателите Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, пратеникот Миле Лефков и генералниот секретар Марина Димовска, одржаа работни сесии во Берн од 12 до 14 мај во рамките на програмата „Планински дискусии за парламентарната ...

И оваа година, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај. Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки. Воедно, акцијата се одвиваше и во сите скопски општини каде што учесниците во посебно одредени ...

Кан – Деми Мур привлече големо внимание на црвениот тепих во Кан, со издание кое веднаш се вклопи во дискусијата за новите правила на фестивалот. Откако Кан ги заостри правилата за голотија и долгите возови, актерката се појави на проекцијата на филмот „La vie d’une femme“ во полупроѕирен фустан, со кој елегантно ги тестираше границите на дозволеното. Холивудската актерка изгледаше впечатливо во креација која не можеше да помине незабележано, ...

Во рамките на третото издание на манифестацијата „Денови на поезијата“, во соорганизација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на 15 мај 2026 г. (петок), во 12 часот, во Библиотеката за македонска книжевност и култура ќе се одржи книжевна средба со естонската реномирана поетеса Дорис Карева. Дорис Карева (1958, Талин) е поетеса, преведувачка и уредничка. Авторка е на петнаесетина поетски книги, меѓу нив ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова сама ги пофали своите две години како шефица на државата, велејќи дека „нејзиниот мандат досега бил успешен“. Според неа тоа било особено во зајакнување на меѓународната видливост на државата, унапредување на интегритетот на претседателската функција и подобрување на директната комуникација со граѓаните. Во интервју за Македонското радио таа рече дека „многу работи се придвижиле“ откако таа стапи ...

Болоња – Принцезата од Велс беше целосно насмеана додека ги поздравуваше поддржувачите за време на првиот ден од нејзиното самостојно патување во Реџо Емилија, Италија. Големи толпи се собраа да се сретнат со кралското семејство, чија посета на земјата означува пресвртница во закрепнувањето на Кејт од рак како нејзин прв ангажман на кралското семејство во странство откако ја доби дијагнозата и се подложи на третман. Кралски помошник рече дека ...

И S&P 500 и Nasdaq Composite достигнаа нови интрадневни и затворачки максимуми за време на редовната сесија во среда. Широкиот пазарен индекс додаде 0,58%, додека технолошкиот Nasdaq доби 1,2%. Dow го смени трендот, паѓајќи за 67,36 поени или 0,14%. Инвеститорите размислуваа за уште еден извештај за инфлација посилен од очекуваниот – индексот на цените на производителите за април, кој се зголеми за 1,4%, што е најголем месечен раст од ...

Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, што ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска акција и има за цел почиста и поуредна животна средина за сите! Во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови каде граѓаните бесплатно ќе можат да го ...

Кан – Изабел Ипер ќе биде годинешната кума на наградата „Трофе Шопард“, која ќе им биде доделена на талентираните млади Одеса Азион и Конор Свинделс за време на 79-от Кански филмски фестивал. Воспоставена во 2001 година, наградата ги слави новите меѓународни таленти на филмот, секоја година наградувајќи една актерка и еден актер со ветувачки кариери. „Воодушевена сум“, рече Ипер во соопштение за медиумите. „Оваа награда го одликува тој ...

Со потпишувањето на договорот за пренос на акции, Фортенова Груп и Жито формално го завршија процесот со кој Звијежда плус и Звијежда Словенија стануваат сопственост на Жито Груп. Жито со тоа стана сопственик на 100 проценти од деловните акции во компаниите Звијежда Плус и Звијежда Компани за внатрешна и надворешна трговија, Љубљана. Хрватскиот џин се топи: продадени клучни брендови, што останува? Откако сите регулаторни тела ја одобрија ...

Убиство се случило ноќеска во Битола во населбата Баир на ул. „5-та“. Засега според неофицијални информации убиено е едно женско лице на возраст од околу триесеттина години, а убиецот е лишен од слобода. Убиството се случило околу 7 часот и 30 минути утрово. Како повод се наведува семејна расправија. Повеќе детали во текот на денот. (A.Б.) Убиство се случило ноќеска во Битола во населбата Баир на ул. „5-та“. Засега според неофицијални ...

Global Engineer Girls North Macedonia беше дел од средбата на Global Engineer Girls (GEG) во Истанбул, каде идните жени-инженери од Турција, Косово, Саудиска Арабија, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик и Обединетото Кралство се собраа на настан посветен на важноста на глобалната солидарност, женското лидерство, меѓукултурната размена и заедничката визија за создавање инклузивна иднина во инженерството и технологијата. Домаќин на ...

Репрезентативецот на Црна Гора во подводен риболов, Душан Вукчевиќ, по драматична 18-минутна борба со туна тешка 82 килограми, успеа да ја извлече огромната риба. Туната е уловена на отворено море,во близина на Бар, пренесе РТЦГ. – Ова е улов на животот, како што милуваме да кажеме ние риболовците. Станува збор за голема и опасна риба, т.е исклучително е тешка за лов бидејќи поседува огромна сила. Тоа се суштества кои во текот на целиот свој ...

Македонскиот извоз на фудбалери е меѓу Топ 50 во глобални рамки, покажува најновиот извештај на Фудбалската опсерваторија ЦИЕС. Според податоците на ЦИЕС, бројката на македонски фудбалери кои во моментов настапуваат во странство изнесува 81 и тоа е за седум помалку споредено со 2021 година. Македонските фудбалери настапуваат во 21 лига во странство, а најмногу ги има во Албанија, вкупно десет. Во Турција настапуваат осум македонски фудбалери, ...

Повисоки цени на авионските карти во Европа се „неизбежни“ поради растот на трошоците за млазно гориво, предупреди генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА), Вили Волш. Волш во интервју за Би-Би-Си рече дека авио-компаниите не можат долгорочно да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво, иако некои европски компании во последно време ги намалуваа цените на картите поради послабата побарувачка. Волш ...

Шакира, Мадона и мегаѕвездите на K-pop BTS ќе бидат главни ѕвезди на првото шоу на полувреме на финалето на Светското првенство, објавува „Гардијан“. Историскиот настап, моделиран според Супербоул, ќе се одржи на 19 јули на стадионот MetLife во Њу Џерси, потврди ФИФА во четврток. Организација и планови на ФИФА Забавната програма ја организира Крис Мартин, фронтменот на Coldplay. Иако е прв ваков настан за финале на Светското првенство, веќе ...

Деновиве жители на Пештани до активистите на Граѓанската иницијатива Охрид SOS, приложиле фотографиите „со цел да постигнеме правно решавање на случајот и постапување по издадено решение без да се штитат поединци.“ Се работи за објектот на хотелот „Десарет“. Хотелот е во сопственост на АД „Охридтурист“ но е даден под закуп на поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ, Лазе Таневски. Причината за реакција ...

Париз – Француските обвинители денеска побараа седумгодишна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кој поднесе жалба на првостепената пресуда за примање нелегални прилози за претседателската кампања од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи. Саркози (71) е обвинет дека склучил таен договор со Гадафи пред претседателските избори во 2007 година за либискиот лидер да му помогне во финансирањето на неговата кампања. За ...

Кубанскиот министер за енергетика Висенте де ла О Леви во интервју за државните медиуми изјави дека Куба целосно останала без дизел и мазут. Сепак, тој уверува дека се достапни огромни количини бензин. Тој потврди дека кубанскиот енергетски систем е во критична состојба, а како причина за тоа ја посочи блокадата на увозот на нафта, предводена од Соединетите Американски Држави. Вчера во Хавана имаше спорадични протести поради ограничувања во ...

Брисел – Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4%, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7%), други видови домаќинства со деца (5,6%) и самохрани возрасни лица со деца (3,0%), покажуваат податоците на Евростат. Останатите 76,6% од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5% од сите домаќинства), парови (24,1%) и други домаќинства (15,1%). Помеѓу 2016 и 2025 ...

Вадуц – За сите кои сакаат високи плати и релативно ниски трошоци за живот во споредба со приходите, Лихтенштајн е одлично место за преселба во Европа. Или барем така е според Индексот за преселба без данок е рангирање (Tax-Free Relocation Index) од компанијата „Вилијам Расел“. Жителите на оваа европска држава, сместена меѓу Австрија и Швајцарија, имаат просечна месечна плата од 8.249 евра. Индексот ги идентификува најдобрите дестинации за ...

Најсвежо утрово е на Попова Шапка каде е измерен 1 степен, а најтопло во Гевгелија со 13 степени. Во Mаврови Анови, Пожаране, Лазарополе се измерени 4 степени, 5 во Берово, Тетово, Радовиш, Скопје-Петровец и Крива Паланка, 6 во Kрушево и Куманово, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Претор, 8 во Штип и Виница, 9 во Охрид и Прилеп, 10 во Битола, Струмица, Демир Капија и Велес, како и 11 степени во Кавадарци, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „тајно ги посетил“ Обединетите Арапски Емирати за време на војната со Иран, но Министерството за надворешни работи на земјата брзо ги негираше неговите тврдења и рече дека обвинувањата за посетата се „целосно неосновани“. Тие исто така нагласија дека односите меѓу двете земји не се засноваат на „неофицијални договори“ Иран погоди неколку цели во Емиратите за време на конфликтот, а Техеран ...

На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство. Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми. Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на ...

Пентагон го запре распоредувањето на повеќе од четири илјади американски војници во Европа, потег што изненади дел од воените претставници, пренесе ДПА. Весникот „Вол стрит журнал“ објави дека таквата одлука била соопштена на состанок на претставници на американската армија со претставници на Европската команда на американската војска (EUCOM). Станува збор за војници што требаше да бидат распоредени во Полска во рамки на планирана ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
0.45
91%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.21
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.74
72%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
86%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.61
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
58%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.87
97%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Злато

135639.33