Лондон – Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам стана првиот британски спортски милијардер, објави денеска „Сандеј Тајмс“ во најновата листа најбогати луѓе во Велика Британија за 2026 година. Заедничкото богатство на Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,185 милијарди фунти. Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација денес е косопственик на Интер Мајами, кој се смета за највредна франшиза во ...

Најостриот економски пад во американската историја, највисоката инфлација за повеќе од 40 години, агресивните политички напади од Белата куќа и најлошиот глобален енергетски шок досега. Ова се некои од вонредните настани што се случија за време на осумгодишното претседателствување на Џером Пауел во Федералните резерви, институција задолжена за управување со американската економија за постигнување максимална вработеност и стабилни цени. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се судри со новинар на „Њујорк тајмс“ откако новинарот го праша за исходот од американската воена кампања во Иран. Инцидентот се случи за време на неформален разговор со новинарите во „Ер форс уан“. Жешката размена се случи во петокот, кога Дејвид Сангер од „Њујорк тајмс“ изјави дека 38-дневните бомбардирања на Иран од страна на САД и Израел не довеле до промена на режимот во таа земја. Трамп веднаш го ...

Македонија за десет години изгубила речиси една третина од новороденчињата. Според најновите демографски податоци за 2025 година, во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000. Гинеколозите предупредуваат дека се потребни поголема грижа за женското репродуктивно здравје, подобра превенција и посилна институционална поддршка Во последната деценија, Македонија бележи значителен пад на бројот ...

Триесет и шест земји, главно од Европа, потпишаа договор за специјален трибунал за гонење на рускиот претседател Владимир Путин за кривичното дело агресија против Украина, чие седиште ќе биде во холандскиот град Хаг, објави Еуроњуз. Заедничката обврска беше формализирана во петокот за време на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на Советот на Европа, организација за човекови права која ја презеде водечката улога во ...

Министерството за внатрешни работи и А1 Македонија денеска официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест за ризиците од користење мобилен телефон и дигитална дистракција во сообраќајот. Кампањата има за цел да поттикне поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти и корисници на електрични тротинети, ...

Дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС заврши во Њу Делхи без заедничко соопштение поради „различните ставови помеѓу некои членки“ за ситуацијата на Блиски Исток. Во соопштението на индиското МНР се наведува дека земјите-членки ги изразила „своите национални ставови и поделиле низа перспективи“ за суверенитетот, поморската безбедност и заштита на цивилната инфраструктура и животот на цивилите на ...

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги повика младите луѓе внимателно да размислат пред да одлучат да студираат или работат во Соединетите Американски Држави, тврдејќи дека Германија нуди подобри долгорочни можности, објави Анадолија. „Денес не би им препорачал на моите деца да одат во Соединетите Американски Држави за да студираат и работат таму“, изјави Мерц на собирот на германски католици во Вирцбург. „Таму се разви различна ...

Управата за јавни приходи во првите четири месеци од 2026 година кај над 40 отсто од контролираните субјекти утврдила неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30 отсто се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. Во овој период, како што соопшти УЈП, биле спроведени вкупно 960 теренски контроли за фискализација, што е ...

Употребата на електричните тротинети е препозната како проблем, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува законско решение за нив, но без детали дали ќе се оди со забрани или со регулација на системот. Тошковски одговарајќи на новинарско прашање денеска на официјалната промоција на Кампањата за побезбеден сообраќај: Одговорно со технологијата, на А1 Македонија и МВР, рече дека во моментов не може да каже дали ќе има ...

Жена од радовишко село се породила во двор. Новороденчето починато било однесено во штипската болница. – На 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од село Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека полицијата во наредниот период ќе ги засили контролите во градските средини, со посебен фокус на возачите на мотори кои не ги почитуваат сообраќајните правила и претставуваат ризик за безбедноста. Тошковски направи разлика меѓу, како што рече, „вистински моторџии“ и оние кои „глумат моторџии“. „Тие кои се вистински моторџии, тие во град не ги прекршуваат сообраќајните правила. Тие се ...

Во политичката драма околу запирањето на истрагата за случајот со мазутот денеска се вклучи и ЕСМ да демантира дека лицата што дале исказ дека нема штета за компанијата не биле надлежни да го сторат тоа. ОЈО ГОКК денеска во изјава за „Фокус“ соопшти дека помошник-директорот за производство на електрична енергија од хидроелектрани и управување со производни капацитети и советник за комерцијални работи биле овластени од генералниот директор ...

Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, учествуваше на Регионалниот состанок на гувернери што се одржа во Пула, Република Хрватска, во организација на Хрватската народна банка, каде што во фокусот на дискусиите беа дигиталната трансформација на финансискиот систем, дигиталните средства и иднината на прекуграничните плаќања. На тркалезната маса на тема „Од експеримент до инфраструктура: дигиталните средства во традиционалниот финансиски ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кичево побара опозицијата, т.е. СДСМ, да се вразумела и да учествува во изработката на Изборниот законик. „Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот. Јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ коешто во моментот е раководство на СДСМ и дека ...

Африканскиот центар за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) денеска соопшти дека во провинцијата Итури во Демократска Република Конго потврдена е епидемија на ебола. Поради избивање на епидемијата ЦДЦ свика итен состанок. ЦДЦ наведе дека е загрижен поради ризикот од понатамошно ширење поради урбаната средина на Бунија и Рвампара, големото движење на населението и мобилноста поврзана со рударските активности во Монгбвалу. Болеста ...

Неодамна влијателниот „Еурактив“ напиша сторија дека Еуроњуз стана платформа за авторитарните режими. Истражувањето на „Еурактив“ покажа дека иако сè уште добива милиони евра европска помош, Еуроњуз го постави својот бизнис модел да стане сè повеќе зависен од политички поврзани инвеститори, лобисти и комерцијални партнерства со субјекти поврзани со неслободни држави. Српскиот портал вчера „Раскрикавање“ објави дека компанијата „Јунајтед ...

Лишен од слобода возачот кој вчера во Скопје со возило „сеат“ удри во 13-годишен велосипедист. – На 14.05.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. ...

Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата. Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, ...

По неколкуте инциденти со булинг, ножеви, тепчаки и насилство во училиштата опозициската СДСМ бара одговорност од министерката за образование Весна Јаневска, но и од директорите на училиштата. Меѓудругото, тие бараат смена на директорите кои прикривале вакви случаи или оние кои не презеле соодветни мерки. Се бара изратока на национална стратегија за булинг, унифицирани правила за справување со овие појави, вражање на безбедноста во ...

Штета немало од 167 милиони евра како што стоеше во кривичната пријава на ВМР за случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“, туку се калапи политичка штета за ВМРО-ДПМНЕ затоа што три години тоа беше еден од главните адути на нивната кампања. По жестоката кампања против Вилма Русковска, Љубомир Јовески, Љупчо Коцевски сега на ред да биде цел на жестоки напади е обвинителот Ислам Абази, шеф на ОЈО ГОКК, од каде што беше запрена истрагата за ...

Оркестарот на Македонската филхармонија в среда во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Пролетен поздрав од Австрија – бисери на класичната музика“, кој се реализира во соработка со Австриската амбасада во Скопје. Како што соопштуваат од Филхармонијата, под диригентската палка на Елизабет Атл од Австрија, како солист ќе настапи австрискиот виолончелист Јеремијас Флидл. На програмата ќе бидат изведени увертирата „Розамунда“ од операта ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10-ти до 20 мај спроведува контроли во сите ланци маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што рече Дурмиши, 30 тимови се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот на надзорите, забележано е одредено поевтинување кај овошјето и зеленчукот. Засега, рече ...

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, а рокот за нејзиното донесување е 30 јуни. Разгледана е од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), доставени се забелешките од нивна страна и веќе се обработуваат – рече денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Дурмиши на прес-конференција информира дека кошничката ќе биде ставена на дневен ред на следната седница на ЕСС, ќе биде разгледана и, ако е потребно ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе биде домаќин на престижна летна школа за млади научници и истражувачи од Западен Балкан, што се организира под покровителство на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. Можноста произлезе од стратешкото партнерство на македонското Министерство за образование и наука и овој референтен центар за наука и истражување на ЕУ, што се воспостави со потпишување на рамковен договор за соработка ...

Деми Мур има дарба за стил, а нејзиниот најнов изглед на Канскиот филмски фестивал е доказ за тоа. На 14 мај, актерката прошета по црвениот тепих во скулпторска фустан директно од музеј на проекцијата на „Татковина“ во Палатата на фестивалите. Вреди да се напомене дека структурираната тоалета беше составена од збрчкана ткаенина што потсетуваше на хартија за завиткување. Горниот дел од фустанот имаше драматична јака со капак околу главата на ...

Нови правила за кибербезбедност за објектите за производство, складирање и за системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новите правила РКЕ ја засилува својата улога во областа на кибербезбедноста со цел обезбедување повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во интерес на граѓаните, ...

Со 250 евра ќе биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, но и ако тој родител не сака да соработува со училиштето или со другите институции, потврди денеска министерката за образование Весна Јаневска. – Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците и мислам дека во овој момент се во Собрание , за да ги дооформат тие предлози и веќе е донесена таа одлука, тие измени ќе се направат и останува казната од ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
91%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.25
77%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
69%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.7
91%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 15ᴼ
1.39
70%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
61%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.58
71%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Калај

53.60