Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Дали постои рецепт за победа на Евровизискиот натпревар? Според ново швајцарско истражување, тој се чини дека постои, иако не гарантира ниту успех. Истражувачите тврдат дека откриле еден вид „код“ за победничка песна, а тој вклучува пеење на англиски јазик и поп и денс ритми, пишува Куриер. Студијата ја водеше престижниот институт ETH Zurich, а заклучокот на истражувачите е дека со децении, земјите постепено научиле кои карактеристики на ...
Непосредно предфиналето на овогодинешниот Евровизиски натпревар, директорот на натпреварот Мартин Грин даде изјава што привлече големо внимание. Во интервју за британските медиуми, тој рече дека Русија еден ден би можела да се врати на натпреварот. Кога директно беше прашан дали Русија може повторно да се натпреварува на Евровизија ако нејзиниот јавен радиодифузен сервис ги исполни барањата на ЕБУ, Грин одговори: „Теоретски да“. Враќањето е ...
Американскиот новинар Исак Саул, основач на почитуваниот независен политички билтен „Tangle“, ја објави најголемата медиумска истрага за корупцијата на Доналд Трамп досега, во која детално опишува како американскиот претседател и неговото семејство отворено тргуваат со влијание и услуги во американската администрација. Собрале до пет милијарди долари само во неговиот втор мандат Во својата анализа, Исак проценува дека семејството Трамп ...
Берлин – Две лица загинаа кога мал авион денеска се урна во населба во градот Лимбургерхоф, југозападна Германија. Според досегашната истрага, во несреќата загинале две лица, а нема информации за повредени жители на Лимбургерхоф. Германските медиуми јавија дека авионот експлодирал во воздух, а остатоци од леталото паднале „на поголемо подрачје околу местото на несреќата“. Берлин – Две лица загинаа кога мал авион денеска се урна во ...
Во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, денеска на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот ќе биде изведено ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, едно од најпознатите и најизведувани дела во светската оперска литература. „Тоска“ е опера во три чина од Џакомо Пучини, создадена врз либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза, инспирирано од драмата на Викториен Сарду. Од својата премиера до денес, ...
Киев – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за итна испорака на системи за воздушна одбрана, можноста за зајакнување на заштитата на украинската инфраструктура и проширување на воената соработка меѓу Киев и Париз. Зеленски на Телеграм изјави дека една од главните теми на разговорот била одбраната од ракетни напади, како и набавката на дополнителни системи што би можеле ...
Група водечки меѓународни експерти собрани околу Светската здравствена организација (СЗО) апелираа до ООН да ја прогласи климатската криза за глобална вонредна состојба за јавно здравје, што е највисокото ниво на предупредување што СЗО може да го издаде. Единаесетчлената паневропска комисија оцени дека климатските промени претставуваат „сериозна и непосредна закана“ за здравјето на луѓето ширум светот, посочувајќи на зголемување на бројот на ...
Рим – Најдобриот светски тенисер Јаник Синер успеа во продолжението да го добие полуфиналето со Данил Медведев со 2-1 во сетови. Во решавачкиот сет, кој беше прекинат поради дожд го доби Синер со 6:4 во гемови. На тој начин во меѓусебниот скор со Медведев поведе со 10-7 во добиени мечеви и воедно ова му беше 33.та победа во низа на мастерс турнирите. Во финалето кое ќе се игра утре негов ривал ќе му биде Каспер Руд, кој вчера го надигра ...
Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил. -Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата ...
По Фолксваген, и Мерцедес размислува за премин во производство на оружје, објавуваат германските медиуми. „Светот стана уште понепредвидлив и затоа Европа мора да го прошири својот одбранбен профил. Подготвени сме ако можеме да играме позитивна улога во овој процес“, рече извршниот директор на Мерцедес Бенц, Ола Керлениус, во интервју за Волстрит журнал. Керлениус верува дека автомобилската индустрија е позната по производство на ...
Цирих – Светската фудбалска федерација (ФИФА) направи неочекуван потег и пред почетокот на Светското првенство од отстрани од листата на официјални лица за Мундијалот холандскиот судија – Роб Диперник. Тој беше планиран да ја има улогата на ВАР судија на Светското првенство, но се најде под истрага на лондонската полиција по пријава за наводен сексуален напад над малолетни лица во април годинава во Кројдон. Случајот е затворен поради ...
Спасувачки нуркач почина на Малдивите додека ги бараше телата на петмина италијански државјани починати во несреќа со нуркање, која се смета за најлошата таква трагедија во историјата на островската нација. Наредникот Мохамед Мадхи беше однесен во болница во критична состојба, но подоцна им подлегна на повредите, потврди денес портпарол на владата, објави Би-Би-Си. Пет Италијанци загинаа истражувајќи подводни пештери Пет италијански ...
Париз – Француски судија е именуван да ја води истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти денеска француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ). Согласно француските закони, на судиите им е дозволено да истражуваат одредени тешки злосторства сторени против странски државјани во странство. Именувањето на судија уследи по пресудата од 11 мај на Апелацискиот суд во Париз, со која се прифатени ...
Додека во Унгарија започнува истрага за огромниот договор на Орбановата влада со компанијата 4iG (1,3 трилиони форинти), во Македонија Мицкоски и неговата криминална група продолжуваат да молчат, стои во соопштението на СДСМ испратено до медиумите. – Се сеќавате ли дека Мицкоски одеше туристички во Давос каде имаше само еден состанок? Се сретна токму со претставниците на 4iG? Имаше уште еден состонок, за мигранти, односно економски ...
Сезоната на јагоди е омилено време од годината за многумина, но ова нежно овошје може брзо да ја изгуби својата свежина ако не се складира правилно. За да ги задржите сочните плодови што е можно подолго, клучно е да ги знаете правилните методи на складирање. Одгледувачите од Сансет, познати по своите јагоди, ги открија клучните чекори и најчестите грешки што треба да се избегнат, пишува Eating Well. Основни правила за подолга свежина Според ...
Директорот на американската разузнавачка агенција, Џон Ратклиф, пренесе порака од Доналд Трамп до раководството на Куба, во која се наведува дека моќниот северен сосед е подготвен да се вклучи во решавањето на економските и безбедносните прашања во оваа карипска земја. Секако, постои и услов, а тоа е фундаментална промена во внатрешната политика, но и промена во надворешните приоритети, особено кога станува збор за Кина и Русија. Релативно ...
Нoви докази сугерираат дека црниот чај може да игра важна улога во одржувањето на здравјето на срцето. Во време кога загриженоста за кардиоваскуларното здравје расте, се чини дека за многумина, дел од решението лежи во едноставна шолја чај, пишува Express.co.uk. Ново истражување спроведено на 1.000 возрасни лица, анализирано од страна на Советодавниот панел за чај, откри дека повеќе од три четвртини од Британците, 76 проценти, се загрижени за ...
Роберт Левандовски (37) објави дека ја напушта Барселона. Полскиот напаѓач потврди во видео на социјалните мрежи дека повеќе нема да игра за каталонскиот клуб од следната сезона. По четири години во дресот на Барса, тој ќе може да се збогува со навивачите утре на стадионот „Спотиф Камп Ноу“, во натпревар кој сигурно ќе биде исполнет со емоции. Договорот на Левандовски истекува на крајот од јуни. Тој пристигна во Барселона во летото 2022 ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување. Од нив, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш управувале возило под дејство на алкохол. Возачот од Радовиш предизвикал и сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Македонски Брод ...
Додека владата нема пари за повисоки плати, нема пари за пензии ниту за мерки за граѓаните во криза фрчат тендери со милионски суми за едни исти фирми блиски до ВМРО-ОКГ. Шемата е добро позната и разработена. Ова е корупциски систем во кој едни исти фирми добиваат сè. На локално ниво. На централно ниво. Во институциите, општините, сите раководени од кадри на ВМРО-ОКГ, изјави денеска на прес-конференција Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор ...
Скандалот со туристичката агенција „Орфеј Травел“ е уште еден доказ дека во Македонија со години може неказнето да се вршат измами врз граѓаните, додека институциите молчат и не преземаат ништо, се посочува во соопштението од ПП „Левица“. Според сведоштвата на оштетените граѓани кои секојдневно пристигнуваат до Левица, станува збор за сериозен и долгогодишен модел на измама. Патници уплаќале големи суми за аранжмани и патувања кои никогаш не ...
Мадрид – Реал е потресен од криза на резултати, трофејна брзање и анархија во соблекувалната. Многу играчи не разговараат со тренерот Алваро Арбело, Феде Валверде и Аурелиен Чуамени се бореа жестоко на тренинзите два дена по ред, по што Уругваецот беше хоспитализиран поради „трауматска повреда на мозокот“, а исто така беше утврдено дека Антонио Ридигер (33) го удира и го понижува Алваро Карерас, кој е десет години помлад. Марка пишува дека ...
Лос Анџелес – Џина Дејвис му помогнала на Бред Пит да го постигне својот пробив – по цена на кариерата на Џорџ Клуни. Дејвис, 70, зборуваше отворено за својот филм од 1991 година, „Телма и Луиз“, во епизодата од „Watch What Happens Live“ во четврток, 14 мај, водена од Енди Коен; Ѕвездата од „The Rookie“, Натан Филион, исто така беше гостин во шоуто со Дејвис. Телма и Луиз е филм за Телма (Дејвис) и Луиз (Сузан Сарандон), кои бегаат откако ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар при прославата на победата и обезбедувањето на титулата шампион на Македонија. ФФМ отсекогаш апелирала и повикувала на достоинствен начин на однесување при победите и на понизност при поразите. Особено е неприфатлива потребата да се повикуваат навредливи содржини и да се пее вулгарни и навредливи текстови при прославувањето на ...
Продолжува доизградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека ...
Вашингтон – Одборот на Федералните резерви на САД (ФЕД) денеска објави дека го назначил претседателот во заминување Џером Пауел за привремен претседател додека Кевин Ворш не положи заклетва како нов шеф на централната банка на САД. Федералните резерви денеска објавија дека претседателот во заминување Џером Пауел ќе остане вршител на должноста претседател. Сенатот во вторникот го потврди 14-годишниот мандат на Ворш, што е чекор кон неговото ...
Автопатот што треба да ги поврзе Кичево и Охрид не е најдолгата патна делница во земјава, а уште помалку во регионот, но веќе сега го има епитетот на една од најдолгите инфраструктурни авантури. Досега овој проект има „поминато“ најмалку пет владини состави, почнувајќи од оној во 2013 година под палката на тогашниот премиер Никола Груевски, потоа неговиот наследник Емил Димитриев, потоа, во 2017 година Владата предводена до Зоран Заев, а по ...
Виена – Секој мај, милиони гледачи се вклучуваат на Евровизискиот натпревар, бодрејќи ги своите омилени и честопати лутејќи се на резултатите. Самиот систем на гласање сега е речиси непрепознатлив од оној што беше пред 20 или 30 години. Она што некогаш беше телевизиско натпреварување кое го одлучуваа исклучиво стручни жирија, прерасна во масовен спектакл обликуван од публиката, социјалните медиуми, дијаспората и меѓународните тензии, пишува ...
Дневната програма на фестивалот „Виноскоп“ за денеска е откажана и се преместува за утре поради најавените врнежи и од безбедносни причини, соопштија организаторите. Согласно измените, утрешната програма ќе се реализира на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Во првиот дел од програмата, од 12:00 до 18:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневната програма со настапи на DJ Oky Doky, DJ ...
Виена – Вечерва, во Виена од 21 часот ќе се одржи финалето на 70-годишниот јубилејен Евровизиски натпревар, каде што 25 земји ќе се борат за победа и шанса да бидат домаќини следната година. Хрватска и Србија влегоа во финалето од регионот, Црна Гора отпадна, а пред натпреварот, како и секогаш, обложувалниците привлекуваат големо внимание. Промени во рангирањето Секако, прогнозите за Евровизија и рангирањето на обложувалниците не мора да ...