Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Темата поврзана со насилството во училиштата не е нова и не се појавува само во последно време, отсекогаш имало такви случаи, но за разлика од претходните случаи, овој пат Министерството за образование и наука изрази подготвеност да преземе конкретни мерки, изјави денеска заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, одговарајќи на пратеничко прашање на Сања Лукаревска од СДСМ за одговорноста за случаите со врсничкото насилство ...
Нема кој да одговори каде се наоѓа вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Ниту дали сѐ уште зема плата иако неколку месеци не доаѓа на работа, но испраќа фотографии од егзотични дестинации како Тајланд. Премиерот Христијан Мицкоски молчи, молчеше денеска и потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски кога беше побарано од него вицепремиерот да се појави на седницата за пратенички прашања. Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, ...
Лино Червар ја предводеше златната генерација на Хрватска, освои сè што можеше да се победи во ракометот и го тренираше Иван Балиќ, за многумина најголемиот ракометар во историјата. Тој исто така водеше големи битки против Никола Карабатиќ во своите најдобри денови. Сепак, кога зборува за најдобриот ракометар на сите времиња, Червар избира некој трет – Кирил Лазаров. Легендарниот хрватски тренер зборуваше за Лазаров во својата автобиографија ...
Промоцијата на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ на истакнатиот театарски критичар и публицист Тодор Кузманов ќе се одржи на 21 мај (четврток) во 12 часот во малата сала на Драмски театар Скопје. Станува збор за значајно издание кое преку аналитички осврти, критички текстови и театарски записи отвора важни прашања за современиот театар, неговиот развој, естетика и општествено значење. Книгата претставува драгоцен придонес за театарската ...
Словенечката претседателката Наташа Пирц Мусар денеска, по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, порача дека Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, како и дека ќе продолжи активно да се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ. На заедничка прес-конференција, Пирц Мусар одговори на новинарско прашање поврзано со иницијативата во ...
Италијанскиот моден бренд Trussardi официјално пристигнува во Македонија со отворањето на својата прва монобренд продавница на 21 мај 2026 година во Ramstore Mall, на приземје. Новиот продажен салон ќе понуди внимателно селектирана колекција на машка облека и аксесоари, како и женска колекција на кожни аксесоари, препознатливи по современ дизајн, врвен квалитет и италијанска елеганција. Со својот најнов концепт „Gentle Society“, Trussardi ...
На големата сцена во МНТ, вечерва, во 20 часот, ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќско позориште. Пред скопската публика ќе настапат актерите Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја Стојановиќ, Јован Кривокапиќ и Андреа Драшковиќ. Сценографијата е на Весна Сушиќ, костимографијата и изборот на музиката се на Наташа ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво и билатерално и во форматите поврзани со Европската Унија разговараат за Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и се бара решение, особено за летниот период, при тоа потенцирајќи дека не се точни информациите за индивидуално исклучување на одредени земји. -Тоа што би можел да ја информирам јавноста е дека имаме разговори и со ...
Соединетите Американски Држави годинава се повлекуваат од голем број меѓународни организации и институции, што се смета за потврда на систематскиот раст на скептицизмот кон мултилатерализмот и глобалната соработка под администрацијата на претседателот Доналд Трамп. По повлекувањето на САД од Светската здравствена организација на првиот ден од неговиот втор мандат, на почетокот од годината Трамп го потпиша повлекувањето на САД од 66 ...
За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заеднички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара.Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и ...
Виена – По првата победа на Бугарија на Евровизија, се постави прашањето каде ќе се одржи следното издание на натпреварот и дали Бугарија може да организира еден од најголемите телевизиски настани во Европа. Овогодинешната победничка Дара, која славеше со песната „Бангаранга“, веќе изјави дека сака Евровизискиот натпревар да дојде во Софија следната година. Сепак, организирањето на толку голем настан за Бугарија може да претставува сериозен ...
Оригиналниот македонски мјузикл „Као какао“ ќе биде премиерно изведен на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, во 20.30 часот. Репризите се закажани на 11 и 12 јуни. Станува збор за мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски. Текстот е на Венко Андоновски, режијата на Дејан Пројковски, кореографија – Олга Панго, аранжмани – Бобан Мирковски, продуцент – „Баги комуникации“, копродуцент – Македонскиот народен театар. Песните сами ...
ТИТАН Усје го одбележа двегодишниот јубилеј на едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој учениците од основните училишта стекнуваат практични знаења и вештини од областа на 3Д моделирањето, 3Д печатењето, роботиката и инженерството. На завршниот настан од втората година од програмата за 3Д печатење присуствуваа повеќе од 500 ученици од осум основни училишта од Општина Аеродром, директорите на училиштата, ...
Во услови кога бројот на возила во општина Центар постојано расте, а јавниот простор останува ограничен, прашањето за фер распределба на паркинг местата станува едно од клучните урбани прашања за жителите. Токму затоа, со последните одлуки на Советот на општина Центар, се воспоставува нов систем на паркирање во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе можат да дојдат до паркинг место во близина на својот дом, ...
18-годишна девојка прободена пред дискотека во скопски Карпош. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кој употребил остар предмет и ѝ нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 18-годишна девојка прободена пред дискотека во скопски ...
Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе се одржи во среда, на 20 мај, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, во 19 часот. Добитничка на годинашното признание, кое го доделува Фондација „Славко Јаневски“, е писателката Оливера Ќорвезироска за романот Три Марии, објавен од Арс Либрис. „Три Марии“ од ...
28-годишната ќерка на Хедер Локлир и Ричи Самбора, Ава Самбора, се омажи за инвестицискиот соработник за време на венчавка на отворено во Rosewood Miramar во Монтесито, Калифорнија, во сабота, 16 мај. Двојката беше опкружена со нивното блиско семејство и пријатели за нивниот посебен ден. Ричи, 66, беше присутна, како и Локлир, 64, и нејзиниот партнер, Лоренцо Ламас. Не е јасно точно кога двојката првпат се запознала, но Ава се чини дека ја ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се ...
Државата преку новиот предлог Закон за земјоделско земјиште воведува правила за да спречи неконтролирана урбанизација и уништување на обработливите површини. Строга забрана за поставување фотоволтаици на најквалитетното земјоделско земјиште од прва до четврта категорија, забрана за возење по ниви, строги правила за градење на земјоделски површини и задолжително враќање во правобитна состојба на државната земја што се дава под закуп – тоа е ...
Владејачкото мнозинство денеска не ја поддржа потребата од измени на Законот за влада – министрите да имаат само македонско државјанство. За измените на законот предложен од СДСМ гласаа само 20 опозициски пратеници. Со тоа, најверојатно само на пратениците ќе им биде забрането да имаат двојно државјанство. СДСМ предложи измени на Законот за Влада за тој да биде компатибилен со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ – пратениците да имаат само македонско ...
Не заглавениот пат кон ЕУ, не борбата против корупцијата, туку полагањето правосуден испит на албански јазик беше поводот јавно да се објави дека премиерот Христијан Мицкоски се сретнал со лидерите на Влен за да разговараат за овој проблем. Забележливо на средбата на коалициските партнери, не бил и лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, иако неговиот кадар го води Министерството за правда. Во соопштението од средбата во владата се вели дека ...
Ситуацијата со компаниите што ја занемаруваат цивилната инфраструктура во корист на градење и одржување центри за податоци станува сè посериозна. Технолошките компании инвестираат огромни суми пари во последните години за изградба на центри за податоци потребни за развој на вештачка интелигенција, но јавноста не изгледа премногу ентузијастична за идејата за појава на вакви објекти во нивните населби. Новата анкета на Галуп покажува дека 71 ...
Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице. Како што соопшти Управата, пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле ...
Жозе Мурињо ќе биде назначен за нов тренер на Реал Мадрид, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, двете страни постигнале договор за условите на двегодишен договор. Шеесет и тригодишниот тренер наводно ќе пристигне во Мадрид по натпревар од последното, 38. коло на Ла Лига помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао. Натпреварот ќе се одржи на 23 мај. Мурињо претходно го водеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година. Под водство на ...
Откако Фабрицио Романо го објави враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, познато е и колку пари ќе заработи Бенфика. Во договорот на Мурињо со Бенфика, кој важи до летото 2027 година, постои клаузула која му гарантира на португалскиот клуб значителна отштета ако Мурињо оди на Бернабеу. Според португалскиот „Рекорд“, Реал ќе мора да ѝ плати на Бенфика 7 милиони евра за да го доведе Мурињо. Клаузулата е активна во многу краток временски ...
Кан – Кејт Бланшет ги прифати модните писти и стиловите по нарачка во Живанши и Луј Витон во саботата и неделата за време на Канскиот филмски фестивал во Франција во 2026 година. Двократната добитничка на Оскар актерка присуствуваше на неделната премиера на „Garance“ облечена во изглед од есенската колекција на Живанши за 2026 година, која дебитираше како дел од Неделата на модата во Париз во март. Бланшет носеше обоен, везен, искинат и со ...
Кан – Холивудскиот гламур достигна нови заслепувачки височини на доделувањето на наградите „Керинг жени во движење“ за 2026 година во недела вечерта, додека некои од најголемите светски ѕвезди се спуштија во Кан во парада од незаборавни модни моменти. Одржан за време на годишниот Кански филмски фестивал, престижниот настан ги прослави жените во филмот и креативноста, но црвениот тепих навистина го привлече вниманието, бидејќи гостите од ...
Овогодишната парада за Денот на победата во Москва на 9 мај беше сè друго освен триумфална. За прв пат по две децении, тенковите и другите воени возила не се прошетаа низ Црвениот плоштад за да ја прослават победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Руските власти сметаа дека е премногу ризично да има масовни оклопни возила и ракетни лансери во блиските области, бидејќи тие би биле премногу привлечна цел за сè поефикасните ...
Неделата на турската кујна се слави секоја година во периодот од 21 до 27 мај, а манифестацијата се организира под покровителство на првата дама, нејзината екселенција Емине Ердоган. Годинешната тема на Неделата на турската кујна е „Трпезата на наследството“ и ја претставува турската кујна како живописно, споделено културно наследство, кое се развивало со векови преку миграција, ритуали, колективен придонес и долгогодишна традиција. Неделата ...
Нина Ангеловска Станков ексклузивно пристигнува со своја книга во издание на ТРИ. Нејзиното име е едно од најпрепознатливите на македонската бизнис-сцена. Препознаена е како коосновач на „Grouper.mk“, првата платформа за групни попусти и една од водечките компании за е-трговија во земјата, меѓународно признат бизнис-лидер, доктор на науки и првата жена министер за финансии во Македонија. Со оваа книга таа влегува подлабоко во својата ...