Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска му честита на Петер Маѓар, кој положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија, соопштија од СДСМ. Пораката Филипче ја објави на социјалната мрежа Икс (X). „Иако нашите партии не се од иста идеологија, нè спојува демократијата и заедничката борба против автократските режими. Вие и вашата партија Тиса ја ослободивте Унгарија од авторитарниот и корумпиран режим, ѝ го вративте достоинството, го ...
Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“ – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар. – Оваа манифестација прерасна во препознатлив симбол на дружење и размена на култури. И овојпат имаме голема посетеност и интерес, голем број граѓани и европски гости, и се разбира, добра атмосфера, музика и гурмански специјалитети. Годинава настанот го посветуваме на 9 Мај, Денот на ...
Растот на извозот на Кина се забрза во април, бидејќи фабриките брзаа да се соочат со порастот на странските нарачки од купувачи кои сакаат да складираат компоненти, поради стравувањата дека војната во Иран може дополнително да ги зголеми глобалните инвестициски трошоци. Извозот се зголеми за 14,1% во однос на претходната година во долари, покажаа царинските податоци во саботата, надминувајќи го растот од 2,5% во март и растот од 7,9% што го ...
Авион на „Фронтиер ерлајнс“ удри и уби пешак на пистата на Меѓународниот аеродром во Денвер додека се подготвувал за полетување доцна во петокот навечер, потврдија властите. Инцидентот предизвикал краток пожар на моторот и сите 224 патници и членови на екипажот биле евакуирани од авионот, јавува Би-Би-Си. Аеродромот соопшти дека човекот скокнал преку надворешна ограда и само две минути подоцна се нашол на пистата, каде што бил удрен од ...
Министерката Димитриеска- Кочоска денеска изјави дека e отпочнат процес на ревидирање на постоечката Методологијата за проценка на вредност на недвижниот имот, во насока на попрецизна регулација за даночни цели. Инаку, методологијата е основа врз што се одредува и основицата за пресметка на данокот на имот. Министерката за финансии денеска се обрати на 9-тата Меѓународна конференција за Влијанието на геополитичките промени и вооружените ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие и градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата на Водно, која по контрола од страна на компанијата изведувач било констатирано дека е во катастрофално лоша состојба. Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на Жичницата и кога таа повторно би била ставена во функција и оти веднаш штом бидат ...
По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...
Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина за кршење на тридневниот прекин на огнот склучен со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува ДПА. Украинските сили ги нападнале руските воени позиции и цивилната инфраструктура со беспилотни летала и артилерија во регионите Калуга, Тула, Смоленск, Курск, Брјанск и Белгород, како и во Чеченската Република и регионите Ставропол и Краснодар во јужна Русија. Од ...
Петер Маѓар денеска положи заклетва како нов премиер на Унгарија, со што се означи крајот на 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Маѓар положи заклетва во Парламентот откако неговата централно-десничарска партија Тиса избори убедлива победа на изборите минатиот месец, победувајќи го Фидес на Орбан. Партијата Тиса освои двотретинско мнозинство во Парламентот со 199 места, што ѝ дава можност да ги смени клучните политики воведени за време на ...
Рускиот претседател Владимир Путин го прими словачкиот премиер Роберт Фицо во Кремљ. Фицо е единствениот европски лидер кој пристигна во Москва на прославата по повод Денот на победадата над фашизмот – 9 Мај. – Вашиот доследен став во корист на зачувувањето на историската вистина заслужува почит, рече Путин на почетокот од средбата со Фицо и ја пофали „суверената надворешна политика“ што словачката влада се обидува да ја води. Рускиот ...
Делегација на ЕУ во земјава денеска во Градскиот парк во Скопје е домаќин на централниот настан по повод Денот на Европа, кој е отворен за сите граѓани. Манифестацијата започна со настап на детски танцови групи пред летната сцена „Школка“, а потоа напладне евроамбасадорот Михалис Рокас и официјално со пригоден кус говор и порака го прогласи настанот за отворен. Во Градскиот парк со евроамасадорот денеска беа и министерот за европски прашања ...
По повод одбележувањето на 9 мај, Денот на Европа, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. преку видео порака се обрати до македонските граќани. „Драги граѓани на Северна Македонија, Ви се обраќам денес како идни членови на Европската унија“, вели во порака Кошта додавајќи дека на Денот на Европа, заедно ги прославуваме нашот заеднички европски проект. кога членките основачи го одбраа единството поделбите и соработката наместо ...
Раководството на Реал Мадрид и тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, веќе се во директни преговори за соработката следната сезона, објавува А Бола. Португалскиот фудбалски стручњак има уште една година од договорот со Бенфика. Договорот вклучува откупна клаузула од три милиони евра. Реал Мадрид, под водство на Алваро Арбелоа, е втор во Ла Лига со четири преостанати натпревари, 11 бода зад лидерот Барселона. Реал Мадрид има преостанати натпревари ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека би можел да премести американски војници од Германија во Полска, додека Пентагон подготвува повлекување на околу 5.000 американски војници од Германија во текот на следната година. „На Полска би и се допаднало тоа“, им рече Трамп на новинарите кога беше прашан за можноста. „Имаме одлични односи со Полска. Имам одлични односи со претседателот. Многу го ценам, па затоа е можно“, додаде тој. ...
Повеќе делегации денеска положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на осуммина припадници на безбедносните сили во вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во Секторот за внатрешни работи Куманово. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, државниот секретар, Сашо Петрушевски, началникот на СВР Куманово, Никица Петрушевски, членови на семејствата на загинатите ...
Европа е изградена на ветувања, слобода, еднаквост и демократија. Денес во свет на конфликти и економски притисоци, мора да ги браниме овие вредности дома и надвор, рече денеска евроамбасадорот Михалис Рокас во обраќањето на свеченоста што се одржа во кругот на Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Ова е ден, посочи, кога треба и да се подвлече стратешката важност на проширувањето на Европската Унија, за ...
Со пораки дека Европа е единствениот пат по кој оди Македонија, но и дека на тој пат нема да прави пазар со идентитетот и достоинството, премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати пред присутните кај споменикот на ослободителите на Скопје, на одбележувањето на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Во својот говор Мицкоски упати и низа пораки за домашните политички актери и за земјите од соседството во контекст на ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјава по повод 9 Мај – Денот на Европа упати критки до власта дека ја држи државата изолирана од Европа и посочи дека треба да се направат уставни измени за да почнат преговорите за членство во Европската унија. -Денес го славиме Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, еве, на пример, како Црна Гора, која што води ...
Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Марина Трајковска, анестезиолог во ГОБ „8 Септември“ апелира секој граѓанин да разговара со своето семејство за одлуката да биде донор на органи. Со изборот да биде донор, граѓанинот избира да подари некому живот. -Замисли дека нечиј живот зависи од одлука што можеш да ја донесеш ...
Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“, свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција. На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or open?“ од уметникот Велимир Жерновски, во кураторска ...
Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме 5 нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, истакна вицепремиерот Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. “Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар ...
Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност дека Русија ќе ја добие војната против Украина на воената парада на Црвениот плоштад денес, со која се одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Безбедноста во Москва беше засилена додека Путин и голем број странски лидери ја следеа парадата, иако тридневниот прекин на огнот, посредуван од САД, ги намали стравувањата од можни украински обиди да ја попречат ...
Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно ...
Владата организира свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. Делегации од институции, политички партии, амбасади, …. ќе положат цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“. На свеченоста ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Владата организира свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи ...
Сјаен извор на светлина забележан од Баз Олдрин за време на мисијата Аполо 11, мистериозен објект што прави „повеќекратни вртења од 90 степени“ со голема брзина и светлечки објект што се тркала по небото над Казахстан се само некои од деталите во новата серија досиеја за НЛО што Пентагон почна да ги објавува вчера. Претседателот Доналд Трамп ја користи долгогодишната љубопитност на јавноста за „неидентификувани аномални феномени“ (НЛО) во ...
Фудбалерот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, во интервју за „Ло де Поло“ забележа дека отсекогаш имал добар однос со Кристијано Роналдо. – Јас бев во Барселона, а тој беше во Реал Мадрид. Бевме ривали во сè, па луѓето секогаш нè споредуваа. Но, нашиот однос отсекогаш беше добар и респектабилен. Денес сме во различни фази од нашите животи, но она што се случи беше големо спортско ривалство, изјави Меси. Аргентинецот играше за ...
Повеќе од 20 години по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок-состав „Архангел“ официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на Стадионот на АРМ во Скопје. Звукот и лириката на „Дни оловни“ носат специфична тежина и ...
Со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 54. „Мајски оперски вечери“. Првпат две претстави ќе бидат изведени на почетокот на фестивалот. Официјално ќе биде отворен со палење на фестивалскиот оган од сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, која вечер ќе настапи во втората опера на Пучини. Годинава МОВ е во знакот на дела од Џакомо ...
Нов меѓупартиски сојуз на европратеници повикува на брзо создавање „европски одбранбена сојуз“, јави ДПА. „Да сметаме единствено на САД за одбрана на Европа е опасен ризик“, се вели во соопштението потпишано од пратеници од целиот политички спектар, вклучувајќи ги Германците Мари-Агнес Штрак-Цимерман, Михаел Галер и Тобијас Кремер. Тие наведуваат дека се потребни структури што ќе им овозможат на земјите да дејствуваат дури и без НАТО ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека би сакал прекинот на огнот во војната на Русија во Украина да трае повеќе од три дена. „Би сакал тој (конфликт) да заврши“, додаде тој. Трамп, исто така, рече дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш се согласиле со неговиот предлог за привремено прекин на огнот. „Јас го побарав тоа и претседателот Путин се согласи… Зеленски се ...