Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена ...
Вчеравечер беше промовирана поезијата Отуѓеност од штипскиот автор Методи Бојаџиски во домот на културата Ацо Шопов во Штип. „Отуѓеност“ е книга со современа поезија што зборува за чувствата, оддалеченоста меѓу луѓето и личните размислувања во денешното време. Неговото прво дело произлегува во 2023 година насловено како Испланиран немир, додека Отуѓетност е е неговот второ по ред дело.ж Инаку, Методи Бојаџиски е роден 1974 година во Штип. ...
Денес, во просториите на Клубот на пратеници, беше одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, со присуство на претставници на државните институции, академици, универзитетски професори, истражувачи и други поканети гости. Во своето обраќање пред присутните, заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, ја истакна важноста на мајчиниот јазик како темел на културниот, институционалниот и општествениот идентитет, ...
Нема крај на луксузите на ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ. Според оваа партија, сопругата на градоначалникот на Скопје од како што го нарекуваат, ВМРО-ОКГ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на партиска промоција се појавила со брендирана чанта „Хермес“. „Станува збор за еден од најекслкузивните и најскапи бренд чанти во светот. Вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чинат од 28.000 до 33.000 долари. Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај и мора да ...
Натпреварите 16. коло на Првата ракометна лига се играат овој викенд, а во рамки на истото екипата на Текстилец УГД од Штип ќе биде слободна. Веќе вечерва во Автокоманда се игра натпреварот меѓу Мулти Есенс и Овче Поле, каде скопскиот тим ќе биде апсолутен фаворит за триумф, а гостинот од Свети Николе го очекува тешко гостување. Утре на програмата се неколку натпревари. Дерби ќе се игра во Неготино каде Вардар го пречекува непоразениот лидер ...
Детонит Плачковица помина низ успешни зимски подготовки и подготвен влегува во пролетниот дел од Втората лига, но и во четвртфиналето од Купот на Македонија. Радовишани засилени со неколку нови фудбалери ќе целат кон што повисок пласман во Втората лига, а штипскиот стратег Горан Здравков ни изјави дека неговиот тим имал успешни подготовки и вели дека имаат квалитет за повисок пласман на табелата. Во однос на натпреварот од четвртфиналето од ...
Овој викенд се играат дерби пресметки од 2. коло на плеј-офот на Првата кошаркарска лига каде се води неизвесна борба за пласман во Суперлигата. Колото се отвара во утревечер со натпреварот меѓу фаворитот Струмица и Водно Санс кој ќе се одигра во спортската сала „Никола Карев“ во Струмица. Во недела на програмата се три натпревари. Скопското дерби го играат Бутел и Вардар, што ќе биде еден од двата дуели од ова коло на две екипи со идентичен ...
Синоќа во Кочани беа избрани најдобрите спортисти за 2025 година – спортска манифестација во организација на Општинскиот фудбалски сојуз Кочани, а под покровителство на општина Кочани. На свечената манифестација беа доделени признанијата за најуспешните спортисти, екипи и спортски работници за 2025 година. За спортист на Кочани за 2025 година беше прогласен Даријан Павлев од боречкиот клуб Спартак, признанието му го врачи градоначалникот на ...
Второлигашот Победа ќе продолжи со натпреварување, на вчерашниот јавен собир на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се разговараше за иднината и судбината на клубот. Финансиските проблеми со кој е заглавен клубот прават сериозни проблеми за тоа како клубот во иднина ќе функционира. Навивачите децидни и бараат одговорност за менаџирањето на клубот во минатото, одговорност за долговите и за ситуацијата во која е клубот. На вчерашниот ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната стратешка соработка меѓу двете земји. Андоновски изрази благодарност до амбасадорката Варнс за континуираната поддршка од САД во процесите на модернизација на институциите и јакнење на сајбер-безбедноста. Тој истакна дека стратешкиот дијалог претставува ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, поднесува претставка до Судскиот совет поради изнесните информации од страна на портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, во кои таа јавно соопштува исход од судска постапка која сè уште е во тек, информираат од СДСМ. „Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно и скандалозно, бидејќи второстепена ...
Овој викенд се играат натпреварите од 11. коло на Втората футсал лига, колото се отвара со три натпревари кои ќе се одиграат утре. Лидерот Железарец ќе има лесна задача за освојување на бодовите против „фенерџијата“ Карадаку, Кратово на домашен терен ќе го пречека ланскиот прволигаш Црна Река, гостинот ќе сака освојување на трите бодови на тешкото гостување и да продолжи да го трасира патот кон враќање во Првата футсал лига. Утре во Битола се ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари, објави денес претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. За толку беше зголемена вредноста на потрошувачката кошничка што ја пресметува ССМ и во јануари, па Трендафилов направи споредба со најавата за системско усогласување на минималната плата следниот месец. „Вредноста на синдикалната минимална ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај. „Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми“, изјави Хоџа. Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација ...
На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го привеле С.В. (45) од Италија. При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција, како и ...
Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината. Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено. Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена во неделата, бесплатно и без лозинка, со ...
Партијата Левица ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише новиот закон со кој се продолжува рокот за легализација на дивоградби. Од Левица посочуваат дека претседателката претходно, како пратеник, јавно укажувала дека етички и правно е невозможно да се повикува на владеење на правото, а истовремено да се носат закони со кои се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти. Собранието го продолжи рокот за ...
Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Сите засегнати страни имаат можност да достават свои сугестии и предлози, кои ќе бидат разгледани согласно утврдената процедура. Министерот за здравство Азир Алиу посочува дека процесот се води од принципите на транспарентност и отчетност. „Се ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска побара средствата што Владата ги планирала за набавка на нов авион да се пренаменат за зголемување на минималната плата на 600 евра за сите работници. Кузеска изјави дека е време, како што рече, да се укине луксузот на власта и работниците да добијат достоинствени плати. Таа посочи дека нема повеќе оправдувања дека нема средства, наведувајќи дека имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети и ...
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека постои ново сведоштво за притисоци врз правосудството и политички прогон кон поранешни функционери на партијата. Како што посочи Манасиевски, поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на социјална мрежа изјавил дека бил разрешен откако одбил да донесе позитивно мислење во одреден случај, за кој, според ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Германија, на која присуствуваше и амбасадорката Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на Германија. Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана во претходниот период, опфаќа моторни возила, термовизиски камери, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата. Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, ...
Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат таква позиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за таа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО каде таа беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други ...
Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. „Инвестицијата од 29.320.330 денари (околу 475.000 евра) придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население. Проекти за трајна промена ...
Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството, обвинија од СДСМ. „Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски. Тој одлучува кој ќе биде назначен. Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристоска –независната кандидатка за државен јавен обвинител. Иако Ристоска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители и позитивна ...
Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што ја даде во телевизиско интервју, таа вели дека тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. „Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да ...
Tрет ден по ред се вози со забрана, нерегистрирано возило и без возачка , вчера приведени четири лица на територијата на државата. И понатаму од МВР апелираат на големо внимание, возачите да не управуват без возачка и со забрана за управување. ,,Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четворица, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б ...
Одрони се свлекуваат по патиштата низ истокот, откако обилните врнежи од дожд го накиснаа теренот. Од Македонија пат информираат дека станува збор за помали одрони на правците од Истибања до граничниот премин со Бугарија, како и на делниците Делчево–Берово–Струмица, Виница–Берово и Штип преку Лакавица кон Неготино. Засега нема поголеми одрнои, ниту пак се воведени забрани за сообраќај. Сообраќајот се одвива тековно, а екипите се на терен и ја ...
ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, ...
Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници, прашуваат од СДСМ. „Што се крие од јавноста? Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерицијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го прпошутил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа со владиниот авион од Сплит. Генералната ...