Лидерот во Третата лига Југ, Борец, продолжува со доминантни партии откако запиша убедлива победа од 0:4 на гостински терен над директниот конкурент за првото место Превалец и дополнително се зацврсти на првата позиција на табелата. На полувреме беше 0:2, а Борец доминираше во текот на целиот натпревар. Со новите три бода, Борец сега има вкупно 55, додека директниот конкурент за врвот, Превалец, останува на 49 бодови, што значи дека разликата ...

Во рамки на 22. коло од Третата лига – ЈУГ, Борец одигра сигурен и ефикасен натпревар на гостувањето кај Превалец, каде што славеше со убедливи 0:4. Гостите од самиот почеток ја презедоа иницијативата и не дозволија изненадување, контролирајќи го текот на натпреварот до самиот крај. Стрелци на головите беа Стефан Филиповски, Марко Миловановиќ кој двапати се запиша во листата на стрелци, како и Даниел Иванов. Со оваа победа, Борец ја потврди ...

По дерби мечот меѓу најголемите кандидати за првото место во Третата лига – Југ на кој поранешниот прволигаш Борец од Велес го „прегази“ Превалец дури со 4-0, многу работи се разјаснија на табелата. Сега Борец има шест бодови предност и е појасно дека веќе му е отворен патот кон баражот за Втората лига. Головите за Борец ги постигнаа Марко Миловановиќ, кој стрелаше во два наврати, и Стефан Филиповски и Даниел Иванов. Во Третата лига – Исток, ...