Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Владата останува посветена на одржување на макроеконмската стабилност, стабилност во управувањето со јавните финансии, спроведување фискална консолидација и обезбедување забрзан и одржлив економски раст. При тоа будно го следи и развојот на состојбата под влијание на влијание на неизвесностите на меѓународен план и презема мерки за справување со предизвиците. Ова беше истакнато на средбите на министерката за финансии Гордана ...
Претседателот Венко Филипче во името на СДСМ упати официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за како што велат, сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија. „Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и ...
„Вчерашната објава на пратеник од Вреди, со која се обиде како успех да го прикаже двојазичното објавување документи во Службен весник, заврши како јавен доказ за неспроведување на законот од институциите што токму тие ги раководат“, велат од ДУИ. „Службен весник не функционира по политичка желба, ниту по моментален каприц. Тој има законска обврска објавите да ги публикува на два јазика, согласно важечкиот правен поредок. Значи, пратеникот ...
Поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат, Фехми Стафа, се спогодил со Обвинителството да одлежи казна затвор од една година и три месеци. Тој е обвинет за примање поткуп од 50.000 евра за да влијае кај судија. Од Кривичниот суд соопштија дека Стафа од вчера е спроведен во затворот во Шуто Оризари за издржување на изречената казна. Стафа беше приведен во декември минатата година. Според МВР, во периодот од октомври до 13 декември ...
„СДС со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма. Единствено што има е гола пропаганда преку фалименто соопштенија што немаат врска ниту со реалноста, ниту со Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пропаднатиот ПР на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, СДС и Филипче ги насочи фокус да им бидат избори во други држави, наместо во партија да прават реформи и ...
Министерството за правда уште пред неколку дена соопшти дека ќе ги побара сите списи од надлежните судски органи и обвинителства за сите предмети поврзани со Никола Груевски и дека „ќе постапи согласно позитивните законски прописи“. До каде е постапката?, прашуваат од СДСМ. Од опозицијата прашуваат дали владата ги спремила документите и дали е поднесено барање за ектрадиција на Груевски? „Додека институциите во Македонија „прибираат ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ во рамките на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон. На средбите присуствуваше и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Гувернерот Славески се сретна со заменик-директорот на ММФ Бо Ли, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер, извршниот ...
ДОМ изразува сериозна загриженост во однос на најавените и тековните измени поврзани со Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство кои отвораат простор за значително олеснување на постапките за доделувањето концесии и користењето на природните ресурси. „Иако овие измени се претставуваат како технички или економски унапредувања, нивниот ефект може да биде долгорочен и со трајни негативни ефекти врз ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 17 до 19 април, во Анталија ќе учествува на петтото издание на Дипломатскиот форум (Antalya Diplomacy Forum – ADF2026), организиран од Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Форумот годинава се одржува на тема „Мапирање на утрешнината: управување со неизвесностите“. Во рамки на ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи објави видео од депонијата Вардариште. „Започнат е процесот на одгасување, што води чекор поблиску до новите бели дробови на Скопје“, порача Ѓорѓиевски. Текстот (Видео) Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште станува минато! е превземен од МАКФАКС. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи објави видео од депонијата Вардариште. „Започнат е процесот на ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улиците 1506 и 1550 во Момин Поток, како ио објектите на фирмите: Електроводомонт и Европа 92. ( општина Карпош ) · од 09.30 до 14.00 часот, корисниците од селата: Рашче, Копаница и Бојане, каптажата Рашче, како и дел од корисниците од село Кондово. ( општина Сарај ) · од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Рилски ...
Одбојкарите на ОК Штип УГД со импресивна и сигурна игра ја започнаа финалната серија за шампионската титула, совладувајќи го ОК Борец Велес со убедливи 3:0 (25:15, 25:22, 25:17). Штипскиот состав уште од самиот старт наметна висок ритам и целосна контрола врз натпреварот, не оставајќи многу простор за изненадување. Единствено во вториот сет гостите од Велес успеаја да внесат мала неизвесност, но и таму домашниот тим покажа квалитет и зрелост ...
Членовите на ДПД-Штип продолжуваат да ја градат својата приказна со нови искуства, предизвици и пријателства надвор од границите на државата. Заедно со колегите од ДПД-Кочани и ДПД-Архангел, тие вечерва заминаа на учество на меѓународен натпревар во противпожарни вештини во Хрватска. Настанот, организиран од ДВД Опчине Марчана, ќе собере екипи од повеќе земји, нудејќи можност за размена на знаења, усовршување на вештините и градење на силни ...
Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15. Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари. Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи подобри услови за живеење и повисок ...
Започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште, што претставува значаен чекор кон нејзино целосно затворање и трансформација во современ мега парк, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Како што ветив, вели тој, по спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште. Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови кои со години се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Истанбул оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на којашто беше констатирано дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка. Најпрво, претседателката изрази сочувство до претседателот Ердоган за жртвите во вчерашното пукање во средното училиште во Турција, посакувајќи побрзо ...
Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претставници на независните граѓански иницијативи по нивно барање на која се разговараше за реформите во изборното законодавство. На состанокот им беше посочено да достават конкретни предлози и сугестии за унапредување на изборното законодавство, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група, што беше прифатено од страна на претставниците на независните граѓански иницијативи. ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска во просториите на Министерството оствари протоколарна средба амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на реформите и модернизацијата на јавната администрација. Соговорниците се осврнаа на можностите за продлабочување на партнерството преку размена на искуства и добри практики, ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) дава целосна поддршка на културните работници кои денеска излегоа на протест барајќи достоинствени услови за работа и соодветно вреднување на нивниот труд, соопштија од партијата. „Фактот што луѓето кои ја создаваат и чуваат културата се принудени да протестираат е јасен показател за негрижата и потценувањето што со години го трпат од институциите. Наместо системска поддршка, сведоци сме на импровизации, ...
Со гости од Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Косово и Турција, Земјоделскиот факултет при УГД Штип беше домаќин на петтото меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“. Настанот се одржа во Свечената сала на факултетот во Кампус 2 во Штип. Во фокусот беше поврзувањето на науката со практичното земјоделско производство во време на сериозни климатски предизвици. На советувањето учествуваа и над 30 претставници од ...
Цените на вештачките ѓубрива се во пораст, па државата веќе почна да ги проверува увозниците. Министерствата за земјоделство и економија прават скрининг за да утврдат по која цена е увезена стоката и колкави маржи се ставени. Министерот Цветан Трипуновски најави дека утре ќе има состанок со увозниците, каде ќе се разгледаат податоците од терен. Врз основа на тоа, се очекува да се донесат конкретни мерки за да се спречи ценовен шок. Во однос ...
Денес Павел Иванов, претседателот на ОО СДСМ Штип на преснонференција изрази сериозна загриженост и револт како резултат на службениот допис кој е доставен до вработените во Центарот за Јавното здравје-Штип, преку кој, како што тврди Павел Иванов, претседател на ОО СДСМ Штип, се ограничува или целосно се прекинува извршувањето на одредени лабораториски анализи. Иванов тврди и дека овој проблем ги засега над 200 000 граѓани од источниот регион ...
Ако продолжи ваквото функционирање, ќе ги изгубиме младите, предупреди денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека илјадници студенти заминуваат да студираат на универзитети во регионот. Како одговор на овој предизвик, Владата го подготвува новиот пакет закони од областа на високото образование и науката, кој е во владина процедура. Премиерот нагласи дека реформите носат нова законска рамка насочена кон квалитет, меритократија и ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со откупот на оризот во кочанскиот регион, во делот на тоа како се откупува, по која цена одговори денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој беше прашан за проблемот со откуп на оризовата арпа од ланската реколта. Посочи дека досега се откупени 10.000 тони оризова арпа. -Знаете дека во делот на есенската жетва имаше ...
Се уредуваат тротоарски површини на ул. Лески, помеѓу населбите Сењак 3 и Баби во Штип. Станува збор за површина од над 1200 метри квадратни, со кој ќе се подобри животот на пешаците, особено на учениците. Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов, оваа активност треба да биде завршена во деновите пред нас, а за истата се издвоени повеќе од еден милион денари. „Сакам да споделам со јавноста дека во моментов се започнати активности за ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со проф. д-р Светозар Антовиќ, декан на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Невзат Елези, декан на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Катерина Златановска, декан на Медицинскиот факултет во Штип и претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, ги презентираа новините во здравствениот систем преку унапредување на програмите за специјализации и ...
Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село, најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорги ...
Годинава по вторпат ќе се одржи меѓународниот турнир во пеливанско борење „Трофеј Штип“, а интересот годинава е поголем во однос на ланската сезона. Турнирот е закажан за 10 мај и ќе се одржи на истата локација како и минатата година, односно на стадионот на ФК Кежовица, а покрај домашните натпреварувачи, доаѓаат натпреварувачи и од други држави. Интересот за пеливанството во градот под Исарот е на високо ниво, токму овој меѓународен турнир ...
Меѓуградски воз Прилеп-Битола ќе почне да функционира од јуни, а повратен билет ќе чини 150 денари. Новата врска меѓу овие два соседни града ја најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој денес добил ветување од градежниците дека првите километри од автопатот меѓу Прилеп и Битола ќе се возат веќе следната пролет, а делницата ќе биде целосно завршена до крајот на 2029 година. „Ние сме свесни дека во овој момент е отежната ...
Министерството за внатрешни работи известува дека утре, 17 април, со почеток од 15.00 часот и задутре, 18 април, со почеток од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба. Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе ...