Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата. „На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување“, соопштија од Собранието. ...

Тепсија баклава чини 2000 денари пред празникот Прочка, па останува дилемата дали да се купи или да се подготви дома. Повозрасните граѓани на терен во Штип велат поисплатливо е да се подгтови дома, ем евтино, ем квалитетно. Во трка со времето, оние што нема да можат да подгтоват дома, ќе треба да си купат од продавница. Но, и едните и другите се согласни, традиционална баклава по стар рецепт, мора да има на трпезата во недела. Инаку, ...

По две седмици, продолжува маршот за ангелите во Кочани. В сабота на 21 февруари, родителите на починатите деца од кочанската дискотека Пулс ги повикаа граѓаните да им се придружат на тивок марш, обединети со иста цел вистинска правда за секој млад животи, како и одговорност за секоја неправда. „Сабота, 21 февруари 2026, во 15:05 часот Маршот на ангелите, достоинствен собир посветен на сеќавањето и на барањето правда. Ги повикуваме сите ...

Нова крводарителска акција денеска спроведе извидничкиот одред Еквинокс во Дом на млади во Штип. Целта на истата е да се покаже хуманоста и добрината со основната идеја да се спаси нечиј живот. Од извидниќкиот одред велат дека крводарувањето се одвива во најдобар ред и се задоволни од излезеноста на граѓаните кои имаат хумано срце. ,,Денес од 11 утринава почнавме, па се до 17 часот може да се дојде. Граѓаните доагаат, задоволни сме, има доста ...

Заврши проектот за регулација на коритото на река Брегалница кај мостот во село Долни Балван. Со помош на праговите кои се изградени се стабилизира течението на реката, а ќесе заштити и мостот од евентуални оштетувања во иднина. Проектот го реализира Општина Карбинци заеднички со финансиски средства од Министерството за животна средина. Како што истакна градоначалникот, Виктор Паунов, станува збор за проект кој е од огромно значење за ...

Од денеска започнува месецот Рамазан, еден од најважните месеци за Муслиманите во кои се пости, треба да се биде трпелив, милостив и солидарен. Тоа е месец на милостина, љубов и простување. „Рамазанот ни започнува денеска и ќе трае еден месец, и овие денови за нас муслиманите се многу важни, бидејќи ова не се само денови кога се гладнува и треба да се остане жеден, туку ова се денови кога човекот треба да биде трпелив, милостив, солидарен. ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои тројца за возење без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и тројца со забрана за управување возило од Б категорија. По еден возач во Скопје и Битола управувале возило без возачка дозвола, од кои возачот во Скопје е малолетник. По еден возач во Куманово, Велес и Неготино за управување возило ...

Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство. Текстот Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари е превземен од МАКФАКС. ...

Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално, изјави на денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев. Тој истакна дека предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти претставуваат директно стимулирање на дивоградбите и продлабочување на урбанистичкиот хаос. Јанчев потсети дека законот од 2011 година, кој требало да важи шест години, со низа ...

Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните– беше клучната порака од обраќањето на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на презентацијата на новата механизација за регионалниот центар Русино. Инвестицијата во вредност од 1.114.200 евра е реализирана со поддршка од Европската банка за обнова и развој. Со новата механизација ...

Извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајс, е уште потврда на она што СДСМ со месеци го говори: Македонија е заглавена, реформи нема, процесот на пристапување кон ЕУ е сопрен, власта ја турка земјата во изолација, велат од СДСМ. „„Процесот на пристапување е сопрен“ ова не е оценка на опозицијата, туку официјален став од овој извештај. Во документот јасно се наведува дека нема напредокот во владеењето ...

Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентацијаи дефокус од суштинските прашања вели портпаролката на Владата, Марија Митева, по обвинувањата на Андреј Жерновски од СДСМ дека таа признала дека Мицкоски управува во судството. „Со жалење ја следам паничната и хистерична реакција на Жерновски и СДС. Интегритетот на Жерновски во македонската политика, кој смени едно чудо партии, е ...

Денес Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против раководни и овластени лица од МО поради основано сомнение за Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и кривично дело Несовесно работење во службата по член 353-в, информираат од таму. „Кривичната пријава ја поднесуваме врз основа на негативниот Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски ...

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што е стар 25 години. Таа, исто така, вели дека имаме најстаро и најмало владино авионче во регионот. „Што можам да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за мене, употребата на ...

Додека власта се расфрла со луксуз, брои летови со владиниот авион, патувања на море и милионски тендери, крати пари каде што не смее. Следни на удар на оваа забегана и корумпирана власт се болните од ретки болести, истакна Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Парите од програмата за ретки болести се скратени за 180 милиони денари, односно околу 3 милиони евра. Нема 3 милиони евра за пациентите, ама има за авион, за 161 ...

Утре се отвара последното коло од регуларниот дел на ракометната Супер лига, 22. коло ќе биде важно само за една работа – кој ќе биде последниот патник во плеј-офот. Бутел, Еурофарм Пелистер 2 или пак Прилеп ќе биде последната екипа која ќе обезбеди место во плеј-офот. Прилеп веќе утре на домашен терен ќе игра против „фенерџијата“ Радовиш и повеќе од јасно е дека Прилеп овој меч го добива, но потоа ќе го чека расплетот од останатите ...

Одделот за внатрешна контрола поведе постапка против еден полицаец кој возел автомобил без да има положено за возачка. На полицаецот му е одземено оружјето и е упатен на задолжителен психијатриски и психолошки преглед. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

Во првите 100 дена од новиот мандат, Општина Ѓорче Петров реализираше низа инфраструктурни, образовни и развојни активности, со фокус на капитални инвестиции, подобрување на условите за живот и долгорочно планирање на локалниот развој, изјави градоначалникот Александар Стојкоски. Советот на Општината го донесе развојниот буџет за 2026 година во износ од 1,45 милијарди денари, од кои речиси 60 проценти се наменети за капитални инвестиции, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании. „Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од ...

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ги отвори уписите за академската 2025/26 година, нудејќи им уникатни можности на идните студенти од Северна Македонија, меѓу кои и најважната – стекнување британска диплома во Европа. Со седиште во Солун, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк испорачува британско образование во регионот, овозможувајќи им на студентите да се стекнат со престижна диплома, без да заминат во Обединетото Кралство. Како ...

По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“. Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените ...

Денеска сакаме да отвориме една многу битна тема. Вчера се случи нешто што досега не е видено во Македонија, тоа е да претставник на владата и тоа портпарол со скандалозно признание фактички потврди она што СДСМ цело време го кажува, а тоа е дека судската власт во нашата држава е директно под контрола на извршната власт, изјави Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Според него, Марија Митева вчера на телевизиска дебата кажала ...

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Црна Гора, Зоран Миљаниќ. На средбата беа потврдени пријателските македонско-црногорски односи помеѓу двете држави кои се базирани на традиционално пријателство, долгогодишна конструктивна соработка и меѓусебна поддршка. Соговорниците ја истакнаа важноста од понатамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во ...

Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места , а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат над 15 l/m² воден талог. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми од 10 до 15 см. Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот ќе дува ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денес го презентираше отчетот за сработеното во првите 100 дена од нејзиниот мандат. Под слоганот „100 дена, 100 дела“, таа истакна дека општината работи со несмалено темпо, ставајќи го фокусот на резултатите. „Со реализирани 5 километри нов асфалт, со отворено ново кино и интензивна работа на над 20 крупни капитални проекти, покажавме дека динамиката не запира. Некои од ...

Кога бевме опозиција, застанавме со работниците затоа што имаше реален проблем – платите доцнеа, колективните договори не се почитуваа и се подготвуваа законски измени со кои минималната плата требаше да се исфрли од формулата за пресметка. Тоа ќе значеше прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за илјадници вработени, кажа Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш, како што дополни заедно со синдикатите, биле ...

◾ Продадени 1 милион MG Motor возила во Европа ◾ Испорачани над 300.000 електрични MG Motor возила ◾ 386.000 продажби на домашниот пазар во Обединетото Кралство ◾ Продажбата на Hybrid+ моделите го поттикнува растот MG Motor денес потврди дека го испорача своето милионито возило во Европа. MG Motor се врати на својот домашен пазар во Обединетото Кралство во 2011 година со моделот MG6, а оттогаш прерасна во сè поприсутен и популарен бренд низ ...

Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип за продолжението од сезоната каде води борба за влез во Супер лигата се засили со Даниел Нацевски. Новото засилување кое доаѓа од прволигашот Маџари веќе е промовирано во штипскиот тим. Се работи за играч кој е висок 195 cm и настапува на позициите два и три. Како што велат од штипскиот клуб, Нацевски располага со одличен шут од дистанца и атлетичност/скок-игра, што ќе ни донесе дополнителна сила и ширина во ...

Во сабота започнува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија ќе можете да го следите во живо натпреварот од Гевгелија меѓу Кожуф и Брегалница. Соочување на два штипски тренери младиот стратег Иван Варадиновски и искусниот стратег Влатко Костов, првото соочување на двете екипи во Штип заврши без победник и без погодоци (0:0), но сега императивот е далеку поголем за трите бодови. Кожуф како предност го ...

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“. СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
37%
1017
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
39%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
51%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.72
60%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
38%
1021
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.47
64%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
51%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
45%
1014
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
56%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
30%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
81%
1016
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Рутениум

53788.20

Бакар

12.18

Злато

153002.26

Алуминиум

3.62

Кобалт

45.39

Платина

66584.20

Иридиум

253540.09

Родиум

326330.08

Паладиум

50026.56

Сребро

2508.22

Калај

51.07

Цинк

0.00