Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска побара средствата што Владата ги планирала за набавка на нов авион да се пренаменат за зголемување на минималната плата на 600 евра за сите работници. Кузеска изјави дека е време, како што рече, да се укине луксузот на власта и работниците да добијат достоинствени плати. Таа посочи дека нема повеќе оправдувања дека нема средства, наведувајќи дека имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети и ...

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека постои ново сведоштво за притисоци врз правосудството и политички прогон кон поранешни функционери на партијата. Како што посочи Манасиевски, поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на социјална мрежа изјавил дека бил разрешен откако одбил да донесе позитивно мислење во одреден случај, за кој, според ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Германија, на која присуствуваше и амбасадорката Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на Германија. Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана во претходниот период, опфаќа моторни возила, термовизиски камери, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата. Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, ...

Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат таква позиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за таа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО каде таа беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други ...

Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. „Инвестицијата од 29.320.330 денари (околу 475.000 евра) придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население. Проекти за трајна промена ...

Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството, обвинија од СДСМ. „Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски. Тој одлучува кој ќе биде назначен. Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристоска –независната кандидатка за државен јавен обвинител. Иако Ристоска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители и позитивна ...

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што ја даде во телевизиско интервју, таа вели дека тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. „Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да ...

Tрет ден по ред се вози со забрана, нерегистрирано возило и без возачка , вчера приведени четири лица на територијата на државата. И понатаму од МВР апелираат на големо внимание, возачите да не управуват без возачка и со забрана за управување. ,,Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четворица, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б ...

Одрони се свлекуваат по патиштата низ истокот, откако обилните врнежи од дожд го накиснаа теренот. Од Македонија пат информираат дека станува збор за помали одрони на правците од Истибања до граничниот премин со Бугарија, како и на делниците Делчево–Берово–Струмица, Виница–Берово и Штип преку Лакавица кон Неготино. Засега нема поголеми одрнои, ниту пак се воведени забрани за сообраќај. Сообраќајот се одвива тековно, а екипите се на терен и ја ...

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, ...

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници, прашуваат од СДСМ. „Што се крие од јавноста? Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерицијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го прпошутил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа со владиниот авион од Сплит. Генералната ...

Оваа година, Народната банка одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење во земјава – значаен јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен и одговорен институционален развој, обележан со постојани трансформации и приспособувања кон економските и општествените промени. Институционалните темели на централнобанкарското работење во земјава беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот ...

Под влијание на циклонска активност, денеска ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег, информира УХМР. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат над 15 l/m² воден талог. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми од 10 до 15 см. Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот ќе дува ...

Македонската фудбалска репрезентативка Катерина Петкова направи значаен чекор во својата кариера и официјално стави потпис со српскиот шампион ЖФК Спартак од Суботица. Младата 19-годишна дефанзивка, која важи за еден од најперспективните играчи во одбраната на македонската селекција, во новата средина пристигнува од ЖФК Истатов, каде што со своите настапи се издвои како сигурен, дисциплиниран и борбен фудбалер. Нејзините игри не останаа ...

Инспектори од Отсекот за Економски криминал од СВР Штип во изминатиот период го ,,чешлаше” штипското Зрдужение на инвалиди на трудот и од нивна страна е одземена обемна документација од каде се утврдило дека тројца претходни претседатели на здружението од 2021 година до 2024 година ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што на секретарката што била во тој период паричните средства што ги заработувала не ги уплаќале на ...

Македонскиот шампион РК Пелистер го запиша деветтиот пораз во овогодинешното издание на ЕХФ Лига на шампиони, откако вечерва во Битола беше поразен од полскиот претставник Висла Плоцк со 28-25. Битолчани одиграа борбен натпревар, но гостите подобро се снајдоа во клучните моменти и успеаја да ја сочуваат предноста во финишот. И покрај поддршката од трибините и големата желба за позитивен резултат, Пелистер не успеа да направи пресврт и да ги ...

Македонскиот претставник ФК Шкендија беше поразен со 0:1 од турскиот Самсунспор во рамките на квалификациите од УЕФА Конференциска лига, на натпреварот што се одигра во Скопје. Средбата понуди борбена и динамична игра, во која гостите имаа повеќе од поседот и почесто се закануваа, но Шкендија дисциплинирано одолеваше. Клучен момент во првото полувреме беше досудениот пенал за турскиот состав, кој, за среќа на македонскиот тим, остана ...

ФК Вардар продолжува со стратегијата на вложување во млади и перспективни фудбалери. Клубот денеска официјално соопшти дека младиот талент Филип Цветковски потпишал тригодишен договор, со што својата иднина ја врзува за „црвено-црните“ до 2029 година. Цветковски, иако има само 16 години, веќе дебитираше за првиот тим на Вардар. Тој ги запиша своите први минути во првиот натпревар од вториот дел од сезоната во Прва македонска фудбалска лига, ...

Четвртфиналниот дуел од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Детонит Плачковица ќе се одигра во Кратово, наместо во Радовиш, информираа од кратовскиот клуб преку официјално соопштение. Натпреварот е закажан за среда, 25 февруари, со почеток од 14:00 часот, а наместо на „Градскиот стадион“ во Радовиш, средбата ќе се одигра на стадионот на Силекс во Кратово. Причина за промената на локацијата е немањето соодветни технички услови на ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во услови на, како што рече, „град на раб на финансиски колапс – празна каса, блокирани сметки, јавни претпријатија со неисплатени плати, систем без дисциплина и долг од речиси 300 милиони евра“. „Тотален колапс! Институции што одамна престанале да работат во служба на граѓаните“, наведува градоначалникот, ...

Амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска беше полн – претставници од Министерството за здравство, деканот и продеканите на Медицинскиот факултет, раководители на катедри, голем број професори, доктори, специјализанти и претставници на студентски организации присуствуваа на свечената промоција на првите акредитирани учебници по психијатрија, со што се испиша историја во македонската психијатрија. Уредници на првиот акредитиран ...

Советот на Општина Центар на денешната седница не ја изгласа одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“. Сите 23 советници гласаа против донесувањето на предлог-одлуката. ,,Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно да ги посочиме сите импликации. Советниците се ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира на изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со потребата од нов, поголем владин авион. Од СДСМ велат дека претседателката најчесто летала со владиниот авион -13 пати, а притоа не соопштила колку тие летови ги чинат граѓаните. „Сите тие сакаат да се луксузираат на грбот на народот, ништо не им е доволно големо, ништо не им е доволно. Само за платите на работниците кога ќе ...

Денес во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, оствари средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето. Во фокусот на средбата беа заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борба против корупцијата и остварување на видлив економски развој за граѓаните и земјата. Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на Собранието и понатаму да ...

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени ...

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Обвинителството за гонење на организиран и корупција. Во предметот беа опфатени повеќе царински службеници од Царинските испостави Ново Село и Дојран. Со пресудата, дванаесет ...

Општина Кочани е првата општина во државата каде ќе се инсталира бесплатен интернет. Во градскиот парк во Кочани и во киното граѓаните ќе имаат можност да користат бесплатно wi fi, за своите потреби. Градоначалникот, Владко Грозданов, посочи дека на ваков начин им се овозможува на младите, но и на сите граѓани да имаат безбеден, сигурен и квалитетен интернет. „Особено задоволни сме што Кочани е прв од 64 општини во државата со што се ...

Портокалите за Прочка држат цена од 50 до 70 денари за килограм во Штип. Продавачите велат цената зависи од квалитетот, а штипскиот адет вели да се подари портокал пред да се побара прошка. Старите штипјани купуваат портокали, доселениците јаболка, се зависи од тоа што ги научиле предците, а побарувачка има и на обете производи, додаваа продавачи од Лесковица на градскиот пазар. ,,Таа цена ќе биде пред Прочка, од 50 до 70 денари за килограм, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што традиционално го организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во своето обраќање, претседателката нагласи дека мајчиниот јазик не е само инструмент за комуникација, туку и чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ. Таа посочи дека образованието на мајчин јазик има ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
37%
1017
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
39%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
51%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.72
60%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
38%
1021
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.47
64%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
51%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
45%
1014
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
56%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
30%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
81%
1016
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Рутениум

53788.20

Цинк

0.00

Алуминиум

3.62

Кобалт

45.39

Паладиум

50026.56

Калај

51.07

Бакар

12.18

Родиум

326330.08

Злато

153002.26

Сребро

2508.22

Платина

66584.20

Иридиум

253540.09