Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. „Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Еко-патролата ...
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат: – во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар; – во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода; – во ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа: · поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода; · поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, ...
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ. Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот. Текстот Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално е превземен од МАКФАКС. Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива ...
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. „Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното ...
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби. „СДС треба да се договори ...
Фудбалска федерација на Македонија ги објави службените лица за четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија, кои ќе се одиграат на 24 и 25 февруари, додека последниот дуел е закажан за средината на март. На 24 февруари со почеток од 14:00 часот, на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје ќе се сретнат ФК Вардар и ГФК Охрид Лихнидос. Главен судија на оваа пресметка ќе биде Димитар Пилешков од Штип, а ќе му помагаат Александар Ѓурковски од ...
Поради одрон во тунелот на автопатот Скопје-Велес, после Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира АМСМ. Денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички зафат од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување. Текстот Поради одрон во ...
На последниот дуел од актуелното 19. коло во домашниот шампионат, тимот на Тиквеш успеа да обезбеди многу значајни и вредни гостински бодови кај тимот на Македонија ЃП во победата од 0:1. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше бразилскиот интернационалец Лусиалињо, кој што влезе во вториот дел и кој што беше човекот на одлука на овој дуел. Во таа клучна 77. минута акцијата започна од десно, за да топката дојде до Стојанов, а овој од ...
Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука, Обвинителството ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност. „Основното јавно обвинителство Скопје по ...
Од денеска и официјално шпанскиот стручњак, Жозеп Мариа Берокал е селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите: „Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, ...
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење. „Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП. Од ...
Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Министерката уште еднаш нагласи дека сè што работната група смета дека е ...
Денес во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари средба со Самуил Наумовски Викиус, извршен директор на Шведско-македонската стопанска комора. Оваа стопанска комора, која официјално започна со функционирање во октомври 2025 год., наскоро ќе ја отвори својата канцеларија во населбата Црниче, токму на територијата на општина Кисела Вода, информираат од таму. „Зад комората стојат 35 етаблирани ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија, посветена на тековните реформски процеси во јавната администрација и нивното понатамошно усогласување со европските стандарди и принципи на добро управување. Во рамки на разговорите беа разгледани повеќе системски закони од клучно значење за функционирањето на администрацијата: Законот за високите раководители на органите ...
Одобрението за изградба на хидроцентрала на река Блатешница престанало да важи пред повеќе од половина година, информираше градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, преку социјалните мрежи. Тоа значи дека инвеститорот не смее да продолжи со активности за изградба на хидроцентрала. „Во врска со протестите на жителите на село Блатец против изградба на хидроцентрала на река Блатешница сакам да Ве известам за следното. Известен е ...
Прашина и дупки кога времето е суво, но кал и вода кога врне дожд и снег – вака 53 годишниот Бранко Јаневски од село Спанчево ќе го опише патот пред неговата куќа. Тој е инвалид веќе 13 години, човек во инвалидска количка, кој често треба да оди на доктор. Но, вели до неговата куќа не доаѓа никакво возило, ниту такси, ретко Брза помош бидејќи патот е во катастрофална состојба. Дециден дека овде во селото може да се движат само трактори. ...
Ќе се реконструираат мостовите на реките Брегалница и Отиња во Штип, а деновиве се прават испитувања од страна на ИЗИС. Согласно анализите ќе се одлучува понатаму за мостовите, пред се на река Брегалница кои се со поголема носивост и доколку има потреба ќе има и промена во сообраќајниот режим. Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов, не треба да се создава паника кај граѓаните, бидејќи ова се прави за подобрување на самата ...
На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, донесени се следните одлуки: – Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра. ...
Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денес оствари работна средба со Татјана Мацура, министерка без ресор задолжена за родова еднаквост, спречување на насилството врз жените и економско и политичко зајакнување на жените во Владата на Република Србија. На средбата беше изразена заедничката определба за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на точките кои ...
Она што најмногу се коментира за Предлог законот за високото образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме, затоа што откако беа укинати со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба да поминеме во друга, но ...
Денес во Ракометната федерација на Македонија со ждрепка беа утврдени двојките за првото коло во плеј-офот односно плеј-аутот, а со тоа и распоредот до крајот од сезоната. Во плеј-офот ќе се натпреваруваат Вардар, Еурфарм Пелистер, Охрид, Алкалоид, Тиквеш и Бутел, а пак во плеј-аутот ќе бидат екипите на Прилеп, Пролет, Еурофарм Пелистер 2, Куманово, Струга и Радовиш. Ждрепката посака уште на самиот старт да има дерби во плеј-офот каде ...
Одбојкарите на Штип УГД ја продолжуваа фантастичната форма и нижат победи, а како играат речиси и сигурно одат по двојната круна. Штипјани го добија „универзитетското соочување“ откако на гостински терен со убедливи 0-3 во сетови славеа над Универзитет во Тетово. Низ сите три сета екипата на Кристиан Ристески доминираше откако првиот сет заврши со 8:25, вториот и третиот сет со идентичи 13:25. Сушево успеа на гостински терен да го совлада ...
Велигденскиот пост го чисти телото и делува како природна детоксикација, велат лекарите од Штип. Тие објаснуваат дека не станува збор само за тоа да се откаже човекот од месо и млечни производи, туку и да се јаде паметно и здраво. Со повеќе овошје, зеленчук, житарки и доволно течности, телото се чувствува полесно и поактивно. Лекарите советуваат секој ден да се пијат околу две-три литри вода и да се внимава на сон. Ако се пази на овие работи, ...
Никако да се намалат цените во маркетите, тврдат граѓаните на Штип. Велат при крај на февруари, примањата се речиси потрошени. Иако се штеди секој ден и се купува само основното, сепак пари на страна никако да се тргнат. Пари за во продавница или за во апетки, а за сметки, дополнителна грижа, додаваат анкетираните на терен. Велат добро е оти февруари остнаува најкраткиот месец во годината. Инаку, според најавите од Влада, пензионерите до ...
Почна градежната сезона 2026 година во Општина Штип, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов кој писуствуваше на стартот на целосната реконструкција на улицата „Питу Гули“. Јорданов рече дека екипите од денеска почнуваа со реконструкција на поздомната инфраструктура, односно со замена на нова водоводна и канализациона мрежа, а ќе се работи и на атмосферскиот одвод. ,,Овде е планирано промена на ...
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија. На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните ...
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север. Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“. Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на ...
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници. „Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски ...