Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Вратете се дома, инвестирајте и градете иднина во Македонија, премиерот Мицкоски со јасна порака од Виена до дијаспората. Целта како што посочи е да се донесат нови инвестиции и да се отворат повеќе работни места. Пораката му е дека иднината на државата се гради заедно, со враќање и ангажман на дијаспората ,,Нaша порака, која што се испраќа надвор од Македонија е порака која што значи дека ние како земја и како татковина ваша ве повикуваме ...
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, предупреди дека измените на законите за минерални суровини и концесии не смеат да се носат по скратена постапка, бидејќи носат ризик од сериозни последици по здравјето на граѓаните и животната средина. „Природните ресурси се наше заедничко богатство. Тие не се сопственост ниту на една влада. Припаѓаат на сите граѓани и никој нема право да ги става истите во функција на приватни интереси без јасни ...
Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека власта на шверцерски сака да ја укине техничката влада. Филипче посочи дека овој потег на владата на ВМРО е нетранспарентен и спротивен на досегашниот политички консензус и демократските стандарди. „Иако за следниот изборен циклус останува техничката влада, повторно шверцерски се предлага и ќе се сака да се донесе измена во која што техничките министри нема да ...
Во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26“, на армискиот полигон „Криволак“, тактичките активности на единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) продолжуваат со зголемен интензитет, при што на терен се реализираат сложени сценарија кои бараат брза адаптација и координирана реакција од страна на учесниците на вежбата, соопшти Армијата. „ЛПБГ спроведува активности во услови на различни симулирани тактички дејствија, со што се оценува нивната ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за полицајци од генерацијата 2025/2026, кои во моментот се на теренско-тактичка обука во рамки на третиот модул од нивната основна обука. Вежбата започна со симулација на борбена тревога, по што кандидатите демонстрираа формации на движење, реакција, прифаќање и напад по контакт. Во завршниот дел беше ...
Жителите на Водно се жалат на небезбедни улици без тротоари и пешачки. Тие предупредија дека ако во рок од седум дена нема план од надлежните, ќе протестираат. „Овојпат не чекаме повеќе. Доколку во рок од 7 дена нема конкретен писмен план за акција и почеток на подобрувањата на терен, ние, жителите на населба Водно ќе ја блокираме улицата ‘Питу Гули’ – мирно, одговорно, и додека проблемот не се реши. Да не чекаме некое дете да настрада, ако ...
Чест ми е што денес сум со вас и што имам можност да se обратам по повод значајниот јубилеј – 80 години постоење и делување. Осум децении посветена работа, солидарност и грижа за повозрасните граѓани се доказ за вашата незаменлива улога во општеството. Цврсто верувам дека грижата за пензионерите не е само социјална обврска, туку мерка за зрелоста и хуманоста на едно општество. Затоа, за мене и за Министерството што го предводам, оваа тема е ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) бара покрај измените на Законот за пратеници, да се изменат и законите во кои се регулира изборот на сите избрани и именувани функционери. „Едно правило да важи за сите. Доста е од дволичности и двојни стандарди. Критериумите и законите треба да важат за сите веднаш и без одлагање. Двојно државјанство не треба да имаат пратеници, министри, директори, јавни обвинители и судии и тоа да важи за сегашните, ...
Управата за јавни приходи со информација за сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 01.01.2026 – 31.03.2026 година и 01.03.2026 – 31.03.2026 година е 25 април 2026 година. „Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен ден, крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите се поместува на 27 ...
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието процедурално реагираше на предлог-законското решение за техничката влада, оценувајќи дека неговото носење по скратена постапка е спротивно на воспоставените принципи и реформската агенда. „Ова законско решение што се предлага излегува од рамките на моделот и начинот на којшто е донесен Законот за Влада и е спротивно на договорениот пристап меѓу политичките партии“, истакна Спасовски. ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денес заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, извршија увид во активностите за проширување на капацитетот на основното училиште „Крум Тошев“ во село Трубарево. Станува збор за инвестиција вредна 23 милиони денари, обезбедени од Владата. „Се доградуваат 3 училници и тоалет, се прошируваат наставничката канцеларија и мензата. Ова е една од оние инвестиции кои ги ...
Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање на опозициски фронт, Зоран Заев и Зоран Башановиќ со директни насоки и упатства, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Откако не добивме демант од страна на генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ за средбата која се одржала во Скопје, денес го откриваме и вториот важен играч во целата ...
Министерската конференција во Будва, одржана во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев ја заокружи со низа значајни билатерални средби со свои колеги и високи претставници од регионот и од Европската Унија, со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во клучните реформски области. Во фокусот на разговорите беа реформите во јавната администрација, кои министерот Минчев ги потенцираше како ...
Во Македонија нема од спорните кашички од морков и компир од Хип, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. „До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP ( 190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) ...
Како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која престојува во работна посета на Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе оствари поединечни средби со министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, како и со министерката за Европа, Клаудија Бауер. На средбите се очекува да се направи осврт на евроинтеграцискиот ...
На две кола до крајот во Првата футсал лига се е решено и нема ништо интересно, освен што ќе се игра за престиж и што повисок пласман на табелата. Од осмото до четвртото место сите екипи се во игра, бидејќи меѓу нив разликата е три бода, а до крајот остануваат уште шест бодови за освојување. Како што и претходно анализиравме и во спортски магазин Трибина, потенциравме дека Балкан и Мал Ајакс ќе имаат тешки задачи во 16. коло и дека испаѓаат и ...
Кошаркарките на актуелниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица, како и Вардар имаат почетна предност во полуфиналните серии од плеј-офот на Првата женска кошаркарска лига, додека пак Бадел и Крива Паланка бараат реванши односно израмнување во полуфинална серија. Иако, кошаркарките на Вардар не беа фаворити, сепак направија „брејк“ на гостувањето кај фаворизираната Крива Паланка и имаат почетна предност, а сега на домашен терен и со ...
Веќе пополека се наѕира како ќе изгледаат баражите за Втората македонска фудбалска бидејќи веќе станува и јасно кои екипи се потенцијални кандидати за баражите. Три второлигаши и петте шампиони во Трета лига ќе бидат во второлигашките бараж, победниците ќе бидат дел од Втора лига за сезона 2026/2027, а пак поразените ќе бидат во Трета лига. Од второлигашите веќе станува јасно дека Каменица Саса и Тетекс сигурно ќе играат бараж за опстанок, ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Управниот суд ќе се поврзат дигитално преку софтверската платформа ЕПУС – ова е предвидено во Меморандумот за соработка што го потпишаа претседателот на РКЕ, Ацо Ристов и в.д. претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини. Софтверската платформа е креирана за да обезбеди брза, безбедна и ефикасна електронска комуникација со навремена размена ...
Македонското еколошко друштво ќе доделува стипендии до 400 евра месечно за матурантите од Преспа кои ќе запишат универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски или земјоделски науки. Програмата е наменета за средношколците од Преспа и има за цел да го надмине локалниот недостиг од кадар во природните науки поврзани со заштитата на природата и животната средина. На тој начин, идните студенти ќе можат да стекнат знаење и вештини што ќе ...
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, извести Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите кај корпоративниот сектор, соопшти Народната банка. Најновото соопштение за монетарните ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје почна акција за наплата на долгови без пресметана камата за задоцнето плаќање. „ЈП Комунална хигиена-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека започна акција за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање“, соопшти ...
„Аплаузите, восхитот и еуфоријата на СДС кон нивниот врховен лидер Заев, го засени роденденот на партијата и неговиот чирак Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Односот на лојалистите кон аболицираниот криминалец Заев, покажува дека немаат намера да се реформираат, немаат намера да расчистат со криминалот и корупцијата, туку напротив – да го штитат и оправдуваат. Додека искреното членство на СДС кое не сака функции, бара реформи и стабилизација ...
„Војната на Блискиот исток и нарушениот проток низ Хормускиот теснец ја открија длабоката ранливост на глобалниот прехранбен систем. Цените на ѓубривата веќе скокнаа за 26,2 %, цените на енергијата за 41,6 %, а Светската банка и ФАО предупредуваат дека ако кризата продолжи, во првата половина на 2026 година цените на ѓубривата можат да пораснат за дополнителни 15–20 %“, велат од СДСМ. „Ова директно води кон пад на приносите и кон реален ризик ...
„Жално е да се гледа како ДУИ се препелка во сопствената кал. Имаа мандат во владите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вкупно цели 20 години, а освен гол популизам, нивните наводни остварувања за Албанците немаат никаква реална политичка тежина“, велат од Влен. „Сега излегуваат на виделина сите нивни манипулации. Наместо системски и долгорочно да ги решаваат прашањата за правата на Албанците тие ни оставија во наследство фалични алатки кои биле само ...
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи ја појасни суштината на предложените измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување која во Собранието ја поднесе пратеничката група на Левица, а денес е на дневен ред на собраниска седница. Апасиев посочува дека во важечкиот закон постои како што вели „нешто идиотско, што се вика максимална основица за плаќање придонеси“, а таа е ограничена на 16 ...
Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка, извести Електродистрибуција. „Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар и директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2)“, велат од Електродистрибуција и додаваат дека се преземени ...
Постојат компании кои работат и компании кои водат. Разликата не е секогаш видлива на прв поглед. Затоа веќе 14 години Бонитетната агенција Таргет Груп во Македонија го прави она што малку кој може: со независна методологија базирана на над 25 финансиски индикатори, ги издвојува компаниите кои навистина водат. Деветта година по ред. Топ 2% по бонитетна успешност. Топ 100 и Топ 500 по приходи, добивка и број на вработени. Топ 20 во дејноста. ...
Меѓу бројната конкуренција, тимот на ООУ „Јан Амос Коменски“ постигна огромен успех освојувајќи ја првата награда во категоријата за Најиновативно еко решение, во рамки на еднодневниот настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, кој го организираше Агенцијата за иновации научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Станува збор за креативен и едукативен ден кој е наменет за учениците од основните училишта во Скопје, а настанот се ...
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека: · Најавениот прекин во водоснабдувањето, односно отстранувањето на дефект во водоводна мрежа на улицата Црвена Вода, поради технички причини се одложи за денеска, поради тоа од 09:00 часот до завршувањето на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица во општина Центар; · денеска, поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник ...