Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Еурофарм Пелистер ја освои Автокоманда откако славеше во дербито со Алкалоид со резултат од 33:35 преку џиновски пресврт откако битолачни имаат негатива од осум разлика при 25:17. До 20-тата минута од средбата имаше често менување на резултатот, а потоа тимот на Кирил Лазаров влезе во серија стигајќи до 22:16 на полувреме. Во вториот дел Алкалоид ги имаше највисоките плус осум на 25:17 во 34. минута, а потоа таа предност започна да се топи ...
Ракометарите на Текстилец од Штип во рамки на 22. коло ги очекува тешко гостување во Богданци, каде ќе се соочат против фаворитот Младост. Меч каде домаќинот оди по својата 19-та победа и би требало Младост лесно да ја потврди својата фаворитска улога со сигурна победа. Во рамки на оваа коло лидерот Мулти Есенс во Автокоманда како фаворит го пречекува тимот на Јехоан, додека пак во Свети Николе фаворитот Овче Поле ќе игра против Шампион. ...
СДС и Филипче наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта, се занимаваат со избори во друга држава на кои сестринските партии им освојуваат 1% од гласовите. Наместо реформи, аргументирани критики и издржани предлози, од СДС и Филипче гледаме само ширење на лаги, демагогии и празни флоскули, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, СДС и Филипче, овој фокус којшто го имаат во изборниот процес во Унгарија, ...
По изјавата на Христијан Мицкоски, во која повторно „имал чувство“ за идни процеси против функционери на СДСМ, одговорот е јасен и директен. Откако ги постави своите луѓе на клучните позиции во судството и обвинителството, сега, кога самиот тој станува предмет на интерес на меѓународни истраги, Мицкоски почнува, преку злоупотреба на институциите, да се обидува да ги сокрие вистинските процеси поврзани со криминал и корупција од јавноста, ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека грејната сезона завршува на 15 април 2026 година и почнува т.н преоден период кој трае до 30 април. Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од утре па се до крајот на месецот, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е ...
Набавени се 100 нови возила за потребите на Македонска пошта, инвестиција која, како што посочи премиерот Христијан Мицкоски, значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за систем кој со години се соочувал со предизвици. „Денес зборуваме за една важна инвестиција која не значи само нови возила, туку значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за еден систем кој со години беше оставен да се справува сам со предизвиците“, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека СДСМ продолжува да бара Груевски да одговара изјави дека во државата мора да има подеднакви услови за сите. „Без разлика кој бил, како бил, дали некој е сегашен, дали некој е поранешен висок функционер и тука не треба да има никаква дилема, никој. Барем додека е оваа Влада и додека сум јас претседател на Владата. Но, она коешто загрижува е фактот дека од ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), кои се одржуваат во Вашингтон, оствари работна средба со претставници на Трезорот на САД (U.S. Department of the Treasury), Канцеларија за техничка помош (Office of Technical Assistance – OTA). На средбата беше потврдена континуираната и конструктивна соработка помеѓу Министерството за финансии и ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре во официјална посета на Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево. Во рамки на својата прва посета на земјава, министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба на двете официјални ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Самитот на албанската дијаспора што се одржа во Тирана, каде што се дискутираше за улогата на дијаспората во демократскиот развој и институционалното застапување. Во своето обраќање, Гаши ја нагласи важноста од справување со причините за миграција, подвлекувајќи ја потребата од креирање на одржливи политики што ќе обезбедат поголема застапеност на дијаспората во одлучувачките процеси. ...
Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари. Во рамки на набавката се обезбедени 300 креми Bioderma SPF 50, 300 креми Cicatrix и 150 сетови La Roche-Posay, кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во однос на изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Венко Филипче, во која беа изнесени обвинувања и квалификации за политичка и финансиска зависност на ТВ Алфа. „Јавното етикетирање и инструментализација на медиумите во политички конфронтации не е во согласност со демократските принципи, ниту со гарантираната слобода на изразување. Апсолутно е ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, наместо да го анализираат изборниот резултат од околу 130 илјади гласа, се занимаваат со изборни случувања во други држави. Според партијата, Социјалдемократите се однесуваат како да не се дел од политичкиот живот во Македонија, критикувајќи влади и функционери во странство и следејќи избори надвор од земјата, додека домашните избори ги игнорираат. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наместо ...
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Како дел од делегацијата на Народната банка, на овие средби, ќе земат учество и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами. Предвидено е делегацијата да оствари ...
„Пишувањата на германските медиуми за поразот на Виктор Орбан се јасна и недвосмислена потврда на сè она на кое СДСМ го говори со месеци. Падот на Орбан не е само внатрешно политичко прашање во Унгарија, има директни последици за целиот регион – особено за политичарите кои беа под негова целосна заштита, како Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ. „Но и за Александар Вучиќ и Милорад Додик кои се дел од „авторитарното братство“. „Орбан постојано ...
„По повеќе од 50 години, се започнува историски проект кој ја враќа Старата чаршија во нејзиниот автентичен идентитет и ја воздигнува на ново ниво на развој. Ова е најголемата инвестиција од ваков вид, длабока инфраструктурна интервенција на 1.567 м², со модерни стандарди и долгорочна визија“, велат од Влен. „Се решаваат подземните проблеми со нов водовод и канализација, се гради модерна електрична и оптичка мрежа, а уличките добиваат нов ...
Арсими со тешко изборена победа од 1:0 стигна до три нови бода и на извесен начин го осигура опстанокот во елитното друштво, додека Пелистер и покрај теренската надмоќ, повторно ги потврди проблемите со реализацијата. Двете екипи беа мошне претпазливи, со јасна намера да ги запрат противничките акции уште надвор од сопствениот шеснаесетник. Играта најчесто се сведуваше на пресретнување и оневозможување на продорите, па двата удари од далечина ...
Македонија ЃП делуваше како комплетен аутсајдер пред почетокот на денешниот дуел од 27. коло на ПМФЛ со АП Брера во Струмица, но „лавовите“ се враќаат во Ѓорче Петров со бод кој значи надеж во борбата за опстанок. Очекувано, АП Брера започна агресивно и лесно ја презема иницијативата, доминирајќи и на физички план, а нивните фудбалери делуваа мотивирано и инспирирани за добра претстава. По неколкуте обиди на Антовски и Михаилов, во првиот ...
ГРК Охрид продолжува амбициозно да го гради тимот за идната сезона, а најновото засилување е македонскиот повремен репрезентативец Мартин Карапалевски. Средниот бек стави потпис на договор со важност најмалку до 2028 година и ќе го носи дресот со број 11. Карапалевски, кој има 26 години и настапува на позицијата плејмејкер, доаѓа по две успешни сезони во шпанското првенство, каде што ги бранеше боите на Ваљадолид. Претходно беше дел и од ...
Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца, реагира СДСМ на соопштението на Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. „’Доколку било кој чинител во општеството има сериозни сомнежи за незаконитости пропусти за работењето на поедини медиуми, тие треба да се адресираат пред надлежните институции и преку законски процедури, а не преку јавни политички ...
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, соопшти дека на денешната седница на Владата е усвоен Планот за управување со јагулата, документ кој има за цел заштита и обновување на оваа важна врста за екосистемот и регионот. Според Хоџа, планот предвидува конкретни мерки за мониторинг и долгорочно управување со јагулата, со цел зголемување на нејзиниот број и зачувување на природната рамнотежа. Тој истакна дека ...
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени. Следува ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA. Во разговорот, министерот Муцунски упатил искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори. „Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно ...
Министерството за правда соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе достави барање до надлежните судски органи и обвинителства за потребните списи за сите предмети поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски и откако ќе ги добие потребните документи ќе постапи согласно позитивните законски прописи. Од Министерството потсетуваат дека за Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на ...
Голем дел од граѓаните сметаат дека врските играат значајна улога во секојдневното снаоѓање и напредок. Дел од анкетираните истакнуваат дека без поддршка од други луѓе, знаењето често не е доволно за успех. Сепак, постојат и мислења дека знаењето е вредност која никогаш не се губи и треба да биде основа за напредок. Гури некои од граѓаните отворено признаваат дека лично се потпирале на врски за да постигнат одредени цели. „Ја мислам подобро е ...
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираат по денешната јавна изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатена кон новинар од ТВ Алфа. „Сметаме дека е недозволиво и непримерно за претседател на политичка партија јавно да упатува тешки обвинувања за корупција проследена со реторика на дискредитирање кон новинари и медиуми. Oва не е изолиран случај, туку загрижувачка пракса ...
По трет пат, овој викендов во Штип ќе се одржи модниот настан „Штип Фешн Дејс“. Во петок и сабота во ГТЦ во Штип, посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе ревии и да видат нови креации од домашни компании и млади дизајнери. Настанот е од отворен тип и се очекува голема посетеност. ,,Оваа година по трети пат се организира настанот Штип-фешан дејс. Истиот ќе се одржи на 17 и 18 април и тоа во просториите на ГТЦ. На настанот ќе бидат ...
Со 278 амбулантски прегледи и 47 теренски интервенции поминал велигденскиот викенд за Итната медицинска помош во Штип. И покрај зголемениот обем на работа, празничните денови минале релативно мирно, без посериозни инциденти и без случаи на труење со храна. Најголем дел од интервенциите биле поврзани со сезонски респираторни инфекции и полесни дигестивни тегоби, наместо вообичаените проблеми кои се јавуваат за време на празници. За состојбата ...
Поради изградбата на ветерниот парк на подрачјето на општините Штип, Радовиш и Карбинци, значително е зголемена вкупната вредност на градежните проекти во државата, а во истиот период е предвидена и изградба на 309 станови. , покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Сепак, и покрај тоа, во февруари е забележан пад на бројот на издадени одобренија за градење, кои изнесуваат 244, што е за 10,3 проценти помалку во однос на истиот ...
Нафтата поевтинува за два ипол денари по литар, а бензинот за =еден ипол денар, потврди регулаторната комисија за енергетика. Инаку денеска премиерот Христијан Мицкоски, исто така го најави намалувањето на денешната прес конференција. Тој посочи дека според владините пресметки, новите цени би се движеле околу 82 и 84 денари за бензините 95 и 98, додека дизелот би изнесувал околу 95,5 денари за литар. Дополнително, најавени се и попусти од два ...