Шкендија рутински славеше над екипата на Шкупи, испраќајќи шест гола во мрежата на тимот од Чаир. Со доминантна игра во текот на целиот натпревар, тетовските „црвено-црни“ покажаа супериорност на домашниот терен. Натпреварот започна со иницијатива на домашните. Првата посериозна закана дојде преку Бесарт Ибраими, кој шутираше од тежок агол, но топката помина покрај стативата. Набрзо потоа, Ндзенгуе излезе „очи в очи“ со гостинскиот голман, ...

Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност. Тој порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за лица обвинети или осудени за криминал, при што го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски. „И тоа не важи само за нив, туку и за г. Никола ...

Македонскиот ајвар одамна не е само регионален специјалитет, туку вистински гастрономски амбасадор кој го освојува светот. Последната потврда за тоа доаѓа од глобалната музичка ѕвезда Рита Ора, која преку социјалните мрежи им приреди пријатно изненадување на своите балкански следбеници. За време на нејзиниот престој во Нов Зеланд, пејачката сподели фотографија со опис „A little bit of this, a little bit of that“, на која меѓу различните ...

Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот ...

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта во јужните и западните делови се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец, со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната ќе достигне меѓу 17 и 22 степени. Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо ...

Младата македонска таеквондистка Душица Бреслиева од Таеквондо клуб Штип оствари одличен резултат на Светското јуниорско првенство во Ташкент, Узбекистан, пласирајќи се меѓу најдобрите 16 во светот. Бреслиева настапот го започна сигурно, забележувајќи две убедливи победи против претставничките на Сенегал и Тунис, со што покажа високо ниво на подготвеност и квалитет. Во борбата за пласман понатаму, таа се соочи со силната репрезентативка на ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го осуди oбидот да се опожари синагогата во Скопје, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“. „Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека во тек е истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност. The arson attack on the Jewish Community building and synagogue in Skopje – on Easter – is utterly unacceptable and strongly condemned. There is no place for such acts ...

Министерството за внатрешни работи информира дека на 12 април во 07:22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Апостол Гусларот“, во двор од верски објект, бил забележан канистер за гориво и траги од горење. По добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Претходно, Еврејската заедница во Македонија го осуди, како што наведуваат, обидот за опожарување на ...

На три кола до крајот во Првата футсал лига на Македонија неколку играчи ја водат борбата за тоа кој да биде најдобар стрелец. Разликата измеѓу и е мала што нуди неизвеност до последното коло. Најдобар стрелец е Марио Благојевски кој настапува за новиот шампион Проект, втор најдобар стрелец е Ибрахим Алији од екипата на Балкан со 24 гола, трет најдобар е Исар Дурмишов од екипата на Мал Ајакс со 22 реализации. Од сенка ќе се обидат за ...

Од СДСМ соопштија дека по падот на власта на Виктор Орбан во Унгарија, може да дојде до откривање на, како што наведуваат, „тајни бизнис комбинации“ меѓу Орбан и Христијан Мицкоски. Во соопштението се наведува дека „Мицкоски ги ставил стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан“, како и обвинувања поврзани со медиуми, телекомуникации, енергетика и кредити. СДСМ посочува дека „сите овие договори мора да бидат детално истражени“ и ...

По 21 одиграно коло во Првата женска фудбалска лига повратникот во елитата, екипата на Кочани води грчевите борба за опстанок. Тимот кој минатата сезона беше шампион во Втората женска фудбалска лига и се врати во елитата се наоѓа на деветтото место со само седум освоени бодови. Тимот има две победи, но едната е службена со Топ Гол, а благодарение на тоа Кочани кој беше на дното дојде до деветто место, а Топ Гол е на дното. Деветтата позиција ...

Во Трета лига – Исток остана само една дилема – дали Овче Поле или Победа Валандово ќе биде шампион и со тоа да игра бараж за влез во Втора лига. Дали Свети Николе или Валандово ќе гледа второлигашки фудбал, но на крај може ништо од тоа да се оствари ако шампион на Трета лига – Исток не го помине второлигашкиот бараж. Овче Поле е лидер во Трета лига – Исток со 37 бодови на своето конто, а пак Победа Валандово е втора со 29 бодови, но тимот од ...

Делегацијата на Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на тим-билдинг активностите во Анкара реализираше повеќе посети и средби. Во рамки на програмата, делегацијата оддаде почит на Мустафа Кемал Ататурк со посета на Аниткабир. Потоа беа остварени средби во Големото народно собрание на Турција со пратеници кои потекнуваат од Македонија, при што беа разменети мислења за прашања од заеднички ...

Од ВМРО-ДПМНЕ упатија критики до Венко Филипче и раководството на СДСМ, повикувајќи го да се огради од поранешниот премиер Зоран Заев. Во соопштението се наведува дека Филипче треба да се дистанцира од, како што тврдат, „сомнителни проруски бизнис партнери“ поврзани со Заев, при што се споменуваат имиња како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко и Борче Марковски. Од ВМРО-ДПМНЕ го посочуваат и случајот од 2020 година со урбанистички ...

Опозициската СДСМ реагира по изборите во Унгарија, оценувајќи дека граѓаните избрале европски курс наместо, како што наведуваат, автократија. „Унгарија ја избра Европа наместо Русија. Граѓаните јасно и гласно рекоа: доста е автократија“, стои во соопштението. Од партијата посочуваат дека по 16 години владеење, паднал режимот на Виктор Орбан, а победата на Петер Маѓар ја оценуваат како „победа на демократијата над автократијата и на владеењето ...

Во име на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, упатени се честитки до Петар Маѓар по повод довербата добиена од граѓаните, како и до партијата Тиса за изборниот резултат во Унгарија. Од Движењето ЗНАМ изразуваат уверување дека билатералните односи меѓу Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет и ќе се унапредат на повисоко ниво, врз основа на европските вредности, демократијата и меѓусебната поддршка. Во ...

ММинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави го одбележал најголемиот христијански празник – Велигден. „Попладнево, заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави, го одбележавме најголемиот христијански празник – Велигден, празник на надежта, верата и заедништвото“, напиша ...

Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 21 степен. Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност, проследено со умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 20 степени. Текстот ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче се огласи на социјалните мрежи откако Виктор Орбан ги изгуби изборите во Унгарија. „Вечерва Унгарија рече ДОСТА E! Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. Петер Маѓар, најави длабока ...

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз на гостувањето во Словенија со 27:18, но и покрај тоа, избраничките успеаја да ја остварат главната цел – пласман на Европското првенство. Македонските ракометарки не успеаја да се наметнат против силниот противник на гостински терен, каде домаќинот ја контролираше играта и резултатот во текот на целиот натпревар. Сепак, овој пораз не го засени големиот успех. Со овој ...

Фудбалерите на Шкендија Арачиново одиграа нерешено 1:1 на гостувањето кај Осогово во Кочани, во натпревар кој донесе многу возбуда, но и сериозни реакции од гостинскиот табор. Дуелот, кој беше директно пренесуван на М Нет-ТВ, заврши со драматичен финиш, откако домашниот тим успеа да израмни во самиот финиш – во 90-тата минута, оставајќи ја Шкендија без планирани три бода. По натпреварот, од таборот на Шкендија Арачиново изразија големо ...

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, двајца (во Куманово и Дебар) управувале возило без возачка дозвола, еден возач на автопатот „Пријателство“ управувал возило со брзина поголема од дозволената, додека двајца (во Кичево и Чашка) со впишана активна забрана за управување на возило, извести МВР. По целосно документирање на ...

Тринаесеттото коло во Третата лига – Југозапад донесе вистинска фудбалска возбуда, многу голови и неколку изненадувања, со што трката за врвот дополнително се вжешти. Најголемо внимание привлече победата на Влазними на гостувањето кај Караорман (1:2), со која лидерот ја зацврсти првата позиција на табелата. Влазними сега има 28 бодови и ја потврдува сериозната кандидатура за највисок пласман оваа сезона. Веднаш зад нив е Славеј, кој во ...

На 11.04.2026 во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги приведоа В.М.(28), М.М.(42) и М.А.(34), сите од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Македонска Каменица, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При извршен алкотест, било констатирано дека М.М. има 2,25 промили алкохол во крвта, В.М.- 1,65, а М.А.- 1,18 промили алкохол во ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека утрово на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, присуствувал на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје, каде што во молитва и духовна радост се собраа голем број верници. „Со вера во срцето, тие дојдоа да ја споделат најрадосната вест, да се причестат и да бидат поблиску до Бога, исполнети со надеж, љубов ...

„Сонцето на надежта за нашите млади свети посветло од кога било. Со Оперативниот план за вработување за 2025 година, од вкупно околу 13.000 лица планирани за вклучување, 8.576 или 70,9% се млади луѓе до 29 години. Ова е јасен показател за определбата на помладата генерација да го пронајде своето место на пазарот на трудот и да ја гради иднината со свои раце“, велат од ВЛЕН. „Во најатрактивната мерка за вработување, Самовработување за поддршка ...

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата, учествуваат во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Унгарија, што се одржуваат на 12 април 2026 година. Мисијата се состои од повеќе 130 парламентарци од 37 земји на ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на изборите во повеќе региони на Унгарија. Специјален координатор на ...

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка по повод празникот Велигден. „Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по секоја жртва – заслужена надеж. Свесен сум дека постојат неизвесности и предизвици, но нашата определба е јасна, да продолжиме со одговорни ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на сите верници од православната вероисповед им го честиташе денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден. „Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.7
33%
1010
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
72%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.78
72%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
44%
1011
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.15
46%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.74
76%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
43%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.92
48%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.08
47%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
46%
1013
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
1.58
45%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2269.46

Кобалт

45.39

Паладиум

42535.44

Калај

53.60

Злато

139690.59

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.46

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Бакар

13.10

Родиум

257205.97

Платина

57324.78