„Малите дела на добрина можат да го променат светот многу повеќе од големите зборови“ – со оваа порака Бојана Скендеровски сподели значаен момент од својот живот и кариера. Од вчера таа и официјално ја презеде улогата амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври“, откако беше потпишан меморандум за соработка со директорката на установата. Ова партнерство има за цел да ја подигне свеста за потребите на децата без ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон, учествуваше и се обрати на настан организиран од Атлантскиот совет, посветен на трансатлантските приоритети на Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Муцунски ги истакна клучните надворешнополитички приоритети на државата, нагласувајќи ја посветеноста кон зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите ...

Законот за култура нема конкретна методологија за пресметка на платите. Платата, како основно право од работен однос, не произлегува од закон туку од одлука и на овој начин правната сигурност и еднаквоста се доведени во прашање, утврди Уставниот суд. На 9. седница одржана на 8 април, Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, во целина, склучен на 30.12.2019 година по поднесена ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците на услугите, дека утре, петок, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат само прва смена од 07:30 до 15:30 часот. Во сабота шалтерите ќе работат од 09:00 до 14:00 часот, а понеделник е неработен ден. Со редовно работно време ќе се продолжи од 14.04.2026 година, вторник, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Текстот Шалтерите на „Водовод“ ...

Турски државјанин, преку граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, се обидел во државава нелегално да внесе 116 забни импланти кои подлежат на посебни дозволи за увоз, извести Царинската управа. Во намерата е спречен од царински службеници кои при контрола на личниот багаж ги открија непријавените импланти, чија вредност изнесува еден милион денари. Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“. ...

На Богородица, царинските службеници, спречија и обид за криумчарење на златен накит со вредност од 581.900 денари, за којшто сторителот се обидел да избегне плаќање давачки во износ од 207.738 денари, извести Царинската управа. Златниот накит е запленет, а против сторителот на кривичното дело од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик, соопшти ...

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на едукативно-креативната работилница во ООУ „Киро Глигоров“, каде пензионерките од „Активот на жени“ ги учеа седмодделенците за велигденските обичаи, фарбањето на јајца и подготовките за големиот празник, како дел од часот по домаќинство. „Бев сведок на прекрасна атмосфера каде младите учеа од повозрасните за нашата богата традиција, во пресрет на Велигден. Радоста и ...

„Со изборот на Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Христијан Мицкоски официјализираше уште една алка во својата бизнис мрежа во енергетиката. Уште една институцијата што треба да ги штити граѓаните, сега станува алатка за задоволнување на бизнис интерес“, велат од СДСМ. „Тело кое ги одредува цените на струјата, горивата и енергенсите е ставено под контрола на партиски човек на Мицкоски со директни бизнис ...

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари. „При контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг ананас, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација. Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е ...

Од утре, 10 април, започнува целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ. Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 06:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на дел од Ленинова околу Холандската Амбасада, дел од улицата Коле Неделковски и дел од улицата Киро Крстевски- Платник, општина Центар; · во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на улицата 95. Волково, општина Ѓорче Петров. Текстот Без струја ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска приреди Велигденски ручек, на кој меѓу другите присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан, поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, министри во Владата, пратеници, градоначалници, претставници на медиумите. „Денес, во духот на големиот христијански празник Велигден, организирав свечен Велигденски ручек, исполнет со топлина, заедништво и почит кон традицијата. ...

Опозициската СДСМ уште еднаш покажа дека партиските калкулации ги става пред државните интереси и пред потребата од вистински реформи во правосудството, велат од ЗНАМ. „Предлог-законот за јавното обвинителство – закон кој е дел од реформската агенда и кој помина низ јавна расправа со вклученост на експерти, обвинители, адвокати и професори, претставува јасен сигнал дека не постои искрена волја кај нив за унапредување на владеењето на правото. ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска во одговор на прашање поставено во врска со справувањето со отпадот, одговори дека регионалниот систем за управување за отпад е во фокусот на негово работење, каде се работи за важна стратегија која конечно го гледа светлото на денот, и која повеќе не е само документ на хартија, туку активно се имплементира на терен. Дивите депонии, слабо функционалните или ...

На денешната собраниска седница, на која беше избран новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реагираше на како што беше оценето, партизацијата на клучното тело кое директно одлучува за цената на струјата, горивата и животниот стандард на граѓаните. Ацо Ристов, велат од Левица, е поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека неговата сопруга Данка ...

Шкендија оствари убедлив триумф против Работнички славејќи со 0-3 на стадионот на ФФМ. Тимот на Јетон Беќири рутински стигна до трите бода. Шкендија поведе веќе во седмата минута. Вебстер нафрли од левата страна, Тамба од прва го пронајде Красниќи кој од непосредна близина ја погоди гредата, но беше присебен и од втор обид ја затресе мрежата. Следната голема закана на Шкендија дојде во 24.минута. Љатифи шутираше од слободен удар од 30 метри, ...

Ракометниот клуб Радовиш со официјално соопштение ја извести јавноста дека досегашниот тренер Спасе Георгиев и капитенот Здравко Постолов повеќе не се дел од тимот. Одлуката, како што наведуваат од клубот, е донесена поради нивната вклученост во формирање на нов ракометен колектив во градот. Од Радовиш потенцираат дека начинот на кој е реализирана оваа иницијатива го оценуваат како неетички, нефер и спротивен на основните принципи на спортот. ...

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница на која што на дневен ред беше Предлогот за избор на диектор на Регулаторната комисија за енергетика, посочи дека изборот за претседател на Регулаторна комисија за енергетика не смее да помине без ниту една дискусија и не треба апсолутно да не се потсети на тоа што беше претходно кажувано, заради тоа што ова е директна потврда на тоа што и како ...

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, постави прашање до министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во однос на потфрлувањето на реализацијата на проектите во општините, за што владата најави 250 милиони евра од унгарскиот кредит. Бочварски посочи дека откако завршија локалните избори, интензитетот на овие проекти опаѓа, и а владата со намален интензитет работи на ...

Со станување во рани зори и вапсување на јајцата пред изгрејсонце, утре домаќинките го започнуваат Велики Четврток, ден кога се будат најстарите обичаи. Првите три јајца се бојат во црвено, и не се јадат за Велигден. Се чуваат цела година, како заштита на домот. Со првото јајце, велат постарите, се поминува по лицето – за здравје, за сила, за „црвено, бело“ лице, симбол на живот и убавина. Во некои краеви, утринската вода во која стоело ...

„Ја најдов падната во бањата, со крв и без знаци на живот“ – вака обвинетиот Денис Асанов ја опиша ноќта за која се товари за убиството на 79-годишната Борјанка Николова од Штип. Тој тврди дека со Николова биле само пријатели и дека таа повремено доаѓала кај него да преспие, бидејќи немала каде да оди. Како што рече, таа спиела во кујната, додека тој бил во спалната соба. Според неговото сведочење, последната вечер таа дошла доцна, кога тој ...

Питачењето на штипските улици станува се повеќе видливо, а меѓу питачите има и деца. Според Ерол Адемов од Општина Штип, веќе е направено мапирање на децата кои питачат, при што како што кажа, станува збор за околу десетина семејства. Тој посочува дека растот на цените дополнително ја продлабочува сиромаштијата, што ги прави најранливите категории граѓани, уште поранливи, а децата се почесто се наоѓаат на улица наместо во училиште. ,,Во однос ...

Со интонирање на ромската химна, подигнување на ромското знаме, читање ромски творби и доделување ваучери, во Штип денеска се одбележа 8 Април – Светскиот ден на Ромите. Настанот се одржа во Општина Штип во присуство на градоначалникот Иван Јорданов, како и останатите претставници на општината, училиштата, градинките, универзитетот, како и ученици и студенти од Штип . Во фокусот и годинава беше образованието како клучен фактор за подобра ...

Со музика, танц, песнички и рецитал, дечињата од ДГ Вера Цирвири Трена, денеска организираа приредба и голем базар по повод предстојниот празник Велигден и веќе расцутената пролет. Дечињата во сите клонови на оваа градинка, заедно со своите родители иразботија велигденски украси и нашарија јајца, кои денеска ги продадоа на пристуните. Директорката на градинката Ивана Ангеличкова, вели дека радува фактот што овие настани се одржуваат ...

Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, бара пилоти на „ер трактори“ пред сезоната на пожари. Денеска тој беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се разговараше за можностите за основна обука на нови пилоти за противпожарните авиони. Ангелов се сретна и со тројца потенцијални кандидати кои имаат над 300 часа налет во спортско летање. Дел од нив учествуваа и во извидувачки лет над штипскиот регион, со цел да ...

На предлог на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и искусен професионалец во централнобанкарското работење со дваесет и ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, обвини дека изборот на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, кој го предлага власта, претставува уште еден јасен пример на партизација на институциите и воведување на ВМРО-ДПМНЕ кадар во важни државни тела, што го загрозува интересот на граѓаните. „Денеска повторно сме сведоци како една клучна институција во државата, наместо да биде независна и да работи за интересите на граѓаните ...

Од 6 април во Штип започна нова ера во контролата на паркирањето, казните веќе се евидентираат автоматски преку специјални возила опремени со камери. Наместо рачна контрола, системот дигитално ќе ги чита регистарските таблички и веднаш ќе детектира неплатено или неправилно паркирање. Според градоначалникот Иван Јорданов, ова значи значително намалување на злоупотребите. Новиот „смарт“ модел е предвиден да донесе побрза, поефикасна и ...

Отворен е хуманитарен пункт во дворот на црквата „Св. Никола“, каде граѓаните имаат можност да донираат сува храна. Акцијата ги повикува сите хумани и општествено одговорни лица да се вклучат и да придонесат во текот на денот. Донациите ќе бидат спакувани во хуманитарни пакети и дистрибуирани до сиромашни и ранливи семејства во општините Штип и Карбинци. „Хуманитарниот пункт во дворот на црквата Св. Никола е отворен и денес, во таа цел ги ...

Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница на која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите. „При конечното одлучување за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година, како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската независност и самостојност на судството, како составен дел од уставно загарантираната независност на судската власт, како и темелните ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
4.17
44%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.99
70%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.04
74%
1014
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.91
61%
1012
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.61
54%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 20ᴼ
1.43
76%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
50%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.6
62%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.08
58%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
40%
1011
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
53%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
54%
1013
Currency

61.645

Currency

53.1136

Currency

71.3447

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Паладиум

42535.44

Цинк

0.00

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.46

Злато

139690.59

Платина

57324.78

Родиум

257205.97

Сребро

2269.46

Бакар

13.10