Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на работодавачи на Македонија и Бизнис- конфедерацијата од кои бараат минималната плата да се зголеми на 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за најмалку 100 евра. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешната прес-конференција кажа дека објава на видео од неговите малолетни деца нема да ...

Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор, при што е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице, поради прекршување на Законот за јавна чистота. При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што се нарушува чистотата на јавните површини и се создава ...

Оневозможувањето полагање на правосудниот испит на албански јазик повеќе не е административно прашање. Ова веќе претставува пречка во спроведувањето на законот и отвора основа за кривична одговорност, велат од ДУИ. Според партијата, правосудниот испит е во директна надлежност на Министерството за правда и непреземањето мерки за обезбедување полагање на испитот и на албански јазик претставува свесно непостапување по законска обврска. Од ДУИ ...

Претседателот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов, денеска остро реагираше по објавеното видео со неговите деца од страна на пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО – ДПМНЕ. Тој изјави дека нема да дозволи, како што рече, монструмите кои седат во пратеничките клупи и кои снимаат малолетни деца да го заплашат и ги повика надлежните да го решат случајот. „Нема да потклекнам. Нема да се предадам сѐ додека не ги зголемат работничките ...

Честите прекини на вода, проблемите со водоснабдувањето во населените места во Карбинци полека стануваат минато. Претходното лето речиси и да немаше проблеми со водоснабдувањето, вели градоначалникот Виктор Паунов. Ова пред се се должи на фактот дека најголем дел од населените места, односно над 90% се снабдуваат со вода за пиење од ХС Злетовица. Во функција е и бунарскиот систем па граѓаните постојано имаат притисок и чиста вода за пиење. ...

Мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и очен притисок денеска во здружението на пензионери Штип по повод неделата за грижа на здравјето на возрасни лица. Ученици од СОУ „Јане Сандански“ како и вработени од КБ Штип ја реализираа денешната акција која се спроведува неколку години по ред. „Чест ни е што во посета на Здружението на пензионери Штип се ученици од СОУ „Јане Сандански“ и од Клиничка болница Штип и ќе се вршат превентивни прегледи ...

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со картичка и им барал кеш. Наместо да ги уплаќа парите на жиро сметка на МВР, тој си ги земал за себе. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршија увид во тековните градежни активности на детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. „Станува збор за темелна реконструкција со која значително се унапредуваат функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на објектот. Проектот претставува капитална инвестиција на Владата на Република ...

Познанството со Зоран Заев и Венко Филипче, како и блискоста со СДС биле најважен критериум за апликантите за добивање на лиценца за медицински канабис, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, Според него, не можел кој било да извади таква лиценца, затоа што тоа било резервирано за луѓето блиски до кланот Заеви и до Филипче и затоа, како што вели, во струмичкиот регион во Македонија има најмногу фабрики за марихуана за медицински цели. „За да ...

Денес е последниот ден од трансфер пазарот во македонскиот фудбал, а прволигашите и второлигаши и во последните денови се активни на трансфер пазарот со цел подигање на квалитетот во своите редови за пролетниот дел од сезоната. Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со Џихан Адили, капитенот на Шкупи доаѓа во тимот на Љупчо Марковски – Калц со цел да помогне во остварувањето на целите, а тоа е влезот во Првата македонска фудбалска лига. ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје, Ангеле Сотировски, извршија увид во активностите на проектот WILD-A – Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени. Проектот се ...

На свечената манифестација на која беа прогласени најдобрите во спортот за 2025 година во општина Штип, искусниот тренер и селектор Петре Чурлиновски, ја доби плакетата за најдобра спортски работник. Чурлиновски е долгогодишен боксерски тренер со повеќе од 50 години активна работа и значаен придонес во развојот на боксот во Штип и Македонија. Тренерската кариера ја започнал во далечната 1975 година, во боксерскиот клуб Младост од Штип, а како ...

Второлигашот Брегалница од Штип ја закажа „генералката“ против Вардар Неготино како последен тест за проверка на формата пред стартот на пролетниот дел од сезоната. „Сините“ на Влатко Костов последниот контролен натпревар ќе ги одиграа на Градскиот стадион во Неготино, кој е популарен како „Цвај арена“, а истиот е закажан за сабота. Брегалница одработи квалитетни зимски подготовки, а подигањето на формата е одлично што се потврди преку веќе ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека е во тек координирана политичка операција чија цел е враќање на поранешниот премиер Никола Груевски и целосно уривање на правниот систем во државата. „Откако ги видовме резултатите од истражувањата во Унгарија, станува извесно дека блискиот пријател на Мицкоски, Виктор Орбан, може да се соочи со пораз на изборите. Тоа го виде и Никола Груевски“, рече Кузеска. Според неа, наместо да одговара ...

Фудбалскиот терен во Карбинци каде настапува истоимениот третолигаш исполнува услови за одигрување на натпревари под рефлектори, рече градоначалникот на општината, Виктор Паунов во гостувањето во Зум Анализа на М Нет телевизија. Како што вели и градоначалникот Паунов, се надева дека во пролетниот дел од Трета лига – Исток ќе се одигра натпревар во вечерен термин во еден убав фудбалски амбиент. „Оваа прашање треба да го одговори Фудбалската ...

На денешната пленарна седница, со поддршка од сите парламентарни партии, се усвои предлог-законот на Левица за укинување на дискреционото право на директорите при вработување. Од партијата велат дека Законот претставува чекор кон конечно развивање дијалог кога се работи за закони кои се од општо добро за сите граѓани. „Со измените на Законот за здравствена заштита се укина дискреционото право на директорите на здравствените установи да ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција обвини дека 11 дена нема одговор од институциите за тоа како пет тони дрога вредни околу 40 милиони евра ја поминале македонската граница и завршиле во Србија. „Единаесет дена јавноста чека одговор. Единаесет дена власта молчи. Како 5 тони дрога, по некои проценки вредни околу 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија? Кој ќе одговара?“, праша Кузеска. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а во присуство на македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов и претставници на домашните винарии, вчера во Париз се обрати на настан посветен на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена. Настанот беше организиран во рамки на работната посета на ...

На свечената манифестација „Спортист на годината“ каде беа прогласените најдобрите во спортот за 2025 година во Штип, спортскиот судија Даниел Илијев го доби признанието најдобар спортски судија за претходната година. Тој минатата година судел Европско првенство борење слободен стил, грчко-римски стил за помлади сениори до 23 години во Тирана Албанија. Европско првенство во борење слободен стил, грчко римски стил и жени до 17 години во ...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка. Според пратеникот Бојан Стојаноски, целта на предложените измени е граѓаните да не останат со нерешен статус на своите домови поради административни препреки или бавни процедури. Тој посочува дека голем број граѓани со години се соочуваат со судски спорови за ...

Европската унија мора да ги поедностави пазарите на капитал и регулативите за да ја намали фрагментацијата и да ја зајакне конкурентноста на блокот, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „На нашите компании им е потребен капитал сега“, нагласи таа. „Мораме, на еден или друг начин, да ги срушиме бариерите што нè спречуваат да станеме вистински глобален гигант“, пишува DW. Фон дер Лајен го опиша сегашниот систем ...

Втората македонска фудбалска лига ќе продолжи без прилепска Победа, откако клубот поради финансиски проблеми не може да продолже со натпреварување. Најфудбалскиот град во Македонија останува без фудбал, а Градскиот стадион во Прилеп останува празен, без фудбал, без навивачи и без верните „мајмуни“. Македонскиот фудбал останува без брендот Победа. Клубот во текот на вчерашниот ден потврди преку соопштение дека поради очајната финансиска ...

Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач. Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот. Текстот Дел од Бутел утре без вода е превземен од МАКФАКС. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен ...

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк. Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – ...

МВР објави детали за тешка сообраќајна незгода што се случи доцна синоќа на влезот во Скопје, кај Хиподром, кога се судрија патничко возило и камион. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 10 февруари 2026 година во 23:00 часот на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на главниот град. Судирот се случил помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно ...

Демократска Обнова на Македонија (ДОМ) со загриженост ги следи податоците објавени од страна на „Транспаренси Интернешанл“ за перцепцијата на корупцијата во 2025 година, според кои Македонија е рангирана на 84-то место од 180 земји. Со скоро идентични поени како и минатата година овој извештај покажува дека нема суштински напредок во справувањето со овој децениски проблем во нашата земја, велат од ДОМ. „Корупцијата продолжува да биде ...

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад секоја одлука која ја донел. Ваквата реакција доаѓа по изјавите на негова поранешна колешка. Бубевски вели дека побарал извинување од неа, а ако не го направи тоа ќе поднесе тужба за клевета. „Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени од адвокатката Лејла Кадриу во интервју во ...

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред“, велат од СДСМ. „Иако СДСМ го поднесе предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што согласно Деливникот целосно беше исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на вчерашаната ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
55%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
51%
1022
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.92
82%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
0.51
73%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
5.81
76%
1012
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
58%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
66%
1016
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1017
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
37%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
79%
1016
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Сребро

2508.22

Платина

66584.20

Калај

51.07

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Бакар

12.18

Злато

153002.26

Паладиум

50026.56

Рутениум

53788.20

Родиум

326330.08

Алуминиум

3.62