Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Несоодветно паркирани автомобили во една лента секојдневно создаваат проблеми на улицата „Крсте Мисирков“ во штипско Ново Село, во близина на црквата „Св. Спас“. Поради ваквата состојба, автобусите тешко се движат, а разминувањето на две возила е речиси невозможно. Граѓаните реагираат дека сообраќајот е отежнат и небезбеден, особено во фреквентните периоди од денот. Од ЈП „Стипион“ велат дека оваа улица во моментов не е опфатена со одлуката ...
За една до две недели ќе завршат административните и финансиски постапка за продолжување на изградбата на новата зграда на Клиничка болница-Штип, како и за изградба на нов објект за Медицинскиот факултет, а веднаш до него и Студентски дом. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу одговарајќи на пратеничкото прашање, за кога ќе продолжи доизградбата на Клиничка болница-Штип. Алиу од говорницата на македонското Собрание посочи дека за ...
Велигден во Источна Македонија ќе донесе променливо и динамично време. Како што истакна Марија Цветковска Атанасова, максималните температури ќе се движат помеѓу 17 и 20 степени, создавајќи идеални услови за прошетки и празнични собирања на отворено. Како што посочи Цветковска Атанасова, утрините ќе бидат посвежи, а во сабота наутро не се исклучува појава на утрински мраз на одделни места. Ќе има можност да се појават краткотрајни врнежи од ...
„Раат сакаат, луксузен живот, коли, шетање, мирња, планини, Шпании, Италии, тога го сакаат, деца не можат да исчуват, нормално.“ Младите заминуваат, децата не напуштаат, училниците се празнат, само тишината во училниците останува гласна, изјавуваат штипјани. Граѓаните велат дека причините се многу подлабоки, од променетите животни приоритети до суровата реалност на несигурна егзистенција. Дел од нив сметаат дека младите свесно се одлучуваат ...
Признат здравствен професионалец, кој со години ги оценува болничките системи, стандардите и квалитетот на пациентската грижа во различни земји низ светот, ја издвои Клиника Жан Митрев како здравствен центар каде врвната експертиза, беспрекорната координација и човечкиот пристап се чувствуваат во секој сегмент од лекувањето. По погрешни дијагнози во Австралија и Германија, Слободанка Здравева својата сигурност, доверба и вистински одговор ги ...
Уште пред да огрее сонцето, штипските домаќинки ги вапсаа првите три велигденски јајца и го означија почетокот на празничните подготовки. По стар обичај, првите јајца се бојадисуваат во црвено – за здравје, среќа и бериќет во домот. Со тивка молитва и добра мисла, велат, така се дочекува најголемиот христијански празник. Првото јајце е за Бога, второто за куќата, а третото за како што велат штипјанки за бањање, Традицијата се чува, а ...
Почна пробивањето на нова улица, која ќе ги поврзува улиците „Мирче Ацев“ и „Тодор Колораров“ кои водат до новата зграда на Клиничка болница и средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека станува збор за нова поширока улица. Потребата од нејзината изградба е поради големата фреквенција на возила околу штипската Клиничка болница ,,Нова ...
Преку порака на радост, простување и пожртвуваност за секој човек, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Стефан, заедно со членовите на Светиот архијерејски синод, упати традиционално Пасхално послание по повод најголемиот христијански празник – Велигден. „Нашиот богољубив народ отсекогаш живеел со воскресенската надеж. Маките и неправдите од овој свет секогаш ги поднесувал утешувајќи се со ...
Управата за јавни приходи донесе План за подобрување на усогласеноста – Неформална економија 2026 – 2027, како стратешки документ кој произлегува од современиот концепт на управување со ризиците на усогласеност. Овој концепт,како што појаснуваат, претставува модерна филозофија на работењето на даночните администрации, која вклучува препознавање на ризиците за неусогласеност и нивно навремено адресирање преку комбинација од превенција, ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска, по повод Велики Четврток, учествуваше во хуманитарна акција насочена кон поддршка на бездомни и социјално загрозени лица. Заедно со Тони Станковски и претставници на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, беа поделени повеќе од 300 оброци. Акцијата имаше за цел да обезбеди основна поддршка и да испрати порака за солидарност и грижа кон најранливите категории граѓани. Од ...
Mozzart ја спојува уметноста и хуманоста: со донација од 100 денари за Банка за храна, добивате бесплатен билет за претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“. На 17 април, Театар Комедија ќе биде дом на една вечер полна со емоции и магија. Елена Кузманов, Сергеј Димоски, Кристина Христова Николова, Мирјана Поповска Ристов, Кристина Ласовска, Ева Скeндеровска, Виктор Арсов, Роберт Ристов, Илија Илиоски и Александар Велјановски ќе ве поведат ...
Создаваме ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза, соопштија од Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно ...
Албанците не се алатки, туку се закон, велат од „Вреди“. Како што велат од таму, 25 години, правичната и соодветната застапеност се користела за политика. „За неа се зборуваше, ветуваше, измамуваше, крадеше и корумпираше. Но, кога стануваше збор за решение, секогаш недостасуваше законот. Секогаш недостасуваше волјата. Можеби недостасуваше и храброста. Таканаречената алатка балансер, која требаше да гарантира еднаквост, во пракса се претвори ...
ВМРО повторно во рударска мисија. Малку е што сме втора најзагадена земја во Европа па Мицкоски поданички сака да дозволи ново труење во име на ,,стратешки дијалог”. Мицкоски сака да дозволи на американска компанија да ископува антимон во стариот рудник „Крстов Дол“, каде што во 60-тите и 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон, велат од граѓанската иницијатива Зелен хуман град. За жал, македонските власти, додаваат ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа со каква динамиката тече изградбата на автопатиштата, особено на Охрид-Кичево, изјави: „Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија, морам да признаам, посебно во делот на обезбедување на средства за довршување на делницата ...
Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа посветена на нацрт-Годишниот извештај за 2025 година за имплементацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, организирана од Министерството за јавна администрација. Целта на јавната расправа е да се презентира напредокот во спроведувањето на активностите во текот на 2025 година и да се овозможи отворена дискусија ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети Психијатриската болница Негорци – Гевгелија по повод извршена целосна реконструкција на хроничното одделение. „Здравствената инфраструктура е еден од столбовите на системот и затоа се залагаме за унапредување на инфраструктурата и подобри услови за лекување и третман на пациентите. Реконструкцијата во Психијатриската болница Негорци опфати целосна обнова на кровната конструкција, комплетно ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска го посети сточарот Никола Колев, кој на крајот на јануари претрпе штета од поплавите што го зафатија неговото стопанство, а беа оштетени и објектите и сточниот фонд. При денешната посета, министерот му посака на сточарот Никола со здравје да го користи новоизградениот објект, како и сточниот фонд кој го доби благодарение на солидарноста на сточарите од цела ...
Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион. „Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони“, посочи ...
Ветено ли му било на Заев процент од продажбата на станбените единици кои прорускиот бизнисмен Дака требало да ги гради во Тетово, проценети на 200 милиони евра, праша денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Дали Заев освен оние 4 милиони евра кои, Дака во аудио снимки на социјалните мрежи, вели дека му ги дал како поткуп на Заев, требало да добие и процент од продажбата на 2.000 станбени единици во Тетово? Затоа ли СДС и ДУИ, по ...
Најавите за ограничување на профитните маржи по Велигден доаѓаат предоцна и претставуваат задоцнета реакција на една веќе продлабочена економска и социјална криза. Реалноста е јасна – народот нема пари. Огромен дел од граѓаните едвај врзуваат крај со крај, платите не ги покриваат основните трошоци, а секое ново поскапување директно удира по нивниот животен стандард, велат од Левица. Дополнително, додаваат од оваа партија, алармантен е фактот ...
Трката за врвот во Втората македонска фудбалска лига станува неизвесна и максимално комплицирана, што понуди повеќе возбуда и атракција кај љубителите на фудбалот, бидејќи може да се покаже и последното коло пресудно и да одлучи кој ќе биде шампион и ќе игра во Прва лига следната сезона, а кои две екипи ќе мораат преку бараж да бараат место во елитата. Четири екипи, директно влегува една, две мораат во баражот, една ќе извиси. Која екипа ќе ...
Каде завршуваат парите на граѓаните во спортот? Министерот за спорт Борко Ристовски мора да излезе пред граѓаните и да одговори. Распределбата на државните субвенции за 2026 година во спортот е скандалозна и отвора сериозни сомнежи за можни злоупотреби, селективност и корупција, вели Панче Милевски од СДСМ. Според него, нема сегмент во државата кој го контрлира ВМРО-ОКГ и каде не постојат сомнежи за корупција. „Трета година по ред, ...
Во сабота на М Нет телевизија ќе го следите во живо натпреварот од 24. коло на Втората лига меѓу Осогово и Шкендија Арачиново преку директен пренос од Кочани. Дуел на две екипи кои играат во победничка форма. Осогово прикажува допадлив фудбал и се бори за петтото место, а пак Шкендија Арачиново со форма од четири победи и едно реми без примен гол и чиста мрежа на голманот Антонио Столевски сака да дојде до бодови и во Кочани. Осогово досега ...
Охрид забележа огромна победа над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер среде Битола откако славеше со 26:27 во рамки на колото број четири од плеј-офот на Супер лигата и практично сега веќе Вардар може да го лади шампањот за прослава на титулата, бидејќи веќе „вардарци“ имаат плус осум на врвот од табелата. Мечот во Битола беше интересен и возбудлив, Охрид тргна со 0:2, па имаше често менување на водството се до 19. минута кога „пелистерци“ ...
Ракометната карта на Македонија е збогатена со уште еден клуб, откако се формираше ракометниот клуб Феникс од Радовиш. Клубот е формиран на 24 март, а се работи за амбизиозен проект со оглед на фактот што стојат луѓе со големо ракометно искуство како ракометните легенди Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров, кој веќе две сезони градат тренерска кариера, а токму они и го вратија Радовиш во Супер лигата, кога многумина на веруваа совладувајќи го ...
„Вечното дерби“ под рефлектори кое се одигра во Битола заврши без победник и без погодоци (0:0), Пелистер и Вардар ги поделија бодовите. За битолачни овој бод од 26. коло на Првата лига е голем во трката за опстанок, а пак Вардар останува на врвот, но одново ја намали бодовната разлика во однос на Шкендија, бидејќи сега „вардарци“ на врвот имаат 62 бодови, а тетовскиот тим кој е актуелен шампион има 61 бод и второ место. Токму Шкендија со ...
Синдикатот на културата (СКМ) реагира на соопштението на Уставниот суд во врска со колективниот договор и платите на културните работници. Од таму велат дека податоците за платите не се точни и дека министерот Зоран Љутков не доставил точни информации. „Кој го лаже Уставниот суд на Република Северна Македонија? Зошто релевантното Министерство за култура, односно министерот Зоран Љутков, не доставил точни информации за основната плата на ...
На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Министерот за здравство, Ази Алиу, вели дека од досегашната примена на законот произлегла потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на ...
Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето за коруптивните шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите. Според нивното истражување, во 71 % од жалбите на фирмите се оспорува одлуката за избор на најповолна понуда, што укажува дека главниот извор на нерегуларности во здраствените тендери е евалуацијата на понудите како фаза со највисок ризик од фаворизирање на одредени понудувачи. „Анализата на жалбите ...