Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Количеството превезена стока во товарниот патен превоз во четвртото тримесечје од 2025 година е зголемено за 66,7 проценти во однос на истото тримесечје од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во четвртото тримесечје од 2025 година во патничкиот превоз бројот на превезените патници изнесува 925.000, во градско-приградскиот 9.130.000, во железничкиот 34.000, а во воздухопловниот ...

Виена, 24 февруари 2026 (МИА) - ГРК Охрид ќе игра со Олимпијакос во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Вака одлучи денешната жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација. Во случај да ја добие пресметката со грчкиот претставник, македонскиот тим во полуфиналето ќе се соочи со поуспешниот од двојката Целје – Бузау. Натпреварите од четвртфиналето се играат на 27/28 март, домаќин ќе биде тимот од Атина, а реваншот е на 4/5 април во ...

Франкфурт, 24 февруари 2026 (МИА) - Бројот на странски лекари што работат во Германија е повеќе од двојно зголемен во текот на последните 10 години, покажуваат денеска објавените официјални податоци истакнувајќи ја важноста на миграцијата за здравствениот сектор, јави ДПА. Во 2024 година 64.000 лекари, што претставува 13 отсто од сите лекари, немале германско државјанство, во споредба со 30.000 или седум отсто во 2014 година, соопшти ...

Скопје, 24 февруари 2026 Откога ДПМНЕ лесно и без пречки го пушти Артан Груби во бегство, 14 месеци недостапност завршија со куќен притвор. Лице што повеќе од една година било недостапно за органите на прогонот, што претставува најсилен можен доказ за ризик од бегство, добива поблага мерка. Во правна држава ваква околност води кон засилување на притворот, кај нас води кон негово олеснување, стои во соопштението на Левицата, што МИА го ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) Директорот на Медиумската информативна агенција - МИА, Дарко Јаневски, во интервју за „Њузмакс Балканс“ зборува за состојбата со новинарството во државата, за иднината на агенциското новинарство во ерата на социјални мрежи и инфлуенсери, како и за улогата на МИА во актуелниот медиумски простор. Јаневски истакнува дека МИА, и покрај сите проблеми што ги има, е и мора да биде стожер, медиумски стожер во оваа ...

Собрание, 24 февруари 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, во прво читање, поднесен од пратеничкта група на СДСМ, како и предлогот на координаторот на оваа пратеничка група, Оливер Спасовски, за одржување јавна расправа и обид за постигнување договор меѓу трите засегнати страни за зголемување на ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Делегација на македонското Собрание, составена од пратениците Дафина Стојаноска, Саранда Имери-Стафаи и Димитар Ковачевски, учествува на регионален семинар за парламентите на Западен Балкан, кој се одржува во Подгорица. Семинарот, организиран од Меѓупарламентарната унија (IPU) и парламентот на Црна Гора, е посветен на клучните прашања поврзани со климатските промени и зелената транзиција во регионот. ...

Скопје, 24 февруари 2026 ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби. Ги поздравувавме и владините институции, кои си ја завршија работата и го доведоа криминалецот Груби пред лицето на правдата, кој избега пред една година по отворањето постапка за негова вина во случајот со „Државната лотарија“ за проневера на државни пари во вредност од ...

10 дена - МИА

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Ц.(33) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2026 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Меѓународниот Аеродром Скопје доби награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2025-та година за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI). Концесионерот ТАВ Македонија денеска соопшти дека наградата која скопскиот аеродром ја добива 11 пат е уште едно признание од патниците во заминување кои што ги пополнуваа анкетите за задоволство од квалитетот на ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д, што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, во декември 2025 година биле ангажирани 2.098 работници, како и 1.269 вкупна опрема, покажува извештајот од надзорот за прогрес на работите за декември 2025 година, објавен на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Според извештајот, во декември лани на изведувачот му се ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Платите на избраните и именуваните функционери ќе се намалат за 10 до 13 илјади денари, а кај некои од позициите и повеќе, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата - изјави денеска пратеникот од ВМРО‑ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој информира дека нивната пратеничка група поднела пакет од предлог-измени на шест закони, со кои тоа ќе се постигне. - Како ...

Лондон, 24 февруари 2026 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е уверен дека неговиот соиграч Оскар Пјастри ќе се обиде да му се одмазди во сезоната 2026. Минатата година, Норис го освои шампионатот, додека Пјастри заврши трет, останувајќи во конкуренција за титулата до последното Гран При. - Каков одговор очекувам од Пјастри оваа сезона? Одговор во стилот на Оскар - тој ќе се обиде да се одмазди, обидувајќи се да зборува помалку, а да ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски, ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар со Луксембург. Јакимовски со вкупно 61 поен беше еден од најдобрите во македонскиот состав на двете средби во се постигнати две победи, прво дома, против Азербејџан, потоа и на гостински терен, против селекцијата на Ирска. - Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија. Со ...

Атина, 24 февруари 2026 (МИА) – Министрите за надворешни работи и енергетика на Грција, Јоргос Герапетритис и Ставрос Папаставру се во одвоени посети на Вашингтон, каде што шефот на грчката дипломатија ќе се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио, а Папаставру ќе одржи низа средби за зајакнување на енергетската соработка со САД, како и за Вертикалниот коридор, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни ...

Скопје, 24 февруари 2026 Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста, стои во соопштението од прес конференција на Алескандар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ, што МИА го објавува интегрално. После театарот на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде го видовме како Груби доаѓа насмеан, со наочари, следуваше продолжение со куќен притвор. Одредувањето куќен ...

Демир Хисар, 24 февруари 2026 (МИА) - Општина Демир Хисар продолжува со континуирана поддршка и финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани и Фондации во областите од надлежност на општината. Локалната самоуправа годинава обезбеди 170.000 денари за поддршка на тамошните здруженија на граѓани и фондации, а максималниот износ кој може да го добие еден апликант изнесува 30.000 денари. -За сите проекти задолжително е ...

Сан Ремо, 24 февруари 2026 (МИА) - Од денеска до сабота, 28 февруари, во италијанското одморалиште Сан Ремо ќе се одржи 76. издание на Фестивалот на италијанската песна. Сцената на фестивалот повторно е театарот „Аристон". Водител и креативен директор втора година по ред е Карло Конти кому во петте фестивалски вечери ќе му помага италијанската поп-дива Лаура Паузини. На Конти и на Паусини во водењето на фестивалот ќе им помагаат и познатиот ...

Кочани, 24 февруари 2026 (МИА) - ЈЗУ Општата болница во Кочани прими донација од 90 комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани. - Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролор и клон-ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, денеска престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде што ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции. Тој, како што соопшти МЕП, ќе учествува на комеморативната церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, заедно со украинската вицепремиерка Јулија Свириденко, при што ќе ...

Прилеп, 22 февруари 2026 (МИА) - Со неколку стотини маскирани од земјава и странство во Прилеп по 25-ти пат денеска се одржа карневалот „Прочка“. Дефилето на маските низ центарот на Прилеп традиционално го предводеа прилепските мечкари кои се заштитена маска на карневалот, но и како нематеријално културно наследство. Со дефилето и обредниот ритуал на бркањето на злите духови, прилепските мечкари ја потврдија стогодишната традиција, која, ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Продуктоводот, преку кој ќе се транспортира дизел-гориво од Ррфинеријата во Солун до рафинеријата „Окта“ во Скопје, по 13 години, повторно се става во употреба. Министерството за енергетика денеска соопшти дека извршени се сите потребни проверки за функционалност на системот и оти ова е значаен чекор за зајакнување на сигурноста во снабдувањето со нафтени деривати. Проверката била спроведена од страна на ...

Милано, 24 февруари 2026 (МИА) – Тренерот на Боде-Глимт, Кјетил Кнутсен, ги сподели своите очекувања за реваншот против Интер во плејофот од Лигата на шампионите. Првиот натпревар, кој се одржа во Норвешка на 18 февруари, заврши со победа од 3:1 за Боде-Глимт. - Не треба да седиме длабоко во одбраната. Според мене, подобро е да излеземе на теренот како резултатот да е 0:0 и дека не можеме да играме премногу длабоко. Ни треба рамнотежа - не ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Без вода денеска од 10:15 часот се дел од корисниците лоцирани на улица „Мариовска“ во општина Кисела Вода. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улица „Мариовска“ 3/3. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санаирање на дефектот. мд/лв/ Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Без вода денеска од 10:15 часот се дел од корисниците лоцирани на улица „Мариовска“ во ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје соопшти дека вчера почна 8. Меѓународна недела за целите за одржлив развој (SDGs), во соработка со Обединетите нации, чија цел е да се истакне суштинската улога на академијата во зајакнувањето на младите како активни фактори во процесите на одржлив развој. Со наслов „Поттикнување на младинската извонредност: Придонесот на општествените и ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против пет лица за неосвесно работење во службата, кои со употреба на исправа со невистинита содржина и поттикнување и помагање, организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска, од 18 часот, ќе се одржи јавна дебата за предлог-законот за високо образование во рамките на серијата дискусии на јавните универзитети, на кои присуствува министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ - Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и вчера на Универзитетот „Св. Кирил и ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Од 10.30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово - Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти - соопшти денеска АМСМ. Изутринава, од 8.40 часот, поради одрон на патниот правец А1 Катланово - Велес, на 2,5 километра по бензинската станица „Детоил“, сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри. мд/вг/ Фото: Велес Скопје, 24 февруари 2026 ...

Скопје, 24 февруари 2026 „Како Министерство подготвуваме документ што ќе се нарекува стратегија за оризопроизводство бидејќи ни е важно како држава да ја одржиме оваа стратешка култура поради регионот и поради квалитетот на овој препознатлив бренд“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на ТВ „Стар“. Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура. ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Државниот завод за ревизија денеска ги објави конечните ревизорски извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметките за редовно работење за 2024 година на политичките партии ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левицата и Алтернативата. ДЗР, како што се наведува, за ДУИ изразува мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
48%
1024
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
36%
1025
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1024
weather icon

Софија

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
54%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.72
51%
1027
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
1.54
46%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
4.47
53%
1026
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1025
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
34%
1025
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.24
46%
1028
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
2.57
32%
1026
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
7.2
44%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Платина

68963.35

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.42

Калај

50.64

Злато

166253.76

Кобалт

66.14

Цинк

3.24

Бакар

11.73

Сребро

2711.59

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66